Калифорниски црви\ californian worms

14
Калифорниски црви

Upload: otusoxkita-amenawalordi

Post on 10-Jul-2015

399 views

Category:

Business


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Калифорниски црви\ Californian worms

Калифорниски црви

Page 2: Калифорниски црви\ Californian worms

Историја

Пред 5000 год. - старите Египќани знаеле за црвите.

Со нивните закони најстрого забрането било изнесување црви од долината на реката Нил, бидејки тајната на плодноста на тој крај била врзувана со голема концентрација црви во речните наноси на реката Нил.

Page 3: Калифорниски црви\ Californian worms

Многу векови подоцна..

Еден од најголемите научници Чарлс Дарвин повеке од 40 години ги проучувал црвите и прв напишал до денес најкомплетна студија за нив.

Во неа изведува едноставен заклучок

дека ‘‘ Сета родна земја во целиот Свет повеќекратно поминала и ке поминува низ утробата на црвите ‘‘.-И уште констатира дека во природата не постојат други животни кои во историјата на Светот одиграле толку важна улога каква што одиграле црвите во создавање на хумусот.

Page 4: Калифорниски црви\ Californian worms

Загадување на почвитеКонвенционалното земјоделие со употреба на хемиски ѓубрива и заштитни средства е едно од најголемите загадувачи пред се на почвата па и на водите.

Растенијата од загадените почви се неотпорни на сите видови болести, суша и мраз а плодовите од овие растенија се без мирис, вкус и личат на синтетика.

Еден од начините да се поврати квалитетот на веке деградираните почви е исфрлање од употреба на вештачките ѓубрива и користење органски ѓубрива.

Една од главните предности на биохумусот е големиот процент на органската материја во него, со која ја поправа структурата на почвата и ја зголемува плодноста на почвата.

Page 5: Калифорниски црви\ Californian worms

Органско земјоделие~ Да живееме со природата а не да земаме повеке отколку што може земјата да даде.

Органското производство како систем ги зема предвид еколошките, економските и социјалните аспекти на земјоделството на локално, национално и на глобално ниво.

Предности на органското земјоделие:

~ Да оставаме чиста почва, вода и воздух за наредните генерации.

ЕДНО ОД НАЈКВАЛИТЕТНИТЕ ОРГАНСКИ ЃУБРИВА ВО ПРИРОДАТА Е ЃУБРИВОТО ДОБИЕНО СО ПОМОШ НА КАЛИФОРНИСКИТЕ ЦРВИ.

--- не применува вештачки ѓубрива и синтетички пестициди--- производство на високовредна и здравствено безбедна храна --- зачувување и заштита на животната средина

Page 6: Калифорниски црви\ Californian worms

ЗОШТО ОДГЛЕДУВАЊЕ КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ ?

а) ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КВАЛИТЕНО ОРГАНСКО ЃУБРИВО

б) ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРОТЕИНСКО БРАШНО

в) ОДГЛЕДУВАЊЕ НАСОЧЕНО ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНA

Page 7: Калифорниски црви\ Californian worms

А. Одгледување калифорниски црви насочено за производство на

висококвалитетно органско ѓубривоСо помош на калифорниските црви се прават повеке ѓубрива (во цврста и течна состојба ).

Биохумусот од просечен квалитет содржи: 11 пати повеќе калиум, 5 пати повеќе азот 3 пати повеќе магнезиум, и 7 пати повеќе фосфор од арското ѓубре.

Page 8: Калифорниски црви\ Californian worms

Б. Одгледување калифорниски црви насочено за производство на

протеинско брашноОд индустриски одгледуваните црви се добива најквалитетно протеинско брашно кое се додава во сточната храна. Најдобри ефекти се постигнуваат во живинарството, рибарството и свињарството.

Животните кои се одгледуваат на фарми немаат прилика да дојдат до свежи протеини. Со додавање свежи црви во исхраната на бројлерите, рибите и свињите, животните стануваат поотпорни на зарази и се забрзува нивниот раст.

Page 9: Калифорниски црви\ Californian worms

В. Одгледување калифорниски црви за зачувување и заштита на

животната средина

Калифорниските црви се големи љубители на органските материи, посебно на оние кои се богати со целулоза. Тие со сигурност можат да ги решат проблемите со органските отпадоци кои се натрупуваат и се големи загадувачи на почвата и надземните и подземните води.

Page 10: Калифорниски црви\ Californian worms

Влијание на биохумусот врз плодовите

СОДРЖИНА НА АСКОРБИНСКА КИСЕЛИНА / ВИТАМИН ” Ц „ /

Растение Третирано со биохумус

- Квалитетот на биохумусот се гледа од една анализа на Земјоделскиот факултет во Торино.

Морков

Пиперка

Домат

Компир

Јагода

Јаболко

Круша

22

320

54

48

90

32

28

4

150

25

15

52

5

4

Третирано со хемискиѓубрива

Page 11: Калифорниски црви\ Californian worms

Влијание на биохумусот врз плодовите

Page 12: Калифорниски црви\ Californian worms

Влијание на биохумусот врз почвата

Биохумусот ја поправа структурата на почвата, и врши биомелиорација на истата.

Големиот број на микроорганизми со своите ферменти вршат оживување на почвата, и ја зголемуваат нејзината плодност.

Ги стабилизира изворите на азот од сите врсти ѓубрива и почви.

Page 13: Калифорниски црви\ Californian worms

Пазар

Во последните 10 години во Македонија а во Европа веке 20 години во тренд е производство на органска храна. Тоа значи исфрлање од употреба на хемиските ѓубрива и употреба природни ѓубрива.

Кај нас постојат многу здруженија и самостојни производители кои се сертифицирани за производство на органска храна која е поскапа на пазарот и се повеке се бара. Овие производители не смеат да користат хемиски ѓубрива туку единствено органски.

Ѓубривото покажа врвни резултати во градинарството, лозарството и овоштарството, така да и оние кои произведуваат на конвенционален начин се потенцијални купци. Покрај квалитетот кој го поседува биохумусот конкурентен е и со цената. Количините на биохумус во Македонија се многу многу мали а биохумусот се повеке се бара.

Page 14: Калифорниски црви\ Californian worms

Извор на податоци: agroalternativa.info

Во книжарата ‘‘Табернакул‘‘може да се купи книга за одгледување црви напишана од Др. Проф. Југослав Зиберовски, голем познавач на калифорниските црви.

Презентацијата ја изработила:Јовановска Фанче.