creating change together

31
Creating Change Together администрација Начелата јавната СИГМА е заедничка иницијатива на ОЕЦД и ЕУ, главно финансирана од ЕУ. Овој документ е подготвен со финансиска помош од Европската унија. Документот не треба да се смета дека ги одразува официјалните ставови на ЕУ, ОЕЦД или на нејзините земји-членки, или земјите-кориснички коишто учествуваат во програмата на СИГМА. Мислењата што тука се изразени и изнесените аргументи се ставови на авторите. Овој документ и секоја мапа вклучена во истиот не се во спротивност со статусот или суверенитетот на која било територија, означувањето на меѓународните граници и со името на која било територија, град или област. на

Upload: others

Post on 27-Apr-2022

2 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Creating Change Together

Creating Change Together

администрација

Начелатајавната

СИГМА е заедничка иницијатива на ОЕЦД и ЕУ, главно финансирана од ЕУ. Овој документ е подготвен со финансиска помош од Европската унија. Документот не треба да се смета дека ги одразува официјалните ставови на ЕУ, ОЕЦД или на нејзините земји-членки, или земјите-кориснички коишто учествуваат во програмата на СИГМА. Мислењата што тука се изразени и изнесените аргументи се ставови на авторите. Овој документ и секоја мапа вклучена во истиот не се во спротивност со статусот или суверенитетот на која било територија, означувањето на меѓународните граници и со името на која било територија, град или област.

на

Page 2: Creating Change Together

СодржинаПредговор од г. Јоханес Хан 4

Предговор од г-ѓа Мари Кивиниеми 5

Вовед 6

1. Стратешка рамка за реформа на јавната администрација 10

2. Развој и координација на политиките 14

3. Јавна служба и управување со човечки ресурси 18

4. Отчетност 22

5. Обезбедување услуги 26

6. Управување со јавните финансии 30

Завршни белешки 34

Прочитај повеќе за начелата на јавната администрација 35

Page 3: Creating Change Together

4 Предговор

Предговор

Комисијата обезбедува силен фокус посветен на фундаменталните реформи во раната фаза од процесот на проширување. Овој пристап придонесува за зајакнување на кредибилитетот на политиката за проширување и за подобрување на нејзината трансформативна моќ.

Реформата на јавната администрација е столб на процесот на проширување, заедно со владеењето на правото и економското управување. Сите три столба се тесно поврзани, меѓусекторски прашања од суштинска важност за успехот во политичките и економските реформи и за градење основа за спроведување на стандардите и правилата на ЕУ. Функционалната јавна администрација е неопходна за демократско владеење. Таа, исто така, непосредно влијае врз способноста на владите за обезбедување јавни услуги и за поттикнување на конкурентноста и растот.

Реформата на јавната администрација треба да доведе до поголема транспарентност, отчетност и ефективност, како и да обезбеди поголем фокус на потребите на граѓаните и претпријатијата. Соодветното управување со професионална државна служба, подоброто планирање и координирање на политиките, добрите управни постапки и подобреното управување со јавните финансии се од суштинска важност за функционирањето на државата и за спроведување на реформите коишто

се потребни за интеграција во ЕУ. Земјите треба да ги зголемат своите напори за подобрување на своите јавни администрации на сите нивоа врз основа на национални стратегии. Потребна е силна политичка посветеност за да се управува со процесот на реформите.

Препознавајќи ги предизвиците со коишто се соочуваат земјите опфатени со процесот на проширување, Комисијата ја зајакнува својата поддршка за реформата на јавната администрација. Комисијата има за цел максимално да ги искористи постојните механизми и форуми за понатамошен развој на реформите, независно дали тоа се врши преку структурите на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, преговорите за пристапување или целни иницијативи коишто Комисијата ги води за одредена земја. Комисијата, исто така, воведува поструктуриран дијалог за политиките во врска со реформата на јавната администрација со земјите опфатени со процесот на проширување во посебни групи за реформа на јавната администрација.

Начелата на јавната администрација изложени во оваа публикација, коишто се резултат на долгогодишно и успешно партнерство помеѓу Европската комисија и ОЕЦД/СИГМА, значително ќе го олеснат напредокот во оваа сложена агенда.

Г. Јоханес ХанКомесар за европска соседска политика и преговори за проширување

Page 4: Creating Change Together

Предговор 5

Предговор

Доброто владеење и функционалната јавна администрација се од суштинско значење за градењето и одржувањето на довербата во Владата, како и за креирање на потребните структурни реформи за поголем животен стандард во општеството. Важноста на добрата администрација стана особено евидентна во текот на глобалната финансиска криза. Ограничените ресурси ги сосредоточија националните и меѓународните дискусии на владините резултати, јасно посочувајќи дека доброто владеење има значајно влијание врз ефикасноста со којашто расположливите парични средства се претвораат во системски резултати и исходи.

Ова е познат предизвик за владите на земјите коишто се стремат кон интеграција во ЕУ, бидејќи процесот на пристапување наложува спроведување фундаментални реформи во рамки на често ограничени финансиски околности.

ОЕЦД и Европската комисија ги обединуваат своите сили повеќе од 20 години преку иницијативата СИГМА. Таа обезбедува поддршка за зајакнување на јавните администрации и за спроведување на реформи во управувањето во потенцијалните земји-пристапнички и соседните земји на ЕУ.

Начелата на јавната администрација се резултат на оваа успешна соработка. Тие ја комбинираат динамиката на процесот на пристапување во ЕУ со стручноста на ОЕЦД во управувањето и обединуваат децении од искуство на земјите-членки на ОЕЦД и земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги и поранешните земји-пристапнички. Начелата обезбедуваат детална дефиниција на добра јавна администрација кон којашто земјите би требало да се стремат. За првпат, начелата нудат рамка за следење за владите и креаторите на политики да ја следат примената на реформите коишто се потребни со текот на времето.

Преку силниот фокус на спроведување реформи и собирање докази за владините резултати, начелата не претставуваат само група на барања туку, исто така, обезбедуваат помош во осмислување на визијата за реформа на јавната администрација и служат како помагало во реформата за клучните донесувачи на одлуки.

Земено во целина, новата, зајакната рамка за реформа на јавната администрација подобро ќе ги фокусира заедничките напори на владите, Европската комисија и ОЕЦД во подобрување на резултатите од работата на јавните администрации.

Г-ѓа Мари КивиниемиЗаменик генерален секретар, ОЕЦД

Page 5: Creating Change Together

6 Вовед

Вовед

Функционалната јавна администрација е предуслов за транспарентно и ефективно демократско владеење. Како основа на функционирањето на државата, таа ја одредува способноста на Владата да обезбедува јавни услуги и да ги поттикнува конкурентноста и растот на земјата. Таа, исто така, има фундаментална улога во процесот на европската интеграција преку овозможување на спроведувањето на клучните реформи и организирање на ефикасен пристапен дијалог со Европската унија (ЕУ). Според тоа, со критериумите за проширување на ЕУ се препознава и истакнува потребата на секоја земја да изгради национална јавна администрација со капацитет да ги следи начелата на

добрата администрација и ефективно да го транспонира и спроведе законодавството на Европската Унија (acquis communautaire).

Европската комисија (ЕК) го зајакна својот фокус на реформата на јавната администрација (РЈА) со истакнување на шест клучни прашања на реформата и со подобро интегрирање на реформата во процесот на проширување преку посебни групи за РЈА и посилна поврзаност со преговорите за пристапување. Шесте клучни области на реформата определени од страна на Комисијата ја сочинуваат основата на начелата на јавната администрација, како што е опишано подолу.

Начелата дефинираат што наложува доброто владеење во практика и ги изложуваат главните барања што земјите треба да ги следат во текот на процесот на интеграција во ЕУ. Начелата, исто така, вклучуваат и рамка за следење којашто овозможува редовна анализа на напредокот постигнат во применувањето на начелата и утврдувањето на одредниците за земјата.

Земјите на ЕУ постепено го дефинираа концептот на „добра администрација“ и тој е вклучен во Повелбата за основните права на ЕУ. Идејата за „Европскиот административен простор“ беше воспоставена од страна на СИГМА во 1999 година. Таа вклучува компоненти како што се сигурноста, предвидливоста, отчетноста и транспарентноста, како и техничката и раководната

компетентност, организацискиот капацитет, финансиската одржливост и учеството на граѓаните.

Иако општите критериуми за добро владеење се универзални, овие начела се наменети за земјите коишто се стремат кон пристапување во ЕУ и добиваат помош од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Барањата од законодавството на ЕУ, како и другите насоки и упатства на ЕУ, се суштината на начелата во областите каде што е воведено законодавството на ЕУ. Во други области, начелата произлегуваат од меѓународните стандарди и барања, како и од добрата практика во земјите-членки на ЕУ и/или земјите-членки на ОЕЦД. Како минимална одредница за добра администрација, земјите би требало да обезбедат усогласеност со овие основни начела.

РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Е ФУНДАМЕНТАЛНА ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

ЦЕЛ И ФОКУС НА НАЧЕЛАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Page 6: Creating Change Together

Вовед 7

Во секоја земја, посветеноста на Владата на одредено начело може да варира зависно од структурата на управување, административната култура, клучните предизвици коишто се специфични за конкретната земја и претходниот тек на реформите. Оттука, рамката овозможува воспоставување на кохерентна група на барања во сите земји, истовремено дозволувајќи ѝ на секоја земја одредена флексибилност во определувањето на нејзините предизвици и цели во врска со РЈА.

Начелата опфаќаат област од јавниот сектор којашто е позната како „државна администрација“. Оваа терминологија е во широка употреба во земјите од Западен Балкан. Таа укажува на двата главни елементи коишто се опфатени: „јавната администрација“ на „државно (национално или централно) ниво“. Начелата, исто така, опфаќаат независни уставни органи, како и Собранието и судството во рамки на опсегот на нивните овластувања за проверка и надзор на државната администрација.

Начелата се надополнети со рамка за следење, којашто овозможува следење на напредокот постигнат со текот на времето во развојот на јавната администрација. Рамката

за следење вклучува квантитативни и квалитативни показатели; таа се фокусира на спроведувањето на реформите и резултатите на системот, т.е. какви се резултатите од работата на администрацијата во практика. Со квалитативните показатели се мери зрелоста на соодветните компоненти од јавната администрација со рангирање од 1 (најнизок резултат) до 5 (највисок резултат). Доказите и податоците коишто се потребни за следењето се собираат во текот на годишниот процес на оценување на РЈА од страна на ОЕЦД/СИГМА. Покрај показателите развиени од страна на СИГМА, рамката за следење, според потребите, користи и меѓународно признаени показатели (на пр. од Светскиот економски форум и Светската банка).

Степенот до којшто одредена земја-кандидатка или потенцијална кандидатка ги применува овие начела во практика укажува на капацитетот на нејзината национална јавна администрација за ефективно спроведување на законодавството на ЕУ, во согласност со критериумите дефинирани од страна на Европскиот совет во Копенхаген (1993) и Мадрид (1995).

Page 7: Creating Change Together

8 Вовед

Начелата опфаќаат клучни хоризонтални нивоа на системот на управување, коишто го одредуваат целокупниот резултат од работата на јавната администрација.

Развој и координација на политиките2

Јавна служба и управување со човечки ресурси3

Отчетност4

Обезбедување услуги5

Управување со јавните финансии6

Стратешка рамка за реформа на јавната администрација1

Page 8: Creating Change Together

Стратешка рамка за реформа на јавната администрација

1

Page 9: Creating Change Together

10 Стратешка рамка за реформа на јавната администрација

Стратешка рамка за реформа на јавната администрацијаН

АЧЕЛ

А

Владата има развиено и донесено ефективна агенда за реформа на јавната администрација којашто ги истакнува клучните предизвици.

НАЧЕЛО 1:

Реформата на јавната администрација е целисходно спроведена; целните резултати на реформата се определени и редовно се следат.

НАЧЕЛО 2:

Обезбедена е финансиската одржливост на реформата на јавната администрација.НАЧЕЛО 3:

Реформата на јавната администрација има силни и функционални структури за координација на политичко и административно ниво за насочување и управување со креирањето на реформата и процесот на спроведување.

НАЧЕЛО 4:

Една главна институција ја има одговорноста и капацитетот за управување со процесот на реформата; вклучените институции имаат јасна одговорност и капацитет за спроведување на реформата.

НАЧЕЛО 5:

Page 10: Creating Change Together

Стратешка рамка за реформа на јавната администрација 11

Примери на показатели

РАМ

КА З

А С

ЛЕД

ЕЊЕ

• Годишно заостанување во спроведувањето на реформите и активностите за развој на јавната администрација.

• Процент на исполнетите цели од РЈА.

• Процент на мерки од РЈА за коишто ресурсите се обезбедени и трошоците се пресметани.

• Сооднос помеѓу планираното финансирање од ИПА на РЈА во ИПА секторската програма и националните плански документи.

• Годишна флуктуација на вработени во главната единица за РЈА.

• Степенот до којшто опфатот на централните плански документи на РЈА е комплетиран.

• Степенот до којшто е воведен сеопфатен систем за известување и следење на РЈА.

• Степенот до којшто е воспоставена отчетност за функциите на РЈА.

КВАНТИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

КВАЛИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

Page 11: Creating Change Together

Развој и координација на политиките

2

Page 12: Creating Change Together

14 Развој и координација на политиките

Развој и координација на политикитеН

АЧЕЛ

А

Централните владини институции ги исполнуваат сите клучни функции за доброорганизиран, конзистентен и компетентен систем за креирање на политиките.

НАЧЕЛО 1:

Воспоставени се јасни хоризонтални постапки за управување со националниот процес на европска интеграција и тие се спроведуваат под координација на одговорниот орган.

НАЧЕЛО 2:

Постои усогласено среднорочно планирање на политиките, со јасни севкупни цели на Владата, коешто е во согласност со финансиските околности на Владата; секторските политики ги исполнуваат целите на Владата и се доследни со среднорочната буџетска рамка.

НАЧЕЛО 3:

Постои усогласен систем за среднорочно планирање за сите процеси коишто се важни за европската интеграција и тој е интегриран во планирањето на домашните политики.

НАЧЕЛО 4:

Редовното следење на резултатите од работата на Владата овозможува јавна контрола и обезбедува дека Владата може да ги постигне своите цели.

НАЧЕЛО 5:

Одлуките на Владата се подготвуваат на транспарентен начин и се засноваат на професионалното мислење на администрацијата; обезбедена е законската усогласеност на одлуките.

НАЧЕЛО 6:

Собранието врши контрола на креирањето на политиките на Владата.НАЧЕЛО 7:

Page 13: Creating Change Together

Развој и координација на политиките 15Н

АЧЕЛ

А

Со организациската структура, постапките и распределбата на кадарот на министерствата се обезбедува дека развиените политики и законодавството можат да се спроведат и дека ги исполнуваат целите на Владата.

НАЧЕЛО 8:

Постапките за европската интеграција и институционалната рамка претставуваат составен дел од процесот за развој на политиките и обезбедуваат систематско и навремено транспонирање на законодавството на ЕУ.

НАЧЕЛО 9:

Процесот на креирање политики и изготвување закони се заснова на докази, а во министерствата редовно се користи процена на влијанието.НАЧЕЛО 10:

Политиките и законодавството се изготвуваат на инклузивен начин, којшто овозможува активно учество на општеството и дозволува координирање на перспективите во рамки на Владата.

НАЧЕЛО 11:

Законодавството е доследно во структурата, стилот и јазикот; барањата во врска со изготвувањето на законите доследно се применуваат во министерствата; законодавството е достапно за јавноста.

НАЧЕЛО 12:

Page 14: Creating Change Together

16 Развој и координација на политиките

РАМ

КА З

А С

ЛЕД

ЕЊЕ

• Годишно заостанување во спроведувањето на планираните обврски од централните плански документи.

• Сооднос помеѓу вкупните проценети средства во секторските стратегии и вкупното финансирање определено за соодветните сектори во среднорочната буџетска рамка.

• Број на закони со судски одлуки против Владата во текот на годината.

• Заостанување во транспонирањето (сооднос помеѓу транспонирањето и планираните обврски).

• Сооднос на законите иницирани од Владата и одобрени од Собранието не подоцна од една година по поднесувањето.

• Процент на критичните функции на центарот на Владата коишто ги исполнуваат институциите.

• Комплетноста на финансиските пресметки во секторските стратегии.

• Степенот до којшто со доставувањето на извештаи се обезбедуваат информации за постигнатите резултати.

• Степенот до којшто преку процесот за развој на политиките најдобро се искористуваат аналитичките алатки.

• Степенот до којшто се користат консултации со јавноста при развојот на политиките и законодавството.

Примери на показатели

КВАНТИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

КВАЛИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

Page 15: Creating Change Together

Јавна служба и управување со човечки ресурси

3

Page 16: Creating Change Together

18 Јавна служба и управување со човечки ресурси

НАЧ

ЕЛА

Опфатот на јавната служба е соодветен, јасно дефиниран и се применува во практика.

НАЧЕЛО 1:

Рамката на политики и правната рамка за професионална и кохерентна јавна служба е воспоставена и се применува во практика; институционалната рамка овозможува конзистентни и ефективни практики на управување со човечките ресурси во јавната служба.

НАЧЕЛО 2:

Вработувањето на јавните службеници се врши врз основа на заслуги и еднаков третман во сите фази; критериумите за распоредување на работно место во пониско звање и престанок на работниот однос на јавните службеници се изречни.

НАЧЕЛО 3:

Спречено е непосредно или посредно политичко влијание врз високите раководни позиции во јавната служба.

НАЧЕЛО 4:

Системот на надоместоци на јавните службеници се заснова на класификацијата на работните места; тој е праведен и транспарентен.НАЧЕЛО 5:

Обезбедено е стручното усовршување на јавните службеници; тоа вклучува редовна обука, праведно оценување на учинокот, како и мобилност и унапредување врз основа на објективни и транспарентни критериуми и заслуги.

НАЧЕЛО 6:

Воведени се мерки за поттикнување на интегритетот, како и за спречување на корупцијата и обезбедување на дисциплина во јавната служба.НАЧЕЛО 7:

Јавна служба и управување со човечки ресурси

Page 17: Creating Change Together

Јавна служба и управување со човечки ресурси 19РА

МКА

ЗА

СЛ

ЕДЕЊ

Е

• Годишна флуктуација на државни службеници на ниво на централната администрација.

• Флуктуација на високи раководни државни службеници на ниво на централната администрација во рок од шест месеци по промената на Владата.

• Процент на државни службеници на ниво на централната администрација од различно етничко потекло во однос на општата етничка структура во земјата врз основа на последниот попис.

• Сооднос помеѓу просечниот годишен надоместок на високите јавни службеници во централната власт и надоместокот на работниците со терцијално образование.

• Перцепцијата на граѓаните за интегритетот и веродостојноста на јавната служба.

• Степенот до којшто опфатот на јавната служба е соодветен, јасно дефиниран и се применува во практика.

• Степенот до којшто вработувањето се заснова на начелото на заслуги во сите фази.

• Степенот до којшто е спречено политичкото влијание врз вработувањето и разрешувањето на високите раководни позиции во јавната служба.

• Степенот до којшто системот на надоместоци на јавните службеници е праведен и транспарентен и се применува во практика.

• Степенот до којшто системот за интегритет и спречување на корупцијата на јавната служба е воспоставен и се применува во практика.

Примери на показатели

КВАНТИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

КВАЛИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

Page 18: Creating Change Together

Отчетност4

Page 19: Creating Change Together

22 Отчетност

НАЧ

ЕЛА

Отчетност

Целокупната организација на централната власт е рационална, ги следи соодветните политики и прописи и обезбедува соодветна внатрешна, политичка, судска, социјална и независна отчетност.

НАЧЕЛО 1:

Правото на пристап до информации од јавен карактер е донесено во законодавството и доследно се применува во практика.

НАЧЕЛО 2:

Воведени се функционални механизми за заштита на правата на граѓанинот на добра администрација како и на заштита на јавниот интерес.

НАЧЕЛО 3:

Внатрешните управни жалби и судската контрола гарантираат праведен третман во управните спорови.

НАЧЕЛО 4:

Јавните органи преземаат одговорност во случаи на незаконско дело и гарантираат правна заштита и/или соодветен надомест.

НАЧЕЛО 5:

Page 20: Creating Change Together

Отчетност 23РА

МКА

ЗА

СЛ

ЕДЕЊ

Е

• Процент на барања за информации од јавен карактер коишто се одбиени во одредена година од страна на јавните органи.

• Процент на јавни органи коишто одржуваат регистар на документи и база на податоци.

• Процент на граѓани кои имаат доверба во институциите на Народниот правобранител.

• Процент на препораки од надзорните институции за органите на државната управа коишто се спроведени во рок од две години.

• Заостанати управни предмети.

• Степенот до којшто целокупната структура на министерствата и другите тела коишто се подредени на централната власт е рационална и кохерентна.

• Степенот до којшто правото на пристап до информации од јавен карактер е донесено во законодавството и се применува во практика.

• Степенот до којшто се воспоставени механизмите за обезбедување на ефективна проверка и рамнотежа и контроли врз јавните организации.

• Степенот до којшто јавните органи преземаат одговорност и гарантираат правна заштита.

Примери на показатели

КВАНТИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

КВАЛИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

Page 21: Creating Change Together

Обезбедување услуги

5

Page 22: Creating Change Together

26 Обезбедување услуги

НАЧ

ЕЛА

Обезбедување услуги

Политиката за државна администрација којашто е ориентирана кон граѓаните е воведена и се применува.

НАЧЕЛО 1:

Добрата администрација е клучна цел на политиката со којашто се поддржува обезбедувањето на јавните услуги, таа е усвоена во законодавството и доследно се применува во практика.

НАЧЕЛО 2:

Воспоставени се механизми за обезбедување на квалитетот на јавните услуги.НАЧЕЛО 3:

Обезбедена е достапноста на јавните услуги.НАЧЕЛО 4:

Page 23: Creating Change Together

Обезбедување услуги 27РА

МКА

ЗА

СЛ

ЕДЕЊ

Е

• Расходи за општите јавни служби како дел од бруто-домашниот производ.

• Процент на корисници коишто се задоволни од јавните услуги.

• Процент на институции каде што редовно се спроведуваат истражувања за задоволството на клиентите (најмалку на секои две години).

• Број на едношалтерски системи коишто обезбедуваат услуги за повеќе од три различни јавни институции.

• Процент на институции коишто овозможуваат пристап на лица со инвалидски колички.

• Степенот до којшто политиката за обезбедување услуги ориентирани кон граѓаните е воведена и се применува.

• Степенот до којшто се применуваат политиката и административите предуслови за обезбедување електронски услуги.

• Степенот до којшто правната рамка за добра администрација е воспоставена и доследно се применува.

Примери на показатели

КВАНТИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

КВАЛИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

Page 24: Creating Change Together

Управување со јавните финансии

6

Page 25: Creating Change Together

30 Управување со јавните финансии

Управување со јавните финансииН

АЧЕЛ

А

Оперативната рамка за финансиско управување и контрола ги дефинира одговорностите и овластувањата; нејзината примена од страна на буџетските организации е доследна со законодавството со коешто се уредуваат управувањето со јавните финансии и, општо, јавната администрација.

НАЧЕЛО 6:

Владата објавува среднорочна буџетска рамка на ниво на општата влада, којашто се заснова на веродостојни прогнози и опфаќа временски период од најмалку три години; сите буџетски организации работат во оваа рамка.

НАЧЕЛО 1:

Буџетот се формулира во согласност со националната правна рамка, со сеопфатни одобрени средства коишто се конзистентни со среднорочната буџетска рамка и се почитуваат.

НАЧЕЛО 2:

Министерството за финансии или овластениот централен орган за трезор врши централизирана контрола на исплатата на средствата од единствената трезорска сметка и ја обезбедува готовинската ликвидност.

НАЧЕЛО 3:

Воспоставена е јасна стратегија за управување со долгот и таа се спроведува во насока на почитување на целта за севкупниот долг на земјата и контролирање на трошоците за сервисирање на долгот.

НАЧЕЛО 4:

Обезбедени се транспарентноста и контролата на буџетот.НАЧЕЛО 5:

Page 26: Creating Change Together

Управување со јавните финансии 31Н

АЧЕЛ

А

Секоја јавна организација спроведува финансиско управување и контрола во согласност со документите на целокупната политика за финансиско управување и контрола.

НАЧЕЛО 7:

Оперативната рамка за внатрешна ревизија ги одразува меѓународните стандарди и нејзината примена од страна на буџетските организации е доследна со законодавството со коешто, општо, се уредуваат јавната администрација и управувањето со јавните финансии.

НАЧЕЛО 8:

Секоја јавна организација спроведува внатрешна ревизија во согласност со документите на целокупната политика за внатрешна ревизија, како што е соодветно за организацијата.

НАЧЕЛО 9:

Прописите за јавните набавки (вклучувајќи ги концесиите и јавните приватни партнерства) се во согласност со законодавството на ЕУ, вклучуваат дополнителни области коишто не се опфатени со законодавството на ЕУ, се усогласени со соодветните прописи во другите области и соодветно се спроведуваат.

НАЧЕЛО 10:

Постои централен институционален и административен капацитет за ефективно и ефикасно развивање, спроведување и следење на политиката за јавните набавки.

НАЧЕЛО 11:

Системот на правна заштита е во согласност со стандардите на независност, чесност и транспарентност на законодавството на ЕУ и овозможува брзо и компетентно постапување по жалбите и изрекување санкции.

НАЧЕЛО 12:

Page 27: Creating Change Together

32 Управување со јавните финансии

НАЧ

ЕЛА

Спроведувањето на јавните набавки е во согласност со основните начела на еднаков третман, недискриминација, пропорционалност и транспарентност, притоа се обезбедува најефикасно користење на јавните средства и најдобро искористување на модерните техники и методи за јавните набавки.

НАЧЕЛО 13:

Договорните органи и субјекти ги имаат соодветните капацитети и практични насоки и алатки за да обезбедат професионално управување со целиот циклус на набавките.

НАЧЕЛО 14:

Независноста, мандатот и организацијата на врховната ревизорска институција се утврдени и заштитени со уставната и правната рамка и се почитуваат во практика.

НАЧЕЛО 15:

Врховната ревизорска институција непристрасно и објективно ги применува стандардите за да обезбеди ревизии со висок квалитет коишто позитивно влијаат врз функционирањето на јавниот сектор.

НАЧЕЛО 16:

Управување со јавните финансии

Page 28: Creating Change Together

Управување со јавните финансии 33

• Рамнотежа на буџетот на општата влада.

• Трошоци за сервисирање на долгот на јавниот сектор.

• Број на жалби во однос на бројот на објавени огласи за јавни набавки.

• Процент на договори доделени со конкурентни постапки.

• Процент на препораки од ревизијата дадени од државните институции за ревизија коишто се прифатени и спроведени од страна на субјектите кои се предмет на ревизија.

• Индексот на силата на фискалните правила (FRSI).

• Степенот до којшто годишниот финансиски извештај вклучува целосни информации и навремено е доставен до Собранието.

• Квалитетот на извештаите од внатрешната ревизија.

• Степенот до којшто законодавството за јавните набавки е комплетно и спроведено.

• Степенот до којшто државните институции за ревизија ги користат стандардите за обезбедување квалитетна ревизија.

Примери на показатели

РАМ

КА З

А С

ЛЕД

ЕЊЕ

КВАНТИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

КВАЛИТАТИВНИ ПОКАЗАТЕЛИ

Page 29: Creating Change Together

34 Завршни белешки

1. „Enlargement Strategy and Main Challenges 2014-2015“ („Стратегија за проширување и главни предизвици 2014-2015“), Соопштение од Комисијата до Европскиот парламент, Советот, Европскиот економски и социјален комитет и Комитетот на регионите; КОМ (2014) 700 завршно, 8.10.2014 Брисел

2. Член 41. Право на добра администрација. 1. Секое лице има право неговите административни работи да се процесираат објективно, праведно и во разумен временски рок од страна на институциите, телата и агенциите на Унијата. 2. Ова право го вклучува следното: правото секое лице да биде сослушано, пред да се преземе мерка што негативно би влијаела на тоа лице; правото секое лице да има пристап до сопственото досие, почитувајќи ги легитимните интереси на доверливост и професионална и деловна тајна; обврската на администрацијата да ги наведе причините за своите одлуки.

3. „European Principles for Public Administration“ („Европски начела за јавната администрација“), Документ на СИГМА, бр. 27, Публикација на ОЕЦД, http://www.oecd-ilibrary.org/docserver/download/5kml60zwdr7h.pdf?expires=1398415030 &id=id&accname=guest&checksum=FD455B0079C9FE4E957DE2E41D6A25CA

4. Во брошурата на краткиот преглед се наведени примери на показателите. Комплетната рамка за следење е изложена во целосната верзија на начелата на јавната администрација.

Завршни белешки

Page 30: Creating Change Together

Прочитај повеќе за начелата на јавната администрација 35

Подначелата со коишто се одредуваат барањата за секое начело и методологијата за анализирање на резултатите на земјата во однос на начелата се наведени во целосната верзија од Начелата на јавната администрација, којашто е достапна во дигитална форма на веб-страницата на ОЕЦД/СИГМА:

www.sigmaweb.org

Прочитај повеќе за начелата на јавната администрација

Page 31: Creating Change Together

За повеќе информации:

OECD/SIGMA2 Rue André Pascal75775 Paris Cedex 16France

mailto: [email protected]Тел.: +33 (0) 1 45 24 82 00Факс: +33 (0) 1 45 24 13 05

www.sigmaweb.org

MA

CED

ON

IAN