Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...public city transport is an important segment of...

141
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ “- БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ Соња Дамевска ДЕЛИКВЕНТНИТЕ ОДНЕСУВАЊА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ: СОСТОЈБИ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ (Специјалистички труд) СКОПЈЕ, 2019

Upload: others

Post on 25-Jun-2020

5 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ “- БИТОЛА

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ

Соња Дамевска

ДЕЛИКВЕНТНИТЕ ОДНЕСУВАЊА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

НА ПАТНИЦИ: СОСТОЈБИ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

(Специјалистички труд)

СКОПЈЕ, 2019

Page 2: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

ii

М е н т о р: проф. д-р Весна Стефановска

Вонреден професор на “Факултет за безбедност“ – Скопје

Универзитет “Св. Климент Охридски“ – Битола

Членови на комисијата: проф. д-р Оливер Бачановиќ

Редовен професор на “Факултет за безбедност“ – Скопје

Универзитет “Св. Климент Охридски“ – Битола

проф. д-р Саше Герасимоски

Вонреден професор на “Факултет за безбедност“ – Скопје

Универзитет “Св. Климент Охридски“ – Битола

Датум на одбраната: ________________

Датум на промоцијата: ________________

Наука на која што се стекнува специјалистичко звање: специјалист по безбедност

(II Циклус – Специјалистички студии по безбедност)

Page 3: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

iii

ИЗЈАВА

Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував позитивните

законски прописи од областа на заштитата на интелектуалната сопственост и не користев

реченици или делови од трудови на други автори без да ги почитувам методолошките

стандарди.

Изјавата ја давам под полна морална, материјална и кривична одговорност.

Изјавил:

Соња Дамевска

Page 4: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

iv

Деликвентните однесувања во јавниот градски превоз на патници:

состојби во градот Скопје

Апстракт

Граѓаните, според Уставот очекуваат да бидат исполнети нивните загарантирани

основни слободи и права, заштита на животот, личната сигурност и имотот, одржување на

јавниот ред и мир и другите општествени, религиски и културни вредности. Значаен

сегмент од животот на граѓаните, претставува и јавниот градски превоз. Според претходно

испланиран и објавен возен ред, голем дел од граѓаните ги планираат своите патувања и

одбираат да користат јавниот градски превоз, но притоа очекуваат да бидат сигурни и

безбедни, како на постојките, така и во автобусите, односно во секој сегмент од

транспортната мрежа.

Во овој труд ќе ги анализираме деликвентните однесувања во јавниот градски превоз на

патници кои се случуваат на територијата на градот Скопје, од аспект на нивните видови,

местото на случување, нивната зачестеност, можноста и начинот на справување, потребата

од поголема активност на полицијата во врска со превенцијата, санкционирањето на

сторителите на престапничките и кривичните дела. Особено е важно да увидиме како

превозните претпријатија, односно ЈСП Скопје се справува со деликвентните однесувања

во јавниот градски превоз, потребата од дополнителни обуки/едукација, како на

вработените кои се директно вклучени во јавниот превоз, исто така и на граѓаните кои се

корисници на транспортните услуги за почитување на кодексот за однесување во јавниот

градски превоз.

Клучни зборови: Јавен градски превоз, деликвенти, патници, возачи, автобуси, автобуски

постојки, казнени мерки.

Page 5: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

v

Abstract

The citizens, in accordance with the Constitution, expect their basic and guaranteed rights

and liberties, such as protection of their lives, personal safety and security of their property, public

order, as well as other social, religious and cultural values, to be respected. Public city transport

is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many

citizens plan their trips and choose to use public city transport, expecting to be safe and secure not

only at the bust stops but also on the buses, i.e. in every segment of the transportation net.

This Thesis analyses the delinquent behaviour in the public city transport on the territory of

the City of Skopje focusing on the kinds of delinquent behaviours, the scenes of occurrence, their

frequency, options for dealing with them, the need for greater involvement of the police with

reference to prevention and sanctions for the offenders. It is of crucial importance to consider the

manner in which transport companies, more precisely JSP Skopje deals with the delinquent

behaviour in the public city transport, the need for additional training/education for respecting the

public city transport code of behaviour not only for the employees directly involved in the public

transportation but also for the citizens as consumers of transport services.

Key words: public city transport, delinquents, passengers, drivers, buses, bus stops, legal action.

Page 6: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

vi

СОДРЖИНА

ПРВ ДЕЛ: ТЕОРИСКО-МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО

ДЕЛИКВЕНТНИТЕ ОДНЕСУВАЊА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ НА

ПАТНИЦИ: СОСТОЈБИ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

1. Формулација на проблемот ………………………………………………………………..1

2. Предмет на истражување…………………………………………………………………...7

2.1. Теоретско одредување на предметот на истражување ..........................................7

2.2. Појмовно категоријален систем .............................................................................11

2.3. Операционално одредување на предметот на трудот...........................................12

2.4. Временско и просторно одредување на предметот на истражување ..................12

2.5. Просторно утврдување на предметот на истражување.........................................13

2.6. Дисциплинарно утврдување на предметот на истражување................................13

3. Цели на трудот........................................................................................................................13

4. Хипотетичка рамка-хипотези..............................................................................................14

4.1. Основна хипотеза......................................................................................................14

4.2. Посебни хипотези.....................................................................................................14

5. Начин на истражување (методи и техники) ....................................................................14

5.1. Општи научни методи..............................................................................................15

5.2. Посебни научни методи...........................................................................................15

6. Научна и општествена оправданост .................................................................................16

7. План за работа........................................................................................................................17

ВТОР ДЕЛ:

ТЕМА ЕДЕН

1. Значење и носители на јавниот градски превоз………………………………......18

2. Функционирањето на јавниот градски превоз во Градот Скопје…………....…20

3. Јавно сообраќајно претпријатие-Скопје………………...…………………………22

4. Деликвентните однесувања во јавниот градски превоз-поим ...........................24

4.1.Појавни облици: видови и карактеристики на деликвентните однесувања.........27

Page 7: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

vii

4.2.Карактеристики на сторители...................................................................................33

4.3.Деликвентни однесувања во јавниот градски превоз во Скопје...........................39

а) Невалидирање на билети при влез во автобусите на јавниот градски

превоз..........................................................................................................................39

б) Имотни деликти (кражби, разбојништва, разбојнички кражби).................40

в) Вандализам, оштетувања................................................................................43

г) Физички напади, физички пресметки, проблеми и закани врз возачи.......45

4.3.1. Резултати од теренско истражување за деликвентните однесувања во

ЈГП.....................................................................................................................................47

a) Резултати од теренско истражување.................................................49

ТЕМА ДВА

1. Казнено правна реакција кон прекршителите во јавниот градски превоз.............53

1.1.Улогата на полицијата во јавниот градски превоз……………………………….56

1.2. Улогата на сообраќајните претпријатија во справување со деликвентните

однесувања………………………………………………………………………….58

1.3. Начин на справување со деликвентните однесувања во јавниот градски

превоз..........................................................................................................................62

1.4. Компаративни искуства/решенија...........................................................................71

1.5. Справување со деликвентните однесувања во јавниот градски превоз во Скопје

(резултати од истражувањето)..................................................................................73

ТЕМА ТРИ

1.Загрозување на безбедноста на граѓаните во јавниот градски превоз.........................79

1.1. Зголемување на чувството на страв........................................................................82

1.2.Стравот од криминал кај корисниците во јавниот градски превоз во Скопје

(резултати од истражувањето)....................................................................................................84

ТЕМА ЧЕТИРИ

1.Превентивни политики за спречување на деликвентните однесувања во јавниот

градски превоз............................................................................................................................92

1.1.Превентивни програми и мерки: примена и резултати во одредени држави…..93

Page 8: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

viii

1.2.Превентивните програми и мерки за спречување на деликвентните однесувања

во јавниот градски превоз во Скопје..........................................................................................96

1.2.1. Улогата на полицијата.........................................................................................97

1.2.2. Улогата на општината.........................................................................................99

1.2.3. Улогата на ЈСП Скопје.......................................................................................101

Заклучни согледувања и препораки.....................................................................................106

Заклучни согледувања.........................................................................................................106

Препораки.............................................................................................................................110

Користена библиографија......................................................................................................116

Прилози......................................................................................................................................124

Графикони......................................................................................................................124

Табели.............................................................................................................................125

Слики..............................................................................................................................129

Page 9: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

ix

ГРАФИКОНИ

Графикон 1: Прашање за персоналот “Според Вас каде најчесто се случуваат деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз?” …………………………………………………….28

Графикон 2: Прашање за граѓаните “Според Вас каде најчесто се случуваат деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз?”………………………………............................…..29

Графикон 3: Оштетени/скршени застаклени автобуски постојки за 2017 …………………44

Графикон 4: Линии со најмногу записници за 2017 ……………………………………..….60

Графикон 5: Прашањето за персоналот “Дали според Вас персоналот (возачи и контролори)

во јавниот градски превоз професионално си ја вршат својата работа?”……........................67

Графикон 6: Прашањето за граѓаните “Дали според Вас персоналот (возачи и контролори)

во јавниот градски превоз професионално си ја вршат својата работа?”…………………..68

Графикон 7: Прашање за граѓаните “Колку често користите јавен градски

превоз?”………………………………………………………………………………………….75

Графикон 8: Прашање за граѓаните ”Колку безбедно се чувствувате при користење на

јавниот градски превоз?”………………………………………………………………………85

Графикон 9: Прашање за персоналот” Во кој период од денот се чувствувате загрижени по

безбедноста при користење на јавниот градски превоз?”…………………..……………….86

Графикон 10: Прашање за граѓаните “Во кој период од денот се чувствувате загрижени по

безбедноста при користење на јавниот градски превоз?”………………………………..….87

Графикон 11: Прашање за персоналот “ Кои линии според Вас се небезбедни при користење

на јавниот градски превоз?”…………………………………..………………….....................88

Графикон 12: Прашање за персоналот “Кои постојки (местоположба) во градот, според Вас

се небезбедни како дел од јавниот градски превоз?”……..………………………….......…89

Графикон 13: Прашање за граѓаните “Каде ги пријавувате загрижувачките однесувања кои

се случуваат во јавниот градски превоз?”…………………………………….………………90

Графикон 14: Прашање за персоналот “Како ја оценувате соработката со полицијата во

справување со деликвентните однесувања? Оценете од 5 до 10!”…………………………...91

Графикон 15: Прашање за персоналот “Дали граѓаните се жалат на деликвентни однесувања

во ЈСП?”…………………………………………………………………………………..……104

Page 10: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

x

Графикон 16: Извршени контроли, поднесени пријави, одземени билети и наплатени

дополнителни билети од службата за контрола на билети....................................................124

ТАБЕЛИ

Табела 1: Инциденти на возачи и возила според статистиката на ЈСП Скопје…….…..…..45

Табела 2: Прашање за персоналот “Дали биле сведоци на некој од наведените деликвентни

однесувања во вршење на службата?”…………………………..…………..........................…49

Табела 3: Прашање за персоналот “Кои деликвентни однесувања според Вас се најприсутни

во јавниот градски превоз? Заокружете три!”……………………..………………………......50

Табела 4: Прашање за граѓаните “Дали сте биле сведок во некој од наведените деликвентни

однесувања?”……………..…………………………….........................................................….51

Табела 5: Прашање за граѓаните “Дали сте биле жртва на некое од наведените деликвентни

однесувања?”…………………………………………………………………............................52

Табела 6: Прашање за граѓаните “Дали некогаш сте извршиле некое од наведените

деликвентни однесувања?”………………………………………………………...…..………52

Табела 7: Извршени контроли, поднесени пријави, одземени билети и наплатени

дополнителни билети од службата за контрола на билети во (%)…………………………..59

Табела 8: Општи податоци за пол и возраст на испитаниците вработени во ЈСП Скопје...74

Табела 9: Општи податоци за национална припадност и социјален статус на испитаниците

граѓани во Скопје……………………………………………………….……………………...75

Табела 10: Извршени контроли, поднесени пријави, одземени билети и наплатени

дополнителни билети од службата за контрола на билети ………………………………...125

Табела 11: Оштетени/скршени застаклени автобуски постојки за 2017 г……………...….125

Табела 12: Број на превезени патници во работен ден (понеделник) ……………………..127

Табела 13: Број на превезени патници во работен ден (вторник)………………………….127

Табела 14: Евиденција на спроведени дисциплински постапки за возачи и контролори за

2018/19 год……………………………………………………………………………………..138

Page 11: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

xi

Фотографии-од информативен плакат и автобуска постојка со реклама

Слика 1: КОРИСТИ ЈАВЕН ПРЕВОЗ!....................................................................................129

Слика 2: Рекламирање на автобуски постојки………………………………………………129

Слика 3: Вандализирана автобуска постојка……………………………………………..…130

КРАТЕНКИ

CCTV.............................................................Затворен телевизиски систем-камери за следење

БТП........................................................................................Британската транспортна полиција

ВК..................................................................................................................Внатрешна контрола

ГСП ........................................................................................Градско сообраќајно претпријатие

ЗПЈРМ-...................................................................Закон за прекршоци против јавен ред и мир

ЈГПП - .......................................................................................Јавен градски превоз на патници

ЈГППП-..............................................................Јавен градски и приградски превоз на патници

ЈСП -........................................................................................... Јавно сообраќајно претпријатие

МВР-....................................................................................Министерство за внатрешни работи

ОКЦ-..............................................................................................Оперативен контролен центар

ПЦСО-.......................................Локални полициски службеници за поддршка на заедниците

СВР-..................................................................................................Сектор за внатрешни работи

Page 12: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

1

ПРВ ДЕЛ:

ТЕОРИСКО-МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО

ДЕЛИКВЕНТНИТЕ ОДНЕСУВАЊА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

НА ПАТНИЦИ: СОСТОЈБИ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

ФОРМУЛАЦИЈА НА ПРОБЛЕМОТ

Јавниот превоз е микрокосмос сам по себе, кој има многу форми, и има посебни

карактеристики. Тој има своја инфраструктура и персонал со специфични функции, така

што јавниот градски превоз е рбетот на градот - суштински елемент за неговиот развој и

неговата поврзаност. Тој го олеснува секојдневното патување на луѓето во тековите на

урбаната средина. Во Лондон секоја година се одржуваат 2,35 милијарди автобуски

патувања (Gov.uk, 2014); има над 3 милијарди подземни патувања во Токио и повеќе од 1,6

милијарди во Њујорк (UITP, 2014b). Во Кали, во Колумбија, (70 %) од населението го

користи системот за јавен превоз1.

Неговото организирање и функционирање, карактеристичен како облик на превоз

особено во поголемите градови, наметнато е како неопходност од повеќе аспекти. Веќе

хроничен и се поизразен проблем во поголемите градови е прегустиот сообраќај, односно

преоптеретеноста на сообраќајниците, бавноста во одвивањето на сообраќајот и големите

губитоци на време, зголемениот ризик, недостаток на паркинг простор, загадувањето на

воздухот и бучавата, дополнително намалената пропустливост на сообраќајниците заради

паркираните возила по страничните делови и др. Основен генератор на овие проблеми е

што преголем број на патувања во градот се прават со патнички автомобили, за што е

потребна голема површина, како за движење, така и за паркирање.

Од тие причини, еден од најефикасните начини, ако не за потполно решавање, тогаш

за значајно ублажување на овој акутен проблем, секако е намалувањето на бројот на возните

единици кои учествуваат во сообраќајот во определен временски период. Од практично

1Jaramillo, C., Lizárraga, C. & Grindlay, A. L. (2012). Spatial disparity in transport social needs and public transport

provision in Santiago de Cali (Colombia). Journal of Transport Geography, 24,

http://doi.org/10.1016/j.jtrangeo.2012.04.014

Page 13: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

2

применливите и ефикасни начини за ублажување на оваа состојба, посебно може да се

издвои организирањето и функционирањето на јавниот превоз кој со својот потенцијал

може да обезбеди оптимален урбан транспортен систем. Значи, јавниот градски превоз на

патници, како дејност од посебен општествен интерес претставува битен и незаменлив

предуслов за успешна работа и живот на работните луѓе и граѓаните во градовите односно

општините. Нараснатите сообраќајни и еколошки проблеми во градовите, посебно во

големите, настанати како последица од интензивниот просторен и стопански развој,

демографскиот растеж и развојот на моторизацијата, како и неопходноста од штедење и

рационално користење на енергијата, ја наметнуваат потребата во градовите односно

општините трајно да се создаваат услови за подобро функционирање и побрз развој на

дејноста на јавниот градски и приградски превоз на патници, како основен носител на

превозот на патници.

Меѓутоа, како што се шират градовите, се зголемува бројот на жители, а со тоа и на

патници што доведува до зголемување на проблемите во јавниот градски превоз. Имено,

присутни се појави на несоодветно однесување на патници (викање, возење без карта,

слушање гласна музика), па дури и посериозни облици на насилно однесување меѓу

патниците. Настаните се случуваат како во самите автобуси, така и на автобуските постојки.

Всушност треба да се земат предвид три одделни јавни простори при проучувањето на

деликвентното однесување и стравот од криминал во јавниот превоз, секој со свои

карактеристики. Првиот се однесува на трасата на патување меѓу почетните и крајните

точки на патувањето, и застанувањата во јавниот транспорт. Додека тие се дел од градот во

целина, важно е да се осигура дека тие можат да се користат и се безбедни. Ако ова не е

случај, луѓето можат да изберат да не користат јавен превоз. Вториот се однесува на самата

автобуска станица, а третата се однесува на областа во јавното возило.2

Исто така, нивоата на деликвентни и криминални појави во јавниот превоз

значително се разликуваат од еден град до друг. Тоа е затоа што транспортните системи се

силно под влијание на нивната урбана средина и ја одразуваат динамиката на локалниот

криминал. Така, меѓународниот извештај “Спречување на криминалот во Јавниот градски

2Preventing crime on urban public transport, http://www.crime-prevention

intl.org/fileadmin/user_upload/Publications/International_Report/CIPC_5th-IR_EN_Chapter-4.pdf (пристапено

25.12.2018г.)

Page 14: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

3

превоз”ги прикажува важноста на јавниот транспорт во урбаните средини и влијанието на

криминалот, трендовите во криминалот и стравот од криминал во јавниот транспорт низ

светот, факторите на ризик, како и пристапите за спречување на криминалот и страв од

криминал во јавните градски транспортни системи.3

Имено, девијантните и криминални појави можат да имаат негативен ефект врз

начинот на користење на услугата, а со тоа и врз развојот на градот во најширока смисла на

зборот, бидејќи тие претставуваат ризик за физичката безбедност на патниците и

персоналот, а истовремено создаваат и финансиски трошоци за јавниот транспортен систем.

На пример, во Мексико во 2009 година, стравот од криминал ги обесхрабри (25 %) од

испитаните лица да земат такси, а (17 %) користат други форми на јавен превоз.4

Како резултат на тоа, криминалот и стравот од криминал во јавниот градски превоз

се двојно важни. Од една страна, тие влијаат врз милиони жители на градот кои секојдневно

патуваат, ризикувајќи ја нивната физичка сигурност и намалување на нивниот квалитет на

живот. Од друга страна, тие имаат многу пошироко влијание врз развојот на градот во

целина, а особено во социјалната инклузија. Ова го прави од суштинско значење да се

развијат политики за спречување на криминалот и стравот од криминал во урбаниот јавен

транспорт. На пример, некои студии покажаа дека последиците од кражба на јавниот

транспорт се многу сериозни, со оглед на тоа што тие влијаат на сиромашните луѓе повеќе

од другите. Луѓето од сиромашните средини имаат тенденција да носат готовина, бидејќи

тие не мора да имаат банкарски сметки, со што ги прави лесни цели за потенцијалните

крадци.5

Според друго истражување спроведено во Англија, спроведената анкета на

патниците што користат автобус во градот Западен Мидлендс во Англија, покажала

загриженост на анкетираните граѓани од однесувањето на дел од останатите патници.

Најчести примери на несоодветни однесувања кои им го прават патувањето непријатно се:

гласна музика, нозе на седиштата, патници под влијание на алкохол или дрога, јадење храна,

3Jaramillo, C., Lizárraga, C. & Grindlay, A. L. (2012). Spatial disparity in transport social needs and public transport

provision in Santiago de Cali (Colombia). Journal of Transport Geography, 24,

http://doi.org/10.1016/j.jtrangeo.2012.04.014 4ICESI. (2010). Encuesta nacional victimización: México 2010. Retrieved from www.icesi.org.mx 5Paes-Machado, E. &Levenstein, C. (2004). ‘I’m sorry everyone, but this is brazil’. British Journal of Criminology,

44(1).

Page 15: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

4

фрлање отпадоци, бучава и гласно разговарање на мобилни телефони, пушење цигари и др.

супстанции, ученици кои се многу гласни (пцујат, викаат, трчаат), вознемирени нечисти

лица, вербални навреди помеѓу патниците и слично.6

Значи, оние кои го нарушуваат јавниот транспорт може да создадат тензии и

проблематични патувања за превозниците и за другите патници. Може да биде тешко да се

најде соодветен одговор на предизвикувачкото однесување кај младите, особено во групи.

Нивните постапки по некогаш може да бидат на место бурни, анти-социјални, но ова може

да доведе до посериозни акции, како што се малтретирање или кражба.

Во нашата земја, во главниот град Скопје, јавниот превоз е организиран преку

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје). Тој претставува организиран

систем и најголем превозник на патници во главниот град, со јасно дефинирана дејност од

посебен општествен интерес. Ја опслужува организираната транспортна мрежа на линии,

со јасно дефинирани рути на движење, почетни, попатни и крајни стојалишта,

свртувалишта и терминали. Притоа, како главен носител на јавниот градски превоз на

патници во градот Скопје, Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје долго време се

соочува со предизвици и ризици со безбедноста при вршењето на својата основна дејност,

како за својот персонал, основните средства за работа, исто така и за патниците кои ги

превезува. Имено, службите регистрираат бројни прекршувања, како што се: возење без

билет, уништување на инвентарот, недолично и дрско однесување, викање и возење под

дејство на алкохол, кражби, насилно однесување, па дури и посериозни физички пресметки

не само меѓу самите патници, туку и со вработените.

Исто така, вработените во службата за контрола на билети (организаторот на

линиска контрола, сменоводителот и линискиот контролор) имаат право да вршат контрола

на наплата на билети и доколку патникот е без билет или со неисправен билет, да го задолжи

на лице место да плати дополнителен билет. Доколку не плати на лице место, имаат право

да го задолжи да плати зголемен износ во рок од 8 дена, да бараат документи за лична

идентификација на патникот, како и да поднесат предлог за поведување на прекршочна

6https://www.transportfocus.org.uk/research-publications/publications/antisocial-behaviour-on-buses/ (пристапено

25.12.2018г.)

Page 16: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

5

постапка до надлежниот инспекторат за сообраќај против лицата кои се затекнати без билет

или со неисправен билет во автобусите во јавниот превоз.

Од ЈСП Скопје во известување за медиумите, велат дека најчести пријави има за

кражби на украдени паричници и слободни билети, меѓутоа дека не се информирани за

бројот на кражбите, бидејќи за тоа се задолжени МВР. Тие објаснуваат дека најчесто на

крајот на денот возачот проверува дали сторителот го фрлил паричникот откако ги земал

парите, па во тој случај се контактира со жртвата за да му бидат вратени личните документи.

Од МВР, пак објаснуваат дека не водат посебна евиденција за кражбите во автобусите на

ЈСП или во приватните автобуси кои возат низ град Скопје. Големиот број пријави за

кражби во автобусите се евидентирани заедно со сите кражби кои се пријавуваат во град

Скопје.7

Во однос на начинот на извршување, сторителите особено ја користат гужвата во

автобусите во бесплатните денови за возрасната категорија на граѓани, особено кога е

најголема раздвиженоста на населението. Паричници и телефони се крадат од чантите на

патниците во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници. Но, најмногу пријави

во полициските станици во Скопје има во вторник и во петок, кога поради бесплатниот

превоз за пензионери, автобусите се преполни. Сторителите ја користат гужвата и

незабележливо од чантите на патниците крадат паричници, телефони и други вредни

предмети. Од Министерството за внатрешни работи не знаат колку кражби во автобус се

пријавени досега, бидејќи во Кривичниот законик не било регулирано кривично дело ситна

кражба, туку постои дело кражба. Ниту пак во официјалната статистика што ја прават имаат

посебни категории за кражба во автобус или на улици и во парк, туку сите пријави од

граѓани било да е во дом, автомобил, автобус се регистрираат под кривично дело кражба.8

Поради потребата, на барање на ЈСП Скопје –Скопје, во соработка со Единицата за

јавен ред и мир во полициските станици при СВР Скопјеи линиската контрола, направени

се заеднички акции во автобусите. Притоа, покрај контролата дали патниците, учениците,

7https://vecer.mk/skopska/parichnikot-chuvajte-si-go-cvrsto-v-raka-koga-se-vozite-vo-gradski (пристапено

03.12.2018г.) 8https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/2237-krazhbi-za-9-mesetsi-vo-skopje-najmnogu-se-krade-vo-avtobusite-

vo-vtornik-i-petok/ (пристапено 20.12.2018г)

Page 17: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

6

студентите поседуваат билети, направен е и преглед дали со себе и во личниот багаж-ранци

носат ладно оружје, метални шипки и други непристојни предмети.

Покрај насилството, кражбите, прекршоците за билети, претпријатието се соочува и

со големи материјални трошоци од несоодветното однесување на граѓаните, повеќе од

младата популација, предизвикани од нанесување на материјална штета на возилата

(кршење стакла, ретровизори, сечење на тапацирот на столчињата, палење и кршење на

столчињата, држачи, звучници, внатрешни светла и сл.) и оштетување, вандализирање на

новите застаклени автобуски постојки (искршени стакла, исчкртани, оштетени клупи,

корпи за отпадоци и сл.).

Во делот на превентивната политика за спречување на деликвентните однесувања во

јавниот градски превоз, најчесто се презема примена на видеонадзор (CCTV или затворен

телевизиски систем) на мрежата за јавен превоз кој може да го спречи криминалното и анти-

социјалното однесување. Инсталираниот мобилен систем за видео надзор на автобусите

треба да обезбеди: следење на однесувањето на возачите, за да се осигури дека возачите ги

извршуваат своите задачи на професионален начин, контрола како превентивна мерка

против кражба на патници меѓу патниците, спречување на насилство меѓу патниците,

спречување на вандализам со автобус, во смисла на кршење на внатрешноста во возилото,

нарушување на изгледот на возилата и слично, снимките кои во одредени случаи може да

се користат како доказ, зголемување на сигурноста и безбедноста на возниот персонал и

патниците, преглед во живо и на снимениот материјал.9

Истотака, може да го зголеми чувството на безбедност на патниците и со тоа да ги

мотивира почесто да го користат јавниот градски превоз. Снимките од видеонадзорот може

да обезбедат докази против сторителите на одредени кривични дела во понатамошната

постапка.

Покрај наведената мерка, министерството за внатрешни работи презема

превентивни акции, односно во сите автобуси беа поставени едукативни и предупредувачки

плакати за ,,чување на паричникот,, при користење на услугата јавен превоз. И градот

Скопје учествува во намалување на девијантните појави и криминалот со нивната одлука за

9Дирекција за јавни превоз града Ниша, Програм о изменама и допунама програма пословања за 2017 год.

http://www.jgpnis.com/wpcontent/uploads/2017/02/Програм-о-изменама-и-допунама-програма-пословања-за-

2017.-годину.pdf (посетено 25.01.2019 г.)

Page 18: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

7

субвенционирани билети на учениците од средното образование и на студентите, за

возрасната категорија на граѓани од 62 г. за жени и 64 г. за мажи за вторник, петок, сабота

и недела.

Како дел од ситуационата превенција, мерка за намалување на намерните

оштетувања и кршења на стаклата на настрешниците од автобуски постојки е

поставувањето термички стакла со дебелина од 10 мм, кои не се лесно кршливи, освен со

удирање со тврди предмети. Поставени се 226 постојки, со тенденција да се постават и

повеќе, поради потребата и позитивната реакција од граѓаните. Дополнително, застаклените

автобуски постојки во својата почетна состојба содржеа и информативни постери со

информации за возните редови за линиите, односно возилата кои застануваат на одредена

постојки многубројните апели од ЈСП до сите граѓани кои го користат јавниот превоз да не

се уништуваат новите настрешници, постерите со возни редови, бидејќи можат да добијат

информации за возниот ред на автобусите, да ја видат мрежата на линии, со што може да си

го планираат рационално своето време на патување со автобус.10

Иако, претпријатието во повеќе наврати извршило повторно поставување, повеќе не

се во функција информативните табли, а стаклените површини се покриени со рекламни

постери, бидејќи не може да се справи со хулиганското однесување на одредена популација

на граѓани.

ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Теоретско определување на предметот на истражување

Предмет на теоретска и емпириска разработка во рамките на трудот ќе бидат

деликвентните казниви однесувања во јавниот градски превоз од страна на патниците со

посебен осврт во градот Скопје. Притоа, под деликвентни однесувања подразбираме

извршување одредени кривични дела, како и прекршоци кои се правно нормирани и

санкционирани во соодветни закони, пред се во Кривичниот законик, во Законот за

прекршоци против јавниот ред и мир (ЗПЈРМ), како и во одредени законски акти кои го

нормираат работењето на јавното транспортно претпријатие. Според ЗПЈРМ, прекршок

10https://vecer.mk/skopska/iskrsheni-staklata-na-novite-avtobuski-postojki(посетена 14.01.2019 г.)

Page 19: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

8

против јавниот ред и мир врши секој кој со своето однесување или постапка го нарушува

мирот, работата или вообичаениот начин на живеење на граѓаните, на јавно место ја

загрозува нивната безбедност или создава несигурност, го оневозможува непреченото

движење на граѓаните на јавни места или го нарушува остварувањето на нивните права и

обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи и

други институции кои вршат јавни овластувања, или вршењето на дејностите на правните

лица или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир.

При истражување на проучуваната појава, посебен акцент ќе се стави на облиците

на деликвентни однесувања, односно на видовите кривични дела и прекршоци, на

нивниот интензитет и динамика во одреден временски период. Сознанија покажуваат дека

имотните и насилничките деликти се најчеста појава.

Насилството во јавниот превоз подразбира злоупотреба, малтретирање, навредување,

загрозување на сигурноста, тепање, злоставување на патници и слично. Тоа предизвикува

чувство на несигурност, загрозување или страв, вклучувајќи и закани за такви дејствија. Од

друга страна, од имотните дела, најчести се кражбите (дрски и џебни кражби),

разбојничките кражби и разбојништвата. Џебните кражби се специфичен облик на кражби

кои малолетниците, но и останати лица ги извршуваат на повеќе начини и тоа:

-со отворање на ташните и крадење на одредени вредни предмети и пари. Се вршат

во оние простори и објекти каде има поголема концентрација и раздвиженост на луѓе и каде

,,џепарошите,, својата криминална активност ја прилагодуваат на одредена ситуација за да

не предизвикаат сомневања. Тоа се, главно поголеми трговски центри, автобуски и

железнички станици, автобуси, пазарни шеталишта, митинзи, спортски и културни

манифестации, чекалници и сл. Овие кражби се вршат поединечно и групи од двајца или

тројца сторители кои организирано криминално делуваат со однапред поделени улоги.

Обично создаваат мешаница, туркање, меѓусебно расправање за да го оттргнат вниманието

на жртвата.

-одземање на пари од џебови, кога малолетните сторители најчесто крадат пари од

задните џебови на панталоните е во ситуации на голема фреквенција на луѓе. При тоа го

извлекуваат паричникот, ги земаат само парите, а останатите документи ги фрлаат било

недалеку од местото на извршување или подалеку. По вештите и покрупните малолетни

Page 20: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

9

сторители крадат и од надворешните џебови обично од кошулата на жртвата, а оние

највештите и од внатрешните џебови на сакоа, капути и сл. Ситуациите за криминално

делување, малолетните сторители ги проучуваат со посматрање на жртвата при

префрлување на пари од еден џеб во друг, при плаќање и враќање на паричникот во џебот

и во соодветен момент ја вршат кражбата.

-пресекување на рачките од ташни и со крадење на ташните се земаат највредните

работи и парите, а ташната се фрла во најблиската околина или контејнер.

Повеќето од жртвите овие кражби ги пријавуваат поради документите што им се

украдени покрај останатите предмети. Џебните кражби ги пријавуваат оштетените доколку

се одлучат на пријавување и овие се едни од најтешките за откривање, бидејќи не се остава

никаква трага, освен, ако не се забележани од лица-сведоци.11

Џебните кражби се случуваат во автобусите и на автобуските денови, посебно во

пазарни, неработни денови и места каде има поголема фреквенција на луѓе и патници. Исто

така, насилството и физичките напади меѓу младите, посебно во групи се евидентираат од

страна на органите на прогон. Тие создаваат чувство на несигурност и страв кај граѓаните,

што ги одвраќа од често користење на јавниот превоз. Дел од таквите настани се

мотивирани поради одредени етнички тензии и предрасуди, дел поради нерешени проблеми

меѓу групи млади и слично. Врз основа на местото и времето на случување може да се

определат одредени критични места или т.н. криминални жаришта кај кои постои ризик од

извршување имотни и насилнички деликти.

Освен кривичните дела, како дел од структурата на деликвентни однесувања

присутни се прекршоците против јавниот ред и мир, посебно карање, викање или

непристојно и дрско однесување, фрлање или кршење шишиња, чаши или други

предмети, малтретирање, омаловажување, понижување и навредување на друг и др.

При проучувањето на деликвентните однесувања, посебен предмет на интерес е

институционалниот и казнено правниот одговор на деликвентните однесувања од

страна на надлежните служби: начинот и постапката на нивно пријавување, евидентирање

и процесирање. Во тој дел, примарна одговорност во регистрирање и пријавување на

настанот до полиција и до нивните надлежни служби има одговорното лице, односно

11Николовска, С. (2005) Малолетничкиот криминалитет во Република Македонија,Скопје, Графотранс

Page 21: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

10

возачите, контролорите во јавното сообраќајно претпријатие, независно од пријавата на

самото оштетено лице.

Имено, ЈСП Скопје како дел од секојдневното живеење на граѓаните, поради

секојдневните потреби е во постојана соработка со СВР Скопје, најчесто поради сообраќаен

метеж, сообраќајни незгоди, насилство во автобусите, кражби, неплаќање на билети и сл.

Конкретно, оперативниот контролен центар, службата за контрола на билети и службата за

внатрешна контрола при ЈСП Скопје, во интерес за непречено одвивање на основната

дејност на претпријатието, а со цел овозможување на основната безбедност како на својот

персонал и основните средства, исто така и на патниците кои се корисници на ЈГПП,

најчесто соработуваат со секторот за внатрешни работи Скопје. На пример, при

планирањето на контрола на линии, зони или периоди во денот, со постоење (очекување)

на ризик од можност за очекувано помасовно одбивање на плаќање на билет и давање на

отпор во санкционирање на лицата кои не плаќаат билет или прават неред во возилото,

директорот на секторот за сообраќај, на предлог на организаторот на службата, е должен да

побара планирана асистенција од МВР за вршење на контрола на наплата на билети.

Барањето за асистенција се доставува до МВР, на начин и во рок предвиден согласно

Законот за МВР.(член 5 од Правилник за работа на службата за контрола на билети од

18.03.2018 год.). Линиските контролори имаат овластување да го задржат лицето кое нема

патен билет во возилото, кога не сака да даде документи за лична идентификација потребни

за водење на прекршочна или друга постапка. Задржувањето на лицето трае до

пристигнување на овластено службено лице на МВР, односно до преземање на истото/те од

службено лице на МВР (член 3 од Правилник за работа на службата за контрола на билети

од 18.03.2018год.).

Третиот аспект е чувството на страв од криминал кај граѓаните при користење на

јавниот превоз. Имено, чувството на страв кај граѓаните има големо значење во креирање

на превентивна политика за зголемување на нивната безбедност при користење на услугите

на јавниот превоз. Исто така, преку анализа на чувството на страв може да се согледа кои

места, временски периоди и видови однесувања го зголемуваат степенот на страв при

користење на јавниот превоз и дали тоа придонесува да се одвратат од негово користење.

Page 22: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

11

Во корелација со претходното, значајно е да се утврди кои превентивни политики

се применуваат од страна на надлежните служби (јавното сообраќајно претпријатие,

полицијата, градот Скопје и општините) за да ја зголемат безбедноста на граѓаните при

користење на јавниот градски превоз, односно да го намалат деликвентното и криминално

однесување. Всушност, основното прашање е дали се тие ефикасни, односно даваат

превентивни резултати (на пример, јавните кампањи, бесплатните билети, контролите,

примената на видеонадзорот и слично).

Појмовно-категоријален систем

Деликвентно однесување. Сите казниви поведенија кои се нормирани и санкционирани во

одредени закони. Тие се кривичните дела и прекршоците.

Јавен градски превоз преставува организиран систем за јавен превоз на патниците, во кој

превозот на патниците континуирано се врши на мрежа на линии по однапред одредени

услови на функционирање: фиксни траси на движење на возилата-линиите, застанувања на

сите автобуски постојки, возни редови и однапред дефинирани цени на транспортните

услуги, чија цел е задоволување на превозните потреби на различните категории на

корисници и давање јавна услуга на територијата на градот и на административната

територија на градот.

Чувство на страв од криминал. Во овој поим се вклучуваат неговите три аспекти,

емоционален аспект кој се изразува во низа на емоции кои произлегуваат од перцепцијата

за можноста за виктимизација (заедно со прашањата за неодредениот страв го формирааат

афективниот аспект) и силината со која би влијаела можната виктимизација на нивниот

понатамошен живот, когнитивниот аспект во кој е вклучена перцепцијата за

можноста/ризикот на станување на жртва и тежината на последиците и бихејвиоралниот

аспект кој ги опфаќа мерките и однесувањата на индивидуата со цел одбегнување односно

намалување на можноста за станување жртва.

Џебни кражби-како начин за прибавување противправна имотна корист се врши

материјална штета на корисниците на јавниот превоз, престапниците ги користат гужвите

што се создаваат при качување/симнување, во/од автобусите на автобуските постојки и во

Page 23: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

12

автобусите. Односно, џебните кражби се специфични по тоа што се случуваат на јавни

места, а најчесто во градските гужви и во јавниот превоз. Особено е важно граѓаните да се

предупредат на опасноста од џебните кражби и други различни ризични ситуации.

Операционално одредување на предметот на трудот:

Посебен предмет на разработка ќе биде:

• Состојбата со деликвентните појави во јавниот градски превоз и одредени

карактеристики на сторителите и на жртвите. Во овој дел, посебен предмет на

интерес е видот и одредени карактеристики на извршените кривични дела и

прекршоци (место, начин на извршување, последици и слично). Покрај тоа, значајно

е да се утврди и дали односот меѓу жртвата и сторителот има одредено влијание врз

извршените дела.

• Казненоправниот и институционалниот одговор на пријавените и евидентирани

дела од страна на надлежните служби (јавното сообраќајно претпријатие и

полицијата. Каква е нивната соработка и каква е стапката на ефикасност при

откривање и процесирање на пријавените дела во полициските станици?

• Чувството на страв кај граѓаните при користење на услугите на јавниот градски

превоз. Во овој дел посебно ќе се анализира мислењето на граѓаните кои често

користат јавен превоз дали се плашат да се возат со јавните градски автобуси, зошто,

кои локации и автобуски линии ги посочуваат како најкритични, дали биле сведоци

на одредени деликвентни однесувања и слично.

• Примената и ефикасноста од одредени превентивни мерки за намалување на

деликвентните однесувања во јавниот градски превоз.

Временско утврдување на предметот на истражување:

Временската рамка во која ќе се биде набљудувана и истражувана појавата ќе опфати

10 годишен период (2008-2018).

Page 24: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

13

Просторно утврдување на предметот на истражување

Емпириското истражување ќе го опфати деликвентното однесување во јавниот

градски превоз во градот Скопје.

Дисциплинарно утврдување на предметот на истражување

Науките и научните дисциплини во чии рамки се проучува предметот на

истражување: криминологија, социјална патологија, социологија.

ЦЕЛИ НА ТРУДОТ

Основна цел на теоретското и на емпириското истражување на трудот е да се добие

слика за различните форми на деликвентни и криминални однесувања во јавниот градски

превоз, како во самите јавни градски автобуси, така и на автобуските постојки. Притоа, врз

основа на предметот на истражување посебни цели се:

• да се согледаат најчестите облици на кривични дела и прекршоци кои се пријавени и

евидентирани во надлежните служби (како во јавното сообраќајно претпријатие,

така и во полициските станици?

• да се идентификуваат критичните места, периоди од денот, начин на извршување и

карактеристики на сторители кои ги извршуваат казнивите дела?

• да се согледа соработката меѓу надлежните служби во откривањето и процесирањето

на пријавените казниви однесување, односно каква е ефикасноста на откривање на

сторителите?

• да се согледа дали граѓаните чувствуваат страв при користење на услугите на јавниот

градски превоз, од кои дејствија, на кои локации, во кои периоди од денот и слично?

• да се анализира превентивната политика на градското сообраќајно претпријатие, на

градот Скопје и на Министерството за внатрешни работи во насока на зголемување

на безбедноста на граѓаните при користењето на услугите на јавниот градски превоз?

колку од преземените мерки имаат превентивен ефект во намалување на стапката на

деликвентни и девијантни однесување и во намалување на чувството на страв?

Page 25: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

14

• ХИПОТЕТИЧКА РАМКА-ХИПОТЕЗИ

Основна хипотеза која се поставува во рамките на истражувањето:

Деликвентните појави во јавниот градски превоз се доминантно детерминирани од

несоодветна институционална превентивна политика, поради што го намалуваат квалитетот

и безбедноста на патниците.

Посебни хипотези:

• Одредени локации и автобуски линии со зголемена фреквенција на патници, посебно

на младите во одредени период од денот го зголемуваат ризикот од деликвентни

однесувања во јавниот градски превоз.

• Професионалноста и вештината на џепчиите, како и на професионалните ситни

крадци ја намалува ефикасноста на полицијата во откривање на делата извршени во

јавниот градски превоз.

• Одредени насилнички однесувања на младите во јавниот градски превоз се

извршуваат групно и се поврзани со зголемена агресивност, нетрпеливост или

претходни конфликти односи.

• Присуството на одредени деликвентни појави во јавниот градски превоз е поврзано со

зголемување на чувството на страв и небезбедност кај патниците при користење на

неговите услуги.

• Отсуството на долгорочна системска превентивна политика од главните чинители

(јавното сообраќајно претпријатие, градот Скопје и општините и полицијата) го

зголемуваат ризикот од деликвентни однесувања.

НАЧИН НА ИСТРАЖУВАЊЕ (МЕТОДИ И ТЕХНИКИ):

Во рамките на истражувањето ќе се применат следниве методи и постапки на

собирање податоци:

Page 26: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

15

Општи научни методи:

Статистички метод – статистички ќе бидат обработени прибраните податоци, врз

основа на што ќе бидат извлечени соодветни заклучоци за истражуваната појава односно за

обемот и динамиката на извршени казниви дела (кривични дела и прекршоци) во јавниот

градски превоз.

Аналитичко – синтетички метод – анализа на определени појави, расчленување до

крајните основни делови, нивно групирање според други заеднички карактеристики и врз

основа на тоа извлекување и презентирање на нови конкретни заклучоци.

Метод на дескрипција – како постапка за опишување или прикажување на

предметот на научно истражување со научно толкување и објаснување;

Посебни научни методи:

Анализа на содржината на документи која се однесува на предметот на

истражување. При користење на овој метод ќе бидат опфатени пријави од оштетени лица и

од одговорните лица во јавното сообраќајно претпријатие, како и записници за извршена

контрола и/или увид на место на настан каде што се извршени делата.

Анкета. Во рамките на истражувањето ќе се применат две анкети. Една ќе се

примена на граѓаните со цел да се согледа чувството на страв од криминал при користење

на јавниот градски превоз. Втората се однесува за вработените во јавното сообраќајно

претпријатие (возачи, контролори, дел од управните органи) со цел да се согледаат нивните

ставови за присутноста на истражуваната појава, за преземените мерки, за соработката со

министерството за внатрешни работи, како и за примената и ефикасноста на превентивните

мерки. За таа цел ќе бидат изработени посебни прашалници кои ќе можат самостојно да се

пополнуваат од страна на испитаниците.

Извори на податоци: Извори на податоци ќе бидат: соодветни извештаи на СВР

Скопје и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје-Скопје, медиумски прилози;

испитаници (граѓани и вработени во ЈСП – Скопје), како други истражувачки трудови,

извештаи кои се однесуваат на дефинираниот предмет на истражување.

Примерок: Примерокот ќе опфати два вида испитаници: граѓани кои користат

услуги на градскиот јавен превоз (ќе опфати околу 200 испитаници и при нивниот избор ќе

се води сметка за нивниот пол, возраст, место на живеење, националност, чести користени

Page 27: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

16

дестинации и слично) и вработени во јавното сообраќајно претпријатие (ќе опфати околу

30 испитаници и при нивниот избор ќе се води сметка за нивниот пол, возраст, позиција,

националност, работно искуство и слично).

НАУЧНА И ОПШТЕСТВЕНА ОПРАВДАНОСТ

Според досегашните сознанија во текот на истражувањето се согледа дека досега не

е изработен труд кој ја обработува безбедноста на граѓаните корисници на јавниот градски

превоз. Бидејќи јавниот превоз е дејност од јавен интерес, особено значајно за граѓаните е

квалитетот на услугата - превозот (вклучени повеќе карактеристики на превозот:

доверливост, време на патување, удобност, интегрираност, информација, безбедност,

безбедност од криминал итн.). Транспортниот систем треба да обезбеди безбеден превоз,

односно да не биде загрозено човековото здравје и живот.

Долги години во нашата држава, со осамостојувањето и процесот на транзиција, се

предизвикаа големи општествено-економски и социјални промени кои директно се одразија

на квалитетот на живеењето на луѓето. Животот во услови на општествена-економска,

политичка и морална криза, меѓунационална нетрпеливост и сложена безбедносна

ситуација создава услови за појава на бунтовничко и агресивно однесување на луѓето кои

најчесто навлегуваат во сферата на забранети и недозволени човекови однесувања.

Општествено негативните поведенија на младата популација е сериозен комплексен

проблем проучуван од повеќе научни дисциплини преку истражување на факторите на

девијантните однесувања манифестирани од непочитување на моралните норми на

однесување, па до кршење на кривично-правните и прекршочните одредби на еден

општествен систем.

Општествената оправданост на трудот е во согледувањето дека е потребно

изнаоѓање подобри мерки и решенија кои ќе бидат континуирани и со постојан карактер, а

ќе обезбедат сигурност на граѓаните и безбедно користење на јавниот градски превоз.

Всушност, ова истражување има и практични цели кои се согледуваат во користа

што би ја имале граѓаните во секојдневниот живот при користење на јавниот градски

превоз, од предлагање практични мерки, решенија, кампањи, дополнителни едукации на

Page 28: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

17

персоналот насочени кон намалување на нетрпеливоста и отстранување на сериозните

закани по безбедноста на населението. Добиените сознанија може да се искористат за

организирано и планско преземање на превентивни активности кои ќе се остваруваат со

присуство на полицијата, на најзагрозените и најнапаѓаните места, како и со контролирање

на веќе познатите сторители на кривични дела од страна на службени лица од

криминалистичката полиција, институциите специјализирани за овој вид на криминалитет

и нивна меѓусебна соработка во регионот.12

ПЛАН ЗА РАБОТА

Еден месец истражување и собирање на податоци

Еден месец прелиминарно сублимирање на сите собрани податоци и нивно обработување

Еден месец разработување, обработување и пишување на сите собрани податоци, анкети,

статистики и анализи.

12Сулејманов, З. (2001).Превенција на малолетничка деликвенција, советување

Page 29: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

18

ВТОР ДЕЛ:

ТЕМА ЕДЕН

1. Значење и носители на јавниот градски превоз

Безбедноста во јавниот транспорт, заедно со традиционалните параметри, како што

се точност, фреквенција, ефикасност итн., сè повеќе станува централно прашање во јавната

дебата за транспортот. Тоа е клучно прашање за обезбедување на услуги, бидејќи ги

вклучува сите засегнати страни. Од една страна, безбедноста се однесува на транспортните

компании (нивниот персонал, возила и инфраструктура), од друга страна, влијае на

корисниците на јавниот превоз. Така, прашањето директно и индиректно се однесува на

целата заедница, кое по својата природа, мора да се смета како техничко и социјално

прашање.

Се поголемиот број патници кои се потпираат на градскиот превоз и потребата за

лесно достапна лична мобилност, безбедноста е фундаментална одговорност на јавниот

превоз. Со оглед на тоа што безбедноста станува една од клучните очекувања на јавноста и

што влијае врз целиот производствен циклус, важно е да се примени системски пристап за

обезбедување безбедност на патниците и вработените.13 Особено е многу важно да се

анализира улогата и меѓусебната врска помеѓу сите елементи на системот: патници и

вработени, опрема и објекти, процедури, време и средина. Миграциите, економската,

социјалната, политичката, културната, верската, етничката и др. состојба придонесуваат да

имаме различни категории на граѓани кои се корисници на транспортната услуга, кои исто

така се соочуваат со голем број деликвентни и криминални појави при користење на јавниот

градски превоз.

За значењето на јавниот градски превоз, професорот Крстановски наведува дека тој

има ,,економски, социјални и еколошки ефекти: заштеда на енергија, намалено загадување

на воздухот, заштеди во здравството, намалување на инвестициите за изградба и одржување

13 Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent.

Page 30: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

19

на површините наменети за моторни возила, подобар квалитет на живот во градовите,

социјална еднаквост на граѓаните.,,14 Според Американската асоцијација за јавен транспорт

(AПTA), јавниот транспорт: го олеснува сообраќајниот метеж, создава и одржува работни

места, обезбедува пристап до работни места, ги зголемува вредностите на недвижностите,

поттикнува повеќе заедници за живеење, обезбедува мобилност за постарите граѓани,

обезбедува пристап за руралните области, го подобрува квалитетот на воздухот и ја

зголемува мобилноста за време на итни случаи.15

Затоа, голем број држави во светот активно работат за намалување на криминалот и

стравот од криминалот во јавниот транспорт со кој ги опслужуваат своите граѓани. Во таа

насока, Истражувачкиот одбор за транспорт во САД, кој делува како консултант за разни

владини тела, изработил насоки за собирање, анализирање и известување за податоците за

криминалот во јавниот транспорт. Овој проект имал двојна цел: да предложи оперативна

дефиниција за криминал во транспортот и да развие унифициран метод за собирање на

податоци во врска со транспортот.

Во Франција, во 2008 година, со декрет се овозможило да се создаде Национална

опсерваторија за деликвенција во транспортот во рамките на Министерството за екологија,

одржлив развој и енергетика. Тоа тело е одговорно за собирање на податоци од

транспортните компании, за нивна анализа и за спроведување конкретни истражувања

поврзани со насилството врз жените во јавниот транспорт, со виктимизацијата и стравот од

криминал и слично. Покрај тоа, со овие истражувањa се овозможува да се зајакнат јавните

политики за намалување на криминалот и да се поддржат транспортните компании. Во

Белгија, од транспортни компании биле регрутирани криминолози за проучување на

криминалот во нивните мрежи.16

Главните причини зошто луѓето го користат јавниот превоз се: (54 %) за да стигнат

до и од работа, (15 %) да стигнат до и од училиште, (9 %) да пазаруваат. Во Велика

Британија, Министерството за транспорт забележува дека меѓу младите луѓе и возрасните,

14Крстаноски, Н. (2011) Европски искуства со субвенции во јавниот превоз и препораки за Скопје, UITP

Regional Public Transport Seminar, Macedonia, Скопје 15 Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology 16 Jaramillo, C., Lizárraga, C. & Grindlay, A. L. (2012). Spatial disparity in transport social needs and public transport

provision in Santiago de Cali (Colombia). Journal of Transport Geography, 24,

http://doi.org/10.1016/j.jtrangeo.2012.04.014

Page 31: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

20

автобусот е најчестата форма на јавен превоз, а во однос на полот, (46 %) од жените и (40

%) од мажите го користат автобусот најмалку три до четири пати секоја недела. Во Ирска,

автобуските претпријатија од Даблин, со над илјада автобуси и 2.800 возачи секојдневно

превезуваат речиси 500.000 патници.17

2. Функционирањето на јавниот градски превоз во Градот Скопје

Градот преставува сложена целина која се одликува со концентрација на бројни

човекови активности како што се: домување, индустрија, трговија, едукација, политика,

култура и др., на одреден простор. Просторната разместеност на овие активности е

основната причина за важноста на сообраќајот за функционирањето и квалитетот на

целокупниот живот во градовите. Развојот на индустријата предизвикал движење на

руралното население кон градовите, што го поттикнал процесот на урбанизација. Како

последица на урбанизацијата, бројот на жителите во градовите значително пораснал. Така,

сѐ поголем број на луѓе секојдневно мораат да користат некој вид механизиран превоз до

работните места како и за вршење на останатите потреби за живеење во градот. Значи,

јавниот градски превоз е крвоток на градот и неговата основна дејност е транспортната

услуга, односно да ги задоволи потребите и желбите на патување на своите граѓани, со

однапред дефинирани линии за градски превоз кои овозможуваат со едно или две до три

преседнувања да патуваат од едниот до другиот крај на градот. На претходно дефинираните

линии, се движат возила со однапред определен и објавен возен ред и дефинирана цена на

возење според видот на услугата која се користи.

Меѓутоа со порастот на степенот на моторизација, зголемениот број на автомобили

на градските улици почнал да предизвикува сериозни проблеми манифестирани преку

задушувањето на сообраќајот, зголемување на процентот од градските површини за

сообраќајна намена и загадување на животната средина со бучавата и загадување на

воздухот.18 Оттука, јавниот градски превоз како главен сегмент од живеењето на граѓаните

17 Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology 18Крстаноски, Н. (2006), Јавен градски патнички превоз,УКЛО, Технички факултет- Битола, Отсек за

сообраќај и транспорт

Page 32: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

21

во градот Скопје и во општеството како целина, има голем број на предизвици и ризици со

кои треба да се справи при своето работење. Животната средина, урбанистичкото

планирање, поставеноста на автобуските стојалишта, социјалниот и општествениот статус

на населението, криминалот во областите што ги опкружуваат автобуските стојалишта и

рутите на движење на автобусите итн. се значајни сегменти за обезбедување на безбедноста

во јавниот градски превоз.

Според пописот од 2002 година, градот Скопје има 506.926 жители, додека во 2013

година тој број изнесува 540.160, што е за 33.234 жители зголемен за период од 10 години.

Во однос на внатрешната и надворешната миграција во главниот град, податоците

покажуваат дека тој процес, со мали осцилации, е во благ пораст, односно дека речиси

секоја година во градот Скопје се доселуваат од 2.000 до 2.500 граѓани на Република

Македонија, а забележано е отселување од 1.600 до 1.800 граѓани. Во истражувањето

направено пред пет години, од 2009 до 2013 година во градот Скопје се доселиле 10.831

македонски државјани, а се отселиле 8.080 граѓани. Исто така, интересен е податокот што

во градот Скопје се зголемува бројот на странци кои се доселуваат со постојан или со

привремен престој, а речиси десет пати е помал бројот на странците кои се иселуваат од

главниот град. Во 2003 година е констатирано дека концентрацијата на населението е

енормно голема во Скопската котлина, а тоа значи дека постои реален проблем, кој во

различни форми негативно ќе се одразува и се одразува врз квалитетот на живот, што тесно

се поврзува и со терминот безбедно живеење во главниот град.19

Од извештаите на Оперативниот контролен центар при ЈСП Скопје, во работен ден

транспортните услуги на јавниот градски превоз во Скопје го користат повеќе од 209.060

илјади граѓани, додека во работните денови (вторник, петок) кои се субвенционирани за

возрасната категорија граѓани направени се повеќе од 257,665 патувања.20 Оваа бројка е

секако поголема поради постоењето на темна бројка на корисници на јавниот градски

превоз, бидејќи голем број од патниците не се евидентирани во извештајот за валидирани

патници на валидаторот во автобусите. Бидејќи, јавниот превоз во Скопје е многу важен

дел од транспортниот систем на градот, анализата на безбедноста на сообраќајот мора да

19Стефановска, В. и Гогов, Б. (2015) Улогата на заедницата и на полицијата во превенцијата на

криминалитетот: состојби во градот Скопје, Факултет за безбедност – Скопје, Скопје, Ван Гог 20Дневен извештај за валидирани патници, (2019), ОКЦ- ЈСП СКОПЈЕ, Маргенто, Скопје

Page 33: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

22

биде вклучена во стратегијата за подобрување на севкупната безбедност на сообраќајот во

Скопје, како и во планот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, во кој се вклучени

сите транспортни претпријатија даватели на услуги.21

3. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје

ЈСП Скопје повеќе од седум децении е препознатлив белег на урбаното живеење на

градот Скопје. Со своето професионално искуство, одговорност и изградена работна

култура, на граѓаните на градот секојдневно им обезбедува сигурен, редовен и безбеден

превоз. ЈСП Скопје работи на принцип на стабилност, ефикасност и одржливост на јавниот

превоз со акцент на неговата социјална димензија. Своето работење го базира на

почитување на постоечките закони, фискалната транспарентност, информираност и

отчетност за резултатите на работењето. Членка е на UITP – Меѓународна организација на

јавен транспорт која на светско ниво ги обединува јавните транспортни превозници. Во

текот на своето седум децениско постоење ЈСП го воспостави и изгради јавниот

транспортен систем во Скопје на сите нивоа - возниот парк, мрежата на линии,

распореденоста и опременоста на постојките, тарифниот систем, системот на наплата,

мрежата на продажни пунктови, контролата на превозот, сервисирањето на возилата итн.,

следејќи и применувајќи ги светските стандарди за оваа дејност. 22

ЈСП Скопје е единствено јавно претпријатие во сопственост на Град Скопје кое

обезбедува јавен транспорт на целата територија на градот со приградските населби.

Оперира на 91 автобуски линии од кои 42 се градски и 49 се приградски (од кои три градски

и три приградски линии се интегрирани со приватните превозници), на кои годишно

поминува над 18 милиони километри согласно возниот ред утврден и одобрен од Советот

на Градот и над 44 милиони превезени патници. Додека приватните превозници Мак

експрес и Слобода превоз опслужуваат вкупно 16 градски и приградски линии (од кои шест

интегрирани со ЈСП).

21Крстаноски, Н. и Ѓорѓиевски, И., (2014) Анализа на модели на сообраќајни несреќи на Јавниот превоз во

Скопје-случај на ЈСП СКОПЈЕ, Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните

заедници, Зајечар 22Извештај за остварени резултати од работењето на ЈСП СКОПЈЕ за 2008 год., (2009), Скопје

Page 34: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

23

Во организациската поставеност на претпријатието има сектори, одделенија и

работни места на кои основни работни задачи се: контрола и безбедност во сообраќајот,

контрола на валидација на билети, управување и контрола на јавниот превоз на патници и

управување со автобус кои се директно вклучени во обезбедувањето на квалитетен и

ефикасен јавен градски превоз на граѓаните на градот Скопје. Во 2017 година Градот

започна со целосна имплементација и функционирање на новиот систем на јавен превоз на

патници. Управувањето и контролата над процесот на работа на јавниот превоз на патници

во Градот го врши Оперативниот - контролен центар преку управување со системите за

автоматска локација на возилата (АВЛ) и преку електронската наплата (СТС). Согласно

делокругот на своето работење, оперативниот - контролен центар изготвува извештаи кои

содржат податоци за работата и учеството на секое возило на превозникот во реализација

на единствениот возен ред по линија и превозник (изминати километри како и податоци за

индикатори за квалитетот на работењето).23 Сите дејствија и проблеми со кои се соочуваат

во процесот на транспортната работа транспортните претпријатија, приоритетно се

пријавуваат во оперативниот - контролен центар, бидејќи негова основна дејност е

управувањето и контролата над целиот процес на работа на јавниот превоз на патници во

Градот.

Во рамките на Оперативниот - контролен центар, функционираат две телефонски

линии кои се достапни на граѓаните од 4:30 до 24:00 часот, за информации кои се во доменот

на јавниот градски превоз, односно граѓаните може да добијат информации-одговори на

нивните прашања: за возните редови на линиите, за проодноста, односно промената на

движење на автобусите по рутите на линиите, каде можат да купат или да надополнат билет

(персонализиран или неперсонализиран билет), како и да платат билет со мобилен телефон

и сл. Во контактите со операторите, граѓаните го искажуваат своето мислење во однос на

задоволството или незадоволството од користењето на транспортната услуга, од

однесувањето на возачите, линиските контролори, од хигиената, од доцнењето или

подранувањето на автобусите и слично. Можат и да пријават изгубени или украдени лични

предмети.

23Годишен извештај за работењето на ЈСП СКОПЈЕ за 2017 г., (2018), Скопје

Page 35: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

24

За сите потребни информации за возниот ред и за пренасочувањето, за скратувањата

на линиите и сл., граѓаните може да се информираат и од веб страната на ЈСП, каде имаат

и можност да ги напишат своите мислења, ставови, жалби и поплаки.

4. Деликвентните однесувања во јавниот градски превоз-поим

Под деликвентни однесувања подразбираме, покрај кршење на кривично правните

норми, и однесувања кои се санкционирани во други законски прописи во одредено

општество. Оттука, деликвентни однесувања кои се случуваат во јавниот градски превоз

можат да бидат: физички напад на возачи, физички напад на патници, непристојно /

вербално малтретирање, пијана состојба24, заканувачко однесување во поголеми групи на

автобуските постојки, фрлање предмети кон автобус, намерно оштетување на автобусот

(вандализам), пушење цигари во автобуси,25 фрлање отпадоци / ѓубре, земање нелегални

дроги, графити, фрлање предмети во/кон автобус, неплаќање билет, кражби, разбојништво

и др.

Јавното сообраќајно претпријатие како главен носител на јавниот градски превоз на

патници во Градот Скопје долго време се соочува со предизвици и ризици со безбедноста

при вршењето на својата основна дејност, како за својот персонал, за основните средства за

работа, исто така и за патниците кои ги превезува.

За потребите за истражување во Шкотска, работната група, како резултат на голем

број истражувања, ја договориле и одобриле за употреба следнава дефиниција на анти-

социјалното однесување во и околу автобусите и автобуските постојки: "Анти-социјалното

однесување е дефинирано како однесување кое го загрозува физичкото или менталното

здравје, безбедноста или безбедноста на поединците или предизвикува прекршок или

навреденост на поединци. За целите на оваа конкретна студија дефиницијата вклучува:

малтретирање и застрашувачко однесување кое создава аларм или страв, кон возачите на

автобусите и / или другите патници, вклучувајќи го и вербалното или физичкото насилство,

24 https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-prekrshotsite-protiv-javniot-red-i-mir-31-05-

2007.pdf (член 6) (пристапено: 30.05.2019 г.) 25 http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/10/1-ZAKON-ZA-ZASHTITA-OD-PUSHEN-ETO-36.95.pdf

(член 2) (пристапено: 30.05.2019 г.)

Page 36: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

25

пијаното и навредливо однесување кон возачите на автобуси и / или други патници, напад

на возачи на автобуси и / или други патници, вандализам, графити, фрлање предмети или

друго намерно оштетување на автобусите или сопственоста на автобусот, фрлање отпадоци

или ѓубре во автобуси, конфликти или расистички злоупотреби или инциденти, заканувачко

однесување во големи групи на автобуски постојки или во автобуси, пушење цигари или

користење нелегални наркотични средства во автобуси или на автобуски постојки."26

Во одредени студии кои ја обработувале темата за безбедност на граѓаните во

јавниот градски превоз, се наведува дека мерењето и анализата за криминалот и стравот од

криминалот се генерално проблематични, поради многу причини. Дел од нив се: дека

методологијата на собирање податоци не е стандардизирана и дека често не постои тело

одговорно за собирање такви податоци (полициските сили не се должни да ги евидентираат

прекршоците што се случуваат во јавниот превоз, освен ако не се пријавени, а

транспортните компании немаат обврска да објавуваат податоци за инциденти кои се

случуваат во нивната област). Исто така, се проценува дека голем број од инцидентите не

се пријавени, бидејќи јавниот транспорт се случува во движење, тешко е да се пријави

географски прецизна локација за прекршоците во возилото што се движи, некои институции

нема да споделат такви информации, бидејќи безбедноста е чувствителна тема итн..27

Сознанијата покажуваат дека кривичните дела против животот и телото и

кривичните дела против имотот се најзастапени. Особено загрижувачки се насилството,

кражбите, џебните кражби, и измамите (поврзани со билетите) извршени од страна на млади

лица. Покрај нив, во истражувања направени во Србија28 и Хрватска,29 вниманието било

насочено и кон сексуалното вознемирување во јавниот превоз. Додека кај нас во

Македонија, граѓаните се сведоци и жртви на овие однесувања во јавниот живот (дури 85

% од испитаниците, сметаат дека случаи на сексуално насилство најчесто се случуваат на

26Lamplugh, Т. (2005) Аnti-social behaviour on buses, Scottish Executive Sue Granville and Diarmid Campbell-Jack

George Street Research. 27Jaramillo, C., Lizárraga, C. & Grindlay, A. L. (2012). Spatial disparity in transport social needs and public transport

provision in Santiago de Cali (Colombia). Journal of Transport Geography, 24,

http://doi.org/10.1016/j.jtrangeo.2012.04.014 28 Tanasković, B. i Milena Račeta,(2007), Istraživanje seksualnog uznemiravanja u javnom prevozu u Beogradu,

TEMIDA, ISSN: 1450-6637 DOI: 10.2298/TEM0704023T, file:///F:/New%20folder/Tem0704.pdf 29 Horvat, M. i Cigrovski, B., (2014), Uznemiravanje žena na javnim mjestima – osvrt na uzroke, oblike i učestalost

problema uznemiravanja u Hrvatskoj i svijetu, DOI 10.5673/sip.52.3.4, UDK 316-055.2, Pregledni rad,

file:///F:/New%20folder/4_horvat.pdf

Page 37: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

26

недоволно осветлени места, како што се кејот, парковите, темните улички во Македонија).30

Досега, при истражувањето не се пронајдени податоци за сексуално вознемирување во

јавниот градски превоз во градот Скопје.

Во однос на одредени ситуациони фактори, досегашните истражувања, покажуваат

дека криминалот и стравот од криминалот се поврзани со самата транспортна мрежа, со

организацијата и со уредувањето на урбаната средина. Можностите што ги овозможува

уредувањето и организирањето на урбаната средина околу автобуските станици и постојки,

може да има влијание врз одлуката на поединецот дали да изврши кривично дело или не,

бидејќи, темните области, присуството на места за криење и можниот пат за бегство се

елементи што ја намалуваат веројатноста да бидат фатени.

Дополнителни фактори кои предизвикуваат деликвентни однесувања се: метеж и

отсуство на надзор за време на фреквентните часови, недостаток на безбедни области на

чекање и соодветно осветлување. Доколку е можно, треба да постојат активности на

транспортните јазли/терминали колку што е можно подолго, со цел да се обезбедат

континуирани можности за пасивен надзор и да се намали ранливоста на патниците за време

на врвните часови.31 Значи, недоволното осветлување или високите ѕидови, може да го

направи извршувањето на деликвентните дела полесно, а патниците да се чувствуваат

небезбедни. Исто така, на автобуските постојки, на местата каде се врши

трансфер/преседнување од еден автобус во друг, постои најголема веројатност да се

извршат деликвентни и други кривични дела поради големата фреквенција на патници.

Бидејќи на овие места бројот на автобуси кои поминуваат, односно застануваат е многу

голем, граѓаните, односно патниците од невнимание или брзање стануваат лесен плен на

добро обучените крадци. Покрај тоа, автобуските засолништа (монтажен застаклен простор,

т.н. настрешница) на автобуските постојки често се вандализирани и насликани со

непристојни графити, а во помал обем се вандализирани и дисплеите кои се поставени да

го покажуваат времето на пристигнување на возилата на постојката. Затоа, дизајнот и

30 Трајановска, Љ. И Димушевска, Е., (2017), Студија на опсег на различните форми на сексуално насилство

во Р.Македонија, Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство – Глас против

насилство, Скопје, file:///D:/New%20folder/studija-za-seksualno-nasilstvo-vo-rm-1.pdf 31Kruger, К и Landman, К. (2007) Crime and public transport: designing a safer journey, Proceedings of the 26th

Southern African Transport Conference (SATC 2007) 9 - 12 July 2007 ISBN Number: 1-920-01702-

Page 38: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

27

уредувањето на просторот треба да го олеснат природниот надзор, за корисниците на

јавниот превоз да се чувствуваат побезбедни во областите околу автобуските станици и

постојки.

4.1 Појавни облици: видови и карактеристики на деликвентните

однесувања

Јавниот транспорт е од клучно значење за граѓаните. За да се добијат попрецизни

сознанија за деликвентните однесувања кои се случуваат во јавниот градски превоз,

потребно е патувањето со јавниот градски превоз да се истражува во целост. Бидејќи,

јавниот транспорт се состои не само од патување во возилата, туку и од чекањето по станици

и постојки, како и од одењето до и од автобуските постојки на почетокот и на крајот на

патувањето и преседнувањето од едно возило во друго. Поради тоа, патувањето со јавниот

транспорт не треба да се дели на сегменти или на одделни прекршоци. Но, поголемиот дел

од ограничените емпириски докази се фокусирани на одделни прекршоци кои се случуваат

при застанување на возилата на станиците или на станиците додека патниците ги чекаат

возилата (во и околу станиците и постојките), на линијата.32 Воедно (Смит и Корниш, 2006)

идентификуваат шест категории на криминал, кои обично се евидентирани во мрежата за

јавен превоз, а тоа се прекршоците и кривичните дела против патници, вклучувајќи кражба,

разбојништво и физички напад; прекршоците и кривичните дела против вработените,

вклучувајќи напад и разбојништво; вандализам и графити; кривични дела на линиите од

ЈГП, како и прекршоци при движењето по сообраќајниците кои предизвикуваат

одложување или влијаат врз безбедноста.33

Во истражувањето спроведено во 2012 год. за “Улогата на заедницата и на

полицијата во превенција на криминалитетот: состојби во градот Скопје”, со цел да се

согледаат ставовите на полицијата за безбедносната состојба во градот Скопје,

32 Линија е одредена релација и правец на возење од почетната автобуска станица до крајната автобуска

станица на која се превезуваат патници во линискиот патен превоз, согласно со однапред утврден,

регистриран и објавен возен ред и цена на превозот; https://www.pravdiko.mk/wp-

content/uploads/2013/12/Zakon-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-30-07-2018-3.pdf 33Newton, Andrew D. (2014) Crime on Public Transport. In: Encyclopedia of Criminology and Criminal Justice,

Springеr, London, pp. 709­720. ISBN 978­1­4614­5689­6

Page 39: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

28

испитаниците од полицијата биле запрашани на кои места/каде најчесто се извршуваат

кривините дела во регионот во кој работат. Над (60 %) од испитаниците одговориле дека

делата најчесто се случуваат на неосветлени места, по темни улици и во автобусите. Според

анализата на МВР за состојбата на малолетничкиот криминал, од регистрираните случаи на

насилничко однесување на млади лица, (50 %) се случувале во автобуси, а другиот дел на

автобуски постојки. Од извршените напади биле повредени вкупно 72 лица, а оштетени

биле и четири автобуси. Таквите состојби бараат поголема заштита, односно зголемено

присуство на полицијата на тие места и преземање мерки од страна на локалната заедница

за улично осветлување и уредување на напуштените простори за безбедно движење.34

Местото на извршување на деликвентните однесувања е значаен сегмент кој влијае

на безбедноста во јавниот градски превоз, односно каде тие се случуваат, дали внатре во

автобусот, на самата автобуска постојка или при влегување / излегување од автобусот.

Одговорите на испитаниците вработени во ЈСП Скопје, при анкетирањето, на прашањето:

“Според Вас каде најчесто се случуваат деликвентните однесувања во јавниот градски

превоз?” покажуваат дека најголем процент од нив, односно (69,8 %) сметаат дека

внатрешноста на автобусот, односно внатре во автобусот е местото каде највеќе се

случуваат деликвентните однесувања, потоа при влегување / излегување (23,3 %) и на

самата автобуска постојка се изјасниле (7,0 %).

Графикон 1: Прашање за персоналот “Според Вас каде најчесто се случуваат деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз?”

34 Стефановска, В. и Гогов, Б. (2015) Улогата на заедницата и на полицијата во превенцијата на

криминалитетот: состојби во градот Скопје, Факултет за безбедност – Скопје, Скопје, Ван Гог

30

310

0

20

40

(1)Внатре во автобус (2)На самата автобуска постојка (3)При влегување/ излегување од

автобус

Според Вас каде најчесто

се случуваат деликвентните однесувања во јавниот градски превоз?

Page 40: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

29

Бидејќи најголем процент од персоналот (69,8 %) одговориле дека внатре во

автобусот најчесто се случуваат деликвентните однесувања, се јавува потреба за поголема

едукација на граѓаните за нивното однесувањето при користење на јавниот градски превоз,

за инсталирање видео надзор во сите автобуси, за аудио пораки со кратки препораки и

предупредувања до патниците, за зачестено контролирање од безбедносни служби и сл.

На истото прашање, “Според Вас каде најчесто се случуваат деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз?”, најголем дел од испитаниците корисницни,

односно патници на јавниот градски превоз (76,1 %) одговориле дека најчесто

деликвентните однесувања се случуваат внатре во автобусот, додека помал дел (16,1 %)

одговориле дека тие се случуваат при влегување/излегување од него. Одговорите на

граѓаните кореспондираат со одговорите на вработените (возачи и контролори на билети),

дека внатре во автобусот се случуваат најголем број на деликвентни однесувања. Оттука, за

да се намалат и спречат деликвентни однесувања во јавниот градски превоз се јавува

потреба од засилен видео и персонален надзор и контрола од страна на овластени лица во

автобусите. .

Графикон 2: Прашање кон граѓаните “Според Вас каде најчесто се случуваат деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз?”

Покрај непосредните сегменти на јавниот градски превоз, како возилата, постојките и

линиите од мрежата на јавниот транспорт, особено важни се и опкружувањето и областите

156

1633

0

20

40

60

80

100

120

140

160

180

(1)Внатре во автобус (2)На самата автобуска

постојка

(3)При влегување/ излегување

од автобус

Според Вас каде најчесто се случуваат деликвентните однесувања

во јавниот градски превоз?

Page 41: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

30

низ кои сообраќа јавниот градски превоз. Вандализмот и безбедносните ризици

првенствено се наоѓаат на линии кои ги опслужуваат новите населби: зони за брз урбан

развој, транзитни области, области со ниски трошоци за социјално домување и образовни

институции. Голем број од транспортните претпријатија во Париз, кои одговориле на

истражувањето поврзано со деликвенцијата и вандализмот во јавниот транспорт

(Delinquency and vandalism in public transport, Economic Research Centre), укажуваат на

поврзаноста помеѓу стапката на затајување на билет и степенот на вандализам на одредени

линии.35

Одредени области во кој се сообраќаат возилата при вршењето на јавниот превоз, ги

прават возилата поподложни на криминал и вандализам, како што се тунели, подвозници,

надвозници-пешачки премини, повисоки објекти или повеќекатни згради36. Уредувањето

на околината, обезбедувајќи скривалишта за потенцијалните престапници, им овозможува

простор да се сокријат и да фрлаат предмети кон автобусите, автобуски постојки лоцирани

под дрва и грмушки, високи и широки столбови и сл. Како резултат на деликвентните

однесувања, најчесто на младите, возилата се подложни на вандализам како во возилото

внатре, така и од надвор. Надвор од автобусот главниот проблем е фрлањето со камења или

други тврди предмети, во зимски период и со топки снег, што доведува до скршени

прозорци, скршени или оштетени ретровизори, светла и надворешни екрани (дисплеи).

Вандализмот внатре се манифестира со: кинење на перничињата со ножеви или со гребење,

пишување со повеќе нијанси и видови на бои на задниот дел од седиштата и во

внатрешноста на автобусот, удирање и кршење на прозорците, уништување на внатрешните

светла, звучниците, камерите, пластичните делови од системот за ладење и сл.

Во електронските медиуми често, значајно место заземаат статиите за однесувањата

на младите луѓе, нивните недолични, престапнички и криминални однесувања, кои ја

прикажуваат состојбата за безбедноста во јавниот живот на граѓаните. Тие може да

предизвикаат дополнителен страв за личната безбедност на секој граѓанин. Така, медиумите

35Report of the seventy- seventh round table on transport economics, Pariz, 9th october 1987, Delinquency and

vandalism in public transport, Economic Research Centre 36повисоки објекти или повеќекатни згради - прилика за деликвентите да направат поголема штета на

возилата, воедно можноста да бидат откриени е многу мала, имаат повеќе шанси да се сокријат или избегаат.

Page 42: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

31

информираат за многубројни деликвентни случувања кои се случуваат во јавниот градски

превоз. За илустрација ги наведуваме следниве примери:

Пример 1 - недолично однесување на неколку средношколци кои враќајќи се од

училиште се степале во автобус од линија број 5 на ЈСП кој сообраќал на булеварот

„Теодосиј Гологанов“ кон Центар. Притоа нема оштетувања на автобусот, ниту повредени

патници, но се приведени дел од учесниците во физичката пресметка.37

Пример 2 - седумнаесетгодишен малолетник бил претепан во автобус на ЈСП на

линијата со број 50. Тој бил нападнат од неколку малолетни лица без повод и причина, кои

му нанеле повреда во пределот на десната рака.38

Пример 3 - во еден инцидент биле пријавени четворица малолетници поради

постоење на основано сомневање дека во автобус на ЈСП на линијата со број 64 извршиле

кривично дело „насилство“, при што без повод и причина физички нападнале и грубо

малтретирале нивни врсник.39

Пример 4 - при тепачка во автобус настрадало седумнаесет годишно момче, кое е

повредено во возило на ЈСП, на линија со број 57, кога на горниот кат во автобусот дошло

до тепачка меѓу две групи на малолетници.40

Пример 5 - дел од демонстранти кои протестирале пред Собранието вандализирале

автобус на ЈСП, а претходно нападнале полициските службеници со камења, стаклени

шишиња и јајца, а нападната била и новинарска екипа.41

Исто така, во истражувањата на Хелсиншкиот комитет за човековите права од 2013

г., се вели дека се извршени насилства, но во најголем процент од етнички или религиозни

причини. Повеќето од насилствата се извршени во автобусите на јавниот сообраќаен превоз,

во кои дошло до гневни средби меѓу етничките македонски и албански ученици и студенти,

што резултирало со инциденти. Една година претходно, во март 2012 година, имало слична

37Дневен весник Курир, Македонија, Хроника, https://kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-avtobus-na-jsp-

popladnevo-eve-gi-detalite/ (пристапено 04.04.2019 г.) 38 https://www.mkd.mk/82856/crna-hronika/novo-nasilstvo-vo-avtobus-na-jsp, (пристапено: 29.04.2019 г.) 39 http://www.zlostorstvaodomraza.mk/reports/view/173 (пристапено: 23.04.2019 г.) 40 https://infomax.mk/wp/видеокурир-мк-детали-за-крвавата-тепа/ (пристапено: 25.12.2017 г.) 41 https://netpress.com.mk/video-nasilni-demonstranti-napadnaa-i-avtobus-na-jsp/ (пристапено: 06.04.2019 г.)

Page 43: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

32

серија на етнички мотивирани напади, при што и возрасни и деца биле тепани и избодени

со нож во автобуси од јавниот градски превоз во Скопје.42

Освен насилнички однесувања, во јавниот градски превоз се забележуваат и други

криминални дејствија, како што се измамите.43 Корисниците на транспортот, кои не вршат

наплата на билет, вршат измама, исто така и ако: користат туѓи патни документи, имаат не

валидиран билет, не е направена електронска наплата со мобилен телефон (во претходниот

систем на наплата на ЈСП Скопје: неплаќање билет кај возачот, не поништен билет,

фалсификување на патните документи, фалсификување месечна маркица, користење

несоодветна маркица на патните документи, користење на несоодветни билети според

зоната на тарифниот модел). Значи, поради специфичноста на дејноста јавен градски

превоз, претпријатијата се соочуваат со измами, фалсификувани исправи, користење туѓи

исправи, неплаќање билети, кражби, сексуално вознемирување и сл. дејствија.

Во Хрватска, (Хрватска филијала на меѓународно движење против вознемирување

на јавни места), во 2014 г. спровеле онлајн анкета, на која одговориле 446 жени на возраст

од 13 до 74 год., од кои (99,6 %) од испитаниците потврдиле дека биле изложени барем на

еден облик на вознемирување на јавно место. Помалите загрозувачки однесувања биле

почести: како непријатно загледување (доживеале 94 % од жените), непожелни коментари

за изгледот (93 % жени) или непријатно свирење (92 % жени), додека позагозувачките

однесувања како: демнење доживеале (53 %), допирање (55 %) или пак сексуален напад (32

%). Како места на вознемирување се наведени: улиците од (57 %) од жените, потоа јавниот

градски превоз (17 %), станиците-постојките на јавниот превоз (7 %) и останати места (15

%).44 Оттука, покрај останатите заклучоци, додаваат дека сексуалното вознемирување

влијае на зголемување на чувството на страв кај жените при користење на транспортната

42https://balkaninsight.com/2013/05/22/helsinski-makedonija-go-krie-podemot-na-zlostorstva-od-omraza/?lang=mk

(пристапено: 20.04.2019 г.) 43 Во Кривичниот законик под измами е дефинирано: тој што со намера за себе или за друг да прибави

противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти

или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ

имот; фалсификување исправа: тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со

намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја

употреби како вистинска. КРИВИЧЕН ЗАКОНИК, преземено од www.pravo.org.mk,

https://www.wipo.int/edocs/lexdocs/laws/mk/mk/mk018mk.pdf (пристапено: 17.04.2019 г.) 44Horvat, M. i Cigrovski, B., (2014), Uznemiravanje žena na javnim mjestima – osvrt na uzroke, oblike i učestalost

problema uznemiravanja u Hrvatskoj i svijetu, DOI 10.5673/sip.52.3.4, UDK 316-055.2, Pregledni rad,

file:///F:/New%20folder/4_horvat.pdf

Page 44: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

33

мрежа на јавниот превоз, бидејќи автобусите и автобуските постојки се ризичните места

каде жените може да бидат жртви на сексуално вознемирување.

Резултатите од “Истражувањето за сексуалното вознемирување во јавниот превоз во

Белград”, потврдуваат дека на сексуалното вознемирување во јавниот превоз, се уште не му

се обрнува големо внимание, но сепак тоа остава психолошки последици врз жртвата. За

потребите на тоа истражување, учествувале 76 жени, на возраст од 20 до 29 години.

Најголемиот број на испитанички, речиси половина од нив (46 %) биле два или повеќепати

сексуално вознемирувани во јавниот превоз, додека само (4 %) немале такво искуство.

Најчесто биле жртви кога биле сами во јавниот превоз, додека значаен процент жени (26 %)

имале вознемирувачко искуство кога биле во друштво со пријателки или со партнери.

Обликот на сексуалното вознемирување кое го доживеале, за најголемиот број на жени бил

директен физички контакт, така што насилникот се допирал (со телото) до нив (66 %), кога

стоел близу до нив (46 %) или ги допирал (58 %). Значаен процент од испитаничките се

изјасниле за невербално вознемирување (30 % за непристојно гледање) и за вербално (8 %

за дофрлување). Особено е шокантно дека дури (22 %) од испитаничките имале

вознемирувачко искуство при кое насилникот видливо мастурбирал во јавниот превоз.45

4.2. Карактеристики на сторители

Бидејќи се најинволвирани, мислењата на возачите на автобуси е дека проблемот со

антисоцијалното однесување на автобусите се зголемува. Тие ги идентификуваат младите

на возраст меѓу 12 и 16 години како главни носители на антисоцијално и деликвентно

однесување во автобусите. Патувањето кон дома од училиште, кога се во групи (по 16:30

часот) е периодот кога е најголема веројатноста да биде предизвикана штета. На пример,

фрлање со предмети кон прозорците на автобусот, вандализам во автобусот, вербални

расправии, непристојни шеги и викање. Дополнително, однесувањето на поединци под

дејство на дрога е променливо и непредвидливо, а со тоа и потенцијално насилно.

Асоцијалното однесување на учениците е најзагрижувачко кога се враќаат дома, во време,

45Tanasković, B. i Milena Račeta,(2007), Istraživanje seksualnog uznemiravanja u javnom prevozu u Beogradu,

TEMIDA, ISSN: 1450-6637 DOI: 10.2298/TEM0704023T, file:///F:/New%20folder/Tem0704.pdf

Page 45: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

34

кога голем број патници се враќаат од работа. Исто толку е загрижувачко и нивното

однесување во доцните вечерни часови, особено во групи, кога одат или се враќаат од

спортски натпревари, од митинзи и сл. кога се под еуфорија на настаните, под дејство на

алкохол или други наркотични средства и психотропни супстанции. Мислењето на

повеќето возачи на автобуси кои се испитани во едно истражување во Даблин е дека,

асоцијалното однесување било поврзано главно со младите на возраст меѓу 12 и 16 години,

во периодот кога одат на училиште и се враќаат од училиште. Сепак, имало и исклучоци, а

тоа се однесувањата кои се случувале на ноќните автобуси, кога возачите најчесто имале

вербални расправии со лица од различни возрасти под влијание на алкохол. Возачите

забележале дека состојбата со деликвентните однесувања се менува во последните години

(2007 и 2008), односно се проширува во однос на возраста и полот на оние кои вршат анти-

социјално однесување.46

Во Франција, на пример, истражувањата покажуваат дека насилството врз

вработените е почесто во посиромашните области и дека има повеќе измами во автобусите

во областите со висок степен на насилство. Некои студии покажуваат дека прекршоците се

почести во јавниот транспорт, кога околните населби имаат пониски социо-економски

нивоа, особено висока стапка на невработеност.47

Значи, однесувањето на потенцијалните жртви и престапници, местото и околниот

или блискиот простор, времето на денот и другите индивидуални карактеристики во секоја

ситуација влијаат врз ризикот за извршување кривични дела.. Така, една студија од 1980-

тите (Pearlstein и Wachs) го испитувала криминалот во автобуската мрежа во Калифорнија

и заклучила дека 88 од 233 автобуски линии (помалку од 40 %) се мета на криминал, а тие

најчесто се движат низ области со високи стапки на криминал. Истражувачите, исто така,

утврдиле дека криминалот е непропорционално висок во текот на доцните вечери кога

насилните кривични дела се најчести, додека џебните и другите облици на кражби почесто

се случуваат во фреквентниот сообраќаен период.48

46Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology 47Jaramillo, C., Lizárraga, C. & Grindlay, A. L. (2012). Spatial disparity in transport social needs and public transport

provision in Santiago de Cali (Colombia). Journal of Transport Geography, 24,

http://doi.org/10.1016/j.jtrangeo.2012.04.014 48Newton, Andrew D. (2014) Crime on Public Transport. In: Encyclopedia of Criminology and Criminal Justice.

Springer, London, pp. 709­720. ISBN 978­1­4614­5689­6

Page 46: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

35

Студиите во Чикаго појаснуваат дека разбојништвата се менувале временски и се

концентрирани и во текот на ноќта (помеѓу 23:00 и 24:00 часот, а кулминирале во 2:00 часот

по полноќ), додека друго истражување во Њујорк покажало дека, иако сите идентификувани

жаришта биле во близина на станиците на метрото49, оние што се случиле во текот на денот

(во 15:00 часот) биле во близина на средните училишта. Во Калифорнија во 80-тите години

на минатиот век, во текот на едно истражување, Левин, Вакс и колегите, откриле дека

одредени кривични дела, на пример, силувањето, убиствата и кражбите биле почести кога

имало низок сообраќај, помала раздвиженост на населението, низок надзор и многу скриени

подрачја, односно кога обезбедувањето веројатно било ниско или било попречено од

дизајнот на локацијата и намаленото видно поле на надзорот. Според друга студија за

графити и вандализам од страна на Вилсон и Хили во 1980-тите години во Нов Јужен Велс,

Австралија, поголем број од откриените прекршители на железничката мрежа биле

малолетни лица, кои престапите ги извршувале во незаштитени подрачја за време на

фреквентните часови. Во тој контекст, се наведува дека насилниот криминал на јавниот

превоз има тенденција да се случува во доцните вечерни / ноќни часови кога има помал

надзор, додека за време на сообраќајниот метеж се почести џебните кражби и крадење од

чанти.50

Во Велика Британија, според едно истражување, (поддржано од страна на Њутн и

Бауерс) кривичните дела на автобуските станици биле концентрирани на мал број

автобуски засолништа. Всушност, ризикот од оштетување на автобуските станици е

поголем во области со високо ниво на антисоцијално однесување, со отсуство на соодветен

надзор и поголемо присуство на млади. На пример, тие утврдиле позитивна врска меѓу

оштетувањето на автобуски засолништа и близината до парковите, детските игралишта и

училиштата и негативна врска со присуството на пабови и барови, ноќни клубови и

продавници за алкохол кои работат до доцна во ноќта.51

Исто така, неколку истражувања покажале дека криминалот кај автобуските станици

е генерално поголем кога стапката на криминал во областите во кои се наоѓаат станиците е

49 Метро-подземна градска железница. 50Newton, Andrew D. (2014) Crime on Public Transport. In: Encyclopedia of Criminology and Criminal Justice. Spr

inger, London, pp. 709­720. ISBN 978­1­4614­5689­6 51Исто

Page 47: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

36

висока. На пример во Богота, веројатноста за убиство во близина на автобуска станица

(TransMilenio) е пет пати поголема во сиромашна област отколку во другите области. Други

студии покажуваат дека карактеристика на сторителите е нивниот низок социоекономски

статус. Една студија за профилот на сторителите во Бразил открила дека тие доаѓаат од

сиромашните области и немаат завршено основно училиште. Покрај наведеното, во

одредени случаи, во Хондурас и Ел Салвадор, таксистите и автобуските компании за да си

ја извршуваат својата основна дејност јавен транспорт, се принудени на улични банди кои

применуваат сила и закани (рекет и изнудување) да платат годишно огромни суми пари.52

Загриженоста на граѓаните за својата безбедност во јавниот градски превоз, исто

така, значително варира помеѓу градовите, која се движи од (5 %) во Оукленд и Нов Зеланд,

додека до (68 %) во Мексико Сити и (74 %) во Богота. Во Богота, најнебезбедно место е

патот што води кон станицата, бидејќи (95 %) од испитаниците се изјасниле дека се

чувствуваат несигурно. Високи (79 %) се чувствуваат несигурност на станицата, додека (68

%) од испитаниците во автобусот.53

Во Обединетото Кралство, Министерството за транспорт (2004) забележало дека

најголемиот антисоцијален проблем во јавниот градски превоз е вандализмот (оштетување

на прозорците и оштетување на седиштата). Дури и релативно мали прекршоци (цртање

графити), предизвикале трошоци на автобуските претпријатија во вредност од 0,6 милиони

фунти во 2002 година, додека во 2004 година Одделот за транспорт потрошил финансиски

трошоци во вредност од 150000 фунти, поради обновување на оштетените возила (Оддел за

транспорт, 2004).54

Криминалот на возилата за јавен превоз е поголем на патиштата што минуваат низ

зони со високи стапки на криминал. Истражувањата за вандализам во автобусите во јавниот

превоз во Франција, потенцираат дека седиштата за патниците најчесто се оштетуваат и

секој автобус губи три или четири седишта поради вандализам секоја година. Ако се

разгледа оваа просечна бројка во однос на вкупниот возен парк на урбаните претпријатија

52 Jaramillo, C., Lizárraga, C. & Grindlay, A. L. (2012). Spatial disparity in transport social needs and public

transport provision in Santiago de Cali (Colombia). Journal of Transport Geography, 24,

http://doi.org/10.1016/j.jtrangeo.2012.04.014 53Исто како 14. 54Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology

Page 48: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

37

за јавен превоз, секоја година деликвентите уништуваат повеќе од 50.000 автобуски

седишта - мало богатство во поглед на цената на опремата и на вложениот труд на

вработените користен за поправки. Годишните трошоци за вандализам на автобусите се над

20 милиони фунти или околу 1.500 до 2.000 фунти годишно по возило. Трошоците за

таквата штета се зголемени за 386 проценти помеѓу 1980 и 1983 година, значителен процент

кој бара анализа на дизајнот на патничките седишта.55

Во Лондон, Синовејт (Synovate, специјализирана фирма за истражувања), секоја

година, ги разгледува перцепциите на возачите на автобуси за криминалот и анти-

социјалното однесување и свесноста за казнените мерки кои се спроведуваат. Запрашани,

зошто се чувствуваат безбедно, (21 %) одговориле дека: најчеста причина за чувство на по

безбедност била зголеменото присуство на видео надзор (Closed-circuit television-CCTV),

(13 %) присуството на полицајци во и околу автобусите, а сличен процент (12 %)

одговориле дека со воведувањето на возни картички за деца се зголемило чувството на

безбедност. Додека, (30 %) од возачите одговориле, дека најчеста причина за чувство на

помала сигурност била околноста што луѓето се сè понасилни, односно поагресивни. Еден

од десетмина (11 %) сметале дека луѓето се погруби во споредба со претходните години.

Во однос на тоа, дали доживеале одредени инциденти во рамките на истражувањето

(93 %) од возачите дале потврден одговор. Три четвртини од возачите (76 %) биле сведоци

на инциденти поврзани со вознемирување на патници од други патници. Дури (64 %) биле

сведоци на вознемирување кај другите патници од страна на млади луѓе. Возачите кои

работеле попладне биле со поголема веројатност да бидат сведоци на некој инцидент (75

%), при што укажале дека тоа се случува во времето кога учениците се враќаат од

училиштето. Три четвртини од возачите (75 %) биле сведоци на неплаќање на билети на

нивните автобуски линии, на патници кои не ја платиле точната цена (65 %) или млади кои

не потврдиле-валидирање на картичката (47 %). Седум од десет возачи (70 %) лично

доживеале злоупотреби, или биле сведоци на злоупотреба на друг персонал. Ова

вклучувало вербална злоупотреба од тинејџери или други патници (44 % и 42 %), како и

физичка или вербална злоупотреба од други учесници во сообраќајот (36 %). Две третини

55Report of the seventy-seventh-round table on transport economics, Pariz, 9th october 1987, Delinquency and

vandalism in public transport, Economic Research Centre

Page 49: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

38

(67 %) биле сведоци на друг вид на инциденти, како што се несоодветно однесување од

страна на одредени деца, млади лица или други патници (44 %) и акти на вандализам (29

%). Две третини од возачите (67 %) одговориле дека додека си ја вршеле својата работа,

биле сведоци на присуство на одредени безбедносни служби или полициски службеници во

јавниот превоз. Една третина од возачите (34 %) сметале дека имало повеќе полиција во

автобусите и на автобуски постојки во текот на претходниот месец (кога се споредуваат со

претходните 3 месеци). Повеќето искусни возачи имале поголема веројатност да забележат

зголемување на полициските службеници во автобусите и на автобуските постојки (36 %

од оние што возеле автобуси повеќе од 1 година, наспроти (20 % од оние кои возеле помалку

од 1 година). Оттука, возачите најчесто предлагаат зголемување на присуството на

припадниците на полицијата како превентивна мерка. Една четвртина (27 %) сметале дека

во автобусите се потребни повеќе полициски службеници за поддршка на заедницата

(Police Community Support Officers - PCSOs) и полицајци, а околу еден од десет сугерирале

зголемување на бројот на полицајци кога има немири или на автобуските постојки (11 %).

Седум проценти сметале дека е потребно поголемо присуство во одредени часови во денот,

како што се фреквентните часови на движење во јавниот превоз и во периодот кога

учениците се враќаат од училиштето..56

Резултатите од “Истражување за сексуалното вознемирување во јавниот превоз во

Белград” овозможуваат да се согледа возраста на лицата кои ги вознемирувале

испитаничките при користење на јавниот транспорт. Според нив, насилниците во јавниот

превоз се најчесто млади луѓе (71 % ) помеѓу 35 и 50 години и (45 %) помеѓу 20 и 30 години.

Реакцијата на жртвите - испитанички во моментот кога се случувало вознемирувањето е

различна. Од нив (28 %), гласно се спротивставиле на насилникот и така се прекинала

непријатната ситуација, а (11 %) од нив ги удриле насилниците. Значаен процент од

испитаничките се однесувале како да не го приметуваат тоа што се случува (29 %), додека

уште поголем процент биле уверени дека ситуацијата само им се причинува. Повеќето жени

во ова истражување сепак изреагирале на ова вознемирување, иако таа реакција може да се

оцени како пасивна, што значи оддалечување од насилникот или давање знак со погледот

кон насилникот дека е забележан. Бидејќи јавниот градски превоз е јавно место, каде обично

56 Report (2009) Crime on bus routes, Transport for London, Mayor of London.

Page 50: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

39

има многу луѓе, реакцијата на другите патници при сексуалното вознемирување е многу

важна. Но, при истражувањето, резултатите покажале дека од другите патници нема помош

при вакви случаи. Само во (10 %) од ситуациите другите патници реагирале, додека во (45

%), другите патници не реагирале, иако приметиле дека се случува вознемирување.57

4.3.Деликвентни однесувања во јавниот градски превоз во Скопје

Граѓаните на Град Скопје, користејќи го јавниот превоз за своите секојдневни

потреби, за општествени и социјални активности, се многу подложни на криминал, како

жртви на криминални и асоцијални однесувања. Додека некои несовесни патници

користејќи ги гужвите, невниманието и трпението на граѓаните стануваат престапници,

предизвикувачи и извршители на разни прекршоци, кривични дела и други асоцијални

однесувања, кои ги вознемируваат и оштетуваат граѓаните.

Најкарактеристични облици на деликвентни однесувања се:

а) Невалидирање на билети при влез во автобусите на јавниот градски превоз

За користењето на билетите, корисниците на јавниот транспорт во градот Скопје,

имаат одредени насоки и предупредувања: дека влезот е на предните врати, со

задолжителна наплата или покажување на билетот (патни месечни билети), а дека излезот

е на задните врати. Со новиот систем на наплата, во најголем број од возилата, патниците

преку аудио пораки се информирани, потсетувани и предупредувани задолжително да се

валидираат на валидаторот. Во спротивно, патниците ќе бидат санкционирани, односно ќе

им се наплатат казнени билети од контролорите на билети. Но, голем дел од нив кога, на

пример, вратите покрај турканиците може да останат отворени, си дозволуваат да влезат и

од задните врати без да платат билет. Во такви слуачи, иако некои патници имаат месечни

билети, сепак се квалификуваат како патници без билет.

Од Јануари 2017 година почна имплементација на новиот електронски систем на

наплата во јавниот градски превоз на патници во Скопје. Имено, со електронскиот систем

57Tanasković, B. i Milena Račeta,(2007), Istraživanje seksualnog uznemiravanja u javnom prevozu u Beogradu,

TEMIDA, ISSN: 1450-6637 DOI: 10.2298/TEM0704023T, file:///F:/New%20folder/Tem0704.pdf

Page 51: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

40

на наплата, корисниците кои поседуваат електронски билет можат истиот да ги користат за

превоз и во јавните и во приватните автобуси. Во 2017 година со возилата на ЈСП Скопје се

превезени вкупно 46,3 милиони патници.

Невалидирањето на дел од корисниците на јавниот превоз со персонализирани

билети, презентира и темна бројка на превезени патници. Очигледен пример за

невалидирање на билетите може да се види кај ученичките билети (задолжително средно

образование). Во 2017 година продадената количина на овој вид на ученички билети

изнесувала вкупно 193.577 билети и со истите во возилата на ЈСП биле остварени

(евидентирани во системот) вкупно 4.389.044 валидации/патувања. Со калкулација на овие

параметри произлегува дека просечно месечно се остваруваат приближно 23

валидации/патувања. Овој пресметан просек укажува дека оваа категорија на корисници на

превозот редовно не го валидира билетот земајќи го предвид фактот дека во текот на

месецот еден ученик остварува просечно 40 патувања (20 работни денови х 2 патувања).58

Се проценува дека дел од корисниците на јавниот превоз, како и во периодот пред

воведувањето на новиот начин на наплата и натаму имаат пракса да го одбегнуваат

плаќањето на превозот, односно во овој случај да не го валидираат билетот.

б) Имотни деликти (кражби, разбојништва, разбојнички кражби)

Во градот Скопје, најголемите транспортни јазли, се најчесто во централното

градско подрачје каде секојдневно поминуваат голем број линии, а со тоа и бројот на

патниците кои чекаат за преседнување од една на друга линија е многу голем. Тие, особено

во фреквентните часови, кога има најголем метеж се мета на професионалните крадци и

џепчиите, кои користејќи го брзањето и невниманието на граѓаните, корисници на јавниот

градски превоз, секојдневно им нанесуваат материјална штета. Како најкритичен простор

(постојки) може да се наведат: центарот на градот (постојките: Рекорд-исток и Рекорд-

запад), околината на Зелен пазар (постојки: Зелен пазар и Градска болница), околината на

Бит пазар (може да се каже за сите 5 постојки), околината на Карпош 2 ( постојка Карпош

2), околината кај НБРМ (постојката Веро Џамбо) и др.

58 Годишен извештај за работењето на ЈСП СКОПЈЕ за 2017 г, (2018), Скопје

Page 52: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

41

Загрижуваат и сѐ почестите јавувањата на граѓаните во ОКЦ при ЈСП Скопје, кои се

поврзани со пријави од патниците дека се жртви на кражби на лични предмети од нивните

чанти или т.н. џебни кражби, при што им недостасуваат паричниците или нивните мобилни

телефони. Патниците често не претпоставуваат, односно многу доцна забележуваат дека се

жртви на криминално однесување додека го користат јавниот градски превоз. Поради тоа

се отежнува откривањето на сторителите. Но, доколку граѓаните се сигурни дека кражбите

се извршени во возилата на ЈСП, со барање доставено до полицијата може да се искористи

снимениот материјал од камерите, за да се идентификува сторителот.

Најмногу пријави во полициските станици во Градот Скопје има во вторник и во

петок, кога поради бесплатниот превоз за пензионери/возрасни, се зголемува патничкиот

метеж и автобусите се преполни. Сторителите особено ја користат гужвата во автобусите

во бесплатните денови за возрасната категорија на граѓани, особено кога е најголема

раздвиженоста на населението. Од Министерството за внатрешни работи немаат податоци

колку кражби во автобусите од јавниот градски превоз се пријавени досега, бидејќи во

официјалната статистика што ја изготвуваат немаат посебни категории за кражба во

автобус, на улици и во парк, туку сите пријави од граѓани, иако се извршени во дом, во

автомобил или во автобус се регистрираат под кривично дело кражба.59

Во известувањата од медиумите, често се известува и за околината каде се случиле

криминалните однесувања, односно кражбите, како значаен сегмент во јавниот градски

превоз:

Пример 1 - бугарски државјанки се качиле на автобуската постојка Градска болница

(во околина на Зелен пазар), а со украдениот паричник се симнале на постојката Рекорд-

запад. Двете жени ја искористиле гужвата на пладне и барале жртва меѓу патниците.

Пример 2 - инспекторите за кражби го фатиле и скопјанецот на возраст од 65 години

како краде мобилен телефон од палто на автобуска станица спроти хотел Холидеј ин

(постојката Работнички дом).60

59https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/2237-krazhbi-za-9-mesetsi-vo-skopje-najmnogu-se-krade-vo-avtobusite-

vo-vtornik-i-petok/ (пристапено: 20.12.2018г) 60Skopjeinfo.mk, Азбуката на градот, црна хроника, http://www.skopjeinfo.mk/vnimavajte-devojki-od-bugarija-

ograbuvaat-patnici-vo-avtobusite-na-jsp?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk (пристапено

на:07.04.2019 г)

Page 53: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

42

Пример 3 - на автобуската постојка под Железничката станица, поради сомнително

движење, качување и симнување во автобуси на релација од Комплекс банки до Железничка

станица, лишени се од слобода двајца осомничени од Скопје. Полицијата, при работењето

со нив констатирала дека, непосредно пред приведувањето, во автобус на ЈСП кој сообраќал

на автобуската линија бр.50, извршиле кражба на паричник од чанта на 64 годишна жена од

Скопје. Исто така и во автобус на ЈСП бр.3, едниот од нив извршил кражба.61

Пример 4 - Од постојката кај „Веро Џамбо“ на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“,

во автобус кој сообраќал до Транспортниот центар, осомничен искористувајќи ја гужвата

од патник украл машки паричник во кој имало лична карта, платежни картички и

електронска здравствена картичка,62

Пример 5 - тројца деликвенти по претходен договор заедно да вршат џебни кражби

во автобуси, во Центарот на градот, поточно на автобуската постојка кај Работничкиот дом

се качиле во автобус на ЈСП кој сообраќал на автобуската линија бр.50., украле паричник

од чанта на патничка од Скопје и на следната постојка се симнале. Истите деликвенти потоа

во автобус на ЈСП, на автобуската линија бр.3 на релација од СОК банки до бул Јане

Сандански, искористувајќи ја гужвата, со отворање на патентот, од чантата на возрасна

патничка од Скопје, која ја носела на рамо, украле нотес во кој имало лични документи –

лична карта, две виза платежни картички од Стопанска банка, штедна книшка и девизна

картичка од Стопанска банка, две слободни карти од ЈСП и една пензионерска карта.63

Пример 6 – патник, 46-годишен граѓанин во автобус на ЈСП бр.5 кој сообраќал од

Центар кон Ѓорче Петров, од чантата на патничка украл паричник, искористувајќи го

нејзиното невнимание и метежот во автобусот, додека го извршувал кривичното дело, бил

забележан од граѓанин кој го совладал и му го одзел паричникот, по што на автобуска

постојка во населбата Ѓорче Петров бил приведен од полициската единица Алфа.64

Врз основа на истражувачките резултати (од непосредните разговори со персоналот

во ЈСП и со граѓаните кои биле сведоци или жртви на кражби, како и од медиумските

61 https://daily.mk/vesti/privedeni-tri-lica-za-djebni-krazhbi-vo-avtobusi-na-jsp, (пристапено 28.04.2019 г.) 62 https://makfax.com.mk/crna-hronika/krivicna-prijava-za-depcija-od-63-ka/, (пристапено 28.04.2019 г.) 63 http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/733865/index.html, (пристапено 10.06.2019 г.) 64 https://sitel.com.mk/krivichna-prijava-za-skopski-dzhepchija-koj-kradel-vo-avtobus?page=3(пристапено:

10.06.2019 г.)

Page 54: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

43

известувања), може да заклучиме дека сторителите ги извршуваат кражбите (џебните

кражби) на повеќе начини:

-ги отвораат ташните и одземаат одредени вредни предмети и пари,

-создаваат мешаница, туркање, меѓусебно расправање за да го оттргнат вниманието

на жртвата,

- ја набљудуват жртвата при префрлување на пари од еден џеб во друг и при плаќање

и враќање на паричникот во џебот и во соодветен момент ја вршат кражбата,

- ги пресекуваат рачките од ташните и на тој начин вешто ја оттргнуваат целата

ташна.

Џебните кражби во јавниот градски превоз се специфичен облик на кражби кои

малолетниците, но и останати лица ги извршуваат поединечно или во групи од двајца или

тројца сторители, кои организирано криминално делуваат со однапред поделени улоги.

Најчести сторители се лица со низок социјален статус, кои го напуштиле своето

образование или се невработени. Некои од нив конзумираат психотропни супстанци или

наркотици, додека повеќето веќе имале проблем со законот. Сторителите посебно ја

користат гужвата во автобусите во бесплатните денови за возрасната категорија на граѓани

и кога е најголема раздвиженоста на населението. Гужвата, брзањето и невниманието, но и

вештините на сторителите, придонесуваат голем број возрасни граѓани, вработени мажи и

жени, средношколци и студенти да останат без своите лични предмети, телефони,

паричници и сл.

в) Вандализам, оштетувања

Од деликвентни однесувања не се поштедени и автобуските застаклени

натстрешници. Намерни се оштетувањата и кршењето на стаклата на натстрешниците од

автобуски постојки, иако се термички стакла со дебелина од 10 мм, кои не се лесно

кршливи, освен со удирање со тврди предмети. Поставени се 226 постојки, со тенденција

да се постават и повеќе, поради потребата и позитивната реакција од граѓаните.

Дополнително, застаклените автобуски постојки во својата почетна состојба содржеа и

информативни постери со информации за возните редови за линиите, односно возилата кои

застануваат на одредена постојка. И покрај многубројните апели од ЈСП до сите граѓани

Page 55: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

44

кои го користат јавниот превоз да не се уништуваат новите застаклени натстрешници,

постерите со возни редови, бидејќи на нив можат да добијат информации за возниот ред на

автобусите, да ја видат мрежата на линии, со што може да го планираат рационално своето

време на патување со автобус. Досега се оштетени околу 60-на, со што се предизвикуваат

дополнителни непредвидени трошоци на претпријатието. Иако, претпријатието во повеќе

наврати извршило повторно поставување, повеќе не се во функција информативните табли,

а стаклените површини се покриени со рекламни постери, бидејќи не може да се справи со

хулиганското однесување на одредена популација на граѓани.

Во текот на истражувањето, во дневните извештаи (билтени) на одделението за

внатрешна контрола за 2017 година, заведени се секојдневните активности, изготвени

записници и фотографии за утврдена штета на вандализирани, оштетени и скршени стакла,

метални столбови на 31 застаклена настрешница и три дисплеи на автобуските постојки. Од

нив, осум се наоѓаат во близина на трговски центри, шест во близина на средни училишта,

четири во близина на основни училишта, три на прометни места, но и по три на терминалите

и на не прометни места. Односно (82,35 %) од оштетените постојки во 2017 година се

случиле на јавни и прометни простори, додека (17,65 %) оштетувањата се случиле на не

толку прометни, туку на повеќе осамени јавни простори.

Графикон 3: Оштетени/скршени застаклени автобуски постојки за 2017 г.

0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Хотел/Факултет

градинка

огнено оружје

пазар

сообраќајка

осамено место

Терминал

прометно место

основно училиште

средно училиште

трговски центар

Оштетени/скршени застаклени автобуски постојки за 2017 г.

Page 56: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

45

Бидејќи и ЈСП Скопје се соочува со истите деликвентни однесувања, можеме да ја

посочиме Студијата од Министерството за внатрешни работи од Манчестер (Велика

Британија) каде е испитувана штетата на автобусите и откриено е дека оштетувањето е

најголемо кај автобусите без кондуктер, поголемо во горниот кат на автобусот, а особено

во задниот дел од автобусот. На постарите автобуси, графитите и вандализмот биле

поистакнати на задниот дел од автобусот. Оваа студија заклучила дека недостатокот на

надзор е важен фактор во појавата на вандализмот и графитите во автобусите, поддржувајќи

ја идејата дека недостатокот на обезбедување предизвикува криминална штета.65

г) Физички напади, физички пресметки, проблеми и закани врз возачи

ЈСП Скопје во своите годишни извештаи води статистика за инциденти кои се

случиле во возилата на јавниот градски превоз. Тие се класифицирани во четири групи:

физички напади врз возачи, физички пресметки во возила, оштетување на возила, проблеми

и закани врз возачи. Во табелата се наведени податоци за период од 2008 до 2018 година. 66

Табела 1: Инциденти на возачи и возила според статистиката на ЈСП Скопје

Според годишните извештаи на ЈСП Скопје, во текот на 2013 година во автобусите

на ЈСП се случиле вкупно 165 инциденти и во споредба со минатата година бројот на

инциденти е намален за (26,3 %) или за 59 инциденти. Намалувањето на бројот на

инциденти се должи на намалувањето на физичките пресметки во возилата за (3 %),

оштетувањата на возилата за (33,5 %) и заканите врз возачите за (50 %). Пораст бележат

65 Newton, Andrew D. (2014) Crime on Public Transport. In: Encyclopedia of Criminology and Criminal Justice.

Springer, London, pp. 709­720. ISBN 978­1­4614­5689­6 66 Годишни извештаи за работењето на ЈСП Скопје од 2008 до 2018 година,

http://jsp.com.mk/dokumenti.aspx?kat=2

Р.Б. Видови инциденти 2008 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018

1. Физички напади врз возачи 11 25 24 11 16 18 15 11 18 15

2. Физички пресметки во возила 6 16 6 33 32 13 44 21 37 20

3. Оштетување на возила 109 155 102 164 109 29 70 73 88 141

4. Проблеми и закани врз возачи 48 25 14 16 8 6 11 5 13 13

ВКУПНО ИНЦИДЕНТИ 174 221 146 224 165 66 140 110 156 189

Page 57: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

46

физичките напади врз возачи за (45,5%). Во текот на 2014 година во автобусите на ЈСП се

случиле вкупно 66 инциденти и во споредба со минатата година бројот на инциденти е

намален за (60 %) или за 99 инциденти. Намалувањето на бројот на инциденти се должи на

намалувањето на оштетувањата на возилата за (73,4 %), физичките пресметки во возилата

за (59,4 %), и заканите врз возачите за (25 %). Пораст бележат физичките напади врз возачи

за (12,5 %). Во текот на 2015 година во автобусите на ЈСП се случиле вкупно 140 инциденти

и во споредба со минатата година бројот на инциденти е зголемен за (112,1 %) или за 74

инциденти. Зголемувањето на бројот на инциденти се должи на порастот на оштетувањата

на возилата за (141,4 %), физичките пресметки во возилата за (238,5 %), и заканите врз

возачите за (83,3 %). Намалување бележат физичките напади врз возачи за (16,7 %). Во

текот на 2016 година во автобусите на ЈСП Скопје се случиле вкупно 110 инциденти и во

споредба со минатата година бројот на инциденти е намален за (21,4 %) или за 30

инциденти. Намалувањето на бројот на инциденти е резултат на падот на физичките

пресметки во возилата за (52,3 %), физичките напади врз возачи за (26,7 %) и заканите врз

возачите за (54,5 %). Зголемување бележат оштетувањата на возилата за (4,3 %). Во текот

на 2017 година во автобусите на ЈСП Скопје се случиле вкупно 156 инциденти и во

споредба со минатата година бројот на инциденти е зголемен за (41,8 %) или за 46

инциденти. Порастот на бројот на инциденти е резултат на зголемувањето на физичките

пресметки во возилата за (76,2 %), физичките напади врз возачи за (63,6 %), заканите врз

возачите за (160 %) и оштетувањата на возилата за (20,5 %). Во текот на 2018 година во

автобусите на ЈСП Скопје се случиле вкупно 189 инциденти и во споредба со минатата

година бројот на инциденти е зголемен за (21,2 %) или за 33 инциденти. Порастот на бројот

на инциденти е резултат исклучиво на зголемувањето на оштетувањето на возилата за (60,2

%), додека заканите врз возачите се на исто ниво како и минатата година. Намалување

бележат физичките напади врз возачи (за 16,7 %) и физичките пресметки во автобуси (за

45,9 %).67

67Годишни извештаи за работењето на ЈСП СКОПЈЕ (2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018), Скопје,

http://jsp.com.mk/dokumenti.aspx?kat=2

Page 58: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

47

Многубројните случаи на насилство врз возачите на автобуси во јавниот градски

превоз кои се случуваат во соседството, поточно во ГСП Белград, често се идентични како

и на возачите на ЈСП Скопје:

Пример 1 – настанала вербална расправија, а потоа и напад врз возач, од страна на

друг возач на патничко возило, бидејќи автобусот му пречел да излезе од местото каде бил

паркиран.68

Пример 2 - возач на патничко возило излегол од своето возило и кршејќи го

прозорското стакло од страната на возачот, предизвикал исекотини.69

Пример 3 – поради пресретнат, пресечен пат на автобус од патничко возило, двајцата

граѓани од патничкото возило, го нападнале возачот, нанесувајќи му телесни повреди, а од

ненадејното кочење настрадал и друг патник пешак.70

4.3.1.Резултати од теренско истражување за деликвентните однесувања во

ЈГП

Деликвентните казниви однесувања во јавниот превоз се правно нормирани и

инкриминирани во соодветни закони, пред се во Кривичниот законик, во Законот за

прекршоци против јавен ред и мир (ЗПЈРМ), како и во одредени законски акти кои го

нормираат работењето на јавното транспортно претпријатие (Правилник за работа на

службата за контрола на билети).

Службата за контрола на билети работи врз основа на позитивните прописи и тоа:

Законот за превоз во патниот сообраќај (од 10.09.2009 год., од 12.02.2013 год. и од

12.06.2015 год.), Одлуката за превоз на патници во градскиот и меѓу општинскиот

(приградски) превоз на патници во град Скопје, Одлуката за утврдување на тарифен систем

за превоз во градскиот и меѓу општинскиот (приградски) превоз на патници (ЈГППП),

68https://www.blic.rs/vesti/beograd/prebijen-vozac-gsp-a-covek-izasao-iz-automobila-kod-dunav-stanice-i-

nokautirao-sofera/t2lk18s, (пристапено: 08.04.2019г.) 69 https://www.blic.rs/vesti/beograd/napadnut-vozac-gsp-covek-izasao-iz-automobila-i-razbio-staklo-autobusa-na-

liniji-23/vx35lg2, (пристапено: 08.04.2019г.) 70 https://www.blic.rs/vesti/beograd/incident-na-liniji-65-dvojica-automobilom-presrela-autobus-i-tukli-

vozaca/wk5p6z7, (пристапено: 08.04.2019г.)

Page 59: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

48

Одлуката за утврдување на цените за превоз на патници со автобусите во градскиот и

Меѓуопштинскиот (приградски) сообраќај во град Скопје на Јавното сообраќајно

претпријатие Скопје, Правилник за работа на службата за контрола на билети (од 03.02.2012

год. и 18.03.2018 год.), како и други општи акти на претпријатието. Според ЗПЈРМ,

прекршок против јавниот ред и мир врши секој кој со своето однесување или постапка го

нарушува мирот, работата или вообичаениот начин на живеење на граѓаните, на јавно место

ја загрозува нивната безбедност или создава несигурност, го оневозможува непреченото

движење на граѓаните на јавни места или го нарушува остварувањето на нивните права и

обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи и

други институции кои вршат јавни овластувања, или вршењето на дејностите на правните

лица или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир.71

Јавниот превоз се подразбира како јавно место, односно според ЗПЈРМ, под јавно

место, во смисла на овој закон, се смета местото на кое е слободен пристап на неопределен

број лица без какви и да било услови (улица, училишта, плоштади, патишта, излетнички

места, пристаништа, чекална, угостителски, трговски и занаетчиски дуќани и слично) или

под определени услови (спортски стадиони и игралишта, средства за јавен превоз, кино

сали, театарски и концертни сали, изложбени простории, градини и слично), како и други

места кои во определено време служат за вакви намени (земјишта или простории во кои се

одржуваат јавни собири, приредби, натпревари и слично).

Прекршоците против јавен ред и мир, кои особено го засегаат јавниот градски

превоз, кои во зависност од делото се изрекуваат соодветни парични и други казни се: кој

на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот

ред и мир, кој на јавно место со фрлање или кршење шишиња, чаши или други предмети ги

вознемирува граѓаните или ја загрозува нивната безбедност, кој на јавно место се оддава на

пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир, кој на јавно место со

малтретирање, омаловажување, понижување и навредување на друг или со вршење

присилба спрема друг ќе предизвика негодување на граѓаните, или ја загрозува нивната

71Закон за прекршоци против јавен ред и мир, “Службен весник на РМ” бр.66 од 31.05.2007 г.,

https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/br%2066-07(1).pdf, (пристапено:17.04.2019г.)

Page 60: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

49

безбедност, кој на јавно место учествува, предизвикува или поттикнува друг на тепачка, кој

на јавно место физички нападне друго лице и др. 72

a. Резултати од теренско истражување

При истражувањето на јавниот градски превоз, интересот беше да се согледа

перцепцијата на испитаниците вработени во ЈСП-Скопје за одредени деликвентни

однесувања (кражба на лични предмети/џебни кражби, вандализам, тепачки, вербални

расправии, неплаќање билети, пијано однесување, сексуално вознемирување, фрлање

предмети кон/во автобусот). При истражувањето, беа анкетирани четириесет вработени

(одговорни лица, возачи и линиски контролори) во ЈСП Скопје. Резултатите од направената

анкета на прашањето: “Дали биле сведоци на некој од наведените деликвентни однесувања

во вршење на службата?”, вработените испитаници во текот на своето работење во јавниот

градски превоз, одговорија дека биле сведоци на голем број деликвентни однесувања, од

кои како најсериозно го сметаат неплаќањето билети за кое се изјасниле (97 %) од нив, потоа

следува фрлањето предмети кон/во автобусот на кое одговориле со ,,да “ (87,5 %), за

вербалните расправии се изјасниле (77,5 %), за пијаното однесување (75 %), за кражба на

лични предмети/џебни кражби (62,5 %), за тепачки (55 %), за вандализам (50 %), додека со

одговор ,,не” од (72,5 %) од нив е дека не перцепирале сексуално вознемирување.

Табела 2: Прашање кон персоналот “Дали биле сведоци на некој од наведените деликвентни

однесувања во вршење на службата?”

72 Закон за прекршоци против јавен ред и мир, “Службен весник на РМ” бр.66 од 31.05.2007 г.,

https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/br%2066-07(1).pdf, ( пристапено:17.04.2019г.)

Page 61: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

50

Одговорите на вработените испитаници од направената анкета за друго прашање:

“Кои деликвентни однесувања според Вас се најприсутни во јавниот градски превоз?

Заокружете три!”, покажуваат дека најголем процент од нив, односно (92,5 %) сметаат дека

неплаќањето билети преставува многу сериозен проблем, потоа следуваат вербалните

расправии за кои одговориле (60 %) од испитаниците, фрлање предмети кон/во автобусот

(45 %), кражба на лични предмети / џебни кражби (42,5 %), вандализам (27,5 %), тепачки

(20 %), како помал проблем, според одговорите на испитаниците преставуваат пијаното

однесување и сексуалното вознемирување.

Табела 3: Прашање за персоналот: “Кои деликвентни однесувања според Вас се

најприсутни во јавниот градски превоз? Заокружете три!”

Високиот процент на одговори (92,5 %) за неплаќање билети, во кои спаѓаат и

невалидираните билети, кои според законските одредби е исто како да непоседуваат билет.

Најчесто овие прекршоци ги прават средношколците, студентите и др. патници кои имаат

годишен или месечен билет на електронската картичка. При поголем метеж во автобусот,

истите избегнуваат да ги валидираат, поради тоа, останатите граѓани и персоналот сметаат

дека се патници без билет. Вербалните расправии (60 %) за испитаниците се исто така

најприсутни. Во непосредните разговори ја наведуваат како најчеста причина големата

гужва, нетрпеливоста кој прв да влезе или излезе од автобусот, брзање кон место за седење,

вулгарни возачи на автомобили без сообраќајна култура, непредвидено кочење кое

предизвикува револт и повреди кај патниците и сл. Оттука произлегува, дека за да се влијае

на намалувањето на деликтите би можело да се преземат одредени мерки и активности,

како на пример: инсталирање најмалку на уште еден валидатор, повеќе автобуси за да се

намали метежот во нив, жолта лента на коловозот за автобусите за да се намалат вербалните

Page 62: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

51

расправии со возачите на автомобили, едукација на граѓаните за културно однесување во

автобусите и сл.

Многу важно е да се согледа и перцепцијата на граѓаните за одредени деликвентни

однесувања (кражба на лични предмети/џебни кражби, вандализам, тепачки, вербални

расправии, неплаќање билети, пијано однесување, сексуално вознемирување, фрлање

предмети кон/во автобусот). При истражувањето, беа анкетирани 205 граѓани, корисници

на јавниот градски превоз. Според резултатите од направената анкета на прашањето: “Дали

сте биле сведок на некој од наведените деликвентни однесувања?”, (84,9 %) од граѓаните

одговорија дека биле сведоци на неплаќање билети, (71,7%) на вербални расправии, (57,6

%) на фрлање предмети кон/во автобусот, додека (43,4 %) одговориле дека биле сведоци

на пијано однесување, (41,0 %) присуствувале на тепачки, (32,2 %) биле сведоци на кражба

на лични предмети, (30,7 %) забележале вандализам и најмал процент (13,7 %) биле сведоци

на сексуално вознемирување во јавниот градски превоз. Од наведеното можеме да

заклучиме дека голем број од патниците биле сведоци на деликвентни однесувања во

јавниот градски превоз, односно одговорите покажуваат дека патниците се сведоци на

вознемирувачки, непријатни, прекршочни и кривични дела во текот на своето патување, со

што се придонесува да се зголеми чувството на страв и несигурност за користење на јавен

превоз.

Табела 4: Прашање за граѓаните: “Дали сте биле сведок на некој од наведените деликвентни

однесувања?”

На прашањето: “Дали сте биле жртва на некое од наведените деликвентни

однесувања?”, околу една четвртина од граѓаните (26,8 %) биле жртви на вербални

расправии, (17,1 %) биле жртви на имотен криминал, односно жртви на кражба на лични

да не да не да не да не да не да не да не да не

66 139 63 142 84 121 147 58 174 31 89 116 28 177 118 87

32.2% 67.8% 30.7% 69.3% 41.0% 59.0% 71.7% 28.3% 84.9% 15.1% 43.4% 56.6% 13.7% 86.3% 57.6% 42.4%

3.Дали сте биле сведок на некој од наведените делинквентни однесувања ?

Кражба на

лични

предмети/

Вандализам ТепачкиВербални

расправии

Неплаќање

билети

Пијано

однесување

Сексуално

вознемирување

Фрлање

предмети кон/во

автобусот

Page 63: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

52

предмети/џебни кражби, (14,1 %) жртви на фрлање предмети кон/во автобусот, (11,7 %)

жртви на пијано однесување, додека, по мал број испитаници (4,9 %) биле жртви на

вандализам, тепачки и сексуално вознемирување. Наведените резултати укажуваат дека

помал број патници биле жртви на различни деликвентни однесувања во јавниот градски

превоз што претставува показател дека граѓаните одбегнуваат конфликтни состојби,

внимаваат да не им е загрозен телесниот интегритет и сопственоста. На тој начин се

намалува и вознемиреноста кај граѓаните при користење на јавниот градски превоз.

Табела 5: Прашање за граѓаните: “Дали сте биле жртва на некое од наведените деликвентни

однесувања?”

Граѓаните, во смисла на самопријавување, на прашањето “Дали некогаш сте извршиле

некое од наведените деликвентни однесувања?”, над (90 %) од нив одговориле дека не

извршиле некое деликвентно однесување во јавниот градски превоз, додека само (14,1 %)

се вклучиле во вербални расправии. Врз основа на добиените податоци може да заклучиме

дека најголем процент од граѓаните одбегнуваат да предизвикаат или извршат некое

деликвентно однесување во јавниот градски превоз.

Табела 6: Прашањето за граѓаните: “Дали некогаш сте извршиле некое од наведените

деликвентни однесувања?”

да не да не да не да не да не да не да не да не

35 170 10 195 10 195 55 150 28 177 24 181 10 195 29 176

17.1% 82.9% 4.9% 95.1% 4.9% 95.1% 26.8% 73.2% 13.7% 86.3% 11.7% 88.3% 4.9% 95.1% 14.1% 85.9%

4.Дали сте биле жртва на некое од наведените делинквентни однесувања?

Кражба на

лични

предмети/

Вандализам ТепачкиВербални

расправии

Неплаќање

билети

Пијано

однесување

Сексуално

вознемирувањ

е

Фрлање предмети

кон/во автобусот

да не да не да не да не да не да не да не да не

5 200 1 204 2 203 29 176 15 190 6 199 1 204 6 199

2.4% 97.6% 0.5% 99.5% 1.0% 99.0% 14.1% 85.9% 7.3% 92.7% 2.9% 97.1% 0.5% 99.5% 2.9% 97.1%

Вандализам

Кражба на лични

предмети/ Џебни

кражби

Фрлање предмети

кон/во автобусот

Сексуално

вознемирување

Пијано

однесување

Неплаќање

билети

Вербални

расправииТепачки

5.Дали некогаш сте извршиле некое од наведените делинквентни однесувања?

Dali ste bile izvrsitel na frlanje predmeti kon/von avtobusot?

6 2.9 2.9 2.9

199 97.1 97.1 100.0

205 100.0 100.0

da

ne

Total

ValidFrequency Percent Valid Percent

Cumulative

Percent

Page 64: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

53

ТЕМА ДВА

1. Казнено правна реакција кон прекршителите во јавниот градски

превоз

Јавната безбедност, како и индивидуалната безбедност, се повеќе се гледа како

важна карактеристика на современото општество, како во "приватни", така и во "јавни"

домени, од кои е дел локалниот транспорт. Демократската држава е обврзана да ја гарантира

безбедноста на своите граѓани на јавни места и се повеќе се оценува нејзиниот успех во

исполнувањето на оваа должност. Американското искуство и разни европски проекти

покажуваат дека плановите за безбедност на јавниот транспорт треба да ги земат предвид

проблемите и тешкотиите, како и можностите во одредена општина или одредена област.

Познатата безбедносна ситуација треба да се анализира, како што е откриено, забележано,

на пример, во статистиката на полицискиот криминал или во евиденцијата на локалниот

оператор на превозот. Важно е да се земат предвид и препознаените ограничувања, како

што се проблемот со непознати случаи кои не се пријавени и факторите кои можат да

влијаат врз известувањата.73

Јавниот градски превоз, како значаен сегмент од општественото живеење на

граѓаните е дефиниран во законските одредби како “јавно место”, но, грижата за

безбедноста на граѓаните и справувањето со деликвентните однесувања е организирано

преку повеќе меѓусебно поврзани институции, МВР, инспекторатот за патен сообраќај,

комисијата за водење на прекршочна постапка при Министерството за транспорт и врски и

Секторот за контрола на билети при ЈСП Скопје, кои така поврзани создаваат една целина

со извесен степен на организираност и определени законски овластувања во нивното

делување.

Според Законот за превоз во патниот сообраќај патникот задолжително треба да

поседува возен билет. Возен билет е документ издаден во книжна или електронска форма

73Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent.

Page 65: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

54

од превозникот за превозничка услуга со кој патникот докажува дека ја платил превозната

услуга. Поради тоа, патникот мора на барање на инспекторот за патен сообраќај и

контролорите да го даде билетот на увид. Според Законот за превоз во патниот сообраќај,

инспекторот за патен сообраќај и контролорите имаат овластување да го застанат патникот

без билет во возилото и да извршат утврдување на неговиот идентитет. Доколку

контролорите утврдат дека патникот нема билет за јавен превоз, ќе поднесат предлог за

поведување прекршочна постапка до надлежниот инспекциски орган. Глоба во износ од 50

евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице - патник,

ако нема возен билет за време на возењето (член 17-а став 1) и на инспекторот за патен

сообраќај не му даде на увид возен билет (член 17-а став 2). За прекршоците од ставот 1 на

овој член барањето за поведување прекршочна постапка се поднесува до Министерството

за транспорт и врски пред Комисија за водење на прекршочна постапка.74 Во Годишниот

извештај 2018 г. за работата на Секторот: Инспекторат на град Скопје (за периодот од

01.01.2018 до 31.12.2018 г.) во заклучните согледувања, констатираат дека во 2018 г.,

приоритет на инспекторите за патен сообраќај било воведувањето ред во авто такси

превозот, како и зголемениот обем на работа со поведување на прекршочни постапки за

патниците без билет во автобусите на ЈСП Скопје. Во извештајниот табеларен приказ,

прикажани се 2107 Барања за поведување на прекршочна постапка75, додека во Годишниот

извештај за 2017 г. во извештајниот табеларен приказ, прикажани се поголем број

поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка, односно 3605 акти во 2017 г. 76

Според Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје (донесена врз

основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа и член 22 од Законот за превоз во

патниот сообраќај), поконкретно со член 94 се пропишува дека: (1) На патниците им е

забрането во автобус да: влегуваат во алкохолизирана состојба или да консумираат алкохол

во возилото, да внесуваат животни (освен во случаите од член 99 на оваа одлука)77, да

74 Закон за превоз во патниот сообраќај, Консолидиран текст, објавена во „Службен весник на Република

Македонија“,бр.152/2010, 75 http://www.skopje.gov.mk/Uploads/Извештаи/Годишен%20Извештај%202018.pdf (пристапено:13.06.2019 г.) 76 http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=323 (пристапено: 13.06.2019 г.) 77 Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, член 99, Слепите лица имаат право во возилото

да внесат специјално обучени кучиња – водичи, лицата во инвалидска количка рехабилитациски кучиња, а

дете со пречки во развојот, покрај придружбата со родител може да внесе во возилото и тераписко куче.

Кучињата мора да се обезбедени со официјален документ, појас, корпа и ознака.

Page 66: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

55

внесуваат оружје (освен лицата од членот 81, став (2), на оваа одлука)78, да внесуваат багаж

и предмети кои можат да предизвикаат повреда, да оштетат, извалкаат или да ги вознемират

патниците или да го оштетат автобусот, да внесуваат запаливи и експлозивни, односно

опасни материи, да вознемируваат со викање, непристојни изрази и други слични постапки,

да ги спречуваат или да им пречат на службените лица во возилото во вршење на работата,

да јадат во возилото, да фрлаат отпадоци и да го оштетуваат возилото и уредите и опремата

во истиот, како и неговите ознаки, да пушат во возилото, да користат радиодифузни и други

уреди за гласна музика (исклучок се службените радио станици/уреди), да се задржуваат во

возилото на начин со кој ќе ја попречуваат наплатата на превозниот билет, влезот, односно,

излезот од возилото, го попречуваат или отежнуваат сместувањето на патниците во

возилото, да влегуваат во возилото кога службените лица ќе објават дека возилото не прима

патници, односно дека пропишаниот број на места е пополнет, да го оневозможуваат

отворањето и затварањето на вратите, како и насилно да ги отвораат вратите во возилото,

да влегуваат и излегуваат од возилото кое е во движење, да се фаќаат или да се возат на

надворешната страна на возилото, да манифестираат други облици на вандалско

однесување.

Според Одлуката, службеното лице во возилото е должно да го опомене патникот

ако истиот постапува спротивно на одредбите од став (1) од горенаведениот член, а ако и

покрај опомената патникот изврши некое од наведените дејствија, службеното лице ќе

побара од патникот да го напушти возилото. Во случај на противење на патникот, возачот

или службеното лице ќе побара асистенција од полициски службеник.79

78 Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, членот 81, став (2), По исклучок на став (1)

алинеја 2 на овој член, на припадниците на АРМ и МВР кога се на службена задача, им е дозволено да носат

лично наоружување, утврдено со посебни прописи. 79 http://ipserver.skopje.gov.mk/e-

skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/273d2965297866b3c12

57e7e003b064b?OpenDocument (пристапено: 13.06.2019 г.)

Page 67: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

56

1.1. Улогата на полицијата во јавниот градски превоз

Полицијата е јавна служба чија основна задача е да штити. Примарна задача на

полицијата е да интервенира во случај на кршење на правата и слободите на граѓаните, со

цел да спречи нивно понатамошно загрозување и да обезбеди заштита. Во Македонија,

основната функција на полицијата ја дефинира членот 3 од Законот за полиција („Службен

весник на РМ“, бр. 114/2006), која се состои од „заштита и почитување на основните

слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна

Македонија, законите и ратификуваните меѓународни договори, заштита на правниот

поредок, спречување и откривање на казниви дела, преземање мерки за гонење на

сторителите на тие дела, како и одржување на јавниот ред и мир во општеството“80

Поради различни причини во јавниот градски превоз, потребна е полициската

интервенција во автобусите, која треба да биде внимателно организирана, бидејќи може да

биде тешка или опасна со оглед на ограничениот простор, бројот, видот на патниците и

можниот ризик од голема штета. Министерството за внатрешни работи досега има

преземено превентивни акции, односно во сите автобуси беа поставени едукативни и

предупредувачки плакати за ,,чување на паричникот,, при користење на услугата јавен

превоз, со цел да ја поттикне јавната свест на граѓаните да внимаваат на своите лични

работи.

Поради потребите, на барање на ЈСП Скопје–Скопје, во соработка со Единицата за

јавен ред и мир од полициските станици при СВР Скопје и линиската контрола во 2012 год.,

направени се заеднички акции во автобусите на линиите “57”, “58” и ”55 “, при што биле

поднесени 28 кривични пријави. Притоа, покрај контролата дали патниците, учениците,

студентите поседуваат соодветни и валидирани билети, направен е и преглед дали со себе

и во личниот багаж-ранци носат ладно оружје (метални шипки, ножеви) и други

непристојни предмети.81 Овие податоци се добиени при истражувањето од раководителот

80 Мирчева. С. и Чачева.В., Итни мерки за заштита на жртвите на домашно насилство: Истанбулска

конвенција, 1.02 Прегледна научна статија, УДК 343.54/55:[347.919.6:343.98,

http://journal.maclc.mk/2013/02.pdf (пристапено:17.04.2019г.) 81 https://m.kajgana.com/podneseni-28-prijavi-protiv-uchenici-so-ladno-oruzhje-vo-rancite (пристапено:

18.06.2019 год.)

Page 68: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

57

на Секторот за сообраќај (до 2014 година, службата за контрола на билети била во рамките

на Секторот за сообраќај, од 2015 до денес, 2019 година е во Секторот за контрола на

билети).

Според претходни согледувања, при планирањето на контрола на линии, зони или

периоди во денот, доколку се јави помасовно одбивање на плаќање на билет и давање отпор

при санкционирање на лицата кои не плаќаат билет или прават неред во возилото,

директорот (раководителот) на секторот за сообраќај, на предлог на организаторот на

службата, е должен да побара планирана асистенција од МВР за вршење на контрола на

наплата на билети.

Барањето за асистенција се доставува до МВР, на начин и во рок предвиден согласно

Законот за МВР (член 5 од Правилник за работа на службата за контрола на билети од

18.03.2018 год.). Линиските контролори имаат овластување да го задржат лицето кое нема

патен билет во возилото, кога не сака да даде документи за лична идентификација потребни

за водење на прекршочна или друга постапка. Задржувањето на лицето трае до

пристигнување на овластено службено лице на МВР, односно до преземање на истото/те од

службено лице на МВР (член 3 од Правилник за работа на службата за контрола на билети

од 18.03.2018год.).82

ЈСП Скопје поради секојдневните потреби е во постојана соработка со СВР Скопје,

најчесто поради: сообраќаен метеж, сообраќајни незгоди, насилство во автобусите, кражби,

неплаќање на билети и сл. Конкретно, оперативниот контролен центар, службата за

контрола на билети и службата за внатрешна контрол, во интерес за непречено одвивање на

основната дејност на претпријатието, а со цел овозможување на основната безбедност како

на својот персонал и основните средства, така и на патниците кои се корисници на ЈГПП,

најчесто соработуваат со секторот за внатрешни работи Скопје. Најбрза и најефикасна е

соработката при сообраќајни незгоди и насилство во автобусите поради зголемениот ризик

за безбедноста на поголем број граѓани кои се во непосредна близина на случувањата и

поради потребата да се овозможи непречено одвивање на останатиот патнички сообраќај.

82 Правилник за работа на службата за контрола на билети, (2013), Архива на ЈСП Скопје, Скопје

Page 69: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

58

1.2. Улогата на сообраќајните претпријатија во справување со деликвентните

однесувања

За справување со големиот број ненаплатени билети од граѓаните во јавниот градски

превоз надлежни се Секторот за контрола на билети при ЈСП Скопје и инспекциските

органи во градот Скопје. Одделението за контрола на билети, односно линиските

контролори, кои се во директен контакт со граѓаните во јавниот градски превоз, во нивниот

работен процес ги извршуваат следните работни задачи:

- вршат контрола на валидацијата на билетите на патниците во автобус,

- ја евидентираат извршената контрола на патниците и неправилностите во

работењето на возниот персонал во патниот налог,

- вршат идентификација на патникот во случај на неисправно валидиран билет или

затекнат патник без билет во автобусот,

- на патникот без билет, според личните податоци, подготвуваат и му издаваат на

лице место записник за доплатен билет со сметка и задолжение за наплата,

- примерок од записникот за доплатен билет му доставуваат на патникот и го

отстрануваат од автобусот,

- примерок од записникот за доплатен билет задолжително доставуваат на

сменоводителот за понатамошно процесирање,

- изготвуваат дневни извештаи од извршената контрола на билети во смената (од

записниците за доплатен билет),

- вршат контрола на записниците за доплатен билет и ги доставуваат до одделението

за техничка поддршка на контролори за понатамошно процесирање.

Во рамките на понатамошното процесирање се води и посебна евиденција, односно

во одделението за техничка поддршка на контролори се вршат следните работи:

- прибирање на документацијата и водење евиденции за наплатени и ненаплатени

доплатни билети од работата на контролорите на билети,

- врз основа на податоците од записниците од извршената контрола на контролорите

се подготвуваат предлози за поведување на прекршочна постапка против граѓаните, пред

Page 70: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

59

надлежните инспекциски органи во градот Скопје за ненаплатените доплатни билети во

предвидениот рок,

- постојано се следат, проучуваат и целосно се применуваат законските прописи од

оваа област и други техничко-административни работи поврзани со извршените контроли.83

Табела 7: Извршени контроли, поднесени пријави, одземени билети и наплатени

дополнителни билети од службата за контрола на билети

Во Годишните извештаи на одделението за статистика на ЈСП Скопје, се прикажани

податоците од извршената работа на линиските контролори во јавниот градски превоз за

период од 2008 до 2018 год. Од прикажаните податоци може да забележиме дека најголем

број извршени контроли се извршени во 2018 г. (213 832 контролирани патници) и во 2008

г. (210 909 контролирани патници). Додека во 2012 г. (147 908 контролирани патници) и

2013 г. (156 540 контролирани патници) иако има најмал број извршени контроли,

процентот на вкупни прекршоци е најголем.

Во годишниот извештај за 2017 г., за свои потреби, одделението за техничка

поддршка на контролори, анализирало на кои линии секој месец се изготвени најмногу

записници од страна на контролорите. Вкупно, на годишно ниво за 2017 г. најмногу

изготвени записници има на линиите 19, 57, 41, 65, 2, 9 и др. Овие линии сообраќаат низ

населени места од градот Скопје во кои живеат граѓани со мешан етнички состав, ниско

образование и со послаб социјален статус.84 Наведени автобуски линии се поврзуваат и со

83Правилник за систематизација на работните места во ЈСП Скопје, (2015), Скопје,

http://www.jsp.com.mk/jspinside.aspx?page=4 84 На пример:

-Линија број 19-сообраќа од населба Карпош 4 до населба Шуто Оризари (Карпош 4, Бит Пазар, Јаја

Паша, Чаир, Топанско Поле, Скопје Север и Шуто Оризари),

Р. Б. Елементи 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018

1 Извршени контроли 210,909 183,599 159,625 156,230 147,908 156,540 186,209 180,520 172,233 186,344 213,832

2 Поднесени пријави 1.3% 1.2% 1.7% 3.2% 3.7% 3.1% 3.6% 6.3% 4.2% 1.5% 3.0%

3 Одземени билети 0.4% 0.8% 1.1% 0.8% 1.0% 0.9% 0.6% 0.6% 0.6% 1.6% 2.1%

4Наплатени

дополнителни билети5.2% 2.9% 3.0% 5.4% 7.4% 10.0% 6.4% 1.2% 0.6% 0.9% 0.9%

Вкупно прекршоци 6.9% 4.8% 5.8% 9.4% 12.2% 14.0% 10.5% 8.1% 5.4% 3.9% 5.9%

Page 71: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

60

други инциденти во автобусите, кои можат да бидат безбедносен проблем, кој произлегува

од честите меѓуетнички тензии во општеството. Некои патници поради предрасуди од каква

било природа (религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична

способност, морални или политички ставови, социјална состојба, раса, род, возраст, етничка

припадност, националност), сакаат да омаловажат, да вознемират или да предизвикаат

насилство.85 Поради тоа, често се случуваат деликвентни однесувања и инциденти, во кои

често страдаат и корисниците на јавниот превоз. Најчесто тоа се млади лица, средношколци

и студенти.

Графикон 4: Линии со најмногу записници за 2017 г.

-линија број 57-сообраќа од нас. Козле до нас. Радишани (Козле, Центар, Бит Пазар, Јаја Паша, Чаир,

Бутел и Радишани),

-линија број 65-сообраќа од Транспортен центар до нас. Стајковци (Транспортен центар, Бит пазар,

Гази Баба, Автокоманда, Ченто, Стајковци),

-линија број 2-сообраќа од нас. Автокоманда до нас. Сарај (Автокоманда, Гази Баба, Бит Пазар,

Карпош, Влае, Ѓорче Петров, Сарај),

-линија број 9-сообраќа до Клинички центар (Водно) до нас. Скопје Север (Кл. Центар, Центар, Бит Пазар,

Јаја Паша, Топанско поле, Скопје Север) и др. 85 http://nemrazi.mk/govorot-na-omraza-eksploziv-za-170-zlostorstva-i-intsidenti-vo-makedonija/ (пристапено:

05.08.2019 г.)

0 20 40 60 80 100 120 140

Линија 19

Линија 57

Линија 41

Линија 65

Линија 2

Линија 5

Линија 9

Линија 22

Линија 24

Линија 50

Линија 4

Линија 7

Линија 20

Линија 45

Линии со најмногу записници за 2017 г.

Page 72: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

61

Учениците од средните училишта и студентите во градот Скопје 2008 год. добија

субвенционирани билети, односно тие веќе не ги купуваат и заверуваат сами слободните

билети, туку согласно доставените списоци од Министерството за образование и наука, ЈСП

Скопје изготвува слободни годишни билети, кои подоцна им се доставуваат на учениците

од Средните училишта во градот Скопје. На студентите со потврда дека се редовни

студенти и индекс, во билетарите на ЈСП Скопје им се изготвуваат слободни годишни

билети. Оваа мерка од градот Скопје имала како социјален, исто така и безбедносен

карактер, бидејќи значително им ја олеснило работата на контролорите на билети и на

возачите. Учениците и студентите имаат обврска, како и останатите патници, задолжително

да се валидираат на валидаторите, со што ќе го потврдат своето патување и ќе бидат реални

патници со билет, како за овластените лица, исто така и за патниците кои понекогаш

оправдано реагираат за однесувањето на младите патници.

Пред учениците да добијат субвенционирани билети, службата за контрола на

билети во текот на првите десетина дена, секој месец, имале организирани акции за

контрола на ученичките билети,86 бидејќи, учениците многу доцна или воопшто не ги

заверувале своите месечни билети за кои сами партиципирале (месечни маркици со печат).

Контролорите биле организирани во групи, од двајца до четворица, особено во периодот

кога учениците оделе и се враќале од училиште. При враќањето од училиште, на постојките

кои се во близина на училиштата, контролорите биле задолжени да не дозволат влегување

во автобус, доколку учениците немаат соодветно заверен билет. Многу често, поради

тензичната состојба и бројноста на учениците имало непредвидени вербални и физички

инциденти. Поради безбедност и спречување на можни конфликтни ситуации, многу често

имало потреба од асистенција на МВР.

Неплаќањето на билети и предизвикувањето штети непосредно влијаат врз

финансиските резултати на ЈСП Скопје, но значително влијаат и врз безбедноста на

контролорите и возачите.

86 Пластифицираната ученичка возна карта со слика од ученикот, кој ја користи, со соодветна месечна

маркица

Page 73: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

62

1.3. Начин на справување со деликвентните однесувања во јавниот градски превоз

Возачите, во текот на својата работа, кога управуваат со возилото при вршење на

транспортната задача, превезуваат патници или сообраќаат кон или од терминалите. При

вклучување или исклучување од линија се должни сите неправилности, попреченост во

работата, дефекти на возилото, промена на траса од предвидени или непредвидени

ситуации, сообраќајни незгоди, насилство, кражби, вандализам, масовно неплаќање на

билети задолжително да ги пријават во одговорните служби: ОКЦ, автобазата, линиска

контрола, внатрешна контрола, во зависност од потребата и во други служби, како МВР,

Брза помош и пожарна.

Криминалните однесувања во автобусите, тепачки, вербални и физички пресметки,

може да резултираат со губење на контролата на возилото, вознемиреност, паника, револт,

кои ќе влијаат на сите патници. Во зависност од типот на возилата, возачите се директно

изложени на ризици со патниците, освен во типот на возилото Јутонг, каде возачите

управуваат со возилото во т.н. кабина, која е затворена со врата и има прозорец за

комуникација со патниците. Тие, во случај на непредвидени ситуации може да

комуницираат со останатите службени лица со пораки преку новиот АВЛ систем или со

телефон. Но, иако новиот систем нуди повеќе можности како аудио комуникација со

слушалки и паник тастери87, тие во моментот не се во употреба. Нивната изложеност на

несоодветни однесувања-насилство и кражби, се зголемува поради близината на патниците

и кога се справува со пари (во претходниот систем на наплата, возачите беа задолжени со

сто карти или нивна против вредност во пари). Во зависност од тоа какви случувања или

несоодветни однесувања се случиле во текот на управувањето со автобусот во јавниот

превоз, односно при сообраќани незгоди во кои се тие учесници, при напад, повреди или

насилство, при вршење кражби или вандализам, покрај известувањето на одговорните

служби од претпријатието, задолжително повикуваат полиција, а во критични случаи и

служба за итна медицинска помош.

Контролата на билети се врши поединечно и во група (екипа), претежно со

влегување, односно излегување во автобусите на автобуските стојалишта, а во

87 Паник тастери, алармни уреди, поврзани со ОКЦ или други интервентни служби за безбедност и сл.

Page 74: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

63

исклучителни случаи и со стопирање на возилото на меѓу стојалишни места. Тоа треба да

се прави со должно внимание да не се загрози безбедноста на сообраќајот и патниците.

Службата за контрола соработува и со МВР, во случај на неможност од преземање

мерки, односно од патникот да наплати доплатен билет, поради одбивање на соработка од

патникот или поради насилно однесување. Имено, контролорот (или во негова неможност

возачот на автобусот) е должен веднаш да го извести МВР, и да побара нивна асистенција.

При тоа, контролорите можат да применат рационална присила88 која се состои од

задржување на патникот до пристигнување на овластениот работник на МВР. По

известувањето на МВР, контролорот ги известува: службата за внатрешна контрола/ ОКЦ

на претпријатието. Употреба на сила од страна на контролорите кон патникот е можна

исклучиво во случај на самоодбрана од физички напад, при што возвратната употреба на

сила да биде сразмерна на нападот на патникот.89

Должност на вработениот во службата за контрола на билети е да го изврши налогот

на службеното лице од МВР заради воспоставување на јавниот ред, спречување на штета и

сл. во возилото. На барање на надлежниот орган на МВР вработените во службата се

должни да дадат одредени податоци за себе и настанот во врска со контролата на наплата

на билети. Вработените во службата за контрола идентичен однос, треба да имаат и кон

надлежните инспектори по патен сообраќај, при вршење на нивна контрола на билети во

возилата на претпријатието и приватните превозници. Во таков случај вработените во

службата постапуваат координирано и по договор со инспекторот по патен сообраќај.90

Во известување за електронските медиуми, дадено во месец септември, 2018 г., од

градоначалникот на Град Скопје е изјавено дека во текот на месец август биле доставени 27

пријави од граѓани за недолично однесување на контролорите, во пет случаи е констатирано

неправилно однесување и преземање дејства од контролорите, а во 22 случаи е утврдено

неправилно однесување на граѓаните, поради кои од ЈСП Скопје ќе биле преземени сите

мерки предвидени во Законот за работни односи.91 Според податоците од Секторот на

88 Правилник за работа на службата за контрола на билети, (2013), Архива на ЈСП Скопје, Скопје 89 Правилник за работа на службата за контрола на билети, (2013), Архива на ЈСП Скопје, Скопје 90 Правилник за работа на службата за контрола на билети, (2013), Архива на ЈСП Скопје, Скопје 91 https://kurir.mk/republika/skopje/patnicite-se-zalat-27-prijavi-za-nedolichno-odnesuvanje-na-kontrolorite-na-jsp/,

(пристапено: 25.12.2018 г.).

Page 75: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

64

правни и општи работи при ЈСП Скопје, за 2018 год., од евиденцијата за спроведени

дисциплински постапки за возачи и контролори на билети, може да се забележи дека за 149

возачи на автобуси во јавен превоз е спроведена постапка. Од нив на 53 возачи се изречени

парични казни, на 85 писмени опомени, на четворица возачи надомест на материјалната

штета која ја направиле со нивното однесување, додека за шест возачи се повлечени

пријавите како неосновани. Против контролорите на билети, се спроведени 18

дисциплински постапки. На тројца им се изречени парични казни, додека за 15 контролори

на билети се повлечени пријавите како неосновани. Дисциплинските постапки за 2019 год.,

заклучно до јуни 2019 год., се спроведени за 65 возачи, од нив на 24 се изречени парични

казни, на 39 се изречени писмени опомени, на еден возач да ја надомести материјалната

штета која ја направил со своето однесување, додека за еден е повлечена пријавата. За

контролори на билети за истиот период дисциплински постапки се спроведени кон 11 лица,

за еден од нив е изречена парична казна, за четворица се изречени писмени опомени, а за

шест линиски контролори се повлечени дисциплинските пријави како неосновани.92

Најчестите прекршоци за кои се поднесени дисциплински пријави на вработените се кога:

од намерно или од крајно невнимание ќе предизвикаат штета на возилата (др. средства за

работа), кога при контрола ќе се утврди дека во текот на работењето вработените се под

дејство на алкохол (или во возилото консумираат цигари), кога ја пречекоруваат

дозволената брзина и кога насилнички се однесуваат за време на работата (ќе предизвикаат

инциденти).

Вработените во јавниот превоз на патници имаат обврска и одговорност за

принципиелно и сериозно извршувањето на своите работни обврски. Притоа, треба да

овозможат оптимално одвивање на транспортната работа, елиминирање на можните извори

на опасност или нивна контрола во границите на нивните овластувања. Во текот на својата

работа која е динамична и стресна, се соочуваат со многу предизвици и ризици, на пр.

сообраќаен метеж на градските улици и булевари, паркирани возила на сообраќајната лента,

несовесно управување со моторни возила, нервозни и некултурни возачи и патници, гужви,

турканици, караници во автобусите, дивеење на младите и сл. Искусните вработени

92 Во прилози, табела доставена од Сектор за правни работи од ЈСП Скопје

Page 76: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

65

покажуваат свесност, зрелост и морална должност да се заштитат себеси, корисниците на

јавниот превоз и другите учесници во сообраќајот.

Во Законот за работни односи93 и во други законски акти според кои претпријатието

ги спроведува дисциплинските мерки, односно, во зависност од степенот на одговорноста

на работникот, условите под кои е направена повредата на работните обврски и на

работниот ред и дисциплина, поранешната работа и однесување на работникот, тежината

на повредата и нејзините последици, работодавачот може на работникот да му изрече

парична казна, која не може да биде поголема од (15 %) од последната исплатена месечна

нето плата на работникот, во траење од еден до шест месеца. На вработените, може да им

изречат и поригорозни мерки доколку не ги почитуваат работниот ред и дисциплина според

правилата пропишани од страна на работодавачот, кога со средствата за работа не

постапуваат совесно или во согласност со техничките упатства за работа, ако настане штета,

грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го известат работодавачот, доколку

предизвикуваат неред и насилнички се однесуваат за време на работата, внесуваат,

употребуваат или се под дејство на алкохол и наркотични средства, сторат кражба или во

врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвикаат штета на работодавачот

и сл.

ЈСП Скопје, поради се позачестените објави во медиумите за физички нападнати

патници од страна на возачи и контролори, во електронските медиуми доставиле

соопштение, со кое сакале да се појасни ситуацијата, кое гласи: ”сите објави се базирани

исклучиво на информации од МВР каде што случаите биле пријавени и на чие расветлување

се работи, без притоа, ниту еден медиум да побара изјава/објаснување од ЈСП Скопје, како

би се добила реална слика за конкретен случај. Последните два примера во изминативе

десетина дена во кои наводно возач, односно контролори физички нападнале патник, не

соодветствуваат со вистината. Тоа го докажуваат исказите на инволвираните страни во

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје, а извесно е дека тоа ќе се докаже и по целосно

расветлување на случаите од страна на МВР, велат од ЈСП и додаваат:

„Ви укажуваме дека во случајот од 14.02.2019 година во кој патник пријавил дека

на линија 19 бил физички нападнат од страна на контролори бидејќи не поседувал билет,

93 http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/ZRO%20Precisten%2074-15.pdf (пристапено: 22.06.2019 г.)

Page 77: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

66

контролорите воопшто не примениле сила. Напротив, патникот давал отпор и физички се

обидел да посегне по контролорите, но во меѓувреме, стигнала екипа на МВР и го презела

случајот. Во случајот од 7.02.2019 година во кој патник пријавил дека бил физички нападнат

од возач на линија 33, не станува збор за напад, ниту, пак, возачот применил сила. Имало

вербална расправија. Патникот кој го пријавил случајот бил во алкохолизирана состојба и

возачот заради безбедноста на другите патници во автобусот, го отстранил, односно го

симнал патникот од автобусот, по што тој пријавил физички напад од страна на возачот.

Како што изјавиле од ЈСП Скопје, посочените примери се само дел од повеќето за кои

јавноста не е транспарентно информирана и без да се согледаат двете страни во настанатата

непријатна ситуација“.94

Мошне значајни се одговорите на прашањето од анкетата, поставено на

испитаниците вработени во ЈСП Скопје, кое гласи “Дали според Вас персоналот (возачи и

контролори) во јавниот градски превоз професионално си ја вршат својата работа?” бидејќи

тие со своите работни позиции се препознатливи и видливи служби во јавниот живот во

општеството. Тие како даватели на услуги, треба да овозможат квалитетен, професионален

однос со граѓаните корисници на транспортните услуги, соработка и задоволување на

нивните желби на патување во рамките на законските одредби за превоз на патници. Имено,

(20 %) од испитаниците одговориле дека персоналот недоволно професионално си ја врши

својата работа, (27,5 %) одговориле дека персоналот можеби професионално си ја врши

својата работа, додека (52,5 %) одговориле позитивно, односно најголем процент од

испитаниците сметаат дека персоналот професионално си ја врши својата работа.

Поголемиот дел од испитаниците вработени во ЈСП Скопје, посочија дека на

нововработените возачи, покрај обуката за управување со двокатните возила, потребна им

е дополнителна едукација за запознавање со линиите, местоположбата на постојките, за

односот и однесувањето кон патниците корисници на јавниот превоз.

94 https://netpress.com.mk/jsp-skopje-se-oglasi-po-nizata-incidenti-vo-avtobusite/ (пристапено: 08.04.2019 г.)

Page 78: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

67

Графикон 5: Прашање за персоналот: “Дали според Вас персоналот (возачи и контролори)

во јавниот градски превоз професионално си ја вршат својата работа?”

Исто така, испитаниците граѓани на прашањето: “Дали персоналот (возачи и

контролори) во јавниот градски превоз професионално си ја вршат својата работа?”,

позитивно одговориле (38,5 %), можеби ја вршат одговориле (24,9 %), додека, недоволно

си ја вршат одговориле (25,4 %) и негативно одговориле (11,2 %) од испитаните граѓани.

Од добиените резултати, може да заклучиме дека мал број на граѓани (38,5 %), кои се

корисници на јавниот градски превоз се задоволни од персоналот (возачи и контролори) во

јавниот градски превоз додека професионално си ја вршат својата работа. Анализата

прикажува за потребата, претпријатијата кои се задолжени за вршење јавен превоз на

патници да организираат соодветни обуки на своите вработени (сертификати) за ефективно

и ефикасно справување со постојаните предизвици со кои се соочуваат, за подобро

запознавање со кодексот на однесување во јавниот градски превоз, за подобрување на

вербалната комуникација со граѓаните. Покрај тоа, има потреба од постојано контролирање

и повторување на обуките во согласност со новонастанати потреби.

21

11

8

0 00

5

10

15

20

25

(1)Да (2)Можеби (3)Недоволно (4)Не (5)Друго

Дали според Вас персоналот (возачи и контролори) во јавниот градски

превоз професионално си ја вршат својата работа?

Page 79: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

68

Графикон 6: Прашање за граѓаните: “Дали според Вас персоналот (возачи и контролори) во

јавниот градски превоз професионално си ја вршат својата работа?”

Во текот на својата работа персоналот (возачи и контролори) во јавниот градски

превоз се во непосреден контакт со граѓаните корисници на транспортните услуги.

Секојдневно се сретнуваат со предизвици и ризици по безбедноста на сите даватели и

корисници на јавниот градски превоз, а притоа треба соодветно да одговорат на истите.

Додека на прашањето: “Дали според Вас на персоналот (возачи и контролори) во јавниот

градски превоз им се потребни дополнителни обуки/едукација за вршење на својата

работа?”, мал е процентот на оние испитаници од вработените кои одговориле со “не знам”

(2,5 %), додека од нив (10 %) одговориле дека не им се потребни дополнителни

обуки/едукација, малку повеќе од испитаниците (27,5 %) одговориле со “можеби” се

потребни, но, речиси мнозинство од испитаниците (57,5 %) одговориле дека на персоналот

(возачи и контролори) во јавниот градски превоз им се потребни дополнителни

обуки/едукација за вршење на својата работа. Бидејќи ова прашање беше поставено на

персоналот (возачи и контролори) (75 %) од испитаниците, позитивно одговориле (57,5 %),

што значи дека мнозинството се согласуваат да посетуваат дополнителни обуки/едукација,

со цел, подобро да си ја вршат својата работа, во рамките на законските овластувања, за да

се справат со сите предизвици и ризици во јавниот градски превоз. Претпријатието ЈСП

Скопје, би можело да се заложи за подвижните рампи, кои се од особена корист за посебната

категорија на граѓани, да овозможи нивно постојано функционирање, да ги едуцира

возачите да ги употребуваат, за да може јавниот превоз да биде достапен до сите граѓани

кои сакаат и се во можност да користат јавен градски превоз. Често граѓаните имаат

79

51 52

23

0

20

40

60

80

100

(1)Да (2)Можеби (3)Недоволно (4)Не

Дали според Вас персоналот (возачи и контролори) во јавниот градски

превоз професионално си ја вршат својата работа?

Page 80: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

69

одредени прашања при користење на јавниот превоз: која линија да ја користат за да

пристигнат на својата крајна дестинација, каде би можеле да купат билет, дали еден

електронски билет може да го користат повеќе лица, дали може со еден телефонски апарат

да се наплатат повеќе билети, на која постојка да се симнат од автобусот, за да пристигнат

на одредено место и сл. Затоа, возачите би требало да бидат запознаени со податоци и

информации поврзани со јавниот градски превоз, за да можат на патниците на кои им се

потребни одредени насоки и имаат одредени прашања, соодветно да им договорат.

Граѓаните во однос на работењето на персоналот (возачи и контролори) во јавниот

градски превоз, на прашањето: “Дали според Вас на персоналот (возачи и контролори) во

јавниот градски превоз им се потребни дополнителни обуки/едукација за вршење на својата

работа?”, (54,1 %) одговориле позитивно, дека им се потребни дополнителни обуки, додека

(36,1 %) одговориле дека можеби им се потребни дополнителни обуки, мал број на

испитаници околу (10 %) одговориле со “незнам”, “не” или “друго”. Одговорите на најголем

дел од испитаниците кореспондираат со одговорите на вработените, според кои на

персоналот (возачи и контролори) им се потребни дополнителни обуки и едукација за

вршење на својата работа. Оттука, покрај редовната обука за управување со автобус или

употребата на читачот на билети, за персоналот (возачите и контролорите) е потребно да се

врши и дополнителна обука за подобрување на вербалната комуникација со граѓаните, за

примена на одредени ситуациони решенија, како да се справат со загрозувачки, тензични

ситуации и однесувања и слично. Би можело да се изнајде начин за подобра соработка и

побрза реакција на полицијата, со што би се подобрила перцепцијата на граѓаните дека

имаат услужлив, сигурен и безбеден јавен градски превоз.

Испитаниците вработени во ЈСП Скопје на прашањето: “Дали според Вас

корисниците на јавниот градски превоз се соодветно едуцирани за кодексот на однесување

во јавниот градски превоз?” само (7,5 %) одговориле позитивно, односно дека корисниците

се соодветно едуцирани, потоа (20 %) од испитаниците одговориле дека корисниците

“можеби” се соодветно едуцирани, околу 1/3 односно (32,5 %) одговориле дека

корисниците се “недоволно” соодветно едуцирани, додека помалку од половината од

испитаниците (40 %) одговориле дека корисниците на јавниот градски превоз не се

соодветно едуцирани за кодексот на однесување во јавниот градски превоз. Процентот на

Page 81: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

70

одговорите “недоволно” и “не” е индикатор дека корисниците на јавниот градски превоз

немаат доволно развиена културна, општествена и колективна свест за своето однесување

во јавниот градски превоз со кој се превезуваат голем број на граѓани. Според прикажаните

резултати, несомнено на граѓаните им се потребни дополнителни информации за културно

однесување во јавниот превоз. Претпријатијата даватели на услуги во јавниот градски

превоз, би требало да ги идентификува нивните специфични потреби и врз основа на

резултатите да предложат алатки и дополнителни обуки насочени кон подобрување на

однесувањата во јавниот градски превоз, во соработка со Градот Скопје, МВР, медиумите

и други институции. Претпријатието ЈСП Скопје, би можеле со поинтензивни аудио пораки,

текстуални пораки на внатрешните дисплеи, со информативни плакати во внатрешноста на

автобусот, да ги информира, односно едуцира граѓаните корисници за кодексот на

однесување во јавниот превоз.

Исто така, на истото прашање “Дали според Вас корисниците на јавниот градски

превоз се соодветно едуцирани за кодексот на однесување во јавниот градски превоз?” од

испитаните граѓани (45,4 %) одговориле дека корисниците недоволно се едуцирани, додека

(26,3 %) дека воопшто не се едуцирани. Мал дел од нив (11,2 %) одговориле дека

корисниците се едуцирани, а (17,1 %) дека се можеби едуцирани. Според одговорите

можеме да заклучиме дека поголемиот дел од испитаниците (71,7 %), се незадоволни од

однесувањето на корисниците на јавниот градски превоз, односно дека се недоволно или

воопшто не се едуцирани. Со дополнителни активности и решенија, би можело да се

овозможи кодексот на однесување во јавниот градски превоз да биде подостапен на

граѓаните, со дел да можат да се едуцираат и соодветно однесуваат при користење на

јавниот градски превоз. Претпријатијата би можеле, со кратки едукативни аудио пораки, со

едукативни информативни плакати поставени во возилата, едукативни флаери поделени на

граѓаните или поставени на седиштата во автобусите, да придонесат корисниците да се

запознаат со кодексот на однесување. На автобуските постојки, на застаклените површини,

би можело да се постават информативни табли со едукативна содржина за кодексот на

однесување. Училиштата, медиумите и др. институции би можеле да се вклучат во

едукација на учениците, возрасните и др. корисници за соодветно однесување во автобусите

и на постојките, како дел од јавниот градски превоз.

Page 82: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

71

1.4. Компаративни искуства/решенија

Во САД, службите за спроведување на законот, во повеќето полициски оддели имаат

посебни единици за постапување со малолетници и со банди, поради зголемената потреба

да се справат со деликвентните однесувања, во училиштата, во јавниот градски превоз, во

спортските центри, односно на сите јавни места каде се нарушува јавниот ред и мир.95

Безбедноста и справувањето со деликвентните однесувања во јавниот градски превоз

во В.Британија е организирана на следниов начин: Локалната полиција се справува со

прекршоците на јавниот ред во автобусите и такси услугите. Британската транспортна

полиција (БТП) се справува со нарушувањата во железницата и со одредени трамвајски

услуги. БТП, која е организирана на национално ниво во седум региони, обезбедува

полициски услуги на националната железничка мрежа, на лондонскиот подземен систем, на

т.н. Докленд лесната железница, Мидленд метро трамвајски систем, Кројдон Трамлинк и

подземна железница во Глазгов. Локалната полиција и БТП имаат службеници со целосни

овластувања и службеници за поддршка со помали овластувања. Локалната полиција, исто

така, има волонтерски работници како посебни полицајци/позорникари кои можат да се

користат за контрола на јавното нарушување. БТП, локалните полициски службеници за

поддршка на заедниците (PCSOs) и локалните полициски специјални позорникари

овозможуваат зголемено присуство на полицијата. Нивните овластувања се разликуваат.

Акредитираните лица во персоналот на транспортните и приватните безбедносни

компании, исто така, имаат ограничени овластувања во полицијата. Целосната полиција и

специјалните позорникари имаат моќ на апсење и истрага и можат да презентираат докази

во судот. БТП и локалните ПЦСО (PCSOs) можат да ги задржат сторителите до 30 минути

додека полицискиот службеник не пристигне или може да ги придружува во полициска

станица доколку сторителите се согласат. ПЦСО (PCSOs) може да ги отстрани забранети

производи како алкохол, психотропни супстанции и цигари. Тие, исто така, можат да

95 Томсон, В. и Бинам. Џ., (2014), Малолетничка деликвенција, Скопје, Арс Ламина-публикации

Page 83: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

72

издаваат парични казни под одредени околности, имајќи можност за увид на идентитетот и

адресите на сторителите и да ги фотографираат.96

Во Белгија, наспроти класичното вклучување на полицијата во обезбедување на

безбедноста во јавниот превоз има и соработка со приватна компанија за управување со

безбедноста. Четирите големи белгиски Оператори за јавен транспорт (PTOs-Public

Transport Operators) имаат сопствена служба за внатрешна безбедност која соработува со

локалните агенции за спроведување на законот. Националната железничка компанија во

Белгија (SNCB / NMBS), исто така има безбедносната служба наречена "Securail".

Кампањата под мотото "Загриженост за безбедноста на сите", преставена преку серија

смешни плакати, овозможува да ги охрабри патниците да контактираат со безбедносните

агенти "Securail" или да направат телефонски повик на специјалниот број на SNCB / NMBS

секогаш кога ќе забележат сомнителна ситуација (џебни крадци, насилни луѓе, цртачи на

графити и сл.) или кога се чувствуваат загрозени. Повикот кон специјалниот број е

бесплатен и достапен 24 часа дневно, 7 дена / неделно. СОЦ ("Оперативен центар за

безбедност") е задолжен за одговарање на сите "панични" повици. Тоа е разузнавачка

служба отворена 24 часа на ден, каде што се обработуваат сите повици кон 0800 и

внатрешни повици (3 400 во првата половина на 2009 година, повеќе од 180 на ден), а исто

така и сликите произведени од камери кои покриваат дел од "големите" станици и

железнички депоа. Имаат систем поврзан со 1729 CCTV- камери за следење што еверојатно

најголемата мрежа на постојан мониторинг на земјата. Таа ги евидентира, особено, сите

влезови и излези од поголемите станици низ целата земја. Два тима работат паралелно и

континуирано, 24 часа дневно, 7 дена / неделно, еден одговара на различни повици, а

другиот служи за следење, скенирање и декриптирање на речиси 1729 слики достапни во

секое време. Безбедносната служба "Securail" на железниците е првата безбедносна служба

дозволена во секторот за јавен транспорт и таа тесно соработува со полицијата во корист на

безбедноста на патниците и вработените во железничките станици и возови. За да ја

исполнат оваа мисија, вработените во "Securail" сè повеќе користат технички средства, како

96 Anti-social behavior on public transport: safety measures, (2012) Department for Transport,

https://www.gov.uk/guidance/anti-social-behaviour-on-public-transport-safety-measures, (пристапено

25.12.2018г.)

Page 84: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

73

што е широката мрежа на CCTV - камери за следење инсталирани на станиците.97 Во 2011

година, снимките од видео надзорот биле побарани 4054 пати, за повторно разгледување, а

во (79 %) од случаите, делото е снимено на камерите.98

Во Србија, во градот Ниш, јавното комунално претпријатие Дирекцијата за јавен

превоз, во своите извештаи, потенцираат дека контролата на патниците и возниот персонал

преставуваат една од основните активности на претпријатието, со цел продажбата на сите

видови билети да се одржи на исто или да биде на повисоко ниво во однос на претходната

година. При вршењето на контрола се практикува соработка со комуналната полиција, која

овозможува асистенција кога е потребно легитимирање на патниците без билети. При

контролата редовно се користеле две службени возила, како би се обезбедила поголема

мобилност на екипата контролори.99 Податоците покажуваат дека во споредба со 2015

година бројот на извршени контроли во 2016 година е зголемен за (8 %) или за 7, 463

контроли, додека бројот на издадени опомени е намален за (16 %) или за 2,849 опомени,

исто така и бројот на издадени доплатни билети е намален за (9,5 %) или за 134 доплатни

билети.

1.5. Справување со деликвентните однесувања во јавниот градски превоз во

Скопје (резултати од истражувањето)

За да се согледаат перцепциите на граѓаните и вработените за деликветните

однесувања во јавниот градски превоз направени се две анкети, една со граѓаните

корисници на јавниот превоз во Скопје, другата со вработени лица од ЈСП Скопје, кои се

дел од јавниот градски превоз на граѓаните. Во текот на истражувањето за деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз, анкетирани се и 40-на вработени во Јавното

97Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent. 98Belgium.be, Official information and service, https://www.belgium.be/en/mobility/public_transport,

https://www.belgiantrain.be/en/support/customer-service/security, (пристапено: 31.07.2019 г.) 99Извештај о пословању са финансијским извештајем ЈКП Дирекција за јавни превоз града Ниша за 2015 и

2016 годину, (2016 и 2017), Ниш, (пристапено 20.01.2019 г.), http://www.jgpnis.com/wp-content/uploads/2017/02

Page 85: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

74

сообраќајно претпријатие - Скопје, од кои 3 жени, 37 мажи, од нив (5 %) се на возраст од 21

до 35 години, (67,5 %) на возраст од 35 до 54 години и (27,5 %) на возраст над 55 години.

Табела 8: Општи податоци за пол и возраст на испитаниците вработени во ЈСП Скопје

Пол женски машки вк.

Испитаници 3 37 40

% 7.5 % 92.5 % 100 %

Испитаниците, вработените лица од ЈСП Скопје, кои учествуваа во анкетирањето се

анкетирани во работните простории, од нив (75 %) се Македонци, (17,5 %) се Албанци, (2,5

%) Срби, (2,5 %) Власи и (2,5 %) Бошњаци. Според работната позиција од нив (50 %) се

возачи, (25 %) линиски контролори и (25 %) се овластени лица, но со различен степен на

раководно место.

Работното искуство на сегашната позиција на вработените испитаници при

истражувањето покажа дека (70 %) имаат над 5 години работно искуство, (7,5 %) се со над

3 год. но помалку од 5год., (17,5 %) се со над 1 год. но помалку од 3 год. и (5 %) се со

искуство помалку од 1 год., што ни овозможи да добиеме многу важни и искуствени

податоци кои тие ги имале во текот на својата работа.

За ставовите на граѓаните поврзани со деликвентните однесувања во јавниот градски

превоз, за да ги осознаеме нивните мислења, беа анкетирани 205 граѓани, корисници на

јавниот градски превоз, од кои 90 се жени (43,9 %) и 115 мажи (56,1 %), од нив (6,8 %) на

возраст од 15 до 18 години, (19,0 %) на возраст од 19 до 24 години, (19,0 %) на возраст од

25 до 36 години, (22,9 %) од 37 до 48 години, (23,9 %) од 49 до 60 години, додека (8,3 %) на

возраст над 60 години. Граѓаните кои учествуваа во анкетата, најголемиот број од нив се

анкетирани во просториите на ЈСП Скопје, во продажните места за продажба на билети и

центрите за персонализација на билети и тоа: во Бит пазар, Транспортен Центар

(Железничка станица), Зелен пазар, Карпош 2, Шумарски факултет, додека дел од

средношколците беа анкетирани во просториите на училиштето за средно образование,

СУГС „Владо Тасевски“ во Автокоманда. Од вкупно анкетирани граѓани, по националност

(82 %) се Македонци, (11,2 %) се Албанци, (1,5 %) Ромска, додека (5,4 %) се од други

Возраст 21-35 35-54 55+ вк.

Испитаници 2 27 11 40

% 5 % 67.5 % 27.5 % 100 %

Page 86: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

75

националности. Во однос на социјалниот статус, испитаниците се изјасниле дека (68,8 %)

од нив се вработени, (18 %) дека се студенти, (6,8 %) дека се средношколци, (3,9 %) од нив

се пензионери, (2,0 %) дека се невработени.

Табела 9: Општи податоци за национална припадност и социјален статус на испитаниците

граѓани во Скопје

Македонци Албанци Ромска Друго вк.

168 23 3 11 205

82.0% 11.2% 1.5% 5.4% 100%

неопределен вработен невработен средношколец студент пензионер вк.

1 141 4 14 37 8 205

0.5% 68.8% 2.0% 6.8% 18% 3.9% 100%

Граѓаните на прашањето: ”Колку често користите јавен градски превоз?“, повеќе од

половина (58,5 %) одговорија дека секојдневно користат јавен градски превоз, од нив (15,1

%) често користеле, (17,1 %) дека понекогаш користеле, додека само (9,3 %) одговориле

дека ретко користат јавен градски превоз. Од прикажаните резултати може да забележиме

дека поголем број на испитани граѓани (73,6 %) имаат потреба да користат јавен градски

превоз, при реализирање на нивните планирани патувања. Тие одбираат да користат јавен

транспорт особено поради големиот број на линии во мрежата на јавниот градски превоз,

поради тоа, имаат можност со едно или повеќе преседнувања да патуваат до било кој дел

од градот.

Графикон 7: Прашање за граѓаните: “Колку често користите јавен градски превоз?”

120

31 3519

0

50

100

150

секојдневно често понекогаш ретко

Колку често користите јавен градски превоз?

Page 87: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

76

Испитаниците кои се вработени во ЈСП Скопје, на прашањето “Дали ЈСП има

правила/процедури како да се справи со одредени инциденти?” поголем број одговорија

дека претпријатието воопшто нема процедури како да се справи со најголем дел од

деликвентните однесувања. Дел од испитаниците одговорија дека правилата и процедурите

се однесуваат за патниците-неплаќачите на билети и за вработените, односно за патниците

кои не поседуваат возен билет или немаат валидиран возен билет, како непосредна мерка е

изрекувањето на казнен билет од страна на контролорите, со овластување во Закон за превоз

на патници (дополнителен казнен билет), додека на вработените можат да им се изрекуваат

дисциплински мерки.

Повеќето испитаници во непосредните разговори покажаа загриженост, бидејќи,

претпријатието воопшто “нема” правила/процедури како да се справи со одредени

инциденти и казниви однесувања. Бидејќи, дел од нив одговорија дека ЈСП има правила и

процедури, но само за контролата на билети, за казнен и дополнителен казнен билет, во

рамките на правилникот на ЈСП и законските одредби за неплаќачите на билети, останатите

казнени мерки се на другите јавни служби. Повеќето од нив одговорија дека, кога има

инцидент најважна е соработката со полицијата, бидејќи за повеќето деликвентни

однесувања се повикува полиција.

Додека, во однос на прашањето: “Како ЈСП се справува со деликвентните

однесувања во ЈГП?”, испитаниците вработени во ЈСП Скопје, секој во зависност од

нивните искуства со деликвентните однесувања при вршењето на нивната работа,

одговорија дека при позачестени активности на деликвентите се организираат заеднички

акции со полицијата, со линиска и внатрешна контрола, а ако вработените во ЈСП несовесно

се однесуваат се превземаат дисциплински мерки. Во моментот на случување на

деликвентни однесувања, на барање на непосредните учесници (возачи и контролори), се

вклучува полиција, додека други институции и служби многу ретко се вклучуваат во

превенција и справување со деликвентните однесувања. Поголем дел од нив одговорија

дека се справуваат со потешкотии, со помош и асистенција на полиција. За поголемиот дел

на деликвентни однесувања нема начин како да се справат, и затоа се повикува полиција,

која ретко доаѓа. Најчесто, ако патникот е без билет, се пишува казнен билет, а доколку е

поголем инцидент се повикува полиција.

Page 88: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

77

Некои од нив одговорија дека: никако не можат да се справат со деликвентните

однесувања, бидејќи нема законски одредби, односно немаат законски овластувања, поради

тоа ја повикуваат полицијата, внатрешната контрола или возачите реагираат-замолуваат за

смирување на состојбата.

Врз основа на презентираните одговори на испитаниците можеме да заклучиме дека

претпријатијата вклучени во давањето транспортни услуги во јавниот градски превоз

немаат ингеренции, односно овластувања за справување со голем број деликвентни

однесувања, освен доколку се затекне патник без билет, да му се наплати дополнителен

казнен билет од линиските контролори, според Законот за превоз во патниот сообраќај.

Со цел да се откријат кои деликвентни однесувања им се сериозен проблем на

вработените кои се непосредно вклучени во јавниот градски превоз, на прашањето “Во кои

ситуации на деликвентни однесувања повикувате полиција? Колку често?”, еден дел од

испитаниците одговорија дека повикуваат полиција и тоа: при почести тепачки во одреден

регион, при масовно неплаќање билети, многу често при правење штета на ентериерот во

возилата и опремата на автобуските стојалишта. Исто така, многу често се повикува

полиција кога патникот го нарушува јавниот ред и мир и одбива да се легитимира при

утврдување на идентитетот од страна на линиската контрола. Додека, другите одговорија

дека најчесто е поради тепачки, кражби, неплаќање билети, вандализам во/кон автобусите,

доколку е нападнат возачот или доколку во автобусот има тепачка од поголеми размери.

Деликвентните однесувања кои се случуваат во јавниот градски превоз предизвикуваат

психички, физички и материјално-финансиски последици на граѓаните и вработените.

Често, поради повреди или вознемиреност возачот не може да продолжи со работа и

потребно е да се замени со друг возач или да се повика итна помош. Исто така, физичките

оштетувања на автобусите и автобуските постојки, кои подоцна треба дополнително да се

проценат за обештетување предизвикуваат материјално-финансиски последици за

претпријатијата.

На прашањето: “Кои други служби се известуваат за одредени деликвентни

однесувања во ЈГП?”, најчести одговори на дел од испитаниците се дека во зависност од

деликтот, се известуваат ОКЦ, линиска и внатрешна контрола од ЈСП Скопје, и надлежните

служби во училиштата, во локалните општини, и сл.

Page 89: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

78

Одговорите на други испитаници се дека ги известуваат: ОКЦ, линиска, внатрешна

контрола, сектор за правни работи во ЈСП и МВР. Поголемиот дел од испитаниците

одговорија дека ги известуваат: внатрешна контрола, линиска контрола, сменоводителот,

директор на сектор или директор на соодветна база од каде потекнува возачот и ОКЦ.

Според одговорите на испитаниците може да заклучиме дека тие реагираат и според видот

и сериозноста на деликвентните однесувања во јавниот градски превоз. Поради тоа освен

полицијата, задолжително ги известуваат службите од својот сектор каде припаѓаат и

службите задолжени за регулирање (ОКЦ) и безбедност (В.К.) во сообраќајот при ЈСП. Што

значи, дека за секое посериозно деликвентно однесување се запознаени сите раководни

лица (службена хиерархија) во ЈСП Скопје и МВР. Поради тоа, за секое сторено кривично

дело, прекршок, несоодветно однесување, следува понатамошно процесуирање според

актите на претпријатието и законските одредби.

Page 90: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

79

ТЕМА ТРИ

1. Загрозување на безбедноста на граѓаните во јавниот градски

превоз

Јавниот градски превоз како најмасовен транспортен систем има многу позитивни

причини за негово користење: помало загадување на животната средина, патувањето е

побрзо во одредени градови (каде десната лента на коловозот е обезбедена само за

автобусите), поекономично, поради пристапните цени за негово користење, нуди повеќе

можности за наплата и повеќе видови билети, нема потреба од паркинг простор и

дополнителни трошоци кои се неопходни при кристење на сопствен автомобил и сл.

Но, и покрај многубројните бенефити од користењето на јавниот градски превоз,

голем број анкети и истражувања покажуваат релативно високи нивоа на страв од

виктимизација при користење на јавниот градски превоз како најмасовен транспорт на

патници. Анкетите за виктимизација, направени на корисници од Јужна Африка покажале

релативно високи нивоа на страв од виктимизација. Истражување спроведено од Институт

за безбедносни студии во 2003 година покажало дека, и покрај фактот што стапките на

криминал во Јужна Африка се намалиле или се стабилизирале во изминатите пет до седум

години, стравот на јавноста од криминал се зголемил меѓу 1998 и 2003 година. На пример,

студијата покажала дека (58 %) од испитаниците се чувствувале многу небезбедни кога

оделе сами од своите области по темни улици до постојките како дел од јавниот градски

превоз, многу повисок процент од (25 %) регистрирани во 1998 година. Голем број на

студии го истакнале влијанието на криминалот и стравот од криминал врз употребата на

јавниот транспорт во Јужна Африка, што значи дека криминалот влијае на постојните и

потенцијалните корисници на јавниот транспорт на многу начини. На пример, според

студијата во Дурбан (2001), еден од шест испитаници кои користат јавен превоз биле жртви

на криминал. Најчести видови на криминал што ги доживеале се: одземање торби, кражби

од чанти и кражба на накит, но исто така доживеале и посериозни злосторства, како што се

физички напад, прободување и силување. Овие инциденти се случиле на локации кои се

Page 91: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

80

специфично поврзани со јавниот превоз, како што се железничките станици, такси

станиците, автобуските постојки или поголемите станици/постојки каде прават

преседнување во јавниот превоз. Додека друга студија на Министерството за внатрешни

работи на Обединетото Кралство (1996) открила дека во 1990-тите, една од осум жени

анкетирани се изјасниле дека се чувствувале толку несигурни во јавниот транспорт што

избегнуваат да го користат. 100

Луѓето од малцинските етнички заедници и старите лица, имаат повеќе стравови за

нивната лична безбедност, поради тоа почесто седат долу во автобус, каде што возачот е

присутен, воедно и да не се изложуваат на вознемирувачки и недолични однесувања од

младата популација. Една студија во Обединетото Кралство од страна на Одделот за

транспорт посочува дека во текот на 2008-2009 година во автобуската мрежа имало 12

кривични дела на милион патници и 13 кривични дела на милион патници во подземната

мрежа и други надземни служби. Додека друга студија во Лос Анџелес презентира просек

од 1,55 криминални инциденти на 100 патнички патувања. Студијата за патници од 1990-

тите во Англија и Велс од Истон и Смит укажува на тоа дека (5 %) од патниците биле

загрозени од насилство, а (4 %) биле жртви на кражба. Во Викторија, Австралија студијата

на Карр и Рајт во 1990-тите идентификувала 690 кривични дела поврзани со насилство

против лица во јавниот превоз на 300 милиони патнички патувања годишно.101

Поради, деликвентните однесувања кои се случуваат во јавниот превоз, поранливите

членови на општеството кои го користат, може да ги одврати од планираното патување, На

пример, (48 %) од постарите луѓе во Шкотска немаат пристап до автомобил, па затоа

целосно се потпираат на јавниот превоз за да се превезат/патуваат. Но поради криминалот,

многу од нив одбираат да не патуваат. Истражувањето во Велика Британија покажало дека

за (11,5 %) повеќе патувања ќе бидат направени во јавниот превоз доколку патниците

сметаат дека се побезбедни. Во таа насока, презентирале дека (80 %) од испитаниците не го

100 Kruger, К и Landman, К. (2007) Crime and public transport: designing a safer journey, Proceedings of the 26th

Southern African Transport Conference (SATC 2007) 9 - 12 July 2007 ISBN Number: 1-920-01702- 101 Newton, Andrew D. (2014) Crime on Public Transport. In: Encyclopedia of Criminology and Criminal Justice.

Springer, London, pp. 709­720. ISBN 978­1­4614­5689­6

Page 92: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

81

пријавиле последниот инцидент на малтретирање, физички напад или насилство со кое се

соочуваат во јавниот транспорт. 102

Поради грижата за својата безбедност, јавноста придава многу поголемо значење за

проблемот со транспортот. Истражувањето спроведено на почетокот на 2000 година во

четири швајцарски градови на тема: виктимизација, страв од криминал и работата на

полицијата ги имала следниве резултати: во однос на стравот од криминал и чувството на

лична несигурност, испитаниците кои самите биле жртви на криминал не се разликувале од

оние кои не биле жртви. Сепак, оние што знаеле некое лице кое било жртва на криминал

покажале многу повисоки нивоа на страв и вознемиреност, и покрај тоа што тие самите не

биле жртви на криминал.

Направена е анализа и за субјективното чувство на сигурност што ги карактеризира

корисниците на јавниот превоз во Брисел. Поради предизвиците, во денешно време многу

луѓе не се осмелуваат повеќе да користат јавен превоз во одредени времиња поради

зголемено чувство на несигурност. Анкетата ги дала следните резултати: (23,9 %) од

испитаниците не се чувствуваат безбедни во системот за јавен превоз во Брисел, (19,5 %)

од патниците кои живеат надвор од регионот на Брисел понекогаш не се чувствуваат

безбедни (36,55 %) од луѓето што живеат и работат во Брисел повремено не се чувствуваат

безбедни во јавниот превоз, (8,3 %) од сопствениците на приватни автомобили не сакаат да

користат јавен превоз поради чувството на несигурност, (7,4 %) од транзитните корисници

сметаат дека безбедноста треба да се подобри. Чувството на несигурност во јавниот превоз

во Брисел најмногу се должи на присуството на малолетнички банди (просек од 84,4 % од

испитаниците), проследено со преполни станици (41,8 %), валкани станици (24,2 %), лошо

осветлување (23,8 %), недостаток на информации (7,8 %) и други фактори (14,8 %).103

102 Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of

Technology 103Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent.

Page 93: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

82

1.1. Зголемување на чувството на страв

Кога криминалот е присутен во секојдневието на заедницата, а тоа јасно се посочува

од страна на граѓаните, заедницата е должна со сите расположливи средства да се

организира и дејствува. Тоа особено добива на значење, доколку значителен број граѓани

на таа заедница директно или индиректно имаат последици од конкретни деликвентни

однесувања За да се дојде до такво сознание неопходно е да се анализира ставот на

граѓаните за таа појава. Секоја општествена заедница која има сериозен пристап, со примена

на сите можни научни достигнувања, со изготвување на соодветни мерки, решенија,

препораки за превенција и справување со кривичните однесувања, успешно ќе се справи со

предизвиците кои ги носи криминалитетот, односно би придонело до негово намалување.104

Користењето на услугата на јавниот градски превоз и желбите на патувања со

истиот, можат да имаат негативен ефект од криминалот и стравот од криминалот, воедно и

на развојот на градот во целина. Криминалот, девијантните и антисоцијалните однесувања

влијаат, како на ризикот за физичката и психичката безбедност на патниците и персоналот,

така и на финансиските трошоци. Оттука, јавниот транспорт како посебен сегмент, но под

влијание урбаната средина на градот, криминалот и стравот од него треба да се разгледуваат

во целина. Имено, Одделот за животна средина, транспорт и регион (ДЕТР) од Велика

Британија, посочува дека негативните искуства низ кој било дел од патувањето, всушност

можат да влијаат врз стравот за личната безбедност и да ги променат патувањата во јавниот

превоз, до степен до кој патниците може целосно да престанат да го користат јавниот

транспорт.105

Во Извештајот од истражување спроведено од Synovate (компанија за истражување,

овластена од Транспорт за Лондон) се наведуваат перцепциите на возачите на автобуси за

криминалот и анти-социјалното однесување, како и за полициските активности во јавната

безбедност, односно спроведување на законските одредби и казни во јавниот транспорт.

Според резултатите, поголемиот дел од возачите (56 %) се чувствувале многу или прилично

безбедни на автобуските линии. Сепак, еден од пет (22 %) се чувствувал сосема или многу

104 Андреевски, М. (2015), Професијата криминалист-интегритет и прагматичност, Куманово, Ван Гог, Скопје 105Newton, Andrew D. (2014) Crime on Public Transport. In: Encyclopedia of Criminology and Criminal Justice,

Springеr, London, pp. 709­720. ISBN 978­1­4614­5689­6

Page 94: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

83

небезбедно во текот на претходниот месец. Кога правеле споредби со пред две години, една

четвртина од возачите (25 %) рекле дека сега се чувствуваат побезбедни. Сепак, еден од пет

(19 %) се чувствувал помалку безбеден. Повозрасните возачи, (32 %) со над 55 години се

чувствувале помалку безбедни отколку во предходните две години, додека само (18 %) од

возачите под 55-тите години се чувствувале помалку безбедни отколку во предходните две

години. Исто така и (20 %) од возачите кои доживеале инциденти во претходниот месец,

сега се чувствувале понебезбедни, наспроти седум преценти од возачите, кои немале

инцидент претходниот месец, сега се чувствуваат понебезбедни.106

Според полот, во однос на виктимизацијата, одредени студии идентификуваат дека

мажите се почести жртви на криминал во јавниот транспорт од жените, но за жените стравот

од криминал е повисок. Тоа го објаснуваат со заштитните мерки што жените сами ги

преземаат, како што се ,,специфични транспортни практики кои се движат од претпазливост

до одбегнување,,. Жените се почесто жртви на одредени видови на криминал, како што се

кражби и сексуални напади. Меѓународната студија за безбедност на жените во јавниот

превоз исто така истакнува дека жените и девојките се соочуваат со високо ниво на

вознемирување (и физичко и вербално) речиси насекаде кога користат транспортни системи

и се особено ранливи при одење до или од станиците (FIA Foundation, 2016). Извештајот,

исто така, покажал дека нивото на безбедност се намалува кога возилата се пренатрупани.107

Друга студија за антисоцијално однесување на автобуските линии во Даблин, смета дека

стравот на жените од криминал (44 %) е поголем од мажите (19 %) кога чекаат на автобуска

станица, додека на (47 %) од жените и (21 %) од мажите се чувствуваат небезбедно при

одење од автобуската станица до нивната дестинација. Во однос на ризикот од

виктимизација, мажите се проценети дека 2 до 3 пати имаат поголеми шанси да бидат жртви

на физички напад или грабеж, а жените имаат четири пати поголеми шанси да доживеат

сексуален напад. Заканувачкото однесување на поголемите групи на автобуските постојки

е значајно меѓу стравот на патниците при известувањето за криминал (32 %).108

Зголемените нивоа на страв предизвикуваат негативни последици, како за патниците

корисници на јавниот превоз, така и на претпријатијата задолжени за транспортните услуги

106 Report (2009) Crime on bus routes, Transport for London, Mayor of London 107 Исто како 14. 108 Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology

Page 95: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

84

кон граѓаните. Таканаречениот "Циклус на страв" со кој криминалот во јавниот транспорт

доведува до зголемен страв, за возврат резултира со пад на бројот на патници кои користат

јавен превоз. Падот на возењето значи помало обезбедување од други патници и зголемен

ризик, што дополнително ги зголемува негативните последици за јавноста, приходите и

безбедноста (Smith and Clarke, 2004). Кларк (1996) истакнал дека "Стравот од криминал

запира многу луѓе да користат јавен превоз и има сериозно влијание врз приходите". Со

оглед на тоа, перцепциите се многу важни, како што е наведено во Законодавно-правно

собрание на Квинсленд (Австралија): "Перцепцијата на јавноста за криминал е важна

детерминанта на користењето на јавниот превоз на луѓето". Истражувањата, исто така,

препорачуваат дека може да има над (15 %) зголемување на патниците за сите јавни

патувања, доколку голем број мерки, препораки и решенија за превенција, како и за

справување со деликвентни однесувања се успешно спроведени.109

1.2.Стравот од криминал кај корисниците во јавниот градски превоз во Скопје

(резултати од истражувањето)

Своите планирани патувања граѓаните може да ги остварат на повеќе начини, но

сепак, голем број патници одбираат да користат јавен градски превоз, кој е поекономичен,

достапен речиси 20 часа во денот и има голем број на линии кои го поврзуваат целото

градско и приградско подрачје. За многумина можеби, патувањето со јавен превоз, не е

толку пријатно и комотно како патувањето со сопствено возило, но особено важно е да се

истакне дека постојат повеќе реални причини зошто треба да се користи јавен превоз.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата нуди неколку корисни

аргументи и совети зошто треба да се користи јавниот превоз.

Поради безбедноста: според статистичките податоци, бројот на поминати километри

и бројот на пренесени патници, јавниот превоз е најбезбедниот начин за пристигнување до

посакуваната дестинација.

109 Kruger, К и Landman, К. (2007) Crime and public transport: designing a safer journey, Proceedings of the 26th

Southern African Transport Conference (SATC 2007) 9 - 12 July 2007 ISBN Number: 1-920-01702-

Page 96: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

85

Поради сигурноста: јавниот превоз е редовен и загарантиран. Со користење јавен

превоз се елиминираат потенцијалните ризици кои го загрозуваат патувањето: техничка

неисправност на возилото, откажување на возилото на пат итн.

Поради сообраќајниот метеж: гужвите и застојот во сообраќајот значително ќе се

намалат со зголемена употреба на јавниот превоз, а тоа всушност значи безбеден сообраќај

и заштеда на време.110 Поради овие причини, за да го искажат своето мислење за

безбедноста во јавниот градски превоз, граѓаните на прашањето: ”Колку безбедно се

чувствувате при користење на јавниот градски превоз?”, (36,1 %) одговорија дека се

чувствуваат безбедно, од нив (43,9 %) дека се чувствуваат донекаде безбедно, (12,7 %)

одговориле дека се чувствуваат небезбедно, додека (7,3 %) се неопределени. Од

презентираните одговори на граѓаните, само околу една третина од нив се чувствуваат

безбедно. Од добиените резултати може да заклучиме дека поголем број, повеќе од

половина од испитаниците имаат чувство на страв за нивната безбедност. Одговорите на

испитаниците покажуваат дека граѓаните ја перципираат можноста и ризикот да станат

жртви при користење на јавниот превоз и последиците кои може да произлезат од некои

деликвентни однесувања. Поради тоа, би требало да има поголема соработка со граѓаните

и институциите задолжени за безбедноста, за да се направат стратегии, односно решенија

да се зголеми безбедноста и сигурноста на граѓаните, да се намали нивното чувство дека се

ранливи и можни жртви на деликвентно однесување.

Графикон 8: Прашање за граѓаните: ”Колку безбедно се чувствувате при користење на

јавниот градски превоз?”

110 https://rsbsp.org.mk/nekolku-prichini-zoshto-da-koristite-javen-prevoz (пристапено: 25.06.2019 г.)

7490

2615

0

20

40

60

80

100

безбедно донекаде безбедно небезбедно неопределено

Колку безбедно се чувствувате при користење на јавниот градски

превоз?

Page 97: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

86

Јавниот градски превоз им е достапен на граѓаните повеќе од 20 часа во денот

(вклучувајќи ги и ноќните линии). Поради тоа, особено е важно да се увиди во кој период

од денот вработените и граѓаните се чувствуваат загрижени при користење на

транспортните услуги. Во однос на прашањето “Во кој период од денот се чувствувате

загрижени по безбедноста при користење на јавниот градски превоз”, вработените

испитаници како директни учесници во давањето услуги во јавниот градски превоз, (65,9

%) одговориле дека во временскиот период попладне (14-18 часот), се чувствуваат

најзагрижени по безбедноста, додека (15,9 %) од испитаниците одговориле дека од 18 до 22

часот се чувствуваат најзагрижени.

Графикон 9: Прашање за персоналот: ” Во кој период од денот се чувствувате загрижени по

безбедноста при користење на јавниот градски превоз?”

Фактот што околу една третина од испитаниците вработени во ЈСП Скопје се

одлучиле дека периодот од (14-18 часот) од денот се чувствуваат загрижени по безбедноста

при користење во јавниот превоз, всушност се совпаѓа со најфреквентниот дел од денот,

кога најголем дел од патниците, вработените, учениците (средношколци, студенти) ги

напуштат своите работни места, училиштата и се враќаат дома. Притоа, се создава метеж,

патниците по напорниот ден се помалку толерантни, не внимаваат, брзаат така што се

создаваат прилики за грабежи, расправии, турканици и за други деликвентни однесувања.

На истото прашање: “Во кој период од денот се чувствувате загрижени по

безбедноста при користење на јавниот градски превоз?”, најголем процент од испитаните

граѓани (околу 60 %) одговориле дека најчесто се чувствуваат загрижени доцна навечер (22-

14

29

73

0

10

20

30

40

(1)Наутро (2)Напладне (3)Попладне (4)Навечер (5)Доцна навечер

Во кој период од денот се чувствувате загрижени по безбедноста при

користење на јавниот градски превоз?

Page 98: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

87

02 часот) и во периодот од 14 до 18 часот, додека најмалку загрижени се чувствуваат од 10

до 14 часот (само 6,8 % одговориле). Наведените податоци укажуваат дека граѓаните се

чувствуваат загрижени во фрекфентните часови кога има најголем метеж во јавниот градски

превоз, но, половина од нив се чувствуваат загрижени кога се стемнува, односно кога се

намалува бројот на граѓани кои се превезуваат во јавниот превоз. Останатите граѓани кои

го користат, се чувствуваат осамени, а со тоа се зголемува чувството на страв за својата

безбедност.

Графикон 10: Прашање за граѓаните: “Во кој период од денот се чувствувате загрижени по

безбедноста при користење на јавниот градски превоз?”

Со цел да се согледа кои се најкритичните линии кои се небезбедни, испитаниците

вработени беа запрашани “Кои линии според Вас се небезбедни при користење на јавниот

градски превоз?”. Поголем процент од испитаниците одговориле дека линиите со број 2,

65В, 19, 9 и 57 се меѓу најкритичните линии кои се небезбедни при користење на јавниот

градски превоз. Дел од нив одговориле дека тоа се оние линии: со кои се превезуваат

ученици (ученици од мешан етнички состав) или пак линии кои транзитираат во мешани

етнички средини, на оние автобуски линии кои поминуваат покрај училишта за средно

образование, особено 65, 45, 2, 19. Според одговорите на испитаниците, овие линии кои се

наведени во поголем дел од нивната траса сообраќаат низ населби каде живее население со

мешан етнички состав, и каде се лоцирани средни училишта, кои често може да бидат

1

1914

58

49

64

0

10

20

30

40

50

60

70

непределен (1)Наутро (2)Напладне (3)Попладне (4)Навечер (5)Доцна

навечер

Во кој период од денот се чувствувате загрижени по безбедноста при

користење на јавниот градски превоз?

Page 99: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

88

причина за конфликти ситуации. Поради тоа, за да се проценат големината на ризиците,

предизвиците со кои се соочуваат вработените и граѓаните, потребно е да се направат

анализи и истражувања на причините за деликвентните однесувања. Исто така, може да се

искористат извештаите од системот за наплата од ОКЦ за да се согледа колку патници не

плаќаат билет, да се воочи потребата од дополнителни организирани контроли, и од

вклучување на безбедносни служби, со цел да се изнајдат соодветни решенија и мерки за

намалување на овие однесувања. Воедно и одговорите на испитаните граѓани корисници на

јавниот градски превоз, кореспондираат со одговорите на испитаниците вработени во ЈСП

Скопје.

Графикон 11: Прашање за персоналот “ Кои линии според Вас се небезбедни при користење

на јавниот градски превоз?”

Во однос на местото односно постојките (местоположба) во градот, испитаниците

вработени беа прашани “Кои постојки (местоположба) во градот, според Вас се небезбедни

како дел од јавниот градски превоз?”. Како најризични и небезбедни, вработените ги

посочија најфреквентните, темните и неосветлените постојки (местоположби) во градот.

Деликвентни однесувања според одговорите на испитаниците најчесто може да се случат

на најфреквентните постојки: Бит пазар, Рекорд-односно централното градско подрачје,

Зелен пазар, Транспортен Центар (Железничка станица). Исто така и на темните,

неосветлени постојки, како подвозникот во Автокоманда, во близина на Автосообраќајното

училиште за средно образование ,,Боро Петрушевски”), како и на постојките во мешани

26

4

13

1

17

1 1 13 2

7

23

0

5

10

15

20

25

30

2 5 9 12 19 20 24 41 45 50 57 65В

Кои линии соред Вас се небезбедни при користење на јавниот градски

превоз?

Page 100: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

89

етнички средини во населбите: Чаир, Ченто, Јаја паша. Како директни учесници во јавниот

превоз, загрижени за својата и безбедноста на патниците, вработените испитаници

одговорија дека и последните постојки-терминалите, и неосветлените постојки надвор од

населено место се небезбедни места. Исто така, може да потврдиме дека одговорите на

испитаните граѓани корисници на јавниот градски превоз, кореспондираат со одговорите на

испитаниците вработени во ЈСП Скопје, односно дека осамените постојки, постојките со

голема фрекфенција на патници, во мешани етнички средини се небезбедни за користење

како дел од јавниот градски превоз.

Графикон 12: Прашање за персоналот: “Кои постојки (местоположба) во градот, според Вас

се небезбедни како дел од јавниот градски превоз?”

Бидејќи одржувањето на јавниот ред и мир е значајно за безбедноста на граѓаните,

испитаниците вработени во ЈСП Скопје, беа прашани: “Каде ги пријавувате загрижувачките

однесувања кои се случуваат во јавниот градски превоз?” Од нив (52,1 %) одговориле дека

ги пријавуваат во полиција, а (47,9 %) непосредно во ЈСП Скопје. Добиените резултати

потврдуваат дека испитаниците најголемата доверба за справување со деликвентните

однесувања ја имаат во полицијата, потоа во зависност од деликвентните однесувања, тие

ги пријавуваат во своето претпријатие ЈСП Скопје, додека за пријавувањата во Град Скопје

сметаат дека треба да се воспостави институционална соработка помеѓу засегнатите страни

за да се подобри безбедноста во јавниот градски превоз.

0 5 10 15 20 25 30 35

Бит пазар

АСУЦ

Рекорд/Центар

Чаир/згради

Ченто

Зелен пазар

Јаја паша

Тр.Центар

Кои постојки (местоположба) во градот, според Вас се небезбедни како дел

од јавниот градски превоз?

Page 101: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

90

Граѓаните во текот на своите патувања во јавниот градски превоз, се соочуваат со

повеќе деликвентни однесувања, кои треба некаде да се пријават, за да се преземат

соодветни активности и решенија во зависност од настанатата состојба. На прашањето

“Каде ги пријавувате загрижувачките однесувања кои се случуваат во јавниот градски

превоз?”, повеќе од половина (58,5 %) одговориле дека ги пријавуваат во ЈСП Скопје,

додека малку повеќе од една третина (36,6 %) ги пријавуваат во полиција. Иако, повеќето

од граѓаните одговориле дека ги пријавуваат загрижувачките однесувања во ЈСП Скопје,

претпријатието нема законски овластувања да се справи со повеќето од деликвентните

однесувања (освен со патници без билети). Значи, патниците очекуваат ЈСП Скопје како

носител на јавниот градски превоз, да се погрижи во справувањето со загрижувачките

однесувања и да обезбеди сигурност и безбедност на граѓаните. Но, со дополнително

истражување би можело да се увиди кои загрижувачи однесувања ги пријавуваат во

претпријатието.

Графикон 13: Прашање за граѓаните “Каде ги пријавувате загрижувачките однесувања кои

се случуваат во јавниот градски превоз?”

Во претходните одговори, испитаниците вработени во ЈСП Скопје, потврдија дека

кога се соочуваат со деликвентни однесувања во јавниот градски превоз најчесто

повикуваат полиција. Покрај тоа, им поставивме прашање “Како ја оценувате соработката

со полицијата во справување со деликвентните однесувања? Оценете од 5 до 10!”, на кое,

половина од испитаниците од службата за контрола на билети им дадоа оцена “6”, повеќе

7

75

3

120

0

20

40

60

80

100

120

140

Неопределени (1)Полиција (2)Град Скопје (3)ЈСП СКОПЈЕ

Каде ги пријавувате загрижувачките однесувања кои се случуваат во

јавниот градски превоз?

Page 102: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

91

од една третина од одговорните лица им дадоа оцена “8”. Исто така, повеќе од една третина

од испитаните возачи им дадоа оцена “8”.

Графикон 14: Прашање за персоналот “Како ја оценувате соработката со полицијата во

справување со деликвентните однесувања? Оценете од 5 до 10!”

Сепак, вкупната оцена за соработката со полицијата во справување со деликвентните

однесувања од испитаниците е дека само (5 %) од нив ги оцениле со оцена “10”, а (7,5 %)

со оцена “9”. Според одговорите на испитаниците за оценувањето на соработката со

полицијата во справување со деликвентните однесувања во јавниот градски превоз може да

заклучиме дека таа треба да се подобри. Поради специфичноста на јавниот превоз потребна

е побрза и соодветна реакција од полицијата со цел да се намалат и спречат деликвентните

однесувања и целосно да се процесираат казнените мерки за деликвентите.

5

9 9

12

32

0

2

4

6

8

10

12

14

оцена 5 оцена 6 оцена 7 оцена 8 оцена 9 оцена 10

Како ја оценувате соработката со полицијата во справување со

деликвентните однесувања?

Page 103: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

92

ТЕМА ЧЕТИРИ

4. Превентивни политики за спречување на деликвентните однесувања

во јавниот градски превоз

Секое општество се грижи да обезбеди сигурност и безбедност на своите граѓани во

секој сегмент на нивното живеење. Програмите, стратегиите, плановите за општата

безбедност, мора да вклучат и програми за превенција на јавниот транспорт и да се

имплементираат на интегриран начин со оние од градот. Некои студии кои ја истражувале

безбедноста во јавниот транспорт препорачуваат дека секој кој работи или обезбедува јавен

превоз или е безбедносно претпријатие поврзано со овие услуги - треба да ја осигураат

безбедноста на вработените и патниците, да се заштити имотот и опремата од кривично

оштетување. Покрај тоа ќе треба да се справат со стравот од криминал кој може да ја спречи

јавноста да ги користи транспортните услуги. Ако претпријатието е давател на услугата

јавен превоз, тоа има законска должност да ја промовира безбедноста во работата, што

вклучува и примена на соодветни мерки за справување со криминалот и анти-социјалното

однесување. Треба да подготват безбедносни политики и процедури за вработените,

патниците, возилата и работните места, да обезбедат обука на персоналот за да преземе

практични чекори за спречувањето на криминалот и нередот, смирено да се справи со

тешките ситуации, да пријави инциденти и да собира докази. Исто така, треба да се грижат

за вработените кои претрпеле злоупотреба или насилство и совет за вработените од кои

може да се бара да даваат изјави како сведоци на суд.

Треба да се изврши проценка на ризикот за да помогне и да се разберете каде и кога

најверојатно ќе се случат инциденти. Исто така, може да се побара помош од локален

полициски советник за советување како да се превенираат, односно да се намалат

можностите за извршување кривични дела на автобуските станици и терминали. Младите

луѓе кои го нарушуваат јавниот транспорт може да создадат тензии и проблематични

патувања за превозниците и за другите патници. Може да биде тешко да се најде соодветен

одговор на предизвикувачкото однесување кај младите, особено во групи. Нивните

постапки понекогаш може да бидат наместо бурни, анти-социјални, но ова може да доведе

до посериозни акции, како што се малтретирање или кражба.

Page 104: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

93

Постојат голем број решенија за персоналот, кои јавните транспортни оператори

можат да ги користат за да се справат со анти-социјалното однесување. Вработените ќе

треба да добијат потребна обука, овластувања и авторитет за да ги исполнат своите работни

цели и задачи. Во Велика Британија, во рамките на Шемите за акредитација на Заедницата

за безбедност и шемата за акредитација на безбедноста на железниците, полицијата им дава

ограничени полициски овластувања на акредитирани лица во специфични работни услови.

Персоналот на приватни безбедносни фирми, железнички и други транспортни оператори

може да аплицираат за акредитација Сите акредитирани лица добиваат почетна обука и

курсеви за обновување на знаењето од страна на полицијата..111

Исто така, нивото на надзор на инфраструктурата за јавен транспорт влијае врз

криминалот и стравот од криминал, преку формални или неформални контроли. Формална

контрола вклучува присуство на чувари, полиција или камери за надзор во возила или на

станици. Неформалните контроли се однесуваат на присуство на луѓе кои ги

обесхрабруваат потенцијалните престапници и помагаат да се зголеми чувството на

сигурност, иако ова може значително да варира во текот на денот. Истите локации можат

да бидат зафатени за време на брзање, но напуштени ноќе. Неформалните контроли, исто

така, може да се обезбедат со присуство на сопственици на продавници или минувачи.

Надзорот, исто така, зависи од инфраструктурата на транзитната станица, како што се слепи

агли, места за криење или места со ограничена видливост. Студијата во Велика Британија

покажала дека лошо осветлените места го зголемуваат стравот од криминал.112

1.1. Превентивни програми и мерки: примена и резултати во одредени држави

Истражувањето во Шкотска дава препораки за зголемување на безбедноста на

возачите во автобусите со зголемени и подобрени одредби за обука. Според него,

максимизирањето на квалитетот и квантитетот на обуката на возачите на автобуси треба да

влијае врз намалувањето на анти-социјалното однесување, бидејќи повеќето антисоцијални

однесувања што ги доживуваат возачите биле релативно мали ( како што се насилството и

111Anti-social behavior on public transport: safety measures, (2012) Department for Transport,

https://www.gov.uk/guidance/anti-social-behaviour-on-public-transport-safety-measures, (пристапено 25.12.2018г.) 112 Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology

Page 105: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

94

вербалната злоупотреба). Повеќе од една четвртина од возачите потврдиле дека воопшто

немале обука за анти-социјално однесување, додека помалку од половина велеле дека

добиле одредена формална обука. Но, возачите немаат конкретна обука за справување со

конфликти во јавниот превоз, Исто така, вклучувањето на полицијата во обуката би се

сметало како средство за подобрување на односите со возачите.113

Иницијативата “Превентивно користење на видео технологија за поголема

безбедност” (PräViteS - Präventiver Einsatz von Videotechnik für mehr Sicherheit) во Германија

инсталирала камери за надзор во автобуси, а контролната соба ја прима сликата во реално

време кога се случува инцидентот. На тој начин, полицијата добива прецизни информации

во врска со локацијата на инцидентот, овозможувајќи и да интервенира брзо. Во некои

случаи, интервенцијата може да спречи посериозни повреди. Видео надзорот исто така

може да го обесхрабри потенцијалниот сторител да изврши кривично дело. Во овој случај,

камерите се јасно видливи, нагласувајќи ја веројатноста дека ќе бидат фатени, што значи

дека камерите можат да помогнат да се намали стравот од криминал меѓу патниците и

транспортот.114

За безбедноста во дел од јавниот транспорт во Букурешт, Романија се грижат јавни

тела за спроведување на законот, романската жандармерија и Автономна транспортна

компанија Букурешт (РАТБ). Тие иницирале да се спроведе кампања "Цивилизиран

транспорт за европските граѓани". Највисоките кривични дела регистрирани за време на

кампањата биле: носење оружје без дозвола на јавни места, високо ризично поседување

дрога и грабеж. Бројот на грабежи, измама и други кривични дела во јавниот транспорт во

Букурешт паднале за 10 % во 2008 година, откако инсталирале камери на автобусите и

тролејбусите.115 Имено, за подобрување на безбедноста во Романија, според РАТБ во

јануари 2008 година, во автобусите биле инсталирани 260 камери. Сите слики се зачувуваат

и се достапни само за претставниците на полицијата. Овие камери ги снимаат сите

активности што се случуваат во рок од три дена. Претставниците на РАТБ немаат

113 Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology 114 Исто како 14 115 Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent.

Page 106: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

95

овластување да ги гледаат овие записи, што значи дека со помош на полицијата може да се

детектираат забележаните неправилности во превозните средства опремени со камери.116

Исто така, се препорачува на транспортните јазли/терминали да се обезбедат континуирани

можности за пасивен надзор за време на фреквентните часови. На пример, да има одредени

места каде ќе се врши продажба на храна, да има отворени продавници и аптеки кои работат

24 часа, полициски станици, кина и/или ресторани. Сепак, треба да се избегнуваат

продавниците за алкохол.117

По двегодишно испитувања на две приградски линии во јавниот превоз во

Франција, биле одбрани и вградени седишта отпорни на вандализам. Имено, на прекривката

на седиштето била поставена одредена мрежа што го отежнува уништувањето на

седиштето. Во текот на двегодишниот пробен период, таквите заштитени седишта останале

зачувани, иако патниците приговарале дека биле помалку удобни од конвенционалните

седишта. Исто така, иако новите седишта биле поскапи, односно чинеле околу 40 до 50

отсто повеќе од конвенционалните, сепак имало многу повеќе заштеда, поради тоа што не

морало да се троши на поправки или на купување.118

Во Стокхолм, во рамките на проектот “Мирни улици”(Calm Streets) се ангажираат

невработените млади луѓе за да патролираат низ транспортната мрежа. Нивната улога е да

им помогнат на патниците и да ги зголемат чувствата за безбедноста, но не и да ги задржат

патниците кои манифестираат девијантни однесувања. Во Мелбурн, Австралија, локалната

самоуправа вовела категорија службеници за обезбедување за јавен превоз, кои работат

главно во ноќните часови за да осигураат дека луѓето можат безбедно да патуваат.

Полициските статистики покажале (12,9 %) пад на криминалот во и околу јавниот

транспорт за првите осум месеци од 2004 година во споредба со 2003 година.119

Значи, деликвенцијата на јавни места, нападите, вандализмот и неплаќањето на

билети може да се намали преку подобрување на социјалната контрола од страна на

116 Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent. 117 Kruger, К и Landman, К. (2007) Crime and public transport: designing a safer journey, Proceedings of the 26th

Southern African Transport Conference (SATC 2007) 9 - 12 July 2007 ISBN Number: 1-920-01702- 118 Report of the seventy-seventh-round table on transport economics, Pariz, 9th october 1987, Delinquency and

vandalism in public transport, Economic Research Centre 119 Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations, Dublin Institute of Technology

Page 107: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

96

цивилните стражари, регрутирани од невработените, како и преку инсталирање на видео

надзорот во автобусите и на автобуските постојки, Во таа насока, транспортните оператори

во Белгија и Романија усвојуваат низа мерки за спречување на безбедносни инциденти кои

се случуваат на нивните мрежи. Тука спаѓаат едукативни програми за одвраќање на

потенцијалните млади престапници, распоредување на CCTV- камери за следење или

евидентирање на инциденти, обука на персоналот за подобрување на комуникациските

вештини и навремено присуство на компаниите за јавна безбедност на местото на

настанот.120

1.2. Превентивните програми и мерки за спречување на деликвентните однесувања во

јавниот градски превоз во Скопје

Во превентивните програми и мерки, од голема важност е да се вклучат клучните

засегнати страни од самиот почеток во развивање стратегии за превенција. Градот Скопје,

локалната самоуправа, транспортните претпријатија и корисниците на транспортот треба

да бидат застапени во сите иницијативи кои треба да бидат имплементирани. Исто така е

важно преставници од различните етнички заедници да бидат вклучени во процесот на

дизајнирање на статегијата за превенција. Вистинските искуства на заедниците и групите

можат да бидат многу различни. На пример, важно е да се земат предвид ставовите и

искуството на жените, се со цел интервенциите да помогнат, да се спречат несоодветните

однесувања против нив. На пример, за да се превенира сексуалното вознемирување, значна

улога има едукацијата на патниците и на општата популација. Едукативни кампањи, исто

така, може да се спроведат во училиштата кои се клучни партнери. Така, во Монтреал,

транспортна компанија започнала кампања во средните училишта, повикувајќи ги

директорите да ја подигнат свеста на учениците и на нивните родители за важноста од

почитување на стандардите за безбедност во јавниот градски превоз.

Но, транспортните претпријатија не можат сами да делуваат во превенцијата на

деликвентните однесувања и затоа потребно е мултисекторско партнерство. На пример: тие

120 Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent.

Page 108: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

97

не можат да имаат целосна контрола над јавните патишта или на автобуските станици и

постојки и треба тесно да соработуваат со другите клучни сектори. Потребата од таквите

партнерства е фактот што им овозможува на голем број институции и сектори да

воспостават заедничка цел - безбедност на јавниот превоз, при што присуството на

полицијата може да биде неопходно. Од превентивен аспект, во литературата и практиката

е познат и моделот на дизајнирање на средината со цел превенција на криминалот, што исто

така може да се примени и за превенција на криминалот во јавниот градски транспорт. Така,

според Оскар Њуман, кој го развил концептот на бранлив простор, урбаното уредување на

просторот влијае врз криминалните однесувања. Во тој контекст, позицијата на автобуските

станици, а со тоа и на зградите и активностите околу нив, има значително влијание врз

криминалот. На пример, се покажало дека присуството на барови и продавници кои

продаваат алкохол, присуството на трафики, празни згради и спортски објекти во близина

на автобуските станици, имаат тенденција да ги зголемат нивоата на криминал во таа

област. Затоа предлага соодветно да се одржува и уредува просторот околу автобуските

станици. Покрај тоа, Њуман предлага и контрола со природен надзор. Тоа значи присуство

на формални контроли (полиција, приватно обезбедување) или неформални контроли

(минувачи, продавачи, корисници на транспорт и слично) со цел да обезбедат природен

надзор (или заштита).121

1.2.1. Улогата на полицијата

Полицијата се дефинира како сложен, специфичен и динамичен извршен орган на

владата, кој во согласност со законските овластувања е задолжен за одржување на

внатрешната безбедност во општеството, преку легитимна употреба на средства за принуда,

со строга примена на етичко-професионалните принципи во постапувањето и во вршењето

на должностите и одговорностите. Односно, поимот полиција се дефинира како „сложен

систем од професионален тип, кој e организиран за одржување на јавниот ред u поредокот

во општеството u кој за oостварување на тие цели има законски овластувања u потребни

средства, вклучувајќи ги и средствата за принуда“. Главна одлика на современото

121 Preventing crime on urban public transport, http://www.crime-prevention

Page 109: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

98

полициско работење е идејата дека полицијата и граѓаните работат на остварувањето на

заеднички цели - безбедна заедница и сигурен живот на граѓаните. Како предуслов за

добивање на поддршка од јавноста е јавност во полициското работење и негувањето на

комуникацијата и заемното разбирање меѓу полицијата и граѓаните.122

Се препорачува поголема соработка со локалната самоуправа, за да се одржуваат

средби со граѓаните, на кои ќе се овозможи соработка, едукација и советувања. Меѓусебната

комуникација и овозможен едукативен материјал со совети, како да се заштитат, како да се

однесуваат, спречат, забележат и пријават непожелни деликвенти однесувања како во

нивното опкружување, исто така и во јавниот градски превоз, ќе овозможи подобрување на

личната и севкупната безбедност. Со зачестената соработка, предупредувања и кампањи,

исто така ќе се придонесе за зголемување на безбедноста на имотот на граѓаните,

намалување на бројот на кривични и прекршочни дела, секако и зголемување на довербата

и подобра комуникација на граѓаните и полицијата.

Одржаните активности на одделението за превенција при СВР – Скопје на почетокот

на училишната 2017/2018 година, со повеќе активности и реализација на проектот

„Безбедност во училиштата“ е особено значајна за навремена едукација на младите ученици

во девет основни училишта во општините на град Скопје. Биле формирани клубови за

превенција, одржани повеќе работилници на кои биле извршени презентации на различни

теми. Активностите кои СВР - Скопје со поддршка од Општина Кисела Вода, имале за цел

превенција од насилство, наркотични средства, говор на омраза на социјалните мрежи, како

и спречување на други девијантни појави кај младите.123

Поради зачестената соработка на вработените испитаници од ЈСП Скопје со

полицијата, поради деликвентни однесувања во јавниот превоз, на прашањето “Дали

полицијата успешно се справува со пријавениот настан?”, мал број одговориле (2,5 %) со

“никогаш”, (10 %) дека “ретко” се справуваат, потоа (12,5 %) одговориле дека “секогаш” се

справуваат, додека по ист процент (37,5 %) од испитаниците одговориле дека полицијата

“често” и “понекогаш” успешно се справува со пријавениот настан. Од одговорите на

122 Мојановски, Ц., Дујовски, Н., Ѓуровски, М. (2018), Полицијата и јавноста, Факултет за безбедност –

Скопје, Скопје 123Општина Кисела Вода, http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/1823-2018-05-11-12-09-

09, (пристапено: 22.04.2019 г.)

Page 110: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

99

испитаниците може да заклучиме дека тие очекуваат полицијата да биде поактивна во

решавањето на проблемите поврзани со деликвентните однесувања во јавниот градски

превоз, нивната меѓусебна соработка да биде на позадоволително ниво, поголемо присуство

во сите сегменти од транспортната мрежа, со цел намалување и спречување на

деликвентните однесувања, а со тоа подобрување на безбедноста и зголемување на

чувството на безбедност како на вработените, исто така и на граѓаните. За овозможување

најдиректен начин на комуникација, за да се заштити животот и имотот на граѓаните

потребни се посебни телефонски линии за итни случаи на кои граѓаните ќе можат да се јават

и да побараат помош.

1.2.2. Улогата на општината

Општината преку своите организациски единици треба да воспостави транспарентен

и поширок контакт со своите граѓани во секој сегмент на општественото живеење.

Граѓаните имаат различни потреби и интереси и организирајќи се самоиницијативно во

граѓански здруженија, преку месните заедници, јавните дебати и постојаното дружење,

може да предлагаат алтернативи, можни решенија за подобрување на безбедноста,

справување и спречување на деликвентни однесувања и во јавниот градски превоз.

Потребно е навремено информирање на граѓаните за активностите на општината, со

што ќе се овозможи простор за навремени консултации со граѓаните. Тие ќе можат да дадат

повратни информации, коментари и мислења за предложените јавни политики на

општините. Учеството на граѓаните подразбира, активно да учествуваат во изготвувањето,

спроведувањето и евалуирањето на јавните политики, за да ги искажуваат своите мислења,

коментари и ставови преку работилници и јавни средби. Информирањето на граѓаните да

биде транспарентно, преку веб страни, информативни билтени, и контакти со соработници,

со фокус групи, анкети и јавни средби со цел подобрување на условите за живеење,

безбедноста и меѓусебниот соживот.

Заклучните согледувања на истражувањето ”Безбедност во училиштата“, може да се

препорачаат и за безбедноста во јавниот градски превоз, бидејќи само со вклучување на

стручни и компетентни лица, кои ќе бидат ангажирани секојдневно, системски и

Page 111: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

100

континуирано ќе може да се решат сериозните проблеми со деликвентните однесувања во

општеството. Тоа значи дека не е доволно само да се ангажираат агенции за обезбедување

и да се постават камери и други технички средства, бидејќи на тој начин се делува

нецелосно. Треба да се обучи и персоналот за препознавање на безбедносните ризици и за

дејствување во посебните ситуации. Потребно е сите надлежни субјекти да преземат

конкретни мерки и активности на терен што би резултирало со успешна акција и

елиминирање на деликвентните однесувања. За навистина да може да се дејствува врз

намалување на деликвентните однесувања во општеството, потребна е сеопфатна акција во

која ќе се вклучат сите релевантни институции: училиштата, надлежните министерства за

образование, култура, центрите за социјална работа, полицијата, локалната самоуправа,

невладините организации, засегнатите претпријатија за превоз на патници, од кој секој од

овие сегменти, работејќи максимално во својот домен ќе соработува со другите.124

Потребно е превозните средства од ЈГПП да добијат приоритет во однос на

индивидуалните возила, како во центарот на градот, така и по главните сообраќајници во

густо населените градски подрачја. Едно решение е да се воведе забрана за користење на

патнички автомобили во одредени градски подрачја и да се постават пешачки зони и нивно

опслужување со превозните средства од ЈГПП. Градот Скопје да овозможи

субвенционирање-набавка на превозни средства на претпријатијата од ЈГПП, со што ќе се

подобри квалитетот на транспортната услуга, ќе се зголеми мобилноста на населението, а

ќе се намали метежот во возилата. Со организирано делување на јавните претпријатијата,

кои се под надлежност на Град Скопје (ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Градски паркинг“, ЈП

„Улици и патишта“, ЈП „Комунална хигиена“ и др.), на средните училишта и на

општинските сектори (за урбанизам, улично осветлување, основни училишта) ќе се

овозможи уредување и организирање на урбана средина околу и на автобуските постојки.

Примери на добра практика вклучуваат:

- хортикултурно уредување и одржување, кастрење на гранките на грмушките и

дрвјата,

- уредување и одржување на пешачките и велосипедските патеки,

124Батиќ, Д. и соработници, (2011), Безбедност во училиштата: состојби и препораки, истражувачки извештај,

Здружение за безбедносни истражувања и едукација, Скопје, Сити Принт.

Page 112: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

101

- зголемување на бројот на паркинг места и паркиралишта за автомобили,

- зголемување на бројот на улични светилки и постојано одржување ,

- овозможување на 24 часовна активност на најфреквентните автобуски постојки

(аптеки, продавници и сл),

- едукативни работилници и обуки на учениците од основните и средните

училишта за безбедноста во јавниот градски превоз и безбедноста во сообраќајот.

Исто така, во надлежност на Градот Скопје е да ја звозможи редовноста на возилата

на транспортните претпријатија, особено за приватните превозници, во согласност со

одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје.125 Поради непочитување на

редовноста на автобусите се пропуштаат одредени тргнувања на линиите, што

предизвикува револт кај корисниците на јавниот градски превоз. Граѓаните кои се

корисници на транспортните услуги на приватните претпријатија, поради непредвиденото

долго чекање на следниот автобус, својот гнев и револт го искажуваат на останатите возачи

и возила при што се можни вербални расправии и други облици на вандализам. Во таа

смисла, поради нарушувањето на возниот ред, инспекторатот за сообраќај на Град Скопје,

ќе треба дополнително кадровски да се екипира и да пристапи кон спроведување на

казнените мерки, со што превентивно ќе делуваат во намалување на деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз.

1.2.3. Улогата на ЈСП Скопје

За следење, спречување и преземање соодветни мерки на деликвентните однесувања

во јавниот градски превоз, се применува видеонадзорот (CCTV или затворен телевизиски

систем). Конкретно, во возилата на ЈСП Скопје досега се инсталирани педесетина

видеонадзори, на кои може да се прегледа снимениот материја по барање на внатрешна

контрола. Целта е да се набљудува однесувањето на возачите, за да се утврди дали возачите

ги извршуваат своите задачи на професионален начин, да се зголеми сигурноста и

безбедноста на возниот персонал, на линиската контрола, да се откриваат кражби,

насилство меѓу патниците, вандализам, како што е кршење на внатрешноста во возилото,

125 Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, член 100 и прилог број 7.

Page 113: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

102

нарушување на изгледот на возилата и слично. Снимките од видеонадзорот може да

обезбедат докази против сторителите на одредени кривични дела, кои можат да се користат

во понатамошната постапка.

Исто така, информациите за услугите, линиите, цените на билетите и видовите на

билети на граѓаните, се достапни на веб страната на ЈСП и во неговите информативни

центри.

Кодексот за однесување на патниците, кој е достапен на веб страната, ги содржи следните

препораки:

-влегувањето и излегувањето е дозволено само на определени места (автобуските постојки)

исклучиво додека возилото е во мирување,

-патниците може да влезат само низ влезната врата која се наоѓа веднаш до возачот, а излезат

преку останатите две врати, патниците се замолуваат пред да се обидат да се качат во возилото да

им го отстапат местото на оние кои се симнуваат,

-на патниците им се препорачува кога влегуваат или се симнуваат од возилата, да не брзаат

и цврсто да се држат за парапетот/држачите во автобусите за да избегнат губење на рамнотежата,

-патниците, внатре во автобусот треба да се држат за рачките, столбовите и оградите (да

погледнат дали децата кои патуваат со нив го сториле истото), кога влегуваат или се симнуваат од

возилата,

-исто така, патниците се замолуваат да внимаваат на растојанието помеѓу возилото и

тротоарот, и

-ако патуваат со деца кои не се во количка, секогаш да ги држат за рака, да не се потпираат

на вратите и прозорците, бидејќи тоа може да предизвика сериозни повреди.

Препораки за билети:

-сите патници за време на возењето мора да поседуваат исправен билет, кои на барање на

овластено лице мора да го покажат поради контрола,

-контрола се врши од страна на возачите, овластени контролори на ЈСП Скопје и градските

инспектори,

-при влез во возилата, патниците да не забораваат да го валидираат билетот (во претходниот

систем на наплата - да го поништат билетот или да покажат слободната карта),

-потоа како најважно, сите билети мора да бидат поништени/валидирани на почетокот на

секое патување (хартиениот билет треба да се вметне во поништувачот/електронскиот да се

Page 114: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

103

валидира на валидаторот), пред да продолжат задолжително да проверат дали билетот е

поништен/валидиран (непоништен / невалидиран билет се смета за неважечки).

Препораки за однесувањето кон возачите:

-се замолуваат патниците при влегување во возилото да не се задржуваат, да не водат

разговор и не му го одвлекуваат вниманието на возачот: безбедноста на секое патување зависи од

неговата концентрација!

-возачот, овластените контролори на ЈСП Скопје или градските инспектори може да

забранат влез или да побараат напуштање на возилото на секој патник доколку неговото однесување

претставува опасност за редот и дисциплината, ако патникот е видно под дејство на алкохол или

предизвикува штета на возилото и опремата во него.

Исто така, во возилата не е дозволено внесување: личен багаж чии димензии се

поголеми од (100 х 60 х 25) или потешки од 30 кг., оружје, високо запаливи, експлозивни,

отровни и други опасни материи, предмети кои можат да го загрозат животот, здравјето на

патниците и возачкиот персонал, внесување на велосипед, влез со ролери, лизгалки.

На патниците забрането им е попречување на одговорното лице во вршење на својата

работа, задржување во возилото на начин кои попречува при наплата на карти и влез и

излез, оневозможување - отворање и затварање на вратите, како и насилно нивно отворање,

влегување и излегување од возилото додека е во движење, фрлање на отпадоци, оштетување

на возилото, пушење во возилото, консумирање на храна и пијалаци.126

Како заштита од непријатните и вулгарни графити на кои беа изложени застаклените

автобуски постојки, Јавното сообраќајно претпријатие во соработка со рекламната агенција

Маратон (Maraton, bus station advertising), одлучиле, истите да бидат простор каде ќе може

да бидат поставени рекламни постери со пристојна и културна содржина, рекламен простор

погоден за рекламирање на сите производи и услуги, ефикасен начин на рекламирање од

кое сите имаат бенефит, ЈСП Скопје, рекламната агенција и граѓаните.127

Во текот на извршувањето на своите работни обврски испитаниците вработени во

ЈСП Скопје, се во постојан контакт, соработка или конфликт со граѓаните. Така, на

прашањето: “Дали граѓаните се жалат на деликвентни однесувања во ЈСП?”, по (5 %)

126 Кодекс на однесување на патниците, (2010), Скопје, http://www.jsp.com.mk/jspinside.aspx?page=9 127 http://busstation.maraton.com.mk/ (пристапено: 13.06.2019 г.)

Page 115: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

104

одговорија дека “ретко”, односно “секогаш” се жалат, додека големи (40 %), односно (50

%) од испитаниците – вработени во ЈСП одговориле дека “понекогаш”, односно дека

генерално граѓаните се жалат на деликвентни однесувања во ЈСП. Реално е висок процентот

од одговорите на испитаниците, каде посочуваат дека тие се запознаени со жалбите и

незадоволството на граѓаните од деликвентните однесувања во јавниот превоз, што

преставува потреба за поголема соработка на сите институции кои ќе треба и би можеле да

помогнат за поголема безбедност во јавниот превоз.

Графикон 15: Прашање за персоналот “Дали граѓаните се жалат на деликвентни однесувања

во ЈСП?”

Во тој контекст, соочени со секојдневни деликвентните однесувања во јавниот

градски превоз, испитаниците вработени во ЈСП Скопје на прашањето: “Што би требало

да се направи за да јавниот градски превоз биде побезбеден?” одговорија дека треба да се

преземат и спроведат значителни активности и мерки со цел да се обезбеди квалитетен и

безбеден јавен градски превоз. Нивните одговори се всушност препораки или барања да

има :

-синхронизиран настап од страна на сите институции кои имаат удел во давањето на

оваа услуга и оние кои ја регулираат оваа материја, (Град Скопје, ЈСП, МВР, Министерство

за транспорт и врски, Министерство за образование и др.),

-паник тастер во автобусите, кој би бил поврзан со полицијата и нивна побрза

реакција,

-видео надзор во сите автобуси,

2

20

16

20

0

5

10

15

20

25

(1) Секогаш (2) Често (3) Понекогаш (4) Ретко (5) Никогаш

Дали граѓаните се жалат на деликвентни однесувања во ЈСП?

Page 116: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

105

-едукација на граѓаните преку електронските медиуми,

-промени во законските одредби и повисоки санкции за деликвентите,

-поголеми овластувања за линиските контролори од ЈСП,

-повеќе организирани заеднички контроли со ЈСП и МВР,

-зајакнување на линиската контрола, овозможување активно учество на полицијата

при вршење на контрола во автобусите, односно поголемо присуство и асистенција на

полицијата,

-поголема соработка на полицијата со возачите и со одговорните на ЈСП и

-почесто присуство на службени лица од МВР во цивил во возилата на јавниот

градски превоз.

Исто така, се препорачува помладите генерации од помала возраст да се едуцираат

за нивното однесување во јавниот градски превоз, додека службите од МВР, односно

полициските службеници од јавниот ред и мир побрзо да интервенираат на пријавените

деликвентни однесувања.

Page 117: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

106

Заклучни согледувања и препораки

Заклучни согледувања

Јавниот градски превоз е стопанска дејност, која е од посебен општествен интерес,

чија основна цел е задоволување на транспортните потреби и барања на своите корисници.

Патниците како учесници во транспортот, односно корисници на превозните услуги имаат

одредени цели и насоки на патување, поради кои превозниците и Градот Скопје,

максимално го организираат превозот и го прилагодуваат според побарувачката за превоз.

Јавниот градски превоз, како и секое движење, е поврзано со извесен ризик поради

можните конфликтни ситуации и опасности за патниците. Безбедноста на превозот не е

никогаш апсолутна, туку е релативна големина, а зависи од основните фактори во

сообраќајот. Тие се: човекот, возилото, патот и патната околина. Со обезбедување на

оптимални односи во системот на наброените фактори ќе се постигне поголема или помала

безбедност во јавниот градски превоз. Бидејќи, брзото, удобното и безбедното поврзување

на просторно оддалечените поголеми и помали урбани средини и локации на станување, со

местото на работа или трговските и индустриски зони, е многу важна за организацијата на

животот на граѓаните.128

Деликвентните однесувања во јавниот градски превоз, најчесто се резултат на

неодговорно, несовесно и недисциплинирано однесување на одредени патници, при

непореден однос со останатите корисници и носители на јавниот градски превоз. Поради

непостоење, недостапност на соодветни документирани бази на податоци, истражувања и

анализи, се отежнува проучувањето на неодговорните однесувања на деликвентите во

јавниот градски превоз. Од статистичките податоци на одделението за план, анализа и

статистика на ЈСП Скопје и спроведеното истражување, евидентно е дека во јавниот

градски превоз кон персоналот или возилата, речиси секој втор ден има по еден инцидент

(2012 г.-224 инциденти), 2018 г. - 189 инциденти, а повеќе од половина испитаници

чувствуваат загрозеност за својата безбедност, материјалните добра и други вредности.

128 Постолов, Љ., Организација на патниот сообраќај: III година : сообраќајна струка: техничар за патен

сообраќај, 2010, Скопје, Министерство за образование и наука на Република Македонија

Page 118: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

107

Во однос на казнено правната реакција кон прекршителите во јавниот градски

превоз, од статистичките податоци на одделението за план, анализа и статистика на ЈСП

Скопје, може да воочиме дека процентот на вкупни прекршоци варира во набљудуваниот

период, од (3,9 %) во 2017 г., до (14,0 %) во 2013 г. Разликата во процентите на вкупните

прекршоци, може да биде резултат на повеќе причини. Некои од нив се: општествено-

политичкатата состојба или економско-социјалната положба на граѓаните, промената на

системот за наплата на билети, видот на автобусите (контролата и наплатата на билети е

поотежната кај двокатните, отколку кај единечните автобуси), кадровската политика на

претпријатието ЈСП Скопје (вработување-отпуштање на линиски контролори), степенот на

“едукација и обука” и на “културно однесување” на линиските контролори, помалата или

поголемата ангажираност, селективноста при казнување, мотивираноста (наградувањето

или казнувањето, според резултатите од извршената работа) на линиските контролори и сл.

Одделението за техничка поддршка за контролори и одделението за линиска

контрола се особено загрижени од деликвентните однесувања, кои се случуваат на линиите

кои сообраќаат низ населени места со население од мешан етнички состав. Бидејќи, при

контролата на билети, патниците покрај непоседување на билет, често предизвикуваат

вербални и физички инциденти.

Резултатите од истражувањето ни овозможија податоци од персоналот (возачи и

контролори) и корисниците на јавниот превоз. При истражувањето беа анкетирани 205

граѓани и 40 вработени во ЈСП Скопје. Од граѓаните (58,5 %) одговорија дека секојдневно

и (15,1 %) дека често користат јавен градски превоз, со што нивните одговори се значајни

при перципирањето на деликвентните однесувања во јавниот градски превоз. Од

испитаните, повеќе од половина од персоналот (возачи и контролори на билети) се изјаснија

дека професионално си ја вршат својата работа во јавниот градски превоз, додека само една

третина од граѓаните се задоволни од нивната работа. Но, дека на персоналот (возачи и

контролори) во јавниот градски превоз им се потребни дополнителни обуки/едукација за

вршење на својата работа, се согласуваат повеќе од половина испитаници од граѓаните и од

персоналот. Тоа би значело дека персоналот е согласен да посетува едукативни програми и

обуки, за да одговори на сите предизвици и ризици во текот на нивната работа, да одговори

на барањата и потребите на корисниците на јавниот градски превоз, во рамките на нивните

Page 119: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

108

овластувања и работни задачи. Од друга страна, висок процент од испитаните граѓани и

персоналот, се согласни дека корисниците на јавниот градски превоз не се соодветно

едуцирани за кодексот на однесување во јавниот градски превоз. Овие податоци, според

перцепцијата на граѓаните и персоналот, укажуваат на потребата од понатамошни засилени

промотивно-едукативни активности за кодексот на однесување во јавниот градски превоз.

Персоналот (возачи и контролори) се со единствено мислење, кое особено ги

загрижува, дека претпријатието освен за неплаќањето на билети, нема други правила и

процедури како да се справи со одредени инциденти во јавниот градски превоз. Во најголем

дел од деликвентните однесувања се справуваат со потешкотии, и најчесто се бара помош

и асистенција од полиција. Се повикува полиција кога патникот посериозно го нарушува

јавниот ред и мир, кога одбива да се легитимира за утврдување на идентитетот од страна на

линиска контрола, поради тепачки, кражби, неплаќање билети, вандализам во/кон

автобусите, односно кога е загрозен животот на вработените и патниците и кога е загрозен

имотот на патниците, вработените и на претпријатието. Според одговорите на

испитаниците (персоналот), тие реагираат и според видот и сериозноста на деликвентните

однесувања во јавниот градски превоз, поради тоа освен полицијата, задолжително ги

известуваат службите од својот сектор каде припаѓаат и службите задолжени за регулирање

(ОКЦ) и безбедност (В.К.) во сообраќајот при ЈСП.

Покрај многубројните придобивки од користењето на јавниот градски превоз, голем

број анкети и истражувања во Јужна Африка, Велика Британија, Австралија, Белгија и во

др. земји, забележуваат загрозување на безбедноста на граѓаните во јавниот градски превоз.

Резултатите од истражувањето спроведено во Градот Скопје ни овозможи податоци за

чувството на безбедност при користење на транспортните услуги. Од испитаните граѓани,

само (36,1 %) одговориле дека се чувствуваат безбедно, односно одговорите покажуваат

дека повеќе од половина од испитаниците ја перципираат можноста и ризикот да станат

жртви при користење на јавниот превоз и последиците кои може да произлезат од некои

деликвентни однесувања. За период од денот кога се чувствуваат загрижени по безбедноста

при користење на јавниот градски превоз, резултатите покажуваат дека повеќе од половина

граѓани се чувствуваат загрижени во вечерните часови, односно кога се намалува бројот на

патници. На тој начин се намалува т.н. пасивен (или природен) надзор и корисниците се

Page 120: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

109

чувствуваат осамени и помалку безбедни. Од друга страна, испитаниците вработени во ЈСП

Скопје (возачи и контролори) се чувствуваат најзагрижени попладне (14-18 часот), што се

совпаѓа со најфреквентниот дел од денот, кога најголем дел од патниците, вработени,

ученици (средношколци, студенти) ги напуштат своите работни места, училишта и се

враќаат дома. Особено важни се резултатите, кои покажуваат дека поголем процент од

испитаниците одговориле дека линиите со број 2, 65В, 19, 9 и 57 се меѓу најкритичните

линии кои се небезбедни при користење на јавниот градски превоз. Притоа, одговорите на

испитаните граѓани корисници на јавниот градски превоз, се совпаѓаат со одговорите на

испитаниците вработени во ЈСП Скопје, дека линиите кои сообраќаат низ населби каде

живее население со мешан етнички состав, во близина на голем број средни училишта, се

местата кои често може да бидат причина за конфликти ситуации. Исто така, може да

потврдиме дека одговорите на испитаните граѓани корисници на јавниот градски превоз,

кореспондираат со одговорите на испитаниците вработени во ЈСП Скопје, односно дека

осамените постојки, постојките со голема фреквенција на патници, во мешани етнички

средини се небезбедни за користење како дел од јавниот градски превоз.

Вработените во ЈСП Скопје и граѓаните, во јавниот градски превоз се соочуваат со

повеќе деликвентни однесувања, кои треба некаде да се пријават, за да се преземат

соодветни активности и решенија во зависност од настанатата состојба. Резултатите

покажаа дека повеќе од половина од вработените (52,1 %) деликвентни однесувања ги

пријавуваат во полиција, поради нивните овластувања и законските одредби за справување

со овие однесувања. Додека, повеќе од половина (58,5 %) од граѓаните одговориле дека ги

пријавуваат во ЈСП Скопје. Притоа, очекуваат претпријатието да се погрижи во

справувањето со загрижувачките однесувања и да обезбеди сигурност и безбедност на

граѓаните. Според одговорите на испитаниците за оценувањето на соработката со

полицијата во справување со деликвентните однесувања во јавниот градски превоз, само

околу една третина од вработените одговориле дека соработката е за оцена “8”. Тоа

преставува значаен сигнал дека полицијата треба повеќе да соработува со граѓаните, да биде

повеќе присутна во патничкиот превоз, да има поголемо залагање во превентивни мерки и

програми за спречување и справување со деликвентните однесувања во јавниот градски

превоз.

Page 121: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

110

Препораки

За да се овозможи, зголемување на чувството на сигурност, граѓаните и персоналот

да бидат побезбедни и посигурни во јавниот градски превоз, ќе треба да се интензивира

соработката на претпријатијата за јавен градски превоз со градските власти и полицијата.

Тие треба да бидат запознаени со кои предизвици и ризици, се соочуваат претпријатијата за

превоз на патници и корисниците на јавниот градски превоз. Поради тоа, ќе треба да

донесат соодветни одлуки, мерки, решенија, дополнителни законски одредби за јавниот

градски превоз, но со вклученост на повеќе институции, социјални работници, полиција,

судство.129

Голем дел од мерките за одвраќање на криминалот во јавниот превоз не може да се

преземаат изолирано, само од страна на транспортниот оператор, туку во тесна соработка

со други релевантни институции. На пример: соработката со законодавната власт е од

клучно значење за да се обезбеди ефективна законска рамка. Исто така, значајно е

зачестеното полициското присуство, со цел да се преземат активности за да се спречат

криминалците во нивните активности, училиштата и образовните институции во своите

наставни програми да овозможат едуцирање на младите за подигање на свеста за јавниот

транспорт. Една од најважните форми на соработка е вклучувањето на граѓанскиот сектор,

за заедничка конструктивна соработка, да изнајдат решенија за безбедносните прашања и

за прашањата за спречување на криминалот.130

Поради големата важност за безбедноста, претпријатијата кои се одговорни за

реализирање на јавниот превоз, треба да пристапат кон согледување на заедничките

проблеми со кои се соочуваат вработените и патниците при реализирање и користење на

јавниот превоз. Значајно е да се направат соодветни анализи за обемот, динамиката и

просторната распространетост (линии, постојки) на деликвентните однесувања. Исто така

со заедничка соработка со општините, градот и полицијата, со основните и средните

129 Побрзо изрекување на казнени мерки и спроведување на истите, спроведување на начело дека нема

неказнетост за сторените казниви дела 130 130 Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public Transport Sector. A

Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of European Criminology and Criminal Justice

Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid, Univerziteit Gent.

Page 122: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

111

училишта, со социјалните служби и сл., да се подготват и да се применуваат програми и

мерки за превенција и спречување на деликвентните однесувања.

Односно, ЈСП Скопје и други клучни чинители, кои заедно со Секторот за сообраќај

на Град Скопје, би овозможиле изготвување на предлог решенија и мерки за справување со

деликвентните однесувања во јавниот градски превоз, а со нивното аплицирање и постојано

ревидирање, можност за намалување и спречување на прекршочните и кривичните дела во

јавниот градски превоз. Законски решенија во кои деликвентните однесувања во јавниот

градски превоз (јавно место од посебен интерес) ќе се дефинираат како посебна категорија

на кривични и престапнички дела. За кои треба да се предвидат поголеми казнени мерки и

нивно побрзо процесуирање и извршување.

Kако клучни чинители, кои би можеле да земат активно учество се надлежните

министерства, како и други установи, здруженија на граѓани и професионални институции.

Дел од нив се: приватните претпријатија за јавен градски превоз, Републичкиот совет за

безбедност на сообраќајот на патиштата, локалната самоуправа, Центарот за стручно

образование и обука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на

образованието, Техничкиот (сообраќаен) факултет и другите средни и насочени училишта.

На вработениот персонал во ЈСП Скопје (особено на линиските контролори) кој е во

непосреден контакт со граѓаните, исто така, ќе треба да им се овозможи обука за

комуникациски вештини и за справување и решавање на конфликти предизвикани од

деликвентни однесувања. Потребно е да им се овозможи стручно знаење, со кое ќе

овозможат подобра услуга и заштита на граѓаните и материјалните добра во јавниот градски

превоз. Предлог решение може да биде и праксата во Велика Британија, според која посебни

акредитирани лица за работа во јавниот градски превоз добиваат соодветна обука од страна

на полицијата (центар за обука на кадри) со цел да одговорат на предизвиците и ризиците

со кои ќе бидат соочени во текот на работата.

Исто така, други добра практика се Упатствата на автобуските оператори наменети

за возачите кои се објавени на веб-страница за безбедност во транспортот во Викторија,

Австралија (Transport Safety Victoria, https://transportsafety.vic.gov.au/). Бидејќи, возачите

може да се соочат со проблематични или агресивни патници за време на своите должности,

кои може да го одвлечат вниманието и да го вознемират, за нив главен приоритет и

Page 123: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

112

должност кон патниците е да се концентрираат на безбедно возење. Во таа смисла се

наведени повеќе совети за возачите.

• постапувајте со патниците со достоинство и почит во секое време,

• прифаќајте ги разликите во културата, јазикот, религијата, акцентите, полот и

говорот,

• зборувајте јасно и замолете ги патниците да ги повторуваат прашањата ако не сте

сигурни што прашуваат,

• останете мирни, пољубезни и професионални во секое време. Не ги прифаќајте

лично навредите или навредливото зборување. Запомнете, вашиот одговор може да ја

претвори малата ситуација во голем конфликт,

• одржување на самоконтрола. Губењето на трпението влијае врз одлуката на

возачите, ја намалува нивната способност за возење и го зголемува нивниот стрес,

• сочувствувајте со патникот кога е можно.

Имајќи го предвид наведеното, возачите треба да се обидуваат да избегнуваат

конфликти во секое време. Сепак, може да се појават ситуации кои не можат да се

толерираат или игнорираат, како на пример кога има напади или други закани. Во такви

околности, возачот треба да побара помош и од полиција.131

ЈСП Скопје поради заминување на дел од вработените во пензија, поради промена

на работните места или поради престанување на работниот однос, континуирно има потреба

од вработување на нов персонал (возачи и контролори). Токму затоа, новопримениот

персонал е потребн навремено да се подготви и да се запознае со мрежата на линии, со

автобуските постојки, со информациите наменети за граѓаните при користење на јавниот

градски превоз и слично. Притоа, непосредниот, коректен и културен однос со корисниците

на јавниот транспорт може значително да ги намали тензиите и непријатните случувања во

јавниот градски превоз.

Транспортните претпријатија интегрирани во јавниот градски превоз би можеле да

спроведат и технички мерки, снимен текст (аудио или видео) кој постојано ќе се повторува

131 Janet Stanley, (2015). Prevention of Aggression to Bus Drivers, A report for Bus Association Victoria, Stanley

& Co. Pty Ltd.

Page 124: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

113

во автобусите, со едукативна, информативна и предупредувачка содржина. Потребно е

инсталирање на видео камери во сите автобуси, чии снимки би се прегледувале секојдневно,

нивно зачувување во единствена база на податоци, за потреби во истражни постапки и за

потребите на претпријатијата.

За граѓаните, едукативни материјали за кодекс на однесување во јавниот превоз

(плакати, флаери), медиумска покриеност со препораки и информации (за промоција на

позитивна интеракција помеѓу корисниците, за подобрување на меѓуетничките односи, за

да внимаваат на своите ташни, паричници и телефони). Непрекината дистрибуција на

информации до заедницата за важноста на сигурноста и безбедноста во јавниот превоз.

Важноста на комуникацијата за сигурноста и безбедноста во јавниот превоз ќе ја подобри

свеста на заедницата.

Исто така, потребно е дополнување, ревидирање на соодветната социјална и казнена

политика:

- за кражба во автобусите/на автобуските постојки-побрза, односно пократка

кривично-процесна постапка,

-за вандализам кон/во автобусите-надоместување на штета,

-за тепачки во автобусите- повисоки казни и нивно побрзо процесирање,

-за вербални расправии во автобусите-посетување на настава за однесување,

-за неплаќање билети-повисоки казни и нивно побрзо процесирање,

-за пијано однесување во автобусите-детоксикација во соодветни градски простории

и општествено корисна работа,

-за сексуално вознемирување во јавниот градски превоз-соодветни разговори со

соодветни стручни лица од таа област (во зависнст од деликтот-поголеми казни),

-за фрлање предмети-општествено корисна работа, надоместување на штетата,

-едукативни програми за одвраќање на потенцијалните млади престапници и сл.

Значајна е потребата полицијата да биде поактивна во решавањето на проблемите

поврзани со деликвентните однесувања во јавниот градски превоз. Меѓусебната соработка

со персоналот од транспортните претпријатија да биде на позадоволително ниво, односно

да има редовна и континуирана размена на информации, поголемо присуство во сите

сегменти од транспортната мрежа. Со нивната зачестена контрола и тоа секојдневно, ќе се

Page 125: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

114

овозможи подобрување на безбедноста и зголемување на чувството на сигурност и

безбедност како на вработените, исто така и на граѓаните. Потребна е 24 часовна

координирана соработка на полицијата со транспортните претпријатија и ОКЦ, за да се

овозможи побрза интервенција, поради динамичноста на јавниот градски превоз и

сериозноста на деликвентните однесувања во транспортната мрежа, со што ќе се овозможи

намалување и спречување на деликвентните однесувања.

Задолжително интензивирање на соработката на полицијата со образовните

институции (основно и средно образование), вклучување во воспитно-образовни

активности во текот на целата учебна година, делење пригодни летоци и брошури (освен за

сообраќајната култура и за однесувањето во јавниот градски превоз). Соработката би

овозможила намалување на деликвентните однесувања во јавниот градски превоз и

зајакнување на меѓусебното разбирање и почитување на младите.

Поради недостаток на податоци за деликвентните однесувања во јавниот градски

превоз, се јавува потребата за собирање, обработка и анализа на податоците за таквите

однесувањ. Таквите податоци собрани од сите сегменти од транспортната мрежа, се

неопходни и потребни, за соодветно согледување и разбирање на причините кои довеле до

деликвентни однесувања. Со нивното селектирање и документирање ќе се овозможи да се

изгради систем за база на податоци во МВР, кој ќе послужи за креирање на ефикасни мерки,

решенија и стратегии за намалување и спречување на деликвентните однесувања во јавниот

градски превоз.

Анализата на факторите на едно истражување покажала дека најодговорната страна

вклучена во сигурноста и безбедноста е патникот. Тоа значи дека патникот е најважниот

субјект, кого треба да биде информиран, обучен и едуциран. Како најважна страна,

патникот има моќ да го обликува имиџот на јавниот градски превоз. Друг важен човечки

фактор е возачот, кој треба да биде обучен и да има информации за тоа како да управува со

јавниот превоз на сигурен и на безбеден начин. Анализата на факторите, исто така утврдила

дека треба значајно подобрување на квалитетот на моторните возила и на инфраструктурата

за јавен градски превоз. Што се однесува до институционалниот аспект, се предлага

Page 126: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

115

институционална соработка на сите инволвирани страни, како и институти за правна помош

за корисниците на јавниот градски превоз.132

132 Hisashi Kubota, (2005), afety and security improvement in public transportation based on public perception in

developing countries, Department of Civil & Environmental Engineering Graduate School of Science and

Engineering, Saitama University, Saitama, Japan

Page 127: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

116

КОРИСТЕНА БИБЛИОГРАФИЈА

▪ Anti-social behavior on public transport: safety measures, (2012) Department for

Transport, https://www.gov.uk/guidance/anti-social-behaviour-on-public-transport-

safety-measures, (пристапено 25.12.2018г.)

▪ Coxon, S. (2007) Design strategies for the amelioration of antisocial behaviour on public

transport, Faculty of Art & Design, Monash University.

▪ Hisashi Kubota, (2005), SAFETY AND SECURITY IMPROVEMENT IN PUBLIC

TRANSPORTATION BASED ON PUBLIC PERCEPTION IN DEVELOPING

COUNTRIES, Department of Civil & Environmental Engineering Graduate School of

Science and Engineering, Saitama University, Saitama, Japan

▪ Horvat, M. i Cigrovski, B., (2014), Uznemiravanje žena na javnim mjestima – osvrt na

uzroke, oblike i učestalost problema uznemiravanja u Hrvatskoj i svijetu, DOI

10.5673/sip.52.3.4, UDK 316-055.2, Pregledni rad, file:///F:/New%20folder/4_horvat.pdf

▪ ICESI. (2010). Encuesta nacional victimización: México 2010. Retrieved from

www.icesi.org.mx

▪ Janet Stanley, (2015), Prevention of Aggression to Bus Drivers, A report for Bus

Association Victoria, Stanley & Co. Pty Ltd.

▪ Jaramillo, C., Lizárraga, C. & Grindlay, A. L. (2012). Spatial disparity in transport social

needs and public transport provision in Santiago de Cali (Colombia). Journal of Transport

Geography, 24, http://doi.org/10.1016/j.jtrangeo.2012.04.014

▪ Kruger, К и Landman, К. (2007) Crime and public transport: designing a safer journey,

Proceedings of the 26th Southern African Transport Conference (SATC 2007) 9 - 12 July

2007 ISBN Number: 1-920-01702-

▪ Newton, Andrew D. (2014) Crime on Public Transport. In: Encyclopedia of Criminology

and Criminal Justice, Springеr, London, pp. 709­720. ISBN 978­1­4614­5689­6

▪ Paes-Machado, E. &Levenstein, C. (2004). ‘I’m sorry everyone, but this is Brazil’. British

Journal of Criminology, 44(1).

Page 128: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

117

▪ Passenger Research, summary (2013) Anti-social behavior on buses, Independent

national passenger watchdog, https://www.transportfocus.org.uk/research-

publications/publications/antisocial-behaviour-on-buses/ (пристапено 25.12.2018г.).

▪ Petrea Marius Catalin (2010), The Privatization of the Security Function in the Public

Transport Sector. A Comparison between Belgium and Romania, Dissertation, Master of

European Criminology and Criminal Justice Systems, Faculteit Reichtsgeleerdheid,

Univerziteit Gent.

▪ Preventing crime on urban public transport, http://www.crime-prevention

▪ Rajhvajn,L. (2004), Diplomski rad, Povezanost agresivnosti I sociometriskog statusa

srednoskolaca, Sveuciliste u Zagrebu,filozovski fakultet-odsjek za psihologiju,

http://darhiv.ffzg.unizg.hr/id/eprint/164/1/LindaRajhvajn.pdf (пристапено:20.04.2019 г.)

▪ Report (2009) Crime on bus routes, Transport for London, Mayor of London.

▪ Report of the seventy-seventh round table on transport economics, Pariz, 9th october 1987,

Delinquency and vandalism in public transport, Economic Research Centre

▪ Scott, K. (2008) A study of antisocial behavior on Dublin Bus Routes, Dissertations,

Dublin Institute of Technology

▪ Tanasković, B. i Milena Račeta,(2007), Istraživanje seksualnog uznemiravanja u javnom

prevozu u Beogradu, TEMIDA, ISSN: 1450-6637 DOI: 10.2298/TEM0704023T,

file:///F:/New%20folder/Tem0704.pdf

▪ Tom Lamplugh, Т. (2005) Аnti-social behaviour on buses, Scottish Executive Sue

Granville and Diarmid Campbell-Jack George Street Research.

▪ Vidanovic, I. (1991), Metodika socijalnog rada s pojedincem i porodicom opsti deo,

Beograd: Naucna kniga

▪ Андреевски, М. (2015), Професијата криминалист-интегритет и прагматичност,

Куманово, Ван Гог, Скопје

▪ Арнаудовски, Љ. (2007) Криминологија, Скопје, 2-ри август С-Штип

▪ Батиќ, Д. и соработници, (2011), Безбедност во училиштата: состојби и препораки,

истражувачки извештај, Здружение за безбедносни истражувања и едукација,

Скопје, Сити Принт

Page 129: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

118

▪ Валтер, М. (2011) Малолетничка деликвенција: системски преглед, Скопје, Арс

ламина

▪ Василевски, В.(1995), Методика на откривање, докажување, разјаснување и

спречување на насилничко однесување (хулиганство), Факултет за безбедност,

Скопје

▪ Габеров, М., (2017) Феноменологија на семејното насилство, Факултет за правни

науки –Европски Универзитет РМ, https://www.pravdiko.mk/wp-

content/uploads/2017/01/semejno-nasilstvo.pdf (пристапено:16.04.2019 г.)

▪ Димушевска, Е. и Трајановска, Љ., (2017) Студија на опсег на различните форми на

сексуално насилство во Р.Македонија, Скопје, Национална мрежа против насилство

врз жените и семејно насилство – Глас против насилство

▪ Димушевска, Е., (2016) Водич во терминологијата за родово базирано насилство

за новинари и медиумски работници, Скопје, Национална мрежа против

насилство врз жените и семејно насилство ‐ Глас против насилство,

http://www.glasprotivnasilstvo.org.mk/wp-content/uploads/2016/05/vodich-

voterminologija-za-RBN-za-novinari.pdf (пристапено.16.04.2019 г.)

▪ Крстаноски, Н. (2006), Јавен градски патнички превоз, УКЛО, Технички факултет-

Битола, Отсек за сообраќај и транспорт

▪ Крстаноски, Н. (2011), Европски искуства со субвенции во јавниот превоз и

препораки за Скопје, UITP Regional Public Transport Seminar, Macedonia, Скопје

▪ Крстаноски, Н. и Ѓорѓиевски, И., (2014) Анализа на модели на сообраќајни несреќи

на Јавниот превоз во Скопје-случај на ЈСП СКОПЈЕ, Меѓународна конференција за

безбедност на сообраќајот во локалните заедници, Зајечар

▪ Мекваер, М., Морган, Р. и Рајнер, Р. (2010), Оксфордски прирачник за

криминологија, Скопје, Нам прес

▪ Милутиновиќ. М.(1981), Криминологија, Современа администрација, Белград

▪ Мирчева. С. и Чачева.В., Итни мерки за заштита на жртвите на домашно насилство:

Истамбулска конвенција, 1.02 Прегледна научна статија, УДК

343.54/55:[347.919.6:343.98, http://journal.maclc.mk/2013/02.pdf,

(пристапено:17.04.2019 г.)

Page 130: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

119

▪ Мојановски, Ц., Дујовски, Н., Ѓуровски, М. (2018), Полицијата и јавноста, Факултет

за безбедност – Скопје, Скопје

▪ Нанев, Л. и Кошевалиска, О., (2018), Малолетничко казнено право-скрипта,

Универзитет "Гоце Делчев" – Штип, Објавено во е-библиотека: https://e-

lib.ugd.edu.mk, (пристапено 05.04.2019г.)

▪ Николовска,С. (2005) Малолетничкиот криминалитет во Република Македонија,

Скопје, Графотранс

▪ Постолов, Љ., (2010), Организација на патниот сообраќај: III година : сообраќајна

струка: техничар за патен сообраќај, Скопје, Министерство за образование и наука

на Република Македонија

▪ Спасевски, Ј., Аслимовски, П. и Бачановиќ, О., (2006), Педагошка

Социопатологија, Битола, Летра Дизајн

▪ Спасески, Ј., Аслимоски, П. и Бачановиќ, О. (2019), Педагошка Социопатологија,

Педагошки факултет-Битола, Универзитет Св.Климент Охридски-Битола, Битола,

Коста Абраш-Охрид

▪ Стефановска, В. и Гогов, Б. (2015) Улогата на заедницата и на полицијата во

превенцијата на криминалитетот: состојби во градот Скопје, Факултет за

безбедност – Скопје, Скопје, Ван Гог

▪ Сулејманов, З. (2001), Превенција на малолетничка деликвенција, советување.

▪ Тозија, Ф. и Пешевска. Ј. Д., Примена на знаењето во политиките за превенција на

насилството за постигнување на целите за одржлив развој на Р.М.,

http://studiorum.org.mk/evrodijalog/22/pdf/MKD/09_MAK_Tozija.pdf, (пристапено:

17.04.2019г.)

▪ Томсон, В. и Бинам. Џ., (2014), Малолетничка деликвенција, Скопје, Арс Ламина-

публикации

▪ Трајановска, Љ. И Димушевска, Е., (2017), Студија на опсег на различните форми на

сексуално насилство во Р.Македонија, Национална мрежа против насилство врз

жените и семејно насилство – Глас против насилство, Скопје

file:///D:/New%20folder/studija-za-seksualno-nasilstvo-vo-rm-1.pdf (пристапено:

19.07.2019г.)

Page 131: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

120

Законски и подзаконски акти:

▪ Закон за превоз во патниот сообраќај, Консолидиран текст, објавена во „Службен

весник на Република Македонија“,бр.152/2010,

https://ener.gov.mk/files/propisi_files/plan/58_Закон%20за%20превоз%20во%20патни

от%20сообраќај-интерен%20пречи.pdf (пристапено:20.04.2019 г.)

▪ Закон за прекршоци против јавен ред и мир, “Службен весник на РМ” бр.66 од

31.05.2007 г., https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/br%2066-07(1).pdf,

(пристапено:17.04.2019г.)

▪ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК, преземено од www.pravo.org.mk,

https://www.wipo.int/edocs/lexdocs/laws/mk/mk/mk018mk.pdf,

(пристапено:17.04.2019 г.)

Извештаи, документи:

▪ Годишен извештај за работењето на ЈСП СКОПЈЕ за 2017 г, (2018), Скопје

▪ Дневен извештај за валидирани патници, (2019), ОКЦ- ЈСП СКОПЈЕ, Маргенто,

Скопје

▪ Извештај за остварени резултати од работењето на ЈСП СКОПЈЕ за 2008 год., (2009),

Скопје

▪ Извештај о пословању са финансијским извештајем ЈКП Дирекција за јавни превоз

града Ниша за 2015 и 2016 годину, (2016 и 2017), Ниш, (пристапено 20.01.2019 г.),

http://www.jgpnis.com/wp-content/uploads/2017/02

▪ Правилник за работа на службата за контрола на билети, (2013), Архива на ЈСП

Скопје, Скопје

Интернет адреси:

▪ Belgium.be, Official information and service,

https://www.belgium.be/en/mobility/public_transport,

https://www.belgiantrain.be/en/support/customer-service/security, (пристапено:

31.07.2019 г.)

Page 132: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

121

▪ file:///D:/New%20folder/studija-za-seksualno-nasilstvo-vo-rm-1.pdf

▪ file:///D:/Документи/ans-soobtransskl.pdf (пристапено: 22.06.2019 г.)

▪ http://busstation.maraton.com.mk/(пристапено: 13.06.2019 г.)

▪ http://ipserver.skopje.gov.mk/e-

skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9

e0/273d2965297866b3c1257e7e003b064b?OpenDocument (пристапено: 13.06.2019 г.)

▪ http://nemrazi.mk/govorot-na-omraza-eksploziv-za-170-zlostorstva-i-intsidenti-vo-

makedonija/ (пристапено: 05.08.2019 г.)

▪ http://pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/OlgicaDejkoska_bt_fev18.pdf

(пристапено:13.06.2019 г.)

▪ http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/733865/index.html, (пристапено

10.06.2019 г.)

▪ http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/ZRO%20Precisten%2074-15.pdf

(пристапено: 22.06.2019 г.)

▪ http://www.skopje.gov.mk/Uploads/Извештаи/Годишен%20Извештај%202018.pdf

(пристапено: 13.06.2019 г.)

▪ http://www.zlostorstvaodomraza.mk/reports/view/173 (пристапено: 23.04.2019 г.)

▪ http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2015/10/1-ZAKON-ZA-ZASHTITA-OD-PUSHEN-

ETO-36.95.pdf (пристапено: 30.05.2019 г.)

▪ https://balkaninsight.com/2013/05/22/helsinski-makedonija-go-krie-podemot-na-

zlostorstva-od-omraza/?lang=mk (пристапено: 20.04.2019 г.)

▪ https://daily.mk/vesti/privedeni-tri-lica-za-djebni-krazhbi-vo-avtobusi-na-jsp,

(пристапено 28.04.2019 г.)

▪ https://infomax.mk/wp/видеокурир-мк-детали-за-крвавата-тепа/

(пристапено: 25.12.2017 г.)

▪ https://kurir.mk/republika/skopje/patnicite-se-zalat-27-prijavi-za-nedolichno-

odnesuvanje-na-kontrolorite-na-jsp/, (пристапено 25.12.2018 г.).

▪ https://m.kajgana.com/podneseni-28-prijavi-protiv-uchenici-so-ladno-oruzhje-vo-rancite

(пристапено: 18.06.2019 год.)

Page 133: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

122

▪ https://makfax.com.mk/crna-hronika/krivicna-prijava-za-depcija-od-63-ka/,

(пристапено 28.04.2019 г.)

▪ https://netpress.com.mk/jsp-skopje-se-oglasi-po-nizata-incidenti-vo-avtobusite/,

(пристапено: 08.04.2019 г.)

▪ https://netpress.com.mk/video-nasilni-demonstranti-napadnaa-i-avtobus-na-jsp/,

(пристапено 06.04.2019 г.)

▪ https://netpress.com.mk/video-nasilni-demonstranti-napadnaa-i-avtobus-na-jsp/

(пристапено: 06.04.2019 г.)

▪ https://rsbsp.org.mk/nekolku-prichini-zoshto-da-koristite-javen-prevoz

(пристапено: 25.06.2019 г.)

▪ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/2237-krazhbi-za-9-mesetsi-vo-skopje-

najmnogu-se-krade-vo-avtobusite-vo-vtornik-i-petok/ (пристапено: 20.12.2018г)

▪ https://sitel.com.mk/krivichna-prijava-za-skopski-dzhepchija-koj-kradel-vo-

avtobus?page=3(пристапено: 10.06.2019 г.)

▪ https://www.blic.rs/vesti/beograd/horor-prica-iz-beogradskog-saobracaja-ispovest-zene-

vozaca-autobusa-koju-je/4jhp1nq, (пристапено: 08.04.2019г.)

▪ https://www.blic.rs/vesti/beograd/incident-na-liniji-65-dvojica-automobilom-presrela-

autobus-i-tukli-vozaca/wk5p6z7, (пристапено: 08.04.2019г.)

▪ https://www.blic.rs/vesti/beograd/napadnut-vozac-gsp-covek-izasao-iz-automobila-i-

razbio-staklo-autobusa-na-liniji-23/vx35lg2, (пристапено: 08.04.2019г.)

▪ https://www.blic.rs/vesti/beograd/prebijen-vozac-gsp-a-covek-izasao-iz-automobila-kod-

dunav-stanice-i-nokautirao-sofera/t2lk18s, (пристапено: 08.04.2019г.)

▪ https://www.mkd.mk/82856/crna-hronika/novo-nasilstvo-vo-avtobus-na-jsp

(пристапено: 29.04.2019 г.)

▪ https://www.mkd.mk/82856/crna-hronika/novo-nasilstvo-vo-avtobus-na-jsp,

(пристапено: 29.04.2019 г.)

▪ https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-prekrshotsite-protiv-

javniot-red-i-mir-31-05-2007.pdf

▪ Skopjeinfo.mk, Азбуката на градот, црна хроника,

http://www.skopjeinfo.mk/vnimavajte-devojki-od-bugarija-ograbuvaat-patnici-vo-

Page 134: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

123

avtobusite-na-jsp?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk (пристапено:

07.04.2019 г)

▪ Годишни извештаи за работењето на ЈСП СКОПЈЕ (2013, 2014, 2015, 2016, 2017,

2018), Скопје, http://jsp.com.mk/dokumenti.aspx?kat=2

▪ Дневен весник Курир, Македонија, Хроника,

https://kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-avtobus-na-jsp-popladnevo-eve-gi-

detalite/, (пристапено: 04.04.2019 г.)

▪ Дневен весник Курир, Македонија, Хроника,

https://kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-avtobus-na-jsp-popladnevo-eve-gi-

detalite/ (пристапено: 04.04.2019 г.)

▪ Кодекс на однесување на патниците, (2010), Скопје,

http://www.jsp.com.mk/jspinside.aspx?page=9

▪ Општина Кисела Вода, http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-

novosti/1823-2018-05-11-12-09-09, (пристапено: 22.04.2019 г.)

Page 135: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

124

ПРИЛОЗИ

Графикони

Графикон 16: Извршени контроли, поднесени пријави, одземени билети и наплатени

дополнителни билети од службата за контрола на билети

Page 136: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

125

Т а б е л и

Табела 10: Извршени контроли, поднесени пријави, одземени билети и наплатени

дополнителни билети од службата за контрола на билети

Табела 11: Оштетени/скршени застаклени автобуски постојки за 2017 г.

Р.бр. Местоположба Бр. на постојка Во близина на / причина

1 Н.Драчево 146 градинка

2 Чаир 445 огнено оружје

3 Пржино 210 осамено место

4 Волково/Ново село 364 осамено место

5 Драчево 1080 осамено место

6 Бит пазар/Б.Конгрес 552 основно училиште

7 Центар/Водно 705 основно училиште

8 Бит пазар/Б.Конгрес 552 основно училиште

9 Ј.Сандански 18 основно училиште

10 Бит пазар 427 пазар

11 Ѓ.Петров 351 пазар

12 Радишани/мост 521 прометно место

13 Карпош 2 251 прометно место

14 Центар/Рекорд 2 прометно место

15 Центар/Рекорд 2 сообраќајка

16 Драчево 159 сообраќајка

Р. Б. Елементи 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018

1 Извршени контроли 210,909 183,599 159,625 156,230 147,908 156,540 186,209 180,520 172,233 186,344 213,832

2 Поднесени пријави 2,775 2,148 2,746 5,001 5,529 4,900 6,705 11,319 7,289 2,738 6,316

3 Одземени билети 797 1,380 1,790 1,251 1,552 1,352 1,105 1,007 969 2,909 4,402

4Наплатени

дополнителни билети10,995 5,325 4,712 8,437 10,999 15,635 11,828 2,225 1,069 1,644 1,944

Вкупно прекршоци 14,567 8,853 9,248 14,689 18,080 21,887 19,638 14,551 9,327 7,291 12,662

Page 137: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

126

17 Карпош 3 337 средно училиште

18 Карпош 3 338 средно училиште

19 Козле 239 средно училиште

20 Н.Лисиче 62 средно училиште

21 Маџари 570 средно училиште

22 Дисплеј/Олим.Базен 6 средно училиште

23 Драчево/Ж.Станица 155 Терминал

24 Пржино 252 Терминал

25 Н.Лисиче/Хемтекс 364 Терминал

26 Буњаковец 272 трговски центар

27 Карпош 4/Сити молл 283 трговски центар

28 Влае 295 трговски центар

29 Ј.Сандански 17 трговски центар

30 Карпош 1 329 трговски центар

31 Карпош 4/Сити молл 289 трговски центар

32 Дисплеј/Веро Џамбо 9 трговски центар

33 Дисплеј/Сити молл 285 трговски центар

34 Автокоманда/ Континентал 554 Хотел/Факултет

Page 138: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

127

Табела 12: Број на превезени патници во работен ден (понеделник)

Валидации на патници

Ознака:П 202

Датум на креирање: 18.03.2019 14:30:22

Датум од: 04.03.2019 00:01:00 до: 04.03.2019 23:59:59

Тип на картичка Број на валидации Просечен број на валидации

по километар

69 0.12

Мобилен телефон 7,844 2.36

Нема податоци 68 0.10

Неперсонализирани 49,239 13.18

Персонализирани 151,840 37.60

Плаќање во готово 0 0.00

Вкупно 209,060

Табела 13: Број на превезени патници во работен ден (вторник)

Валидации на патници

Ознака:П 202

Датум на креирање: 18.03.2019 14:39:23

Датум од: 05.03.2019 00:01:00 до: 05.03.2019 23:59:59

Тип на картичка Број на валидации Просечен број на валидации

по километар

69 0.12

Мобилен телефон 7,096 2.10

Нема податоци 65 0.10

Неперсонализирани 49,243 12.72

Персонализирани 201,192 48.78

Плаќање во готово 0 0.00

Вкупно 257,665

Page 139: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

128

Табела 14: Евиденција на спроведени дисциплински постапки за возачи и контролори

за 2018/19 год.

Page 140: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

129

Фотографии-од информативен плакат и автобуска постојка со реклама

Слика 1:КОРИСТИ ЈАВЕН ПРЕВОЗ!

Побрзо, поекономично и поеколошки. (Град Скопје, 23 септември 2018 г.)

Слика 2: Рекламирање на автобуски постојки

Page 141: Соња Дамевска - fb.uklo.edu.mk...Public city transport is an important segment of everyday life. Based on a planned and announced timetable, many citizens plan their trips

130

Слика 3: Вандализирана автобуска постојка