Извештај за самоевал-вацијаseeu self-evaluation report 2011-2012 4 1.0...

32
Тетово, Македонија Ноември 2012 Извештај за самоевал- вација 2011- 2012 Овој документ го покрива периодот од 01 септември 2011 до 31 август 2012 година.

Upload: others

Post on 27-Dec-2019

34 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Тетово, Македонија Ноември 2012

Извештај за самоевал-вација

2011-2012

Овој документ го покрива периодот од 01 септември 2011 до 31 август 2012 година.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 2

СОДРЖИНА 1.0 Вовед 3 2.0 Достигнувања 4 3.0 Структура: Факултети и центри 5 3.1 Факултет за бизнис и економија 6 3.2 Факултет за современи науки и технологии 6 3.3 Факултет за јазици, култури и комуникација 7 3.4 Правен факултет 8 3.5 Факултет за јавна администрација и политички науки 9 3.6 Јазичен центар 10 3.7 Центар за е-учење 10 3.8 Институт за животна средина и здравје 11 4.0 Обезбедување квалитет 11 5.0 Предавање и учење 13 5.1 Програми и статус 13 5.2 Упис на студенти 13 5.3 Стапка на преодност на студентите 13 5.4 Стапка на дипломирање 15 5.5 Евалвација на академскиот кадар од студентите 17 5.6 Центар за кариера 18 5.7 Асоцијација на поранешни студенти 19 6.0 Истражување 20 6.1 Меѓународни односи 21 7.0 Претприемништво и развој 22 8.0 Финансирање 22 9.0 Средината на кампусот и услугите 23 9.1 Студентски сервис 23 9.2 Технички капацитети и логистика 24 9.3 Центарот во Скопје 25 9.4 Човечки ресурси 26 9.5 Информациски системи 27

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 3

9.6 Библиотека 29 9.7 Студентска унија 29 9.8 Спорт и рекреација 29 10.0 Заклучок 30

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 4

1.0 Вовед

Овој извештај за самоевалвација го покрива периодот од 1 септември 2011 до 31 август 2012 година. Во текот на овој период Универзитетот ја одбележа десетгодишнината со прослави, издавања, церемонии и со манифестации. Потоа во ноември 2011 Универзитетот беше почестен и доби Орден на заслуги за Македонија, кој на формална церемонија му се додели на ректорот Замир Дика од Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

На рангирањето на Универзитетите во Република Македонија – изведено преку надворешно оценување од Џио Тонг Шангај – Универзитетот на Југоисточна Европа беше рангиран на второ место веднаш по најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во текот на периодот кој е покриен со овој Извештај за самоевалвација, Универзитетот реализираше екстензивна ревизија на студиските програми кои беа акредитирани и преку соодветните процедури за акредитација во државава. Ова значи дека Универзитетот на Југоисточна Европа сега нуди подобрени студиски програми со посебен акцент врз подготвувањето дипломци со посебни вештини во согласност со нивните избрани професии.

Универзитетот продолжува со понуда на додипломски и поседипломски студии во двата главни центри за предавање: главниот Кампус, лоциран во Тетово и Центарот во Скопје. Оваа структура со двојна локација е од помош на студентите кои сакаат да продолжат со академската понуда на Универзитетот на Југоисточна Европа, а го прави УЈИЕ поконкурентен меѓу генералното зголемување на провајдерите на високо образование во Република Македонија.

Универзитетот продолжува со заложбите за интернационализација. Се поголем е бројот на предметите кои се предаваат на англиски јазик иако Универзитетот има за цел и понатаму да го зголеми бројот на предавањата на англиски јазик. Меѓународниот кадар има голем придонес за различноста на академските програми на УЈИЕ и тие ја носат академската експертиза во Тетово од Обединетото Кралство, САД, Ирска, Албанија и од други држави. Студентите од регионов придонесуваат за квалитетен живот и за квалитетно образование на УЈИЕ затоа што имаат различни пристапи и потекла од регионалните соседи и од заедниците од пошироката дијаспора. На УЈИЕ има зголемување и на бројот на локални членови на кадарот кои се здобија со магистратури и докторати надвор од земјава и се вратија со нова експертиза.

Тековната економска криза во светот, комбинирана со отворањето голем број конкурентни институции, значеше намалување на бројот на студенти на додипломски и на последипломски студии на УЈИЕ.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 5

2.0 Достигнувања

Според рангирањето на високообразовните институции од Џио Тонг Шангај, УЈИЕ беше рангиран на второ место во целата држава што претставува значително достигнување за нас и се одразува врз нашата општа доследност за академски квалитет, извонредност во истражувањето, интегриран менаџмент и за добри механизми за обезбедување квалитет.

Универзитетот на Југоисточна Европа исто така доби признание и за регионалното водство во високото образование кога претседателот на Република Македонија му врачи на Универзитетот орден на заслуги за Македонија. Оваа награда вообичаено се дава на постари институции и ова беше првпат високообразовна институција да добие награда само по десет години постоење.

Универзитетот беше почестен и кога премиерот на Албанија, г, Сали Бериша, лично ја прифати Наградата за лидерство, која му ја врачи Институтот за демократија и развој – на формална церемонија во Кампусот во Тетово.

Универзитетот спроведе и процес за екстензивна ревизија и повторна акредитација на студиските програми. Ова се направи за да се обезбеди подобра, професионално-фокусирана настава и да се обезбедат значителни вештини за работа и практично знаење за успешните дипломци. Се подготвија и се акредитираа целосно нови програми како што е програмата Меѓународни комуникации, програма за која нема конкуренција на регионалниот пазар.

Универзитетот исто така изгради еко-објект на македонски кампус со одржливи барања за енергија и со минимално влијание врз животната средина. УЈИЕ продолжува со еколошки политики, како што се канти за рециклирање на хартијата во сите академски и административни објекти и поставување на Кодексот за заштита на животната средина во сите училници и канцеларии на Универзитетот. Со кодексот се поттикнува подигнување на свеста за екологијата преку редуцирање на печатењето, гаснењето на светилките и компјутерите кога не ги користиме и преку поттикнување на повторно употребување/рециклирање/редуцирање на ресурсите.

УЈИЕ продолжи и со успешната соработка со Школата Кели за бизнис од Универзитетот Индијана преку која во 2012 година имавме приближно 70 студенти од Лукноу, Индија кои студира во Тетово. Овие студенти од многу конкурентниот Индиски институт за менаџмент, поминаа девет дена на нашиот Кампус, присуствуваа на предавања од визитинг-професори од Универзитетот во Индијана.

УЈИЕ имаше чест да му додели докторат honoris causa на проф. Мајкл Мек Роби во 2011. Проф. Мек Роби и Универзитетот кој тој го води долго време се поддржувачи и пријатели на нашиот Универзитет, и научниот степен honoris causa заслужено сведочи за неговиот личен интерес за УЈИЕ и за неговата поддршка за колегијални односи во високото образование. Ова доделување и неговото прифаќање имаат за цел да ги продлабочат односите меѓу нашите два универзитета.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 6

Како дел од тековната заложба за квалитет во високото образование, во јуни 2012

година Универзитетот беше домаќин на Националната конференција за квалитет во предавањето и учењето, на која имаше трудови и презентации од кадарот на УЈИЕ и од други високообразовни институции во Република Македонија. Студентите од УЈИЕ и студенти од други високообразовни институции од државава презентираа постери во текот на отворената сесија со што се вклучија на Конференцијата. УЈИЕ продолжува и со процесот за опсервација на наставата, анкетите со студентите и на крајот на годината евалвација од кадарот. Со овие процеси УЈИЕ е во согласност со современите процедури за обезбедување квалитет кои се применуваат во Европската унија и во Соединетите Американски Држави. Понатаму Универзитетот продолжува со традицијата за редовна обука преку организирање на тридневната обука во Крушево кон крајот на август, која во фокусот (меѓу другите предмети) ги имаше усогласување на методологиите за оценување со очекуваните резултати од учењето. Со ова се зајакнува и заедницата на Универзитетот преку можностите за социјални активности и за пријателска интеракција.

Универзитетот продолжува со истакнување на здравјето, добрата физичка состојба и изборите за живеење. Во таа насока за промовирање на спортот и физичката активност да се потсетиме на Олимписките игри кои се одржуваат во Лондон, а Универзитетот беше домаќин на сопствениот „Олимписки ден“ во април 2012 година. Студентите и кадарот можеа да учествуваат на различни активности како што се атлетика, спринт, влечење јаже, трчање во вреќа, велосипедизам и крикет. На победниците награди им врачи заменик-амбасадорот на Британија во Р. Македонија. Се организираа неколку настани за собирање средства, а анонимен донатор даде средства колку што беа собрани, и сите беа донирани за три доброволни цели.

УЈИЕ со гордост може да забележи дека поранешниот проректор за претприемништво и развој – и тековен член на Одборот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети беше избран за полноправен член на Македонската академија на науките и уметностите. Тој таму се приклучи на академикот Алајдин Абази, ректор емеритус на УЈИЕ.

Во вишиот менаџмент на Универзитетот имаше неколку промени. Нов провост е проф. Ендру Гудспид, нов проректор за претприемништво и развој е проф. Мирољуб Шукаров, додека проф. Блерим Река во неговото портфолио на активности сега ги има вклучено и меѓународните односи и тековно е проректор за истражување и за меѓународни односи.

3.0 Структура: факултети и центри

Универзитетот на Југоисточна Европа ја задржува истата академска структура која

ја имаше и во претходните години. Сѐ уште има пет факултети кои се основата на Универзитетот: Факултет за бизнис и економија; Факултет за современи науки и технологии; Факултет за јазици, култури и комуникација; Правен факултет и Факултет за јавна администрација и политички науки. Овие факултети се поддржани од два

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 7

независни центра во рамките на структурата на Универзитетот: Јазичниот центар, кој обезбедува настава за јазиците за студентите и за кадарот и Центарот е-учење кој обезбедува обука и поддршка за компјутери. Покрај тоа, има и Институт за животна средина и за здравје кој обезбедува водство на Универзитетот во областа на екологијата и е одговорен за изнаоѓање еколошки решенија Институтот го предводи реализирањето на Климатскиот акционен план на Универзитетот.

3.1 Факултет за бизнис и економија

Факултетот за бизнис и економија се фокусираше на подобрување на квалитетот,

вклучително и на повторната акредитација на студиските програми од првиот и од вториот циклус на студии со 120 ЕКТС и 60 ЕКТС, и на акредитација на студиските програми од третиот циклус по економија и бизнис администрација. Дескрипторите и резултатите од учењето се подготвуваа на трите јазици и сите нови и повторно акредитирани програми се објавени на веб-страницата на Универзитетот.

Како дел од стратегијата за интернационализација на Универзитетот, се понуди и новата студиска програма – Магистерски студии по бизнис администрација (MБA) која се нуди за првпат на Универзитетов. Оваа програма е единствена во регионов и е наменета особено за средните менаџери со професионално искуство. Оваа програма се нуди во соработка со Школата Кели за бизнис, од Универзитетот во Индијана и е една од главните бизнис-школи во светот. Оваа програма се нуди на англиски јазик. Во првата година на студии предавањата ќе се одржуваат на англиски јазик од локални професори. Втората година на студии ќе предаваат професори од Школата Кели за бизнис. Сите студенти на оваа програма ќе добијат диплома МБА од факултетот за бизнис и економија и сертификат за секој модул кој се нуди од Кели школата за бизнис, Универзитетот во Индијана.

Програмата за сертификат за претприемништво и локален економски развој се одржа на Кампусот на Универзитетот. Во оваа програма учесници беа дваесет и петмина вработени во општините во Тетово и во Гостивар. Оваа програма сѐ уште е во тек.

Во однос на истражувањето и развојот, се зголеми бројот на публикации од кадарот на Факултетот за Б&E и повеќето од кадарот објавуваа во меѓународни журнали со импакт фактор.

Во текот на овој период тројца членови од академскиот кадар на Б&E докторираа и еден од нив е во крајната фаза на истражувањето. Покрај тоа, четворица од кадарот започнаа со обука за вработените во локални и во меѓународни компании.

3.2 Факултет за современи науки и технологии

Факултетот за современи науки и технологии продолжува и понатаму да биде

регионално еден од најдобрите факултети за компјутерски науки. Оваа висока стапка на вработеност е еден од индикаторите кои го поткрепуваат ова.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 8

Факултетот беше домаќин на интензивна летна школа организирана од Факултетот за СНТ заедно со Факултетот за компјутерски науки и инженерство – УКИМ, Скопје.

Факултетот имаше и напредок во понудата на модерни, корисни и применети програми. Факултетот за СНТ започна и со понудата на новите програми од вториот циклус и тие програми сега се активни.

Факултетот за современи науки и технологии понуди и можности за развој на кадарот. Значително, Факултетот работеше и на подобрување на застапеноста на СНТ и на промовирање на модулите и програмите на Факултетот. Ова е во согласност со политиката на Универзитетот за упис и за воспоставување односи со училиштата и надворешните засегнати страни. На крајот, Факултетот започна со процесот за создавање истражувачки групи базирани на предмети и со комплетна ревизија на наставните план-програми.

Со цел да се подобри квалитетот и развојот за стандардизација, СНТ ја усвои

стандардната програма и стандардниот образец за испит. Дополнително, кадарот го зголеми учеството во меѓународните академски конференции и го подобри издавањето во научните журнали.

3.3 Факултет за јазици, култури и комуникација

Во академската 2011-2012 година, Факултетот за јазици, култури и комуникација

напорно работеше за да осигури успешна акредитација на програмите од првиот и од вториот циклус на студии и на почетокот на тековната (2012-13) академска година се нудат новите наставни план-програми на факултетите. Во академската 2011-12 исто така успешно беше реализирана и он-лајн студиската програма од вториот циклус на студии. Седуммина студенти се запишаа на он-лајн програмата за настава по англиски јазик, проект кој ќе продолжи оваа академска година со поголем број студенти. Уписот во вториот циклус во редовните студии е добар, особено на студиската програма по англиски јазик. Сепак, во однос на бројот на студенти, првиот циклус беше стабилен, особено комуникациски науки. За среќа, новата програма Меѓународни комуникации привлече голем број нови студенти во ова академска година (2012-13). Сепак, има загриженост за другите студиски програми од првиот циклус, а особено за англиски јазик.

Квалитетот на предавање и учење е висок на Факултетот. Членовите на Факултетот за ЈКК ја добија наградата за предавање и за учење и наградата за истражувач на годината во јануари 2012 година. Резултатите од опсервацијата се постојано високи и задоволството од студентите е на високо ниво.

Членовите на Факултетот за ЈКК беа вклучени во неколку проекти со кои се зголеми застапеноста на Факултетот за ЈКК и на Универзитетот во заедницата. Практичната работа на студентите по англиски јазик успешно повторно беше институционализирана во локалните средни училишта. Катедрата по англиски јазик организираше работилница за обука во април 2012 на која присуствуваа над 60 професори од средните училишта. Се воспостави и новиот центар за културна интеракција и дијалог,

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 9

а се одржаа и три настани во соработка со УНЕСКО на Кампусот на УЈИЕ. Меѓународната соработка продолжи како силна страна на Катедрата по германски јазик со посети за размена организирани со Универзитет од Централна Швајцарија. Многу од членовите придонесоа и со трудови на Конференцијата за квалитет во јуни на УЈИЕ.

3.4 Правен факултет

Правниот факултет покажа силна заложба во евалвацијата и за подобрувањето на студиските програми и беше во можност да добие официјална акредитација за академската понуда во трите циклуси на студии. Ова беше направено целосно во согласност со Законот за високо образование во РМ, целосно во согласност со пропорционалноста 60-30-10 (задолжителни предмети - изборни - слободни изборни предмети). Овој процес успешно кулминираше со релевантни одлуки од Државниот одбор за акредитација.

Со цел да се понуди најдобар квалитет во предавањата, Факултетот продолжи со својот истакнат кадар, но исто така ангажираше и еминентни професори од регионов за првиот и за вториот циклус на студии. Кадарот беше поттикнат да има висококвалитетно истражување и ова година имаше подобрувања во подготвувањето и во објавувањето научни трудови за локални и странски журнали.

Како дел од тековните заложби на Факултетот за практично и применето учење Правниот факултет ангажираше судии, адвокати, форензичари, обвинители, нотари, претставници од канцелариите на јавниот правобранител, претставници од државната изборна комисија и претставници од општините за да им се обратат на студентите. Повеќето од овие експерти ни помогнаа да бидеме целосно во согласност со правните барања за „клиничка“ настава (настава со надворешни експерти со потврдени достигнувања).

Факултетот организираше и студиска посета со студенти и професори во Германија. Тие таму ги посетија Бундестаг и Бундесрат како и правните факултети во Берлин и во Хамбург и Институтот за компаративно и меѓународно право „Макс Планк“, исто така во Хамбург.

Правниот факултет и понатаму се заложува за успешни односи со студентите и за силен упис на студенти. Од сите од кадарот се бара да држат неделни консултации со студентите кои ги надгледува деканатот. Деканатот формираше и специјален тим за упис на студенти и за маркетинг на Факултетот во училиштата во регионот во Тетово и во Гостивар.

На крајот, Правниот факултет со задоволство забележува дека има генерален успех на бројот на студенти на студиската програма за правни студии и криминалистика, покрај големиот број на конкурентни програми во земјава.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 10

3.5 Факултет за јавна администрација и политички науки

Факултетот за јавна администрација и политички науки продолжува со ревизијата

на студиските програми во согласност со промените на пазарот на трудот. Факултетот е особено заинтересиран за промовирање на новите студиски програми кои ќе се понудат во соработка со другите универзитети. Во согласност со тоа, Факултетот тековно нуди додипломски програми по Лидерство и младинска работа во заедницата во соработка со Универзитетот Јончепинг, Шведска (двојна диплома) и паралелно на тоа Факултетот воспостави заеднички работни групи со Универзитетот во Љубљана (Факултетот за општествени науки). Овие програми за заедничка диплома ќе бидат во областа на европските студии и ќе се дизајнираат за да понудат содржини со кои ќе се однесуваат на капацитетите на државната администрација за да се привлечат финансии од ЕУ, а и кадар кој ќе работи во институциите на ЕУ со процесот за пристап на Република Македонија. Се планира оваа програма да се достави до Одборот за акредитација во декември 2012 година и да се понуди во академската 2013/2014 година.

Факултетот е одреден да продолжи со меѓународните можности и поради оваа причина Факултетот за ЈАПН потпиша меморандум Еразмус Мундус со Факултетот за општествени науки за мобилност на 5 членови од академскиот кадар во текот на 2012-2014. Цел е да се промовира меѓународниот карактер на Факултетот и да се подобрат капацитетите за предавање на нашиот кадар.

Факултетот ја акредитираше и сега ја води и програмата од вториот циклус на

студии Развој на граѓанско општество. Оваа програма беше дизајнирана во соработка со Центарот за институционален развој. Со оваа програма треба да се пополни празнината за формалното образование на вработените во граѓанските асоцијации, активисти и волонтери и да се изградат капацитети за градење ефективна демократија во регионов. Со ова ќе им се помогне да ги промовираат улогата и важноста на организациите на граѓанското општество во развојот на модерните демократии. Јазикот на кој се изведува оваа програма е англиски.

Факултетот ги прилагоди описите на предметите со експертизата на предавачите на поточен начин. Тие презедоа неколку иницијативи со поддршка од групи од областа за да ги воспостават овие врски. Ова се направи за да се подобри квалитетот на академската понуда на Факултетот.

На крајот Факултетот стави посебен акцент врз мониторинг на процесите за обезбедување квалитет. Претставници од ЈАПН се сретнаа со претставници од локалната заедница и со членови од студентското тело за да ги одредат јаките и слабите страни на Факултетот. Ова се покажа дека е важен корективен механизам за да се подобри квалитетот на предавање и на учење на Факултетот.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 11

3.6 Јазичен центар

Јазичниот центар е еден од најживите академски единки во рамките на Универзитетот, рефлектирајќи ја мултијазичната и мултикултурната ориентација бидејќи студентите од сите факултети и различни етнички заедници присуствуваат на часовите по јазици заедно. Центарот има посветен кадар и интерактивен начин на предавање и е предодреден да обезбеди ефикасни административни услуги за студентите. Јазичниот центар беше домаќин на различни клубови кои придонесоа за збогатување на социјалниот живот на студентите на кампусот: клубот за драма, спортскиот клуб, клубот за фотографија и алумни од САД и место за информации и помош. За да се искористат блиските контакти со студентите ЈЦ организираше регионален натпревар за есеи, кој заврши со церемонија за доделување награди и саем за јазици со повеќе од 300 ученици од средните училишта како гости кои беа пречекани и забавувани од студентите на УЈИЕ.

Во академската област, ЈЦ успешно ги ревидираше наставните програми и развојот на тестирање за трите клучни програми за англиски, македонски и за албански; и ја прошири понудата со англиски, албански, македонски, германски и француски како слободни изборни предмети на ниво на Универзитет. Со цел да се зголеми практичната компонента на предметите за јазици и да се стави поголем акцент врз компетенциите за комуникација на студентите, се организираа крајни усни испити за сите предмети. Покрај тоа, продолжија и компјутерски поддржаните крајни испити по македонски и по албански јазик и како пробен беше и испитот за владеење на англискиот јазик со програмата – почетно ниво. Резултатите од овој тест покажаа дека 92% од студентите ги подобриле своите вештини по англиски јазик по завршување на едносеместралниот предмет во Јазичниот центар. Овие податоци ќе се користат како индикатори за напредок и за подобрување на процесот на предавање и учење како и за ревизија на силабусите. Како лиценциран центар за пре-тестирање, ЈЦ им нуди на студентите можност да го проверат познавањето на англискиот јазик преку стандардизиран тест и резултатите беа повеќе од задоволителни.

Центарот имаше значителен напредок со програмите наменети за надворешната заедница. Иако СЕЛТА не се активираше поради недоволниот број кандидати, имаше две подготвителни сесии за ТОЕФЛ. Дополнително, ЈЦ го доби тендерот за обезбедување часови по албански јазик за кадарот на Амбасадата на САД во Скопје.

3.7 Центар за е-учење

Центарот за е-учење на Универзитетот нуди понуда за ИТ-обука и студентите стекнуваат компјутерски вештини кои се задолжителни за соочување на тековните и на идните технолошки предизвици на работното место.

Слободните изборни предмети кои ги нуди Центарот за е-учење нуди широк спектар на теми во согласност со различните нивоа на вештини и интереси. Се нудат и воведни предмети за оние студенти на кои им е потребно основно знаење додека

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 12

напредните предмети со најсовремените ИТ-апликации се нудат на студентите кои имаат поспецијализирани потреби.

Сите овие предмети се нудат на академскиот и на административниот кадар. Намерата е да се обезбедат техничко знаење, вештини и искуство со кои ќе се зголеми важноста на секој член на заедницата на УЈИЕ, а ќе се зајакне и нивниот професионален развој.

Он-лајн студиите кои започнаа во 2011 се главниот фокус на Центарот за е-учење. Во втората година на понуда на овој модул на студии, продолжуваат и он-лајн алатките за предавање и за методологија.

3.8 Институт за животна средина и за здравје

Главниот настан на Институтот за животна средина и за здравје во овој период е

официјалното отворање на објектот за енергетска ефикасност во Кампусот во Тетово. Овој иновативен објект е со современа еколошки одржлива архитектура и е единствен во македонскиот високообразовен простор. Објектот е седиште на Институтот и е еколошки неутрален и има минимално еколошко влијание. Изградбата на овој објект е поддржана од Амбасадата на Италија и од Министерството за екологија на Македонија.

Институтот обезбедува обука за кадарот на УЈИЕ за намалување на еколошкото влијание. Како резултат на дискусиите, Универзитетот усвои „Еколошки кодекс“ кој поттикнува добар еколошки менаџмент и домаќинско работење. Најважните инструкции од овој кодекс се објавени на трите јазици на Универзитетот во сите канцеларии и училници на Универзитетот.

Универзитетот продолжува со задржување на кантите за рециклирање отпадоци во сите главни административни и институционални објекти.

4.0 Обезбедување квалитет

Рангирањето на Универзитетот на второто место меѓу деветнаесет институции е многу добро признание за неговата работа во развојот на севкупната култура на квалитет.

Одборот на Универзитетот обезбедува редовен мониторинг на плановите на

Универзитетот и инсистира на примена на потврдливи податоци за контрола на квалитетот во областите за менаџирање со изведбата, за универзитетски финансиски ревизии и планирање, за процеси за оценување и вработување на кадарот и за академски развој. Комитетите за кадровски работи и за ревизија и управување со ризик постојано ги надгледуваат собирањето и анализирањето на податоците. Одборот го подготвува следниот стратегиски план врз основа на достигнувањата и тековните области за развој.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 13

Комитетот за кадровски работи констатираше дека клучните Правилници на Универзитетот се ревидирани, се објавени и се имплементирани и Универзитетот уште еднаш го задржа надворешниот стандард ISO 9001:2008 за управување со изведбата. Се изведе, на задоволително ниво, и првиот избор во звања на академскиот кадар преку ревидираните правилници и формулари. Исто така, годишниот извештај за вработување укажува дека слободните места во администрацијата се пополнети во согласност со стриктниот, отворен и транспарентен процес. Поактивен систем за евалвација на кадарот, се изведува втора година како со соодветна обука за оние кои ја изведуваат евалвацијата. Квалитетот на извештаите тековно е модериран за анализа и за подобрување.

Во периодот опфатен со извештајов, менаџмент-тимот на ректорот и секој факултет, центар и административен оддел подготвија акционен план за да ги одредат и да усогласат своите професионални активности за следната година. Секој од овие планови беше модериран и проверен од ректорот или од провостот. Ректорот на Извршниот тим ги презентираше плановите за кадарот, на колективен состанок и секоја единка се консултираше со кадарот за нивната подготовка и имплементација.

Во однос на наставните план-програми секој факултет ги ревидираше програмите

во согласност со правните барања и сите успешно беа акредитирани од националниот Одбор за акредитација и за евалвација. На обуката за целиот кадар во јануари и во август, се работеше дополнително на активната употреба на резултатите од учењето поврзани со оценувањето.

Ректорскиот совет ја задржа улогата како тело за дискусија, циркулација на информациите и за советување во однос на тековните академски работи додека Колегиумот функционираше ефективно како форум на менаџментот за одговорните на административните оддели, предводени од генералниот секретар.

Во однос на структурата за обезбедување квалитет, политиката за квалитет е директно поврзана со Стратегискиот план на Универзитетот и Комисијата за обезбедување и менаџирање со квалитетот продолжува со улогата на мониторинг и одговорност во однос на ефективната функција и ефикасна соработка меѓу академските и административните тимови за квалитет. Канцеларијата за обезбедување квалитет спроведе клучни процеси за обезбедување квалитет како што се: опсервација на наставата, анкета за евалвација на студентите и процедури за менаџирање на изведбата и беше координатор на оперативните активности. Подготви клучни податоци двапати во годината за анализа на факултетот/одделот. Исто така, се заврши и корисната анкета за задоволство на клиентите и се испрати до релевантните единици за нивна употреба. Канцеларијата обезбеди и поддршка за Студентската унија во подготовката на Правилникот за студентски парламент и студентска асоцијација. Нашиот надворешен „шампион за квалитет“ го посети Универзитетот двапати и обезбеди извештаи за евалвација со препораки. Тимовите за квалитет беа пофункционални во административните оддели, но не многу на факултетите.

Во јуни 2012, Канцеларијата за квалитет, со комитетот за управување

координираше успешна Национална конференција за квалитетот на предавањето и

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 14

учењето која привлече речиси 200 учесници со двајца меѓународни главни говорители и околу 40 презентации на различни теми.

Се препорачува Универзитетот да продолжи да ја максимизира активната употреба на процесите за квалитет за да ја максимизира вредноста, да се фокусира на вклучувањето на студентите и да развие автономни иницијативи за квалитет со посилни тимови за квалитет, особено на факултетите.

5.0 Предавање и учење

5.1 Програми и статус

Сите факултети од УЈИЕ продолжија со академските програми од првиот и од вториот циклус на студии во периодот кој го опфатен во овој извештај. Сепак, во исто време сите факултети завршија со ревизијата на наставните план програми од првиот и од вториот циклус и ги доставија до одборот за акредитација; сите нови програми беа успешно акредитирани и започнаа со студенти од прва година во академската 2012-2013 година.

Универзитетот понуди и три он-лајн програми од вториот циклус на студии кои беа успешно водени под надзор на релевантните факултети и на Центарот за е-учење.

Студиите од вториот циклус и понатаму се важен дел од академската понуда на Универзитетот. Станува збор за генерално популарни програми. Универзитетот забележа дека многумина студенти ги положија испитите, но ја немаат јавно одбрането својата теза. Провостот ќе вложи напори во 2012-2013 да контактира со овие студенти и да им понуди повторно да се интегрираат во процесот или да се одредат како неактивни студенти.

Вонредните студиски програми привлекуваат голем број студенти кои ги водат одредените факултети. Овие програми привлекуваат различни студенти од оние кои примарно живеат надвор до професионалци чии работни должности ја ограничуваат нивната можност да присуствуваат редовно на часовите. Универзитетот се надева дека ќе се зголеми бројот на овие програми затоа што преку нив академската понуда на УЈИЕ е достапна на поширок сегмент на популација кои не можат присуствуваат на редовните предавања.

5.2 Упис на студенти

Бидејќи во претходните неколку години уписот на студентите продолжува да опаѓа (табела 5.20), Универзитетот идентификуваше неколку причини за падот на бројот: дисперзија на универзитетите, факултетите и програмите, имајќи ги предвид и намалувањето на школарините од Владата за државните универзитети и зголемувањето на конкуренцијата; уписот во приватните универзитети во Република Македонија генерално е намален; и економската стагнација во земјава и во регионов

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 15

како одраз на финансиската криза во светот. Иако нема некоја специфична причина за намалување на бројот која би се идентификувала како главна, сите наведени причини придонесуваат за падот на уписите на студентите.

Академска година Уписи

2009/2010 1889

2010/2011 1595

2011/2012 1280

Вкупно 4764

Tабела 5.20 Вкупен број на запишани студенти по академски години

На графиконот 5.21 е прикажан трендот на намалување на уписите според јазикот

на студиската програма. Програмите кои се нудат на албански и на македонски јазик

имаат намалување на бројот во 2009/2010 до 2010/2011, додека кај програмите кои се

нудат на англиски јазик се забележува зголемување. Ова е резултат на високо

квалитетните програми кои се нудат на англиски јазик и е потврда дека во Република

Македонија англискиот јазик е lingua franca на деловното работење, трговијата,

туризмот, информатичкиот менаџмент и меѓународната дипломатија.

Графикон 5.21 Вкупен број на запишани студенти (прв циклус и втор циклус)

Вкупните бројки на уписи во табела 5.22 покажуваат намалување на уписите во последниве три години на уписи. Како што може да се забележи, најголем пад во уписите има на Факултетот за ЈАПН, а најмал пад има на Правниот факултет. Се побара од сите факултети да ги анализираат уписите и да започнат со процесот на „постојан упис“ со директни и индиректни промотивни активности (како што се натпревари по есеи, посети во средните училишта, организирање тркалезни маси или саеми итн.). Ова треба да се реализира во соработка со Канцеларијата за односи со јавност.

ALB MAC ENG ALB MAC ENG ALB MAC ENG

2009/2010 2010/2011 2011/2012

Students 1381 400 108 1158 289 148 883 217 180

% 73% 21% 6% 73% 18% 9% 69% 17% 14%

1381

400

108

1158

289 148

883

217 180

0

200

400

600

800

1000

1200

1400

1600

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 16

Факултет 2009/2010 2010/2011 2011/2012

БЕ 393 364 273

СНТ 294 235 208

Правен 356 320 274

ЈКК 314 301 207

ЈАПН 532 375 318

Вкупно 1889 1595 1280

Табела 5.22 Вкупен број на запишани студенти по факултети

5.3 Стапка на преодност на студентите

Стапката на преодност е главна одговорност на секој Универзитет. Се однесува на стапката на успешност на студентите, оние кои продолжуваат на студиските програми ги акумулираат сите (или повеќето) од очекуваните ЕКТС-кредити кои им се потребни да продолжат во следната академска година и продолжуваат со нивната студиска програма, се смета дека се преодни. Студентите кои се повлекуваат од Универзитетот од која и да било причина се смета дека не се преодни. Тешкотијата во оценувањето на овие податоци е во истрајувањето на концептот на „дополнителни испитни сесии“. Овие испитни сесии се изведуваат неколкупати во годината на кои студентите кои не положиле некој предмет им се дава можност во посебна испитна сесија. Во практиката ова се покажа дека повеќе е илузорно отколку реално, студентите кои паднале честопати не се подготвуваат соодветтно за овие тестови, кои се вообичаено потешки. Се побара од академскиот кадар да ги викне тие студенти на „консултации“ и Универзитетот започна со „летната школа“ за да им помогне на студентите во подготовките за овие тестови. За жал, само неколкумина студенти имаат полза од овие можности и влегуваат на „дополнителните испитни сесии“ со надеж, но без подготовка. Во долунаведената табела е прикажана преодноста за генерацијата 2009/10 која е 73% на ниво на Универзитет.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 17

Генерација 2009/10

Уписи на редовни студии

2009/10

Преодност 2010/11

Преодност 2011/12

Факултети Студенти

Преодност во втора година

% Преодност

во трета година

%

БЕ 199 160 80% 143 72%

СНТ 207 174 84% 140 70%

Правен 186 164 88% 129 72%

ЈАПН 312 268 86% 237 77%

ЈКК 164 133 81% 111 69%

Вкупно 1068 899 84% 732 73%

Табела 5.30 Преодност за генерацијата 2009/10

Во генерацијата 2010/11 имаше 893 редовни студенти запишани за првпат. Од

овие, 83% преминаа во втора година на студии; стапката на преодност во трета година

е 68% (на ниво на Универзитет). Ова очигледно треба да се подобри, затоа што значи

дека повеќе од тројца студенти се неактивни во текот на академската кариера на УЈИЕ.

Во академската 2012-2013, провостот ќе вложи напори – во соработка со факултетите,

советниците на студентите, Центарот за кариера и асоцијацијата на алумни – да се

изнајдат главните причини за ова.

Генерација 2010/11

Уписи на редовни студии

2010/11

Преодност во 2011/12

Преодност во 2012/13

БЕ 173

147

86%

107

62%

СНТ 165

132

80%

114

69%

Правен 185

154

83%

119

64%

ЈАПН 199

157

79%

138

69%

ЈКК 171

149

87%

128

75%

Total 893 739

83%

606

68%

Табела 5.30 Преодност за генерацијата 2010/11

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 18

5.4 Стапка на дипломирање

Фундаменталното обележје на овој успех на Универзитетот е стапката на

дипломирање. Ова се докажува со бројот на студенти кои успешно завршуваат , во

очекуваниот временски период на академската понуда акредитирана од Владата. УЈИЕ

ги бележи достигнувањата на редовните студенти и во овој дел е презентирана

стапката на дипломирање на студентите за генерацијата 2009/10. За генерацијата

2009/2010 само 21% од студентите дипломираат навреме, 63% немаат дипломирано, а

16% се неактивни или се повлекле. Споредено со претходната генерација 2008/09,

оваа генерација има мал процент на студенти кои дипломираат навреме, што е 2%

помалку од претходната генерација (23% дипломирани навреме).

Доколку се анализира стапката на навремено дипломирање по факултети,

податоците укажуваат дека навременото дипломирање е најниско на СНТ и на

Правниот факултет (со само 13%), понатаму на ЈАПН (со 23%). БЕ и ЈКК имаат подобра

стапка на навремено дипломирање од 36%.

Слика 5.40 Стапка на дипломирање по факултети за генерација 2008/2009

Стапката на дипломирање за вториот циклус води до различни заклучоци. Според податоците за бројот на студенти од УЈИЕ кои дипломираат на програмите од вториот циклус на УЈИЕ, 19% (403 студенти) од вкупниот број студенти од вториот циклус на студии дипломираа. ЈАПН има најголем број од овие студенти, додека 196 (36%) од нивниот вкупен број на студенти дипломирале. На ЈКК дипломирале 87 студенти (24% од вкупниот број). На СНТ дипломираа 59 студенти (21% од вкупниот број). На B&E дипломираа само 42 студенти (8% од вкупниот број). Од 30 август 2012 само 19 студенти дипломираа од Правниот факултет, што претставува 8% од вкупниот број.

Со цел да се справиме со овој изненадувачки јаз меѓу отпочнувањето и завршувањето на студиите од вториот циклус, деканите и провостот ќе преземат иницијатива и ќе контактираат со студентите кои не ја одбраниле тезата и ќе се обидат

Total BAE CST LAW LCC PAPS

Enrolled 1068 201 205 187 163 312

Graduated 219 52 27 25 43 72

% 21% 26% 13% 13% 26% 23%

1068

201 205 187 163 312

219

52 27 25 43 72

0

200

400

600

800

1000

1200

Стапка на дипломирање генерација 2009/10

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 19

повторно да ги интегрираат во програмата. За ова ќе следи и краен рок до кој ќе мора да се достави тезата или во спротивно студентот ќе се смета за „неактивен“.

5.5 Евалвација на академскиот кадар од студентите Секоја година подготовките за процесот за евалвација од студентите започнува во

март. Процесот се води во април за додипломските и во мај за студентите на магистерски студии.

Овој процес го координира тимот од членовите на Канцеларијата за обезбедување квалитет, студентскиот сервис и од советниците на студентите. Тимот ефективно го заврши овој процес преку меѓусебна поддршка и обезбедување релевантна експертиза. Во овој процес се вклучени многубројни активности и е многу важен за Универзитетот затоа што е најдобар (и најдиректен) начин за да се оцени задоволството на студентите од предавачите, предметите и од Универзитетот воопшто.

Резултатите од Евалвацијата на студентите на академскиот кадар ги обработи Студентскиот сервис и доверливи, индивидуални извештаи се испратија до Канцеларијата за обезбедување квалитет на секој член на кадарот, како и до Извршниот тим, ЧР, соодветните декани и директори. Деканите или директорите потоа ги употребија овие извештаи на своите состаноци за евалвација (евалвација на кадарот) со наставниот кадар.

Графикон 5.50 Резултати од извештаите за евалвација на студентите

Како што може да се забележи од графиконот (5.60), на Универзитетот се забележува подобрување од оценувањето од студентите во академската 2011-2012 година. Ова е за пофалба, иако има неколку области за кои Универзитетот продолжува да добива послаби оценувања од студентите. Сепак, генералниот тренд, според наведеното тука, е кон зголемување на задоволството од студентите. Резултатите од анкетата за 2011-2012 се повисоки од претходната година што претставува поттик.

2,00

3,00

4,00

SEEU 2009/ 10

SEEU 2010/ 11

SEEU 2011/ 12

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 20

5.6 Центар за кариера

На УЈИЕ во Тетово има и Центар за кариера кој нуди инструкции за кариерата, советувања во однос на работните места и обука за студентите на Универзитетот. Центарот обезбедува индивидуално и групно советување во областите како што се: пишување биографија, пишување пропратно писмо, техники за интервјуирање итн. Дополнително, Центарот раководи со стажирањето на студентите и со барањата за практична обука. Центарот организира и е домаќин на годишниот саем за кариера. Важно е што Центарот за кариера дава извештај и за способноста на студентите на УЈИЕ да се вработат во Македонија и надвор од неа. Резултатите од оваа анкета се дадени во Анкетата за ориентација на поранешните студенти. Клучните резултати од овој извештај покажуваат дека студентите од УЈИЕ и понатаму се вработуваат со повисока стапка од националниот просек.

Во однос на просекот на оценки, дипломираните студенти со кумулативен просек меѓу 7 и 8, и оние со кумулативен просек меѓу 8 и 9 , имаат стапка на вработување 45%, додека дипломците со просек меѓу 9 и 10 имаат стапка на вработување 41%.

Според вработените дипломци, 32.22% од нив дознале за нивното тековно работно место од член на семејството, додека 16.27% од нив од објавувањата од Центарот за кариера. 15.94% од нив дознале за работното место од Интернет и 13.28% од нив од врсници.

5.7 Асоцијација на поранешни студенти (алумни)

УЈИЕ постои една декада и постојано расте телото на поранешните студенти.

Асоцијацијата на поранешни студенти е тело кое има за цел да ги одржува врските со Универзитетот и со дипломираните студенти. Се управува според статутот и има статус на независна организација во рамките на Универзитетот.

Примарната улога на асоцијацијата на поранешните студенти е да се задржат контактите со поранешните студенти, да помогнат во промоцијата на Универзитетот, да обезбедат коментари и предлози за тековните академски понуди и да го задржат колективниот дух на институцијата. Исто така, тие наоѓаат начин преку кои индивидуално можат да го поддржат Универзитетот по нивното дипломирање.

Новите избори за одборот на асоцијацијата на поранешните студенти се очекува да биде кон крајот на 2012, и новоизбраните членови потоа ќе преземат активности, вклучувајќи и организирање настани за поранешните студенти, придонес за механизмите за оценување на Универзитетот и помош на Универзитетот во промотивните настани во соработка со Канцеларијата за односи со јавност.

Во текот на подготовката на овој извештај, Универзитетот организираше посебен состанок со поранешните студенти во Приштина. На овој настан им се дозволи на дипломците да остварат средби, да се социјализираат со другите поранешни студенти и да ги одржат врските со УЈИЕ.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 21

6.0 Истражување

Канцеларијата за истражување во текот на оваа академска година продолжи со својата активност за создавање профил на УЈИЕ како високообразовна истражувачка институција. Преку обезбедување поддршка за академскиот кадар за реализација на нивната истражувачка дејност, Канцеларијата за истражување продолжува со обезбедување административна поддршка.

Во 2012 година, УЈИЕ има основано два истражувачки института како академски

единици на Универзитетот. Мисијата на Институтот „Макс ван дер Штул“ е развивање и организација на образовни и истражувачки активности во областа на хуманитарните науки: политички науки, меѓународни односи, право и јавна администрација со посебен осврт на превентивната дипломатија, меѓукултурното помирување и превенција на конфликти. Институтот е именуван „Макс ван дер Штул“ по еден од основачите на Универзитетот. Вториот институт, Институтот за апликативни истражувања по бизнис и информатика, е основан за да ја поттикне компонентата за апликативно истражување на Универзитетот на ЈИЕ, академскиот и институционалниот капацитет во меѓусебно поврзаните области на бизнисот и информатиката, како и бизнис информатиката. Мисијата на Институтот е да се зајакнат капацитетите за да се развие економска клима базирана на знаење и информации и да се поттикнат бизнисот, луѓето и системите да бидат функционални, меѓусебно оперативни и прилагодливи на модерните и постојано променливи контексти.

Од 2010/2011 академска година УЈИЕ финансиски ги поддржува сите индивидуални истражувачи од академскиот кадар за нивно учество на меѓународни научни конференции. Истотака, почнувајќи од академската 2011/2012 година, беше воведен нов инструмент со цел промовирање на поднесување научни трудови, поттикнувајќи ги особено помладите кадри преку прилагодување на наставните одговорности и награди за оние чии статии се прифатени за објавување во меѓународни списанија наведени во Томсон Ројтерс – Web of Science. Ние исто така сега сме вклучени и на два повици за проектите ФП7.

За првпат, во академската 2012/2013 година УЈИЕ е подготвен да започне со Школата за докторати, со цел да се поврзе истражувањето со 3-годишната студиска програма на Школата за докторати.

Новост на УЈИЕ, почнувајќи од академската 2012/2013 година, е он-лајн публикација на научното списание SEEU Review во VERSITA, вториот најголем издавач во светот со

отворен пристап. Сега функционира и базата на податоци за истражување на УЈИЕ.

Универзитетот продолжи и со традицијата за поддршка на издавањето квалитетни истражувања. Во текот на академската 2011-2012 Универзитетот поддржа издавање на 20 книги. Овие трудови се од следниве факултети според следниов размер : 10 од Факултетот

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 22

за бизнис и економија: 2 од Факултетот за современи науки и технологии; 5 од Факултетот за јазици, култури и комуникација; и 3 од Факултетот за јавна администрација и политички науки.

На крајот, во текот на периодот појкриен со овој извештај, значително се подобри базата за податоци за истражување со која се овозможува поефективно пријавување на публикациите од кадарот.

6.1 Меѓународни односи

Канцеларијата за меѓународни односи постојано работи за зголемување на свесноста на студентите и на членовите на кадарот за различните начини за добивање стипендии за студирање надвор од земјава. Овие активности се одвиваа во текот на целата година.

Активностите беа фокусирани на создавање можности за нашите студенти да

студираат надвор (придонесувајќи за мобилност) во Германија, Франција или во Обединетото Кралство. Се организираа различни презентации целата година за студентите од првиот и од вториот циклус на студии во Универзитетот. Студентите беа однесени на презентацијата во Скопје и им беше помогнато во однос на шемите за мобилност со кои УЈИЕ е партнер, вклучително и Басилеус, JoinEuSee и базата за податоци за стипендии S4WB.

Сите овие активности беа потпомогнати од фондацијата King Baudouin .

Во март 2012 Универзитетот аплицираше во Националната агенција за Европски студиски програми и студентска мобилност за фондовите на Еразмус за размена на студенти. Ние добивме 171 месеци за студентите и една мобилност за членовите на кадарот на УЈИЕ. За овозможување на овие мобилности, Универзитетот склучи билатерални договори со европските партнерски универзитети кои се договорија да потпишат билатерални дoговори Еразмус за да ги примат студентите од УЈИЕ за еден или за два семестри. Досега Универзитетот потпиша вкупно 5 билатерални договори Еразмус со следниве универзитети: СМК Универзитет за применети општествени науки во Литванија, Универзитетот Фогија во Италија, Универзитетот Гетебург во Шведска, Универзитетот Приморска и Универзитетот во Љубљана во Словенија.

Кон крајот на 2012, Универзитетот започна со промоција на интернационализацијата.

7.0 Претприемништво и развој

Успешен универзитет треба да го зголеми нивото на знаење на студентите, но исто така има и потреба да служи како важен поттикнувач за развој на заедницата. Реалниот приватен и јавен сектор во локалната и пошироката средина исто така треба да има корист од активноста на Универзитетот. Споделувањето на знаењето и на ризикот со приватниот сектор е вообичаена логика за повеќето признати универзитети во светот. Споделеното знаење е потребно за намалување на трошоците, обезбедување заштеди и инвестиции, во јавниот и во приватниот сектор. Универзитетот треба да биде дел од овие процеси и исто така да споделува дел од

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 23

приходите. Заработката од активностите за претприемништво на Универзитетот треба да се значаен дел од финансиската структура на приходи на Универзитетот.

Претприемничката активност на Универзитетот предвидува многубројни форми. Поголемиот дел од работата е преку Центарот за развој на бизнисот, кој се обидува да ги искористи можностите со кои Универзитетот може да има деловни врски со локалните, националните и со регионалните корпоративни заедници. Преку вклучување обезбеди и логистика за програмата за бизнис-аналитика преку која имаше 70 индиски студенти на Кампусот.

Друга значителна активност на оваа организација беа и сесиите за обука. БЦР обезбеди обука за професионализам, развој на бизнис-планови, подготовка на глобални лидери и други корпоративни сесии и сесии за менаџмент и ги презентираа на локалните компании и на невладините организации.

Центарот подготви и бизнис-план за локалните компании (Интерлајт), обезбеди веб-дизајн за пет компании и договори ангажмани за маркетинг со шест локални компании за промотивен маркетинг.

БЦР неодамна доби тендер за организирање обука со Министерството за економија кој се очекува да започне на крајот на ноември 2012 година.

8.0 Финансии

Универзитетот и понатаму е самофинансиран, зависен од школарините во

поголемиот дел од својот приход. И покрај големиот придонес за Р. Македонија (плаќање даноци за платите, опремата итн.) и јавниот интерес на неколку од факултетите, УЈИЕ сѐ уште нема добиено финансирање од националниот буџет. Пропорцијата на приход за АГ/ФГ 2011/12 беше следна: приход од школарини 85.47%, комерцијален приход 5.35%, друг приход (камати, инвестирање во пазарот на капиталот) 2.61% и проекти и донации 6.57%. Осигурувањето финансиска одржливост е приоритет за Стратегијата за развојот на Универзитетот и преку диверзификација на приходите да се намали пропорцијата на зависност меѓу различните извори на приход. Диверзификацијата на портфолиото на приход продолжува со инвестирање во капиталните пазари преку фондовите за инвестирање.

Главното подобрување во финансискиот менаџмент во текот на академската/ фискалната 2011/12 година беше постојаниот развој на Планирањето на ресурсите на претпријатието како продолжение на на она што веќе постои. Целта е да се конвертира постојниот финансиски систем со платформата на менаџмент на информационите системи на УЈИЕ, да се подобрат повратните резултати и да се развие комуникација меѓу различните оддели и канцеларии на Универзитетот.

Оваа година се направи ревизија и подобрување на процедурите со цел соодветно да се имплементираат финансиските политики и да се зајакне контролата „ex-ante“ и

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 24

„ex-post“. Ова подобрување придонесе за прецизност во рамките на планираниот буџет.

Факултетите/Центрите и одделите активно учествуваа во среднорочното планирање на буџет со цел да се олесни реализацијата на буџетот.

Сите финансиски правилници и процедури точно се имплементирани во текот на реализацијата на проектите и поради тоа значително се подобри менаџментот на проектот.

9.0 Средината на Кампусот и услугите

9.1 Студентски сервис

Поддршката на студентите главно се реализира преку Студентскиот сервис и преку Канцеларијата за финансиска помош. Студентите за академската 2011/2012 година беа поддржани преку програмата за стипендии на УЈИЕ, програмата за стипендии од донаторите, програмата за работа и студии како и преку финансиското олеснување за вториот или третиот студент од истото семејство.

Програмата за стипендии се состои од две групи: програми за стипендии по заслуга на Универзитетот базирани на резултатите од прелиминарното тестирање на знаењето и стипендии за финансиска поддршка во соработка со Институтот отворено општество Сорос и со Амбасадата на Кралството на Холандија. На ниво на Универзитетот се доделени 322 стипендии, т.e. 150 стипендии по заслуга и 172 според финансиска потреба, што значи дека приближно 11% од вкупниот број редовни студенти се поддржани со стипендии кои покриваат над 80% од школарините на релевантната студиска програма.

Од финансиска гледна точка, околу 4% од редовните студенти се поддржани преку програмата „Работа и студии“. Преку оваа програма студентите се ангажираат во различни служби на Универзитетот и стекнуваат соодветно искуство и осигуруваат финансиски средства за да покријат дел од школарината. Во оваа академска година 110 студенти беа ангажирани на оваа програма.

Како поддршка на семејствата кои имаат повеќе од еден студент кој студира на УЈИЕ има попуст за плаќање на школарината за вториот или за третиот студент од истото семејство. Преку оваа програма се поддржуваат 133 студенти, што е 5% од вкупниот број редовни студенти.

Посебно внимание се посветува на развојот на ефективен пристап за студентите со посебни потреби и можности.

9.2 Технички капацитети и логистика

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 25

Кампусот на Универзитетот продолжува и понатаму да биде атрактивна и уникатна

средина во Македонија и во поширокиот регион.

Повторно оваа година чистотата, редот и средината на Универзитетот добија добри забелешки од корисниците на овие услуги – студентите и кадарот. Ова се постигнува преку вклучување на студентите и вработените на Универзитетот, како и преку заложбата на кадарот вработен во оваа служба.

Покрај тоа, Универзитетот ги интензивираше напорите за подобрување на

изведбата и на ефективноста во Одделот за одржување и логистика на Кампусот. За да се овозможи ова, во Одделот се направи вертикално преструктуирање, а за да има подобар економски менаџмент со ресурсите, на Одделот се воспостави организациона структура, и тоа од механичка во органска структура, која претставува проактивна основа за единиците во одржувањето.

Кадарот на Одделот за технички капацитети и логистика активно е вклучен во имплементирање на процедурите базирани на стандардите ИСО и во развојот на процесот со цел да се подобри квалитетот. Досега се подготвени составени три стандарди на службата во однос на безбедноста, внатрешното и надворешното одржување и во однос на техничкото одржување.

Универзитетот продолжува да биде пример во регионов и надвор од него во областа на заштитата на животната средина и заштедата на енергија со што се придонесува за здравјето на студентите и на пошироката заедница. Во овој контекст и во контекст на намалување на трошоците, се постигнаа добри резултати особено во системот за греење (економично греење во работните денови), во намалувањето на потрошувачката на електричната енергија (трошењето за реактивна струја сега е откажано и трошокот е сведен на нула).

Во однос на заштитата на животната средина, Универзитетот продолжи и оваа година со имплементацијата на Климатскиот акционен план, со воведување гас и фотоволтаичен систем. Ова подобрување е со цел да се намали јаглеродот на Универзитетот и да се имплементираат стратегии за намалување на емисијата на стакленичките гасови во рационална временска рамка.

Во однос на планираното одржување, во првата фаза беа бојадисани

надворешните фасади. Важно е да се забележи дека како резултат на стареењето на зградите се зголемуваат и трошоците за одржување на овие објекти.

9.3 Центарот во Скопје

Академската 2011/12 беше четврта година на функционирање на Центарот на УЈИЕ во Скопје. Бројот на запишани студенти покажува стабилен интерес за студиските програми кои се нудат во Скопје. Иако во голем број постојат алтернативните институции во главниот град, интересот за студирање на програмите на УЈИЕ кои се нудат во Скопје е голем. Центарот на УЈИЕ во Скопје продолжува да функционира на две локации: главниот објект и анекс-објектот (четири опремени училници).

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 26

Ограничениот простор за испорака на предавањата и немањето простор за активности надвор од училница се најголемата слабост на функционирањето. Локацијата и добрата опременост на училниците и канцелариите се атрактивни елементи на институцијата. Административен кадар, вработен со полно работно време, е: директорот на Центарот, администраторот на Центарот, советникот за студентите и одговорниот за технички капацитети.

Од 1 март беше назначен нов директор: д-р Владимир Радевски, вонреден професор од Факултетот за современи науки и технологии.

Едно од главните подобрувања во однос на услугите кои се нудат за студентите беше и воспоставувањето на огранок на библиотеката на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ во Скопје. Библиотеката нуди исти услуги за позајмување и враќање книги како и централната библиотека во Тетово, вклучувајќи и трансфер на книги од Кампусот во Тетово и назад. Нема компјутери на кои студентите би можеле да работаат што е забележано како можност за подобрување, но ограничениот капацитет за ИТ и ограничениот капацитет за поврзување во моментов не дозволуваат отворање одделен индивидуален пристап на студентите до компјутерите.

Центарот е опремен со модерна опрема за видеоконференции од последната генерација во резолуција HD (Polycom 6000) лоцирана во библиотеката. Неколкупати се користеше опремата за да се овозможи на директорот на Центарот на УЈИЕ и на кадарот да учествуваат на он-лајн состаноци во Кампусот во Тетово. Во една прилика настан организиран во УЈИЕ Тетово беше следен он-лајн од студентите во Кампусот на УЈИЕ во Скопје. Видеосигналот се пренесува преку екран HD TV и преку одлична аудиоопрема.

Системот за видеонадзор е инсталиран во просториите (влез, холот на секој кат,

компјутерските лаборатории) и е интегриран со целосниот систем за видеонадзор на УЈИЕ. Материјалите , он-лајн и оф-лајн сѐ уште не се достапни за кадарот во УЈИЕ Скопје, но има комуникација за дефинирање на протоколите и стандардите за користење на материјалите на УЈИЕ Скопје.

Советникот за студентите има посебна канцеларија. Со ова се подобри квалитетот

на услугите кои се нудат затоа што двете служби (советување на студентите и технички капацитети) претходно беа со еден влез и не беа физички одвоени. Опремата во училниците редовно е одржувана и сервисирана.

Сите компјутери во две компјутерски лаборатории беа заменети со понови.

Податоците се достапни на 231 студент што е околу 30 % од севкупната студентска популација во Центарот. Од податоците од евалвацијата на студентите може да се забележи дека администрацијата на УЈИЕ има високи просечни поени за услугите кои ги нуди. Има ниски резултати за некои услуги кои ги нуди библиотеката кои сметаме дека ќе бидат подобрени во следниот евалуациски извештај поради последните промени и поради подобрувања на службата на библиотеката во Скопје.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 27

Проблемите со ограничениот простор за работа надвор од часовите (консултации, групна и тимска работа, индивидуална работа и слично) остануваат и понатаму за Центарот како и недостатокот на простор и капацитети каде што студентите можат да останат во Центарот пред или по предавањата.

9.4 Човечки ресурси

Универзитетот во согласност со Акциониот план и со препораките од Одборот за академската 2011/2012 година, по комплетирањето, одобрувањето и употребувањето на некои важни документи од претходната година како што се: Политиката за рангирање и исплата, Прирачник на правилници и процедури, во текот на оваа академска година, е фокусиран на нивна имплементација и на иницирање дополнителни процедури во согласност со правните барања како што се Законот за високото образование и Законот за работни односи на Република Македонија.

Во текот на академската 2011/2012 година се заврши со сите случаи за ангажирања

на академскиот кадар, вклучувајќи и валидна документација во однос на нивниот статус (регуларни работни односи).

Ограничените можности за вработување, од една страна, и барањата од одделите до човечките ресурси, наметна развој на предлог-правилник за систематизација на работата, при што се дава важност на потребите на Универзитетот за академскиот кадар, тековните услови и напредокот во согласност со правните одредби и правилници.

Процесот за евалвација на кадарот напредуваше во согласност со предвидениот рок и во согласност со процедурата за евалвација. Резултатите од овој процес, како што се обука и развој на кадарот, се во тек и се водени од административните канцеларии и деканатите.

Во академската 2011/12 Универзитетот направи значителен напредок во изборот во наставно-научни звања на кадарот. Овој напредок придонесе за намалување на зависноста на Универзитетот од кадарот со скратено работно време, прикажано во долунаведената табела. Податоци за академскиот кадар (квалификации) за минатите три години

Aкадемски кадар – Со полно/скратено работно време (2010, 2011, 2012)

2010 2011 2012

Академски кадар

Број на кадар Број на кадар Број на кадар

PhD 101 136 122

MA 91 89 73

BA 24 18 12

Вкупно 216 243 207

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 28

Административниот кадар продолжи и оваа година со консолидација на

административните служби, значително вклучувајќи ги информатичките технологии во

многу процеси кои се појавуваат во сите академски и административни оддели. Со ова

значително се зголеми ефикасноста и поддршката која администрацијата ја дава на

академскиот кадар и на одделите. За да се подобри функционирањето на

администрацијата, организацијата и имплементацијата на можностите за обука на

Универзитетот имаат многу важна улога.

Процесот за вработување продолжи во согласност со процедурата за вработување

и резултираше со позитивна евалвација од надзорот за сите нови вработувања. Треба

да се забележи дека вклучувањето на меѓународен кадар во комисиите за интервју

беше од голема помош.

Детали (квалификации) за административниот кадар во текот на изминатите три години

Административен кадар – Со полно/скратено работно време (2010, 2011, 2012)

2010 2011 2012

Административен кадар Број на кадар Број на кадар Број на кадар

PhD 5 6 5

MA 18 12 15

BA 70 72 75

Друго 37 32 34

Вкупно 130

129

9.5 Информациски системи

Во текот на минатата академска година Универзитетот продолжи со напорите за

исполнување на целта за имплементација на електронска средина која ќе ни

овозможи да ги споделуваме информациите за процесите на Универзитетот на сите

релевантни актери и единици на Универзитетот и особено да се достават ефективни

информации до менаџментот на Универзитетот за донесување одлуки базирани на

докази.

Клучната спрега за реализација на оваа цел е системот за Планирање на ресурсите

на претпријатието, чија имплементација започна во минатата академска година. Во

оваа насока се постигнаа неколку важни чекори. Модулот за буџетирање се

дефинираше и се употреби како дел од главното решение на Канцеларијата за

финансии. Почетниот модул за ЧР повторно се дефинираше за да се исполнат

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 29

посебните барања од Одделот за ЧР со кој ќе бидат во можност да ја следат

комплетната историја за академските звања за секој член на академскиот кадар и да

бидат во согласност со Законот за високото образование. Се реализираше и

меѓусебната поврзаност на модулот за стипендии и школарини со главниот модул за

буџетирање како дел од системот за планирање на ресурсите. Сите овие чекори бараа

и имплементација на модулот за известување, кој има важна улога за донесување

различни извештаи за менаџментот на Универзитетот.

Важни достигнувања се и подобрувањата реализирани со системот за менаџирање

на Универзитетот во согласност со барањата на Студентскиот сервис. Се разви новиот

систем за сметководство на канцеларијата за уплати на школарини и сега може лесно

да се интегрира со системот за сметководство како дел од решенијата за планирање на

ресурсите. Се направија и подобрувања и модифицирања. Се подобри системот за е-

оценување со нови алатки кои го поедноставуваат и го забрзуваат процесот на

оценување, а беше интегриран и во платформата MySEEU .

Се развија и повеќе функции во порталот MySEEU за да се исполнат барањата од

корисниците. Се разви нов модул за присустсво на часовите и наставниот кадар може

да го пријавува присуството на часот на уредите кои се инсталирани во училниците.

Друга функција која се додаде на MySEEU, според барањата на студентите е „My

Curriculum“ која им овозможува на студентите да имаат преглед во нивниот активен

курикулум. Се пополнува и Главна книга за дипломи и сертификати за да може да се

следи издавањето сертификати на студентите.

Имајќи предвид дека ИТ има клучна улога во реализацијата на многу процеси кои

претходно ги споменавме, ние како Универзитет ќе продолжиме со нашата водечка

позиција во следењето на најактуелните стандарди во областа. Успешно реализиравме

миграција од физичка средина во виртуелна средина, со што ни се овозможи да ги

имплементираме најновите решенија за висока достапност. Со ова се минимизираше

времето на недостапност на нашите сервиси и истовремено се зголеми

флексибилноста на системот. Ова се постигна преку анализирање на најдобрите

практики за имплементација на Приватен облак (обработка во облак) и преку

инсталирање на најнови солуции за виртуелизација. Сето време ги имавме предвид

најновите стандарди за бизнис-заедницата и препораките од двата извештаја за

ревизија на надворешната безбедност.

Во однос на телефонскиот систем, ние конечно го заменивме стариот систем со

нова солуција за интернет- телефонија (VoIP) и овој нов систем отвори многу нови

можности за модерна комуникација, а резултираше и со значително намалување на

трошоците за телекомуникациски услуги.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 30

Овие подобрувања ги реализираше одделот за ИТ и се докажа посветеноста на

нашиот Универзитет да продолжи да биде меѓу водачите во имплементирање на

најнова технологија од областа на ИТ со постојана цел да се обезбеди неопходна

поддршка за студентите и за кадарот кон реализација на мисијата на Универзитетот.

9.6 Библиотека

Библиотеката „Макс ван дер Штул“ е централно место за сите книги, журнали и тези од вториот и од третиот циклус кои ги собира Универзитетот. Преку библиотеката се обезбедува поддршка на факултетите со книги кои се релевантни на студиските програми кои се нудат на Универзитетот. Кадарот на библиотеката постојано ги надгледува просториите, им помага на студентите и ги чува колекциите. Многу важно е што библиотеката повторно ја воспостави алатката за он-лајн истражување EBSKO, важна за поддршка на истражувањето на УЈИЕ, од кадарот или од студентите. Библиотеката отвори и огранок во Центарот во Скопје со која се дава поголема поддршка на студентите и на двете академски локации. Кадарот во библиотеката се надева дека ќе промовира зголемени услуги за студентите со израмнување на преземењата на познатите потреби од курикулумите и ќе ја прошири дигиталната достапност на материјалите кои не се достапни за образованието во Република Македонија

9.7 Студентска унија

Студентската унија ги задржува традиционалните активности во овој период. Претставници од Студентската унија присуствуваа на повремени социјални настани за студентите и го планираа популарното патување „Eurotrip“. Студентската унија има и нов Статут, направи значителни промени во структурата. Тие повеќе нема да бидат Студентска унија, туку Студентски парламент. Изборите за ова тело се промовираат тековно и изборите ќе бидат на почетокот на ноември 2012 година.

9.8 Спорт и рекреација

Универзитетот на Југоисточна Европа во областа на спортот за академската 2011/12

година, продолжи да ги изведува планираните активности поврзани со спортот,

вклучувајќи: меѓууниверзитетски натпревари во футсал, кошарка и пинг-понг. Во текот

на овој период на Кампусот беа организирани и натпревари по футсал, кошарка, шах,

одбојка, тенис, пинг-понг и ателетика. Во однос на скијањето треба да се спомене дека

оваа година го организиравме меѓууниверзитетскиот меѓународен натпревар под

слоганот „100-годишнина од националното знаме“. Во април 2012 организиравме

спортски ден под мотото Oлимписки ден на УЈИЕ кога, покрај колективните игри,

велосипедизам и атлетика, беа организирани и други игри и натпревари; една недела

потоа на Денот на Европа се одржа натпревар по фудбал на кој учествуваа студенти и

вработени.

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 31

На крајот вреди да се забележи дека оваа академска година бројот на женски

припадници кои се вклучуваат во спортските активности значително е зголемен. Освен

за студентите, спортската сала во посебно одреден термин е резервирана и за

вработените на Универзитетот.

Имајќи ја предвид природата на активностите и придружните услови со спортскиот

оддел ние треба да ја подобриме изведбата преку: зголемување на интензитетот на

спортските активности; поставување на капацитет на Кампусот каде и во зимскиот

период би можеле да продолжат спортските активности, да се обезбеди

пофлексибилен распоред за спортските активности врз основа на интересот на

студентите, распоредот, како и купување неопходна опрема за развој на спортските

активности.

10 Заклучок

Во втората деценија на постоење Универзитетот на Југоисточна Европа има многу позитивни развојни насоки кои треба да се слават. Добивме Одрен на заслуги само по десет години постоење, рангирани сме на второ место во државава и го изградивме првиот објект за енергетска ефикасност на македонски кампус. Механизмите за обезбедување квалитет постојат и внимателно се надгледуваат со постојаните процеси за мониторинг. Нашите наставни програми продолжуваат да се развиваат и задржуваме силни програми на додипломско и последипломско ниво. Анкетите со студентите укажуваат дека се зголемува задоволството од студентите. Основавме два истражувачки институти кои ќе ги водат и ќе ги организираат нашите истражувачки напори. Центарот во Скопје продолжува да привлекува студенти и со новите компјутери и библиотеката нуди подобрени услуги за студентите.

Сепак, овие позитивни развои не нѐ оставаат без предизвици. Неколку од препораките за идни делувања се: навремено дипломирање и подобрување на стапката на преодност, зголемување на уписот на студенти, поголемо интегрирање на студентите во програмите за обезбедување квалитет и надгледување на студиските програми со цел тие да бидат релевантни на очекуваните потреби на пазарот на трудот за дипломците.

Бележејќи го ова, важно е на крајот да се заклучи со постојаниот динамизам на Универзитетот. Ние постојано ја подобруваме академската понуда, ги продлабочуваме соработките со другите универзитети и деловни партнери, домаќини сме на конференции и најважно образуваме студенти кои стекнуваат знаења и профитираат со времето поминато на нашава институција. Членови на Комитетот за самоевалвација

Провост

Генерален секретар

Извршен советник за квалитет

Директор на Центарот во Скопје

SEEU Self-Evaluation Report 2011-2012 32

Одговорен на Студентскиот сервис

Претставници од сите пет факултети

Директор на Јазичниот центар

Директор на Центарот за е-учење

Асистент за обезбедување квалитет, техничка поддршка