adobe indesign cs2 makedonski

52
УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА Проф. д-р. Игор Неделковски Помл. асс. Светлана Вршкова Adobe InDesign CS2 -практикум- I

Upload: aleksandar-donev

Post on 10-Apr-2015

478 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: Adobe InDesign CS2 Makedonski

УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Проф. д-р. Игор Неделковски

Помл. асс. Светлана Вршкова

Adobe InDesign CS2

-практикум-

I

Page 2: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Содржина

Вовед 1

1.Запознавање со работната површина 2

- Кутија со алатки 3

- Прозорец на документот 3

- Помошна работна површина 3

- Прикажување и уредување на палетите 3

- Менување на погледот на документот 4

- Движење низ документот 4

- Промена на содржината на документот 5

- Работа со слоеви (layers) 6

- Селектирање на сите предмети 6

- Запамтување на документот 7

- Подесување на страници. Стартување на нов документ 7

- Промена на подесувањата на документот 9

- Промена на маргините и колоните 10

- Креирање на нееднакви колони (по ширина) 10

2. Работа со страни и површини 11

- Употреба на Pages Palette 11

- Креирање на површини со повеќе страници 11

- Додавање,аранжирање и дуплирање на страници и површини 12

- Аранжирање на страници 12

- Дуплирање на страници или површини 12

- Бришење на страници или површини од документот 13

- Нумерирање на страници 13

- Употреба на мастери 14

- Правила за работа со мастери 14

- Уредување на опциите на постоечкиот мастер 15

3. Работа со текст 16

- Поставување на текст околу објекти 17

II

Page 3: Adobe InDesign CS2 Makedonski

- Избор на видот на буквите за пишување (фонт) 18

- Open Type (отворен тип) фонтови 19

4. Цртање на векторски слики 21

- Цртање на основните форми и прави линии 22

- Цртање со алатката Pen 23

- Цртање на прави сегменти 23

- Цртање на криви сегменти 24

5. Внесување,изнесување и работење со графики 26

- Векторски графики и Bitmaps (растерски) слики 26

- Резолуција на Bitmap слики 26

- Импортирање на различни фајл формати во документ 27

- EPS (.EPS) 27

- JPEG (.Jpeg) 28

- PDF (.PDF) 28

- TIFF (.TIF) 29

6. Аранжирање и комбинирање на објекти 30

- Модифицирање на објекти со користење на рамки за графики 30

- Порамнување на објекти во рамка за графики 31

- Движење на графички рамки или на нејзината содржина 32

7. Аплицирање на боја 34

- Видови на боја 34

- Спот бои 34

- Процесни бои 34

- Аплицирање на боја 35

- Употреба на toolbox контрола за боја 36

- Употреба на Swatches palette 36

- Употреба на Color palette 37

- Работа со провидност и додавање на сенки 38

8. Извоз во PDF 40

- Подесување на PDF параметрите за квалитет 41

9. Припрема за печатење 43

- Преглед на сепарациите 44

- Преглед на Transparency Flattener 44

III

Page 4: Adobe InDesign CS2 Makedonski

- Печатење 45

- Одредување на начин на кој ќе се печатат сликите 46

- Подесување на опциите за фонтовите 46

Користена литература 48

IV

Page 5: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Вовед

Adobe InDesign CS2 е моќна алатка за дизајн и продукција која нуди

прецизност, контрола и неприметно интегрирање со другите Adobe професионални

апликации. Со помош на Adobe InDesign CS2 можете да направите финален

производ со професионален квалитет кој е припремен за печатење во полна боја,

или за различни излезни уреди и формати, како што стоните печатачи, PDF и

HTML датотеките.

Adobe InDesign подржува прикази со неприметно интегрирање со

програмите: Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe Acrobat и Adobe GoLive.

1

Page 6: Adobe InDesign CS2 Makedonski

1. Запознавање со работната површина

Ако сакате на најдобар начин да ги искористите погодностите кои ги дава Adobe InDesign во цртање, распоредување и уредување, многу е важно да научите како да се движите по работната површина. Работната површина се состои од прозорец на документот, површина за скицирање, кутија со алатки и збир на понудени палети.

Adobe InDesign програмата се активира како и сите други стандардни апликации:

Start All Programs Adobe InDesign CS2

A – Кутија со алатки, B – Помошна работна површина, C – Палети, D – Прозорец на документот

2

Page 7: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Кутија со алатки InDesign-овата кутија со алатки содржи алатки за бирање на објектите, работа со текст, цртежи, како и контроли за применување и промена на боите, потезите и преливите. Алатката можете да ја изберете со притисок на неа во кутијата со алатки или преку тастатура.

Прозорец на документот Прозорецот на документот ги содржи страниците на документот. Може да имате отворено повеќе прозорец документи, и додека работите можете да гледате различни прикази на документот во исто време. Тоа се прави преку опцијата: Window Arrange New Window.

Помошна работна површина Секоја страница или припадни страници во документот имаат помошна работна површина која ги опкружува и на која може да поставувате објекти додека ја уредувате страницата. Таа исто така обезбедува додатен простор на секоја ивица на документот за оние објекти кои се простираат надвор од ивиците на страницата. Кога објектите се протегаат надвор од рамките на страната на помошната работна површина се добива марго прелом. Објектите на ивицата на хартијата ќе бидат одсечени кога отпечатената страна ќе се обрежува.

Прикажување и уредување на палетите Палетите обезбедуваат брз пристап на често користените алатки и својства во програмата InDesign. Палетите се појавуваат во групи кои може да се организираат на различни начини. Изборот на палети се прави преку паѓачкото мени Window. За да ја најдете скриената палета треба да се избере нејзиното име од палетата на менито Window. Ако името на палетата е обележана, тоа значи дека таа палета е веќе отворена. Ако го избереме потврденото име на палетата во менито Window, тогаш таа палета ќе ја затвориме.

3

Page 8: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Менување на погледот на документот Можете да го смалувате или зголемувате документот од 5% до 4000%. InDesign го прикажува процентот на стварната големина на документот во долниот лев агол на прозорецот на документот, како и на врвот на документот во насловната линија на прозорецот, покрај името на датотеката. Исто така може да се користи алатката за зумирање од кутијата со алатки.

Изберете View > Actual Size за да го прикажете документот во велечина од 100%.

Изберете View > Fit Page in Window за во прозорецот да ја прикажете селектираната страница.

Изберете View > Fit Spread in Window за да ги прикажете во прозорецот селектираните припадни страници.

Движење низ документот InDesign обезбедува неколку опции за приказ и движење по документот, вклучувајќи ја палетата Pages и Navigator, како и лентата за промена на содржината.

Можете да преминувате од страна на страна со помош на палетата Pages, дугмето за страници на дното на прозорецот или преку траката за промена на содржината.

Палетата Pages содржи икони за сите страници во документот. Ако двојно кликнување на било која икона или број на страницата ќе ја одберета соодветната страна.

4

Page 9: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Може да се користат и дугмињата на дното од станицата или со избор на Layout > Go Back или Layout > Previous Page. Исто така, може да се премини на одреден број на страницата со бирање на бројот на страницата преку помошното мени Page на дното на прозорецот на документот.

Промена на содржината на документот Со користење алатката Hand и лентата за промена на содржината, може да се движите низ различни подрачја или страници од документот.

За оваа цел може да се користи и палетата Navigator, преку која може брзо и лесно да го зголемувате посакуваното место од документот.

5

Page 10: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Работа со слоеви (layers) Новиот документ секпгаш има само еден слој кој се вика Layer 1. Mожете да го менувате името на леерот со десен кли и избор на Rename. Поставувањето на објекти на различни слоеви ни овозможува да ги организираме така да лесно ќе ги бираме и уредуваме. Со помош на палетата Layers може поединечно, во група или заедно, да ги бираме, прикажуваме, уредуваме и печатиме различни слоеви.

Доколку сакаме да не гледаме одреден слој, кликнуваме на окото; а доколку сакаме да заклучиме одреден слој кликнуваме на следното поле.

Селектирање на сите предмети За селектирање на сите предмети се користи командата Select All.

Ако е активирана функцијата за селектирање (Selection Tool), линиите и рамките се селектираат со нивните активни рамки.

Ако е активирана функцијата за директно селектирање (Direct selection Tool), линиите и рамките се селектираат со нивните крајни точки.

Ако се користи функцијата T (Type), со кликнување во рамката во која се вметнува текстот се избира Edit > Select All, се селектира целиот текст во таа рамка како и сите други текстови во било која рамка со текст која е поврзана со претходната.

6

Page 11: Adobe InDesign CS2 Makedonski

За да се селектираат сите предмети на Spread и на Pasteboard се избира функцијата за селектирање или функцијата Direct selection и се избира Edit > Select All. За деселктирање на предметите потребно е да ја изберете функцијата за селектирање или функцијата Direct selection и се кликнува на најмалку 3 пиксели подалеку од било кој објект, а потоа се избира Edit > Deselect All.

Запамтување на документот Со запамтување на документот се запамтува тековниот правец, референците на изворните фајлови чија страница тековно е прикажана и нивото на зумирање.

Фајлот може да биде запамтен како:

обичен документ.

копија на документот, со што се креира дупликат на документот по различно име, оставајќи го оригиналниот документ активен.

Template, што нормално се отвора како документ без наслов може да содржи текст, графици поседувања што претставуваат почетна основа за други документи.

За да се запамти фајлот под ново име избираме File > Save As, се специфицира локацијата и името на фајлот и се кликнува Save. Новоименуваниот фајл станува активен документ.

Со употребата на Save As командата може да се намали големината на фајлот.

За да се запамти постоечкиот документ под исто име се избира File > Save.

За да се запамтат сите отворени документи на нивните постоечки локации и имиња, се притиска Control + Alt + Shift + S (Windows).

За да се зачува копија од документот под ново име, се избира File > Save A Copy, се специфицира локацијата и името и се кликнува Save. Оваа копија не станува активен документ.

Подесување на страници. Стартување на нов документ Дизајнирањето на страниците почнува од основното: стартување на нов документ и поставување на маргините и висината.

Дијалогот на New Document ги комбинира кутиите со дијалози Document Setup и Margins and Columns, така што може да се подеси големината на страницата, маргините и висината на страниците се на едно место. Овие подесувања можат да се променат во било кое време со што се намалува повторното преработување, со подесување на страницата пред на неа да се додадат одредени предмети.

7

Page 12: Adobe InDesign CS2 Makedonski

За започнување на новиот документ потребни се сл. постапки:

1. Се избира File > New > Document

2. Во кутијата за дијалог New Document во делот Page Size, се специфицираат следните опции:

• Број на страни: се пишува вредноста на вкупниот број на страници во документот.

• Facing страници (огледални страници). Се избира оваа опција за да се направат леви и десни страни кои се свртени едни спрема други во дупла страница. Се поништува оваа опицја за секоја страница да е сама, на пр. ако се планира да се печати на двете страни на хартијата. Исто така може да се креираат површини со повеќе од две страници. За печатење на целата површина на една страна на хартијата се користи опцијата Reader`s Spreads.

• Master Text Frame: оваа опција се избира за креирање на текст рамка со големина на просторот создаден од маргиналните воѓици, преку column подесувањата. Master Text Frame опцијата на располагање е само ако претходно е избрано File > New > Document.

• Големина на страната: се избира големина на страната од менито или се пишуваат вредности за ширина и висина. Големината на страната претставува крајната големина што е потребна.

• Поставеност: се кликнува на Portrait (високо) или Landscape (широко) иконите. Овие икони динамички дејствуваат со самото внесување на димензиите за големината на страната. Кога висината е поголема се селектира Portrait иконата, а кога ширината има поголема вредност се селектира Landscape иконата. Со кликнување на деселектираната икона се менуваат вредностите за висината и ширината.

8

Page 13: Adobe InDesign CS2 Makedonski

3. Во делот на маргини и колони од кутијата за дијалог New Document се специфицираат опциите и се кликнува ОК. Овие опции се исто како оние во Layout > Margins and Columns.

Промена на подесувањата на документот Промената на опциите во кутијата за дијалог Document Setup влијае на секоја страница на документот. Ако се променува големината на страницата или поставеноста, откако на неа биле поставени предмети, може да се користи опцијата Layout Adjustment со што се намалува времето потребно за подредување на постоечките предмети. За да се променат подесувањата на документот се избира File > Document Setup, се специфицираат опциите на документот и се кликнува ОК. Опциите се исти како во дијалог кутијата New Document.

9

Page 14: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Промена на маргините и колоните Промената на опциите во кутијата за дијалог Margins and Columns се врши со менување на страните или мастерите селектирани во Pages Palette. По правило,страницата има една колона дефинирана со две воѓици, една на левата и една на десната маргина. Со промена на бројот на колоните се заменуваат сите постоечки колони со нов сет на еднакви колони. За промена на подесувањата на маргините и колоните треба да се направи следното:

За да се сменат маргините и колоните за една страна се оди на страницата која треба да се промени или се селектира една површина или страницата во Pages Palette.

За да се променат маргините и колоните за повеќе страници се избираат тие страници во Pages Palette или избирате Master што ги контролира страниците кои треба да се изменат.

Потоа, се избира Layout Margins and Columns, се специфицираат опциите и се кликнува ОК.

Креирање на нееднакви колони (по ширина) Кога има повеќе од една колона на страницата, воѓиците на колоните во средината се јавуваат во парови. Кога се влечи една воѓица на колоната, парот се поместува заедно за да се задржи таа вредност.

Како додаток на воѓиците на маргините и колоните што ја дефинираат секоја страна, може да се изгради рамка на мрежи и воѓици кои можат да помогнат во прецизно позиционирање и подредување на предметите.

За секоја страна постои по еден сет на ленири и мрежи, а воѓиците можат да постојат на сите страници на површината или само на една страна посебно.

Zero point (Нулта точка) е позиција во која нулите на вертикалните оски се сечат. По правило нултата точка се наоѓа во горниот лев агол на првата страница од секоја површина, но истат може да варира во однос на pasteboard. Позициите на X и Y координатите во Transform palette се поставени до нултата точка. Може да се движи нултата точка за мерење на растојанија, да се креира нова точка за мерење на страниците. Нултата точка се рестартира со двојно кликнување на хоризонталните и вертикалните оски.

Со избор на Edit > Preferences > Units & Increments се поставуваат граници на хоризонталните оски.

Во делот Ruler Units се избира една опција во Origin Menu:

- Spread, за да се постави мерната точка на гоениот лев агол на секоја површина,

- Page, за да се постави мерната точка на горниот лев агол на секоја страна,

- Spine, за да се постави мерната точка на местото на превиткување на секоја површина.

10

Page 15: Adobe InDesign CS2 Makedonski

2. Работа со страни и површини

Кога се избира опцијата Facing Pages во File > Document Setup, страниците на документот се местат на површината. Површината е сет од станици кои можат да се видат заедно, како што се видливи две страници кога се отвора книга. Секоја InDesign површина вклучува свој pasteboard, што претставува реон надвор од страницата каде што можат да се ставаат предмети што сеуште не се позиционирани на страницата.

Употреба на Pages Palette

Pages Palette дава информации за страниците и нивна контрола, површините и мастерите (страници или површини кои автоматски форматираат други страници или површини). За избор на Pages Palette се избира Windows > Pages.

А - Икона на страници во Pages Palette, B - страници што покажуваат префикс на аплициран мастер, С – осветлена страна што покажува дека е селектирана, D – осветлен број кој покажува одентификувана површина.

Креирање на површини со повеќе страници (multiple-page) Ако треба читачот да гледа повеќе од две страници истовремено, може да креира multiple-page површина и да додава страници. Multiple-page површината е како остров на документот, на оригиналните страници на површината не мoже да им се влијае кога се додаваат страници пред или после површината, или од секоја страна на спиралат каде што се поврзуваат страниците. Спиралата покажува колку страници ќе бидат поврани или фолдирани во финалниот производ.

11

Page 16: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Додавање, аранжирање и дуплирање на страници и површини Може да се употребува Pages Palette менито за слободно да се аранжираат, дуплираат или рекомбинираат страниците и површините. Кога се додаваат, аранжираат, дуплираат или се бришат страниците, InDesign ги редистрибуира страниците во зависност од тоа како е подесена командата Allow Pages to Shuffle.

За да се додаде страница по активната страници или површина се кликнува New Page копчето во Pages Palette. Новата страна го користи истиот мастер како и активната страница.

Се избира Insert Pages во менито Pages Palette. Се пишува бројот на страни што треба да се додадат.

За Insert се избира каде ќе бидат додадени или се пишува бројот на страници, а во Master се избира мастер за апликација.

Ако треба да се додаде постоечка страница на површината, се селектира површината и се избира Keep spread Together во менито Pages Palette. Во Pages Palette се влечи икона на страницата кон иконите на површините и ќе се појави вертикална линија, се влече се додека линијата не ја допре страницата или се појави помеѓу страниците. За да се влече една цела површина се влечат броевите на нејзините страници.

Аранжирање на страници Во Pages Palette се влече иконата на страницата во нова позиција во документот. Како што се влече, вертикалната линија покажува каде ќе се појави страницата кога ќе се пушти.

Дуплирање на страница или површина Во Pages Palette се прави една од следниве акции:

- Се влечи средниот број на страницата по површината до копчето New Page, и новата површина ќе се појави на крајот од документот.

12

Page 17: Adobe InDesign CS2 Makedonski

- Се селектира страницата или површината и се избира Duplicate Page или Duplicate Spread во менито Pages Palette, новата страница или површина ќе се појави на крајот од документот.

- Се притиска Alt како што се влече иконата на страницата или редниот број, а страницита по површината на нова локација.

Бришење на страници или површини од документот Се прави една од следните акции:

- Во Pages Palette се влече една или повеќе икони на страници или редните броеви на страниците и се влечат до Trash icon.

- Се селектира една или повеќе икони на страници во Pages Palette и се кликнува на Trash icon.

- Се селектира една или повеќе икони на страници во Pages Palette и се избира Delete Pages или Delete Spreads во Pages Palette менито.

Нумерирање на страници Еден InDesign документ може да содржи до 9999 страници, но броевите на страниците можат да бидат големи како 99,999. по правило првата (десна) страница е нумерирана со 1. Непарно нумерираните страници секогаш се појавуваат на десно, ако се користи командата Selection Оption да се промени бројот на првата страница во парен број, првата страница станува лева страница. Во Pages Palette менито се избира Numbering & Section Options. Потоа во дијалког прозорецот New Section треба да се зберени Start Section и Automatic Page Numbering, и го бираме видот на бројки и од кој број да започнува нумерирањето.

13

Page 18: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Употреба на мастери Мастер е основа што може да се аплицира на повеќе страници. Мастер може да биде една страница или multiple-page површина. Се употребува мастер за објекти или површини како што се маргини, колони, броеви на страници, наслови и повторувачки логоа или слики што се појавуваат во истата позиција на повеќе страници. Употребата на мастери може да го намали времето на дизајнот, и ако е потребно репозиционирање треба да се направи само еднаш.

Правила за работа со мастери За најдобри резултати се аплицира мастер на површини со ист број на страни. На пр, се дизајнира и аплицира мастер од три страници на површини со три страници за постојан изглед.

Ако треба да се креира сет од мастери што се мали варијации на еден главен дизајн, не се редизајнира секој мастер посебно, туку на тоа место се креира главен мастер и основните варијации на неговиот дизајн. Ако не се специфицираат опции за нов мастер се користи правилен префикс и име, и не се базира на било кој друг мастер. Мастерите неможат да содржат делови, тие се подесуваат на било кој друг мастер.

А - Префикс и име на мстерот; В – страници со префикс на аплицираниот мастер

Работењето со мастери се врши преку употреба на икони на мастери во Master Section на Pages Palette или командите во менито Pages Palette. Секој мастер има име и додава префикс на ознаките на иконите на страниците со употреба на тој мастер.

Криеирањето на нова мастер површина се прави на сл, начин:

- Се избира New Master во Pages Palette.

14

Page 19: Adobe InDesign CS2 Makedonski

- За Prefix се пишува префикс кој го идентифицира аплицираниот мастер за секоја страница во Pages Palette, можат да се напишат најмалку четири карактери. За Name се пишува име на мастер површината. За Based on Master се избира постоечка мастер површина на која ќе се базира оваа мастер површина или се избира None. За Number of Pages се пишува вредноста на бројот на страниците што треба да ги има мастерот.

Уредување на опциите на постоечкиот мастер Во Master Section на Pages Palette се кликнува на името под мастер површината за да се селектира целата мастер површина. Се избира Master Options For (името на мастер површината) во Pages Palette менито.

За аплицирање на мастер на една страница се влечи името од горната половина во Pages Palette до иконата на страницата во Pages section од Pages Palette. Кога црн правоаголник ќе ја заокружи само саканата страница се отпушта копчето на глувчето.

За аплицирање мастер на површина се влече името на мастерот од горната половина од Pages Palette до броевите на страниците на кои сакаме да го поставиме тој мастер и го отпуштаме копчето од глувчето.

Избираме Apply Master во Pages Palette и во новоотворениот прозорец дијалог ги пишуваме броевите на страниците на кои сакаме да го додадеме соодветниот мастер.

Ако сакаме да отстраниме мастер од страниците во документот, избираме None master од Master section во Pages Palette.

За дуплирање се влечи името на мастер површината до кочето New Page од Pages Palette, или се селектира името на мастер површината и се избира Duplicate Master Spread во Pages Palette менито.

За бришење на мастер ја влечиме иконата на мастер страницата до Trash icon, кликнуваме на икончето Trash или избираме Delete Master Spread во Pages Palette.

15

Page 20: Adobe InDesign CS2 Makedonski

3. Работа со текст

Со помош на InDesign можно е поставување на текст, негово распоредување во рамки за текст и уредување на текстот внатре во рамките. Кога внесувате текст, може да правите и применувате стилови, да го замените текстот и неговото форматирање и да користите речник за проверка на правописот на било кој дел од документот.

Постојат три типа на рспоредување на текстот:

- Рачно распоредување со кое текстот се поставува во една рамка. Текот на текстот престанува на дното на рамката, при тоа се појавува знак за излез кој ни покажува дека има уште текст, и ако сакаме и него да го поставиме мораме да креираме и друга рамка.

- Полуавтоматско распоредување работи како и рачното,

- Автоматско распоредување кое додава страници и рамки се додека целиот текст не се распореди во документот.

Најпрво ја селектираме страницата на која сакаме да додадеме текст. Потоа бираме File > Place. Се лоцира и избира текст фајл, за зачувување на постоечкото форматирање се избира Retain Format, и се кликнува Open. Во рамката се текст кликнуваме и на тој начин текстот се распоредува во истата. Повеќе текст рамки се поврзуваат со кликнување на излезот на едната и влезот на другата рамка и на тој начин се поставува текстот. За прикажување на текст поврзувањата се избира View > Show Text Threads. При бришење на текст рамката, текстот во неа не се бриши туку се префрлува во следната текст рамка.

А – Влез на почетокот на текстот, В – Излез кој покажува врска до следната рамка, С – Врска на текстот (thread), D – Влез кој покажува врска од претходната рамка, E- Излез кој покажува дека има уште текст (overset text).

16

Page 21: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Уредувањето на текстот се прави на ист начин како и во Microsoft Word (селектирање, бришење, копирање...).

Можеме да додаваме и текст со куцање, на тој начин што прво со помош на Т- алатката за пишување правиме рамка со одредена ширина и висина. Со кликнување на алатката за пишување внатре во празната рамка започнуваме да пишуваме. Ако е креирана текст рамка на мастер страница, се држат притиснати Ctrl + Shift како што се кликнува на рамката на страницата на документот, а потоа може да се користи алатката за пишување.

Поставување на текст околу објекти Можно е да се поставува текст околу било каков објект, вклучувајќи текст рамки, снесени графики или објекти нацртани во InDesign. Тоа се прави преку Text Wrap Palette.

1. Ако е потребн се избира Window > Text Wrap.

2. Со употреба на алатката за селекција или директната алатка за селекција, се селектира сликата околу кој атреба да го поставиме текстот.

3. Во Text Wrap Palette се кликнува копчето за посакуваната форма на обвивање:

• Wrap Around Bounding Box креира правоаголна обвивка чија ширина и висина се одредени од ограничувачката кутија на селектираниот објект.

• Wrap Around Object Shape, завиткување околу контурите на објектот, креира ограничување на обвивањето на текстот, што е во истата претходно селектирана форма.

• Jump Object спречува текстот да се појави на било кое слободно место лево или десно од рамката.

• Jump to Next Column ги поставува параграфите што обиколуваат на врвот од следната текст колона или рамка.

За вредностите на растојанието од објектот, постојат позитивни и негативни вредности. Позитивните вредности го движат завиткувањето надвор од краевите на рамката; негативните вредности го позиционираат завиткувањето во краевите на рамката.

За оваа цел може да се користи и алатката Type on a Path Tool кутијата за алатки.

17

Page 22: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Избор на видот на буквите за пишување (фонт) Character palette ги содржи основните опции за форматирање на посебни карактери во документот.

А-Font Family, B-Type Size, C-Font Size, D-Kerning, E-Vertical Scale, F-Baseline Shift, G-Palette menu, H-Leading, I-Tracking, J-Horizontal Scale, K-Skew, L-Language

За форматирање на карактери се селектира алатката за пишување Т.

• Селектирајте дел од текстот што сакате да го форматирате.

• Кликнете во рамката за да го форматирате следниот текст што го пишувате.

• За да го подесите форматирањето за идните текст рамки што ќе ги креирате во тековниот документ, осигурете се дека точката за внесување не е активна и дека ништо не е селекторано.

Ако Character palette не е видлива, се избира Type > Character palette.

За форматирање на целиот текст се употребува алатката за селекција за да се селектира текст рамката и потоа се употребуваат командите во Character palette. Се специфицираат сл. подесувања:

18

Page 23: Adobe InDesign CS2 Makedonski

- Фонт – комплетен сет од карактери – букви, бројки и симболи, што имаат иста тежина, ширина и стил.

- Typefaces – се збирови на фонтови што делат целосен изглед и се дизајнирани за да се користат заедно.

- Type Style – е различна верзија на индивидуален фонт во фамилијата на фонтови, како што е Bold (задебелени), Semibold (полузадебелни), Italic (закосени) Bold Italic (закосени и задебелени).

Open Type (отворен тип) фонтови Open Type фонтовите можат да содржат голем број на особености кои ги нема во Post Script и Type фонтовите. InDesign вклучува фонтови од следните Open Type фамилии: Adobe Garamond Pro, Adobe Caslon Pro и Caflisch Script Pro. Кога се употребуваат Open Type фонтовите за текстот, можат да се селектираат дадени особености. Овие фонтови варираат многу во бројните стилови на пишување и видовите на особености што ги нудат.

Discretionary Ligatures. Фонт дизајнерите може да вклучат опциони врзаници што не треба да бидат вклучени ви сите околности. Селектирањето на оваа опција овозможува користење на свои дополнителни врзаници ако тие се присутни.

Fraction (дропки). Броевите поделени со коса црта се конвертираат во дропка.

Ordinals (редни броеви). Редните броеви како 1 st. и 2 nd.се форматират со superscript букви (1st и 2nd) кога на располагање имаме редни броеви.

Swash (испреплетени украсни букви). Кога се на располагање, регуларни и контекстуални можат да содржат алтернативни големи букви и алтернативи за креви на зборовите.

Titling Alternatives (Алтернативи за наслови). Кога се на располагање се активираат карактери за високи наслови. Во некои фонтови, селектирањето на оваа опција за форматирање на текст во големите и малите букви може да резултира со несакани ефекти.

Contextual Alternatives (Контекстуални алтернативи). Кога се на располагање се активирани контекстуалните врзаници и алтернативите за поврзување.

All Small Caps (сите мали букви). За фонтовите кои имаат реално мали букви, селектирањето на овие опции ги претвора карактерите во мали букви.

Superscript (Superior & Subscript) Interior. Некои Open Type фонтови содржат зголемени ии намалени знаци што се во точна големина во однос на околните карактери.

Numerator & Denominator. Некои Open Type фонтови вклучуваат зголемени или намалени глифи што се во точна големина во однос на околните карактери.

Tabular Lining. Обезбедени се фигури сите со иста широчина. Оваа опција се препорачува во ситуации кога бројките треба да се порамнат од една линија во текстот, како во табела.

19

Page 24: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Proportional Oldstyle. Обезбедени се фигури со варирачка висина и ширина. Оваа опција се препорачува за класичен, софистициран изглед на текст што не користи само големи букви.

Proportional Lining. Обезбедени се фигури со иста висина, а различна ширина. Оваа опција се користи за текст што користи само големи букви.

Tabular Oldstyle. Се обезбедени фигури со различна висина, а еднаква ширина. Оваа опција се препорачува кога сакате класичен изглед на фигури со стар стил, но треба да ги порамните во колони.

Default Figure Style. Фигури кои го користат втиснатиот стил на тековниот фонт.

20

Page 25: Adobe InDesign CS2 Makedonski

4. Цртање на векторски слики

За да нацртате прави линии и глатки криви со голема прецизност можете да ја користите алатката Pen. Облиците кои се цртаат со оваа алатка можат да го подобрат дизајнот на страницата со комбинација на текстот и поставените слики.

Сите патеку делат одредени заеднички карактеристики со кои може да се манипулира за да се креира широк спектар на форми.

Closure (затвореност). Патеката е или отворена како аркада, или затворена како круг. Stroke (ивици)- надворешна линија на патеката која има дебелина, боја и вид. Fill е боја или градиент аплицирани на отворен или затворен внатрешен дел на патеката. Откако ќе се креира било каква патека, може да се променат карактеристиките на нејзината надворешност (stroke) и внатрешноста (Fill).

А- Линија со отворена внатрешност, В- Полна со отворена внатрешност, С- Линија и поплнета фигура со отворен пат, D- Линија од затворен тип, E- Полна од затворен тип, F- Полна од затворен тип, но со контура.

Contents (содржини). Може да се стави текст или графика внатре во патеката (Path). Кога се поставуваат содржини во отворена или затворена патека се употребува патеката како рамка. Содржините не се исто што и пополнувањето, на пр. една рамка може да содржи во исто време текст и да упоребува градиент пополнување.

21

Page 26: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Цртање на основните форми и прави линии Може брзо да се креираат едноставни патеки како што се линии, правоаголници, елипси и обични полигони со употреба на алатките од работната кутија (Tool Box). Toolbox-от исто така содржи алатки за креирање на истите форми како Layout држачите на место (placeholders).

За цртање или модифицирање на патеки со прецизност се избира Window > Transform и се употребува Transform Palette за покажување на големината и позицијата на птеката како што се црта.

За цртање на права линија, елипса, правоаголник или обичен полигон треба:

1. Во Toolbox се прави едно од следново:

- За цртање патека се избира линија, за елипса О, правоаголникот или полигон (сите овие алатки се наожаат во Toolbox).

- За цртање на placeholder (празна) рамка за графика, се избира алатка со лик на елипсовидна рамка, правоаголна рамка или полигон рамка во Toolbox.

2. Се влече во прозорецот на документот за да се креира патека или рамка. За ограничување на линија под агол од 45Ε, или да се ограничи ширината и висината на патеката или рамката во исти пропорции, се држи пристнато Shift копчето додека се влече. За цртање од центарот на објектот се држат притиснати копчињата Alt (Windows) или Option (Mac OS) како што се влече.

За креирање правоаголник, полигон, елипса или линија со влечење од центарот: се притиска Alt со веќе селектирана алатка со правоаголник, полигон, елипса или линија. Се позиционира покажувачот каде што треба да биде центарот на формата и потоа се влечи дијагонално кон било кој агол или крај се додека формата не ја постигне саканата големина. Shift со влечење за ограничување на формата си единствена висина и ширина, или по агол од 45Ε во зависност од алатката што се користи.

За специфицирање на подесувањата на нов обичен полигон (многуаголник): двојно кликнување на полигон алатката, за одредување на следниве подесувања и потоа се кликнува ОК:

За Number of Sides (број на страни) се внесува бројот на страни што полигонот треба да ги има.

22

Page 27: Adobe InDesign CS2 Makedonski

За Star Inset се внесува проценетата вредност за да се одреди должината и дебелината на страните, краевите на страните ги допираат внатрешните краеви на Bounding Box-от на полигонот, и процентот ја одредува длабочината на паѓањето помеѓу секоја страна. Повисоките проценти креираат подолги и послаби страни.

Полигон подесувањата се применуваат само на следниот полигон, не можете да ги примените на веќе креиран полигон.

Цртање со алатката Pen Се употребува алатката Pen за цртање на патека што не може да се нацрта со поедноставни алатки за цртање. Оваа алатка овозможува креирање прави линии и мазни криви со голема прецизност.

Цртање на прави сегменти Наједноставна патека што може да се нацрта со Pen алатката е права линија, која се прави со кликнување на Pen алатката за да се создадат две фиксни точки. Со континуирано кликнување се креира патека направена од прави сегменти поврзани со точки на агол. За цртање на прави сегменти со Pen алатката треба:

- Се селектира Pen алатката.

- Се позиционира врвот на пенкалото каде што треба правиот сегмент да почне, и се кликнува за да се дефинира првата фиксна точка (не се влече). Фиксната точка останува селектирана се додека не се додаде следна точка.

Забелешка: Првиот сегмент нема да биде видлив се додека не кликнете нова фиксна точка. Исто така, ако се појават линии за правец, значи случајно сте ја влечеле Pen алатката, изберете Edit > Undo и кликнете повторно.

- Се кликува повторно каде што треба да заврши сегментот (Shift + клик за ограничување на аголот на сегментот на 45Ε). Ова креира друга фиксна точка.

- Се продолжува со кликнување на Pen алатката за да се креираат дополнителни прави сегменти.

- Последната фоксна точка што се додава се појавува како цврст квадрат, покажувајќи дека е селектирана. Постоечките фиксни точки стануваат деселектирани како што се додаваат повеќе фиксни точки.

- За преместување на фиксните точки кои се нацртани се држи притиснато копчето за празно место (space bar) и се влечи.

За затворање на патеката, се позиционира Pen алатката над отворената фиксна точка. Мала дијагонална линија се појавува до Pen алатката кога таа е точно позиционирана. Се кликнува на фиксната точка и потоа се позиционира пенкалото на другата крајна точка се додека еден мал отвор не се појави до пенкалото. Се кликнува на крајната точка за да се затвори патеката.

23

Page 28: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Употреба на Pen алатката за цртање патеки што содржат било каква комбинација на прави и криви сегменти.

Цртање на криви сегменти Се креираат криви со употреба на Pen алатката при што кривата ја менува насоката и се влечат линиите во насока што ја оформуваат кривата. Кривите се полесни за едитирање, а системот може да ги изложи и испечати побрзо, кога се цртаат со употреба на што помалку фиксни точки. За цртање на крив сегмент треба:

-Се избира Pen алатката.

- Се позиционира врвот на пенкалото таму каде што треба кривата да почне. Се држи притиснато копчето на глушецот. Првата фиксна точка се појавува и врвот на пенкалото се променува во стрелка.

- Се влечи за да се постави падот на кривиот сегмент што се креира. Обично линијата се продолжува за насока за околу 1/3 од растојанието со следната фиксна точка која се планира да се црта. Shift + влечење за да се ограничи линијата за насока од 45Ε.

А- Позиционирање на Pen алатката, В- почнување со влечење, С- влечење за продолжување на линиите за насока.

24

Page 29: Adobe InDesign CS2 Makedonski

- Се отпушта копчето на глушецот.

- Се позиционира Pen алатката каде што треба кривиот сегмент да заврши и потоа:

• За креирање на крива со форма С, се влечи спротивно од насоката во која се движи претходната линија за насока.

А- Почнување со влечење на втора точка, В- Влечење спротивно од прават линија за насока за креирање на крива со форма, С- Резултат по пуштање на копчето од глушецот.

• За затворање на патеката се позиционира Pen алатката над првата фиксна точка. Мал отвор се јавува до Pen алатката кога е позиционирана точно. Се кликнува или влече за да се затвори патеката.

• За да се остави патеката отворена, (Ctrl + клик) било каде од сите објекти, се избира Edit > Deselect All или друга алатка од Toolbox-от.

25

Page 30: Adobe InDesign CS2 Makedonski

5. Внесување, изнесување и работење со графика

Векторски графики и Bitmaps (растерски) слики Векторскита слики се направени од линии и криви дефинирани со вектори. Може слободно да се зголемуваат векторските графики без губење на острината, бидејќи тие се независни од резолуцијата – бројот на пиксели, употребени за прикажување на векторска графика е одреден со резолуцијата на мониторот или печатачот. Ова е поради тоа шо векторката графика не се конвертира во пиксели се додека не се изложи на монитор или не се печати. Објектите што се креираат со употреба на алатките за цртање во InDesign Toolbox-от се примери за векторки графики.

Bitmap сликите се, исто така наречени растер слики, се создадени од мали квадратчиња, наречени пиксели. Bitmap сликите се највообичаениот електронски медиум за вакви слики (continious-tone), како што се фотографиите или сликите креирани во програмите за обработка на слики, како што е Adobe Photoshop. Bitmap сликите се зависни од резолуцијата – тоа значи, дека претставуваат фиксен број на пиксели. Како резултат на тоа, тие ги губат деталите и се појавуваат неправилни, ако се зголемат на екранот или се печата со повисока резолуција од онаа со која биле креирани. Bitmap сликите често бараат голем простор за складирање и треба да бидат компресирани за да се намали големината на фајлот. Се компресира сликата во нејзината оригинална апликација пред да се внесе во InDesign.

Може да се зачувуваат компјутерски графики како што се Bitmap сликите, векторските графики, или нивна комбинација од двете, зависно од форматот на фајлот за графици.

Резолуција за Bitmap слики Резолуција е бројот на точки или пиксели по линеарна единица кои се потребни во репродукцијата на уметнички работи и слики.

Во печатењето резолуцијата е густината на пикселите по инч, изразена како пиксел по инч (ppi) или точки по (dpi). Во графиките базирани на видео употреба во web изданијата, под резолуција се подразбираат хоризонталните и вертикалните димензии на сликата, изразени во пиксели. Важно е да не се мешаат резолуциите на мониторот или печатачот со фрекфенцијата на екранот.

Следните напомени можат да помогнат да се одредат барања за резолуцијата на сликите:

• Комерцијалното печатење бара слики од 150 до 300 ppi во зависност од печатењето и фрекфенцијата на мониторот што се употребува. Бидејќи, комерцијалното печатење бара слики со големи и високи резолуции, што бара повеќе време за прикажување додека работите со нив, може да се употребат ниски-резолуциони верзии за приказот и потоа да се заменат со високо-резолуциони верзии при печатењето, со употреба на Links palette или со Open Prepress Interface.

26

Page 31: Adobe InDesign CS2 Makedonski

• Desktop печатењето обично бара слики во опсег од 72 dpi (за фотографии на 300 dpi печатач) до 150 dpi (за фотографии кои се печата на уреди до 1000 dpi). За работа со линија (1-bit слики), осигурајте се резолуцијата на вашите графики да се совпаѓа со резолуцијата на печатачот.

• Бидејќи, on-line изданијата обично бараат слики со пиксел димензии што одговараат на мониторот, сликите се обично помалку од 500 пиксели ширина и 400 пиксели висина за да остават место за browser window controls или такви елементи на приказ како што се captions. Креирањето на оригинална слика со резолуција на екранот 96 dpi на Windowsбазирани слики, и 72 dpi на MasOS базирани слики, овозможуваат да се види сликата онаква како што веројатно ќе се појави кога е гледана од типичен Web browser. Кога се публицира on-line, единствено кога веројатно ќе се има потреба од резолуции над споменатите рамки кога треба гледачите да можат да зумираат за повеќе детали во PDF документ, или кога се продуцира документ за печатење по нарачка.

Импортирање на различни фајл формати во документ EPS (.EPS)

The Encapsulated Post Script (EPS) фајл формат се употребува за пренос на Post Script јазично уметничко дело помеѓу апликациите и е поддржан од повеќето програми за илустрирање и прикажување на страници. Типично, EPS фајловите претставуваат единечни илустрации или табели што се поставуваат во приказот, но EPS фајл може исто така да претставува и целосна страница.

Бидејќи тие се базираат на Post Script јазик, EPS фајловите можат да содржат и векторски и bitmap графики. Бидејќи Post Script не може нормално да биде прикажан на екран, InDesign креира bitmap преглед за EPS фајлот на екранот. Ако сакате да печатите страници со EPS фајл на печатач кој не е Post Script, ќе биде печатен само овој преглед на резолуција за екран.

EPS овозможува за пред печатење – квалитетна резолуција, прецизност и боја. Овој формат ги вклучува сите податоци за боја и слика потребни за колор сепарирани DCS слики вметнати во EPS графики. EPS не е идеален фајл формат за on-line публицирање во HTML, но работи добро за on-line изданија во PDF.

EPS фајловите може да содржат Open Prepress Interface (dpi) коментари, кои ви овозожуваат да користите брзи, ниско-резолуциони верзии на слики за нивно позиционирање на страница. За финален производ, или InDesign или Prepress сервис провајдер можат автоматски да ги заменат просечните верзии со високо-резолуциони верзии.

27

Page 32: Adobe InDesign CS2 Makedonski

JPEG (.Jpeg)

Joint Photographic Experts Group (JPEG) форматот е најчесто користен за прикажување фотографии и други слики во Hyper Text markup Language (HTML) фајлови во World Wide Web и други on-line медиуми. JPEG форматот ги подржува CMYK, RGB и сивите модели. За разлика од GIF, JPEG ги задржува сите информации за боја во RGB сликата.

JPEG употребува прилагодлива шема за компресијашто ефективно ја намалува големината на фајлот со идентифицирање и исклучување на екстра податоците кои не се важни за дисплејот на сликата. Повисоко ниво на компресија резултира со понизок квалитет на сликата; пониско ниво на компресија резултира со подобар квалитет на сликата, но со поголема големина на фајлот. Во повеќето случаи компресирањето на сликата со употреба наMaximum quality опцијата продуцира резултат што не може да се разликува од оригиналот. Отворањето на OPEN слика автоматски ја декомпресира.

PDF (.PDF) Adobe Acrobat Portable Document Format (PDF) е стандарден за електронска дистрибуција и прегледување на комплетните документи. Ги зачувува фајловите на изгледот, типографијата, bitmap сликите и векторските графики креирани во голем број на различни апликации. PDF може да ги зачува квалитетот на бојата и прецизноста на изгледот за работа пред печатење, додека го компресира страниците доволно за on-line дистибуција и гледање. PDF фајловите можат да се гледаат со употреба на Acrobat Reader. Поради сите овие причини, PDF е најчест формат на World Wide Web.

Базиран е на индустриски стандардниот Adobe Postscript јазик. За опис на страницата (Page-description language) за професионално печатење, PDF страниците се слични со Postscript страниците, но исто така можат да содржат мултимедијални елементи и особености за барање и следење на електронски документи. На пример, PDF фајловите можат да содржат филмови, глас, hypertext врски и електронски табели на содржините. Како и да е, InDesign не внесува филмови, глас, hypertext врски или копчиња кога се поставува PDF фајл.

Може да се постави PDF слика како една графика во InDesign со употреба на Place командата, или може да креира PDF фајл компатибилно на Acrobat со употреба на Export командата.

Ако внесениот PDF фајл содржи транспарентни објекти, транспарентноста се зачувува и се овозможува потцртување на уметничката работа за да се прикаже.

28

Page 33: Adobe InDesign CS2 Makedonski

TIFF (.TIF)

TIFF е флексибилен формат на bitmap слики подржан од сите апликации за сликање, едитирање на слики и прикажување на страници (Page Layout). Исто така, виртуелно сите desktop скенери можат да произведат TIFF слики.

TIFF форматот поддржува CMYK, RGB, grayscale, Lab, Indexed Color и bitmap фајлови со алфа канали. InDesign ги препознава OPI коментарите кодирани (encoded) во TIFF фајовите. Може да се употреби програма за едитирање на слики како што е Adobe Photoshop за креирање на clipping патека ако треба да се креира транспарентна позадина за TIFF сликата. InDesign ги подржува clipping патеките во TIFF сликите.

29

Page 34: Adobe InDesign CS2 Makedonski

6. Аранжирање и комбинирање на објекти

Модифицирање на објекти со користење на рамки за графики Ако графиката е содржана во рамка (како што се импортираните графики) може да се модифицира со промена на нејзината врска со својата рамка,како на пример:

• Сечење на графики со правење на рамката помала од графиката.

• Креирање различни ефекти на маски и изглед со лепење на објект во рамката.

• Додавање keyline или outline на графиката со промена на stroke дебелината и бојата на рамката.

• Центрирање на графиката на правоаголник како позадина со зголемување на рамката и подесувањето на бојата на внатрешноста на рамката.

За лепење на објект во рамката се прави следното:

- За лепење на еден објект во рамката се селектира објектот.

- За лепење на два или повеќе објекти во рамката, прво се групираат, бидејќи рамката може да содржи само еден објект.

- За лепење на текст рамка внатре во друга рамка и да се зачува нејзиниот тековен изглед, се селектира целата текст рамка со употреба на алатките за селекција и за директна селекција, а не на текст алатката.

Се избира Edit > Copy (или Edit > Cut ако не треба да се зачува оригиналот).Се селектира патеката или рамката и се избира Edit > Paste.

За отстранување на содржината на рамката се прави следното:

Кога се отстранува графика или текст рамка се селектира објектот со алатката за директна селекција. Оваа алатка автоматски се променува во алатка – рамка кога се поставува над содржината на рамката.

30

Page 35: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Кога се отстрануваат текст карактери, се селектира со текст алатката Т.

Се прават следните акции:

За постојано отстранување на содржината се притиска Delete или Backspace. За поставување на содржина на друго место се избира Edit > Cut, се деселектира рамката, и потоа се избира Edit > Paste.

Порамнување на објект во рамка за графика Кога се поставува или лепи објект во рамка, се појавува во горниот лев агол по правило. Ако рамките и нејзината содржина се со различни големини, може да се употребат Fitting командите за да се постигнат и автоматски да се совпаднат.

Frame alignment опциите се употребуваат на рамки што содржат или графика или друга текст рамка, бидејќи тие не влијаат на параграфите во текст рамката.

Употребувајте ги Fitting командите за порамнување на текст рамка вметната во друга рамка, но не за параграфите во текст рамката.

За порамнување на објект во графичка рамка се прави следното:

• За центрирање на содржините во рамката, се селектира графичката рамка и се избира Object > Fitting > Center Content. Пропорциите на рамката и нејзината содржина се зачувуваат.

• За промена на големината на рамката да одговара на својата содржина, се селектира рамката и се избира Object > Fitting > Fit Frame to Content. Пропорциите на рамката се променуваат за да се совпаднат со пропорциите на содржината, ако тоа е потребно. Ова е корисно за ресетирање на графичка рамка што случајно се променила.

• За промена на содржината да одговара на рамките со зачувување на пропорциите на содржината, се селектира графичката рамка и се избира Object > Fitting > Fit Content Proportionally. Димензиите на рамките не се променуваат. Ако содржината и рамките имаат различни пропорции, ќе остане празно место.

• За промена на содржината да одговара на рамката со менување на пропорциите на содржината, изберете Object > Fitting > Fit Content to Frame. Рамката нема да се промени, но содржината може да изгледа истегната ако содржината и рамката имаат различни пропорции.

31

Page 36: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Движење на графичката рамка или на нејзината содржина Кога се движи рамката со употреба на алатката за селекција, содржината на рамката се движи со неа. Следните техники вклучуваат начини на движење на рамката или нејзината содржина независно една од друга. Овие техники се корисни за прилагодување на графиката која може да биде пресечена или маскирана од својата рамка.

Ако алатката за селекција не работи како што се очекува, треба да се селектира. Ова се прави со притискање на Control + Shift + A.

За движење на рамката заедно со својата содржина се влечи со употреба на алатката за селекција.

За движење на содржината без движење на рамката (значи содржината е пак зад својата рамка), со употреба на алатката за директна селекција се влече содржината. Алатката за директна селекција автоматски се променува кога ќе се најде над содржината на рамката.

Ако го држите притиснато копчето на глушецот на графиката пред да ја движите, се појавува динамички преглед на графиката и ова олеснува да се види како ја позиционирате целата слика во рамката.

За движење на рамката без движење на нејзината содржина, со употреба на алатката за директна селекција се влече рамката. Не треба да се движат ниту една од фиксните точки на рамката, со тоа се променува формата на рамката или графиката или друга текст рамка, бидејќи тие не влијаат на параграфите во текст рамките. Со употреба на алатката за директна селекција се држи притиснато Ctrl копчето како што се влечи крајот на рамката што треба да се памети. Не се влечи содржината. Оваа процедура бара селектирање на алатката за директно селектирање во toolbox – от.

32

Page 37: Adobe InDesign CS2 Makedonski

33

Page 38: Adobe InDesign CS2 Makedonski

7. Аплицирање на боја

Видови на боја Може да се користат спот или процесни типови на боја, што одговараат на два главни типа на мастило кои се употребуваат во комерцијалното печатење. Во Swatches palette, може да се идентифицира тип на боја со употреба на икони со бои што се појавуваат до името на бојата.

Спот бои Спот боја е специјално измешано мастило што се употребува како додаток на CMYK модот на бои и бара сопствен сад при процесот на печатење, се употребуваат кога точноста на бојата е критична. Спот колор мастилата можат точно да ги репродуцираат боите што се надвор од скалата на процесните бои. Како и да е, точниот изглед на печатената спот боја е одредена со комбинацијата на мастило мешано од комерцијалниот печатач и хартијата на која се печати. Кога се специфицираат вредностите за спот боите, се опишува симулиран изглед на боја за мониторот и за печатачот.

За подобри резултати во печатените документи, специфицирајте спот боја од color-maching системот поддржан од печатачот. Бројот на спот бои што се употребуваат треба да е на минимум. Секоја спот боја што се креира ќе креира дополнителна спот колор печатарска форма и ќе ги зголеми трошоците за печатење. Ако се потребни повеќе од четири бои, документот се печати со употреба на процесни бои.

Процесни бои Процесната боја се печати со употреба на четири стандард процес мастила: cian, magenta, yellow и black (CMYK). Процес боите се користат кога работата бара толку многу бои што употребата на индивидуални спот мастила би била скапа и непрактична, како кога се печатат колор фотографии. Треба да се имаат предвид следните напомени во специфицирањето на процес боите:

За подобри резултати на печатениот документ се специфицираат процесните бои со употреба на CMYK вредности испечатени во табелата за референци на процес боите, какви што се на располагање на печатачот.

Финалните вредности на бојата во процес боја се вредностите во CMYK, така што ако се специфицираат процес боите се употреба на RGB или LAB, тие колор вредности ќе бидат конвертирани во CMYK кога се печата колор делови.

Процес бојата не се специфицира врз база на тоа како изгледа на мониторот, освен кога се точни и јасни ограничувањата при прегледот на боите во color management системот. Треба да се избегнува употребата на процес боите во документи

34

Page 39: Adobe InDesign CS2 Makedonski

наменети за online гледање, бидејќи CMYK иама помала скала на бои, отколку оној на типичниот монитор.

Аплицирање на боја InDesign овозможува голем број на алатки за аплицирање на боја, вклучувајќи го toolbox-от, Swatches palette и Color palette.

A- Fill box, B-Default Fill and Stroke, C- Formatting affects container, D-Swap Fill and Stroke, E-Stroke box, G-Color, H-Gradient, F- Formatting affect, I-None

За промена помеѓу fill и stroke како активна селекција се притиснува копчето X на тастатурата (кога нема точка за вметнување). За промена помеѓу fill и stroke бои на сектираниот објект се притиска Shift + X. Овој совет се применува на селектирани текст карактери. За аплицирање на боје се прави следното:

1. Се селектира објектот што треба да се обои со едно од следните дејствија:

- За патека или рамка, се употребува алатката за селекција или за директна селекција, како што е потребно.

- За сива или монохроматска слика, се употребува алатката за директна селекција. Може да се аплицираат само две бои на сива или монохроматска слика.

- За текст карактери се употребува алатката за текст Т за менување на бојата на еден збор од текстот или за целиот текст во една рамка.

2. Во toolbox-от или Swatches palette, се селектира Fill box или Stroke box за специфицирање на fill или stroke на објектот. (Ако сте селектирале слика, stroke box нема никаков ефект).

3. Се селектира боја, нијанса (tint) или gradient со употреба на Swatches palette, toolbox-от или Color palette.

35

Page 40: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Употреба на toolbox контрола за боја Ако треба да се аплицира последно употребуваната боја или gradient, може да се аплицира боја само со употреба на toolbox. За аплицирање на боја на селектирани објекти со употреба на toolbox се прави следното:

- Се кликнува на копчето Color за аплицирање на последната боја во Swatches или Color palette.

- Се кликнва копчето Gradient за аплицирање на последно селектираниот gradient во Swatches или Color palette.

- Се кликнува на копчето None за да се отстранат fill или stroke од објектот.

За промена помеѓу Color, Gradient или None во toolbox-от, се употребуваат овие скратени патишта: се притиска (;) за промена на селектираното во боја; (.) за промена на селектираното во градиент; (/) за промена во None. Ова не се применува на селектиран текст.

Употреба на Swatches palette Може да се контролираат сите бои и градиенти на документот само со Swatches palette. Се употребува за креирање, именување и зачувување на бои и градиенти за моментален пристап. Кога fill или stroke на селектираниот текст или објект содржи боја или градиент аплицирани од Swatches palette, аплицираната боја е осветлена во Swatches palette: цијан, магента, жолта, зелена и сина.

36

Page 41: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Употреба на Color palette Кога Swatches palette е препорачана палета за работа со бои, исто така може да се мешаат бои со употреба на Color palette. Може да се додава боја од Color palette во Swatches palette во било кое време. Color palette е најкорисна за мешање на неименувани бои.

Ако селектирате објект што тековно користи имнеувана swatch боја, едитирањето на неговата боја со употреба на Color palette ќе ја промени бојата само на тој објект. Ако сакате да ја едитирате бојата низ целиот документ, двапати кликнете на неговиот swatch во Swatches palette.

За прикажување на Color palette се избира Window > Color.

Двојно се кликнува на fill или stroke во toolbox-от.

A-Fill box, B-Stroke box, C-Formatting affects container of text, D-Поселдно употребувана боја, E-Спектар на бои, F-Мерач на јачината на бојата.

За едитирање на бојата на fill или stroke на селектиран текст или објекти со употреба на Color palette се прави следното:

Се селектира Fill box или Stroke box во Color palette.

Се прилагодува Tint slider, што по правило се појавува ако објектот користи Swatches palette.

Се избира LAB, CMYK или RGB модел на бои во Color palette, и се употребуваат слајдерите за промена на вредностите на бојата. Исто така можат да се внесат нумерички вредности во текст кутиите до колор слајдерите. Се позиционира покажувачот над бојата и се кликнува.

Ако се појави иконата за предупредување надвор од опсег, и сакаме да ја употребиме CMYK боја најблиска до бојата што сме ја специфирале, се кликнува на малата кутија со боја до иконата за предупредување.

За креирање на Swatch боја во Color palette се избира Add to Swatches во менито.

За дефинирање на нова боја од менито се избира New Color Swatch и ја дефинираме новата боја преку нумерички вредности.

37

Page 42: Adobe InDesign CS2 Makedonski

За дефинирање на нов градиент се избира New Gradient Swatch и се избираат почетната и крајната боја на градиентот. За избор на градиент се користи и алатката Gradient од кутијата со алатки.

За дефинирање на нијанса на веќе избрана боја, од менито се избира Tint и се дефинира процентот на бојата во новата нијанса.

Работа со провидност и додавање на сенки Со комбинација на параметрите од палетета Transparency може да добиваме разни ефекти на посебните слоеви во еден документ. Ако не е видлива палетата Transparency, избираме Window > Transparency.

Со претходно селектиран објект, ја менуваме неговата провидност преку менување на вредноста на Opacity.

Но, во палетата Transparency, постојат неколку режими за мешање на боите на избраниот објект со објектите под него.

38

Page 43: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Постои опција за омекнување на ивиците на сликите. На селектираната слика избираме Object > Feather, и ја дефинираме вредноста за која сакаме са ги омекниме ивиците.

Можеме да додаваме сенки на разни објекти, слики и текст, преку опцијата Drop Shadow. На селектиран објект бираме Object > Drop Shadow, и во добиениот прозорец дефинираме модот, густината, X Offset и Y Offset вредности, замаглување и боја на сенката. Вредностите на X Offset и Y Offset ја одредуваат хоризонталната и вертикалната должина на сенката. Позитивните броеви ја поместуваат бојата надолу и на десна страна на објектот, додека негативните броеви ја поместуваат сенката нагоре и налево.

39

Page 44: Adobe InDesign CS2 Makedonski

8. Извоз во PDF

Со помош на InDesign можете брзо да ги префрлите вашите документи во познатиот и општо прифатениот PDF формат. Исто така, страниците и документите може да ги префрлите во HTML формат, при што InDesign на Internet. При експортирање на документот во PDF формат, потребно е да се дефинираат неколку параметри.

При отворен документ се избира File > Export. Го дефинираме името на документот, а за тип го бираме PDF форматот и бираме Save. Добиваме нов прозорец во кој треба да ги дефинираме параметрите за PDF форматот.

40

Page 45: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Подесување на PDF параметрите за квалитет PDF параметрите се користат за контрола на големината на датотеките, и најчесто се дефинирани. Може да ги избирате следните параметри:

eBook - Adobe PDF датотека која првенствено ќе се чита на екран и персонален компјутер. Оваа опција ги ускладува големината на датотеката во однос на резолуцијата на сликите, за да се добие релативно мала и содржајна датотека; ги компримира сите податоци, ги пренесува боите во RGB мод или Monitor RGB (доколку е дозволено управувањето со бои) и ги вградува сите фонтови кои се користени во датотеката (освен 14 основни фонтови). Adobe PDF датотеките кои се направени со помош на eBook опцијата, компатабилни се со Acrobat 5.0 и нови верзии, како и Adobe Acrobat eBook Readerom 2.2 и нови верзии.

Screen – Компактна Adobe PDF датотека која ќе се прикажува на World Wide Web или интранет или ќе се дели преку систем на е-пошти или прегледувања на екран. Оваа опција користи компресија, намалување на бројот на пиксели и релативно мала резолуција, за да направи што помала Adobe PDF датотека; ги пренесува сите бои во RGB мод или Monitor RGB (доколку е дозволено управувањето со бои); ги вградува сите фонтови користени во датотеката; одржува компатабилност со Acrobat 4.0 и нови верзии и ги оптимизира датотеките.

Print - Adobe PDF датотека која се користи за персонални печатачи, дигитални машини за копирање и објавување на CD-ROM. Можете да ги испратите на клиентите во облик на пробни печатарски отпечатоци. Кај оваа опција големината на датотеката е важна, но не е единствена цел. Оваа опција користи компресија и намалување на бројот на пиксели за да се намали големината на датотеката; не ги менува боите; ги вградува користените фонтови во датотеката и ја печати на средна резолуција за прецизно да се прикаже оригиналниот документ.

Press - Adobe PDF датотека која ќе се печати на уред за фотослог или осветлувач за плоча во облик на излезен резултат со висок квалитет. Во овој случај големината на датотеката не е важна. Целта е да се одржат сите податоци во Adobe PDF датотеката кои се потребни за комерцијално печатење. Оваа опција ги пренесува боите во CMYK; ги вградува сите фонтови користени во датотеката; печати со висока резолуција и користи други параметри за да зачува максимална количина на податоци кои се наоѓаат во оригиналниот документ.

PDF/X-1a – Содржината на документот ја префрлува во облик кој е компатабилен со PDF/X-1a. Графичката содржина е префрлена во компатабилен еквивалент, доколку е можно. PDF/X-1a, ISO (Меѓународна организација за стандардизација) стандард за размена на графичка содржина бара сите фонтови да се вградени, да се наведат соодветни PDF полиња и бојата да се појавува како CMYK или спот боја. PDF датотеки кои ги исполнуваат PDF/X-1a барањата се наменети за одредени излезни услови (на пр, web offset печатење во склад со SWOP). PDF/X-1a датотеките се наменети да се користат во апликации кои подржуваат PDF/X.

PDF/X-3 – Содржината на документот ја пренесува во облик кој е компатабилен со PDF/X-3. Графичката содржина се пренесува како компатабилен еквивалент,ако е можно, инаку се појавува упозорење. Како и PDF/X-1а, PDF/X-3 е ISO стандард за

41

Page 46: Adobe InDesign CS2 Makedonski

размена на графичка содржина. Основна разлика е во тоа што PDF/X-3 подржува бои кои се назависни од уредите. PDF/X-3 датотеките се наменети за употреба во апликации кои подржуваат PDF/X.

Acrobat 6 Layered – PDF датотека во која сите InDesign слоеви, вклучувајќи ги скриените слоеви, се зачувани како Acrobat слоеви. Ова им овозможува на корисниците на Adobe Acrobat 6.0 да направат неколку верзии на документи од една датотека.

42

Page 47: Adobe InDesign CS2 Makedonski

9. Припрема за печатење

Со помош на напредните контроли за печатење и припремата за печатење во InDesign можете да управувате со вашите параметри за печатење, без обзир каков тип на печатач имате. Од Adobe InDesign може лесно да печатите документи на ласерски печатач, ink-jet печатач, филм со висока резолуција или уреди за осветлување на печатарската форма.

Adobe InDesign содржи опции за проверка на достапноста на сите датотеки кои се потрбни за претставување на документот, и овие опции се користат за прегледување на датотеките пред печатењето за да се утврди дали сите слики и фонтови од датотеката се достапни за печатење. За оваа цел се избира File > Preflight.

Во овој прозорец можете да ги прегледувате фонтовите, врските и сликите, боите, параметрите за печатење итн.

Командата Package за пакување може да се употребува за да се состави примерок на InDesign документот, со сите поврзани делови, вклучувајќи слики и текст.

43

Page 48: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Преглед на сепарацијата Доколку вашите документи треба да се сепарираат по бои за комерцијално печатење, со помош на Separation Preview подобро ќе разберете како се печати секој дел од документот. Избираме Window > Output Preview > Separations.

Преглед на Transparency Flattener Transparency Flattener се користи за да се одреди како провидности влијае на конечната отпечатена верзија. Се избира Window > Output Preview > Flattener.

InDesign содржи три претходно дефинирани параметри за изедначување на провидноста.

Low Resolution (ниска резолуција) - се употребува за брзо печатење на пробни отпечатоци кои ќе се печатат на црно-бели персонални печатачи и за документи кои ќе се објавуваат на Web.

Medium Resolution (средна резолуција) – се употербува за печатење на пробни отпечатоци и документи кои се печатат по налог на PostScript печатачи во боја.

High Resolution (висока резолуција) – се користи за крајно печатење и печатење на пробни отпечатоци со висок квалитет, како што се пробни отпечатоци во боја врз основа на сепарација.

44

Page 49: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Печатење Се избира File > Print.

Во овој прозорец се подесуваат сите опции за печатење кои се однесуваат на слики, бои, фонтови и останати напредни опции, како и број на копии, страници кои ќе се печатат итн.

45

Page 50: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Одредување на начин на кој ќе се печатат сликите Кога печатите или извезувате документи кои содржат сложени слики (на пр, слики со висока резолуција, EPS слики, PDF страници или слики со ефект на проѕирност) поребно е да ги менувате параметрите за резолуција и растеризација за да добите најдобри резултати од печатењето. Во делот Graphics внатре во прозорецот Print можни се следните опции:

Send Data – Одредува колку податоци за сликата во поставените растерски слики треба да се испрата на печатачот или датотеката.

All – испраќа податоци со висока резолуција кои одговараат на секое печатење со висока резолуција или печатење на сиви нијанси или слики во боја со голем контраст, како и црно-бели текстови со една спот боја. Оваа опција бара најмногу простор на дискот.

Optimized Subsamling – испраќа толку податоци за сликата колку е потребно за истата да се испечати во најдобра можна резолуција на излезниот уред. (печатач со висока резолуција користи повеќе податоци, отколку печатач со ниска резолуција). Изберетеја оваа опција во случај кога рабоитите со слики со висока резолуција, печатите пробни отисоци на desktop печатач.

Proxy (72 dpi) – испраќа верзија со екранска резолуција на поставените битмапирани слики, со што се намалува времето за печатење.

None – привремено отстранување на сликите кога печатите или ги заменувате со рамки за слики кои се прецртани со X, со што се намалува времето за печатење. Рамките се со исти димензии како и внесените слики, така што можете да ги проверувате големината и положбата. Оваа опција е корисна кога треба да ги поделите примероците од текст на коректура; и кога треба да се утврдат причините за проблеми при печатењето.

Подесување на опции за фонтовите Внатрешни фонтови на печатачите се оние фонтови кои се складирани во меморијата на печатачот или на дискот кој е поврзан со печатачот. Фонтовите Type 1 и True Type може да се складираат или во печатачот или во вашиот компјутер, додека битмапираните фонтови се складираат само во компјутерот. InDesign ги чита фонтовите под услов тие да се инсталирани на дискот на компјутерот. Во картицата Graphics во прозорецот Print може да ги изберете следните опции:

None – вклучува референци за фонт во PostScript. Оваа опција е соодветна ако фонтовите се наоѓаат на печатачот. Фонтовите True Type го добиле името по името на PostScript во фонтот, но не можат сите апликации да ги протумачат овие имиња.

Complete – ги вчитува сите фонтови кои се потребни за печатење на документот. InDesign автоматски прави подзбирови на фонтовите кои содржат повеќе од максималниот број на знаци кои се наведени во прозорец дијалогот Preferences.

Subset – ги вчитува само знаците кои се користат во документот. Знаците се вчитуваат само еднаш за секоја страница. Примена на оваа опција доведува до брзи

46

Page 51: Adobe InDesign CS2 Makedonski

и помали PostScript датотеки, и тоа кога се користи за еднострани документи или кратки документи без многу текст.

Download PPD Fonts – ги вчитува фонтовите кои се користат во документот, дури и оние кои се наоѓаат во печатачот. Со помош на оваа опција може да бидете сигурни дека InDesign користи ознаки за фонтовите на компјутерот да ги печати вообичаените фонтови, како што се Helvetica, Times итн. Примената на оваа опција може да го реши проблемот со верзиите на фонтови, како што се погрешно споени збирови на знаци помеѓу вашиот компјутер и печатач или отстапување на контурите за време на поклопувањето. Но, оваа опција не треба да се користи за грубо печатење.

47

Page 52: Adobe InDesign CS2 Makedonski

Користена литература

Adobe System Incorporated, Adobe InDesign CS2, Учионица у књизи, CET Computer Equipment and Trade,2004 Beograd

48