prezentacija 1

42
Page 1 БАНКАРСКО РАБОТЕЊЕ

Upload: marko-kalov

Post on 01-Jan-2016

221 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Prezentacija 1

Page 1

БАНКАРСКОРАБОТЕЊЕ

Page 2: Prezentacija 1

Page 2

ПОИМ „БАНКАРСТВО“

го опфаќа изучувањето на банкарскиот

систем и банкарската пракса, како и

изучување на општите прашања на

кредитниот систем и кредитната пракса.

Page 3: Prezentacija 1

Page 3

НАУКА ЗА БАНКАРСТВОТО

изучување на функциите и улогата на банкарскиот систем и начинот на организирање на банкарството во една национална економија;

кредитно, депозитно и друго банкарско работење, од стојалиште на начелата, структурата и содржината на тие работи;

одраз на теоријата и праксата на монетарно-кредитната и девизната политика на кредитно-банкарскиот систем, од стојалиште на влијанието на економската политика на земјата и меѓународните економски и финансиски односи.

Page 4: Prezentacija 1

Page 4

НАУКА ЗА БАНКАРСТВОТО

Тргнувајќи од фактот дека банките се монетарни

установи и парични претпријатија чија основна

посредничка функција е да ја снабдуваат

репродукцијата со потребната количина на пари и

кредити, банкарството како потсистем во рамките

на финансискиот, монетарниот и кредитниот

систем претставува јасно одреден збир на

одредници со кои се занимава науката за

банкарството.

Page 5: Prezentacija 1

Page 5

Оваа научна дисциплина во истражувањето на областа на банкарството примарно се занимава со:теоретско воопштување на функциите на банката во банкарскиот и кредитниот систем;изучување на начинот на организирање на банките во економијата на една држава;истражување на функцијата и улогата на банкарскиот систем во стопанскиот систем;согледување на депозитното, кредитното и другото банкарско работење од стојалиште на начелата и критериумите на рационалност и ефикасност во работата на банките;анализа на содржината и структурата на банкарските работи дефинирани со деловната политика и материјалните можности на банката (финансиски и кредитен потенцијал на банката);анализа на параметрите и агрегатите (видовите на пласмани, каматните стапки, рокови на пласмани, облици на гаранции, квалитет на пасива и активата во билансот на банката и др.), кои се одлучувачки за деловната политика и резултатите од работењето на банката.

Page 6: Prezentacija 1

Page 6

Основните функции на класичната банка се насочени кон формирање на адекватен финансиски потенцијал, оптимизација на агрегатната и структурна алокација на кредитите, организација на паричните трансфери, обезбедување на финансиски услуги и совети и поврзување на домашното и меѓународното банкарство.

Бидејќи прибирањето и насочувањето на средствата се основна посредничка функција на банката, делокругот на работата на банката го определуваат следните работи:

мобилизација на слободните парични средства и мултипликација на парите ( прибирање на депозити, прибавување на средства и секундарно креирање на пари);инвестирање, алокациска функција и управување (пласман на средства во форма на кредити и други форми на пласмани);посредување на финансиските пазари (посредување во извршувањето на функцијата на платен промет).

Page 7: Prezentacija 1

Page 7

ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ

како дел од вкупниот стопански систем, претставува

соодветен збир од институции, инструменти и

механизми, преку кои се остварува мобилизација,

концентрација, трансфер и алокација на финансиски

ресурси и паричните заштеди во општеството.

Во оваа работа, банките како финансиски посредници

имаат значајна улога, но со развојот на финансиските

пазари, улогата на банките примарно како кредитно-

депозитни финансиски посредници, се повеќе се

загрозува од берзанските фирми, институционалните

инвеститори и други пара банкарски институции.

Page 8: Prezentacija 1

Page 8

ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ

Во врска со ова во банкарскиот систем се извршуваат

два основни вида на трансакции:

финансиски трансакции по основ на тековното

работење на стопанските субјекти - трансактори

(финансирање на тековното работење – тековно

финансирање), и

финансиски трансакции со кои се пренесува

финансиската заштеда од суфицитарните кон

дефицитарните стопански субјекти – трансактори

(финансирање на развојот – развојно финансирање).

Page 9: Prezentacija 1

Page 9

ПОИМ „БАНКА“

Поимот или зборот банка се смета за многу стар и во

литературата најчесто се наведува дека потекнува од

италијанскиот збор „banco“ што означува клупа (тезга,

шалтер), на која се вршело размена на пари и други

парични операции на плаќање и наплата во врска со

прометот кој се вршел на плоштадите, панаѓури,

домашни и меѓународни саеми.

Page 10: Prezentacija 1

Page 10

ПОИМ „БАНКА“

Банките најкратко и најчесто се дефинираат како

финансиски организации чија основна активност со

која се занимаваат е примањето на депозити и

давањето на кредити (заеми).

Оваа дефиниција иако е точна кога се работи за

основните класични функции на банката, има свои

недостатоци, бидејќи со неа се опфаќа примарната

функција и работата на голем број на банки, но не и

сите видови на банки.

Page 11: Prezentacija 1

Page 11

ПОИМ „БАНКА“

Во современи услови, банка може да се дефинира и како:

паричен завод, кредитна установа чија основна активност е земање и давање на кредити односно посредување во областа на кредитите како и извршување на одредени парични работи за сметка на своите комитенти;

организација која применувајќи го принципот на општествена поделба на трудот, трајно ги извршува своите активности во општествената репродукција во областа на прометот со средства за плаќање: емисија на пари; прибирање на депозити; давање на кредити; трговија со пари и средства за плаќање (трговија со злато, валути, девизи), извршува паричен промет во купопродажните трансакции во стоково-паричното стопанство.

Page 12: Prezentacija 1

Page 12

ПОИМ „БАНКА“Називот банка е меѓународен назив за специјализирана организација која делува како финансиски посредник помеѓу различните сектори (стопанство, граѓани и др), која прибира парични средства, дава кредити, издава хартии од вредност, извршува девизни работи, врши платен промет во земјата и со странство, дава услуги на финансиски консалтинг и управува со разни фондови, како и брокерски и дилерски услуги по налог на своите клиенти (купува и продава хартии од вредност).

сублимирана дефиниција„банка е специјализирана стопанска организација, финансиски посредник, која прибира слободни парични средства по разни основи и ги пласира во разни видови/форми, пред се преку одобрување на кредити и купување на хартии од вредност, односно дава други видови на услуги на своите комитенти или извршува финансиски и други трансакции за своја сметка, а со цел за прибирање на приходи, односно профит по таа основа“.

Page 13: Prezentacija 1

Page 13

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТО

Според некои извори, во Вавилон во периодот од VII до V век п.н.е. се појавиле траги кои укажуваат дека одредени лица како занимање имале прибирање и чување на храна и други производи, кои ги давале на заем. Ваквите позајмици се давале во натура и со дополнителна камата, која главно имала лихварски карактер, а се враќале во периодот на наредната жетва.

Според други извори, прапочетоците на банкарството се врзуваат (за градот Ур) во древна Персија, кој се наоѓал меѓу Багдад и Персискиот залив, и тоа со неговите храмови каде почнале депозитните работи каде за соодветен надомест се чувале парите и други вредни ствари, за подоцна да се развие платниот промет и кредитирањето.

Page 14: Prezentacija 1

Page 14

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТО

трговијата се пренесува во античка Грција, а со тоа се развиле и банкарските работи и некои видови на банки.

Со оглед дека во тоа време секој град-држава имал свои пари, менувачите на пари-трапезари (наречени по клупите односно масите на кои ги вршеле финансиските трансакции), имале значајна улога во олеснувањето на прометот помеѓу градовите-држави и трговците. Подоцна трапезарите почнале да се занимаваат и со давање на пари на заем со камата.

Page 15: Prezentacija 1

Page 15

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТО

Банкарските работи во Рим се развиле врз основа на грчките искуства, а банкарите (се нарекувале argentarius-i), се занимавале со примање на депозити, давање на кредити и платен промет. Еден вид на берзански и паричен пазар постоел на најголемиот плоштад во Рим (Forum).

По распадот на римското царство, подоцна во феудалните односи доаѓа до создавање на голем број на монети, со што на значење добиваат менувачките работи.

Page 16: Prezentacija 1

Page 16

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТО

Со развојот на меѓународната трговија, банките се повеќе се занимаваат со нејзино кредитирање, при што во тој период меницата станува важен инструмент за плаќање, како и депозитните потврди.

Покрај приватните банки се појавуваат и јавни банки, чија што главна работа била да прибираат депозитни пари за државата, за што издавале депозитни потврди.

Врз основа на овие државни задолжувања дошло и до здружување на доверителите во посебни банкарски институции (Monti или Montes), од кои некои успеале и да го преземат управувањето со благајната (трезорот) на задолжената држава.

Page 17: Prezentacija 1

Page 17

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТО

Во втората половина на XVII век се основаат и првите емисиони банки (Sverigen Riskbank 1668 и Bank of England 1694).

Почетокот на XVIII век го карактеризира основање на многу комерцијални банки кои биле од приватен или јавен карактер.

Во XIX век во Англија се основаат банки од акционерски тип, од кои некои постојат и по еден век од нивното основање.

Page 18: Prezentacija 1

Page 18

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТО

Банките постепено освен со традиционалните банкарски работи примање депозити, давање кредити и платен промет, се повеќе се занимаваат и со други финансиски услужни работи, а со развојот на финансиските пазари во XX век стануваат нивен најзначаен учесник.

Во тој период доаѓа до развој на инвестиционото банкарство, со глобализацијата и либерализацијата на светското стопанство и до развој на меѓународното банкарство.

Page 19: Prezentacija 1

Page 19

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТОКомерцијалните банки во традиционалниот модел на пазарно стопанство имале доминантна улога во:апсорбирање на штедењето преку депозити;кредитирање на стопанството и граѓаните;рочна трансформација на средствата;платниот промет.

Во новиот модел на пазарна економија, доаѓа до потиснување на комерцијалните банки во сите нивни дотогашни клучни активности, а посебно брзиот развој на пензиските и инвестициските фондови го привлекло најголемиот дел од новоформираната заштеда во овие институционални инвеститори и со тоа значително ги промениле тековите на капитал, но и обрасците на инвестирање.Се создаваат големи финансиски конгломерати со глобална деловна ориентација, кои свои деловни активности имаат и во комерцијалното и во инвестиционото банкарство, брокерските работи со хартии од вредност, осигурувањето и другите видови на финансиско посредување.

Page 20: Prezentacija 1

Page 20

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТОМеѓународниот банкарски систем во последните децении се карактеризираше со:

дерегулација на меѓународните и домашните финансиски пазари;подобрување на комуникацијата и компјутерската технологија;проблеми во повеќе банкарски системи предизвикани од квалитетот на активата;се поголема внимание врз трошоците;дисторзии поврзани со јавната поддршка на банкарските институции при што промените во регулаторното опкружување и надзорот биле значаен извор на притисок врз консолидацијата и реструктурирањето во банкарската индустрија.

Page 21: Prezentacija 1

Page 21

РАЗВОЈ НА БАНКАРСТВОТО

Развојните потенцијали на вкупниот финансиски сектор можат да се сметаат за многу поволни во наредниот период, бидејќи финансискиот сектор, покрај секторот за информатичка технологија и телекомуникациите, спаѓа во најпропулзивните дејности во современата фаза на стопанскиот развој..

За секторот банкарство останува клучно прашање какви пропорции ќе се формираат помеѓу банкарските и небанкарските институции во растечките вкупни потенцијали на финансискиот сектор.

Page 22: Prezentacija 1

Page 22

ВИДОВИ БАНКИ

Критериуми по кои можат да се изврши поделба на банките по видови и тоа:

стопанската област односно стопанската гранка на која банката и дава кредити;принцип на територијалност односно територија на која банката ги извршува своите работи;рочноста на работите;начинот на доаѓање до средства.

Page 23: Prezentacija 1

Page 23

ВИДОВИ БАНКИЕден од најчесто применуваните критериуми за поделба на банките е оној кој што води сметка за тоа на кој начин банката доаѓа до средствата односно содржината на работите со кои некоја банка претежно се занимава и согласно овој критериум, банките можат да се поделат на:

1.централни или емисиони банки;2.комерцијални банки;3.инвестициони банки;4.грански или специјализирани банки;5.развојни банки;6.регионални банки;7.деловни банки;8.моно банки;9.универзални банки;10.меѓународни (мултинационални) банки.

Page 24: Prezentacija 1

Page 24

ЦЕНТРАЛНА БАНКА

Централната банка зазема клучно место во финансискиот систем во една земја, со оглед на својата улога на емисиона банка или банка на банките.

Во најважните работи и задачи со кои се карактеризира работата на централната банка, се вбројуваат: правото на емисија на пари, спроведување на кредитно монетарна политика, создавање и спроведување на надворешната ликвидност, ивршење на одредени работи за сметка на државата.

Page 25: Prezentacija 1

Page 25

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Примарна работа на депозитните или комерцијалните банки е прибирање на претежно краткорочни средства по основ на депозити од стопанството, нестопанството, граѓаните (поради што се нарекуваат и депозитни банки) и нивно насочување главно за одредени комерцијални намени (поради што се нарекуваат комерцијални банки), како што се финансирање на производство и промет и тоа претежно на краток рок.

Овој вид на банкарска институција е еден од најраспространетите облици, кои располагаат со мрежа од филијали преку кои прибираат депозити и вршат комерцијално кредитирање, но вршат и работи на платен промет и други работи со граѓани (водење на сметки).

Page 26: Prezentacija 1

Page 26

ИНВЕСТИЦИОНА БАНКАРасполагаат со долгорочен кредитен потенцијал и се занимаваат претежно со долгорочно кредитирање на инвестициите (преку 5 години), а можат да бидат и специјализирани (индустриски банки, земјоделски банки, ) или од универзален тип.

До средства доаѓаат преку орочување на подолги рокови на депозитите на стопанството и нестопанството, преку земање на кредити од други банки во земјата и странство и со издавање на сопствени акции или обврзници.

Инвестиционите банки се значаен учесник на домашниот и меѓународниот финансиски пазар, а за потребите на компаниите – комитенти вршат разни работи поврзани со емисија и пласман на хартии од вредност, се занимаваат со консултантски активности во процесите на реструктуирање на компаниите (спојување или преземање), но и финансиски трансакции поврзани со тоа, управување со имот и портфолија од хартии од вредност и др.

Page 27: Prezentacija 1

Page 27

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ БАНКИГранските или специјализирани банки одобруваат кредити исклучиво на поедини стопански гранки или области (земјоделство, индустрија, внатрешна трговија, надворешна трговија, задруги).

Терминот специјализирани банки се користи и за банки кои се специјализирале за одреден вид на банкарско работење (за разлика од универзалните банки).

Својот кредитен потенцијал главно го формираат на основа на влогови и депозити на членовите на гранката или областа која се кредитира и можат да вршат и одредени стандардни банкарски работи за потребите на своите комитенти.

Преку овие банки во одредена мера се реализира и државна политика во поглед на одредена стопанска гранка или област.

Page 28: Prezentacija 1

Page 28

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ БАНКИПосебен вид на специјализирана банка можат да се сметаат хипотекарните банки и ломбардните банки. Хипотекарните банки се генерално ориентирани на пласман на средства од својот кредитен потенцијал на среден и долг рок со ставање под хипотека некоја недвижност на комитентот како обезбедување за отплата на кредитот.

Во современата банкарска пракса во деловното кредитирање на комитентите, хипотекарната форма на кредитирање се повеќе се заменува од тнр. проектно финансирање на среден рок, со презентација на бизнис план на комитентот, каде хипотеката служи како гаранција за уредно враќање на кредитот.

Ломбардните банки претежно се занимаваат со одобрување на кредити врз основа на залог на движни ствари (по правило берзански ствари/роба), со можност по пат на потврда за сопственост да можат да се пренесат на банката доверител.

Page 29: Prezentacija 1

Page 29

РАЗВОЈНИ БАНКИ

Развојните банки можат да бидат од национален или меѓународен (регионален) карактер и нивна основна функција е финансирање на програми за развој и структурно прилагодување на националното стопанство како целина или некој од неговите сектори со поповолни услови во поглед на рокот, каматната стапка во однос на стандардните комерцијални услови.

Извори на средства од кои се врши финансирање можат да бидат јавни или приватни, а можат да бидат и комбинирани вклучително и средства кои се прибираат од странство, но сепак се претежно од јавен карактер (основачки капитал кој го дава државата или разни државни фондови и фондови за посебни намени), или нивната мобилизација се врши на пазарот, со директна или индиректна државна гаранција која овозможува полесно и поевтино прибирање на средства.

Page 30: Prezentacija 1

Page 30

РАЗВОЈНИ БАНКИ

Средствата на меѓународните (регионалните) развојни банки се прибавуваат од влоговите на земјите членки, но и од задолжување на меѓународните пазари на капитал, каде поради бонитетот (за кој практично гарантираат земјите членки), можат да добијат најповолни услови, така што се во можност да финансираат проекти со кредити на подолги рокови на отплата и пониски каматни стапки на стандардните пазарни услови.Меѓународни развојни банки и институции од глобален карактер се: Меѓународната банка за обнова и развој – IBRD, Меѓународната финансиска корпорација – IFC.Меѓународни регионални развојни банки се: Азиската банка за развој, Африканската банка за развој, Интерамериканската банка за развој, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.

Page 31: Prezentacija 1

Page 31

УНИВЕРЗАЛНИ БАНКИГи вршат сите видови на банкарски работи, без оглед на рокот, така што претставуваат банка од општ вид.

Претставуваат финансиски супермаркети кои нудат комплетен асортиман на банкарски услуги на своите комитенти во кои спаѓаат како физички, така и правни лица.

По својата суштина се поблиски до депозитните банки, при што во структурата во нивната работа, иако можат да ги дадат сите банкарски услуги (вклучително и тргување со хартии од вредност и давање на услуги од областа на инвестиционото банкарство), преовладуваат одредени видови на банкарски работи.

По правило работат преку разгранети мрежи на филијали на целата територија на една држава, често ширејќи се и преку нејзините граници.

Page 32: Prezentacija 1

Page 32

ДЕЛОВНИ БАНКИ

Овој вид на банки имаат многу сличности со депозитните или комерцијалните банки, па некаде и појмовно се изедначува со нив.

Во многу држави не постои чист тип на деловна банка, туку тоа е комбинација со карактеристики на депозитна и деловна банка која до средства доаѓа пред се преку здружување на средства на големи претпријатија (практично се работи за здружување на банкарскиот и индустрискиот капитал).

Поради тоа деловната банка располага со голем потенцијал кој овозможува финансиски на долги рокови да прати поголеми проекти на своите основачи, но и други комитенти.

Page 33: Prezentacija 1

Page 33

ДЕЛОВНИ БАНКИ

Во последно време се повеќе се зборува за мега деловните банки кои првенствено ориентирани на финансирање на големите индустриски и трговски конгломерати на долгорочна основа, вклучително и активности надвор од националните граници, додека карактеристика на традиционалните деловни банки е краткорочно финансиско ангажирање во националните граници.

Page 34: Prezentacija 1

Page 34

МУЛТИНАЦИОНАЛНИ БАНКИГи карактеризира банкарско работење во повеќе држави преку мрежа на филијали и афилијации кои се основани во разни земји со потпора на софистицираната информатичка технологија.

По оваа карактеристика тие се слични со универзалните банки бидејќи, по правило, ги даваат сите видови на банкарски услуги, но со акцент на платниот промет со странство, работење со разни валути на меѓународните финансиски пазари и кредитирање на меѓународни стопански трансакции.

Располагаат со голем потенцијал кој им овозможува да ги финансираат и најголемите работи/проекти.

Основачите и акционерите на мултинационалните банки се резиденти на различни држави, вообичаено приватни физички и правни лица.

Page 35: Prezentacija 1

Page 35

НЕБАНКАРСКИ ФИНАНСИСКИОРГАНИЗАЦИИ

За разлика од банките кај кои постои директна посредничка функционална врска помеѓу прибирањето и пласирањето на средствата, постои еден број на финансиски организации кај кои таа врска е помалку изразена, или дури и не е воопшто присутна .

Финансиските посредници се делат на депозитни и недепозитни финансиски институции.

Во депозитните финансиски институции покрај банките, спаѓаат и штедилниците (штедно-кредитни задруги, кредитни унии и сл.), а недепозитни финансиски институции опфаќа широк и хетероген спектар на институции како што се разни друштва (финансиски компании) за пласирање на капитал, инвестициони фондови, осигурителни друштва (компании), пензиски фондови и разни други финансиски посредници.

Page 36: Prezentacija 1

Page 36

ШТЕДИЛНИЦИ

Штедилниците (чии основачи се граѓани, комунални установи и сл.), вршат прибирање и развивање на штедење на најширок слој кај граѓаните, преку разгранета деловна мрежа.

Средствата од штедење кои се прибрани се држат на сметка и депозити кај банките (како начин на кој банките доаѓаат до средства) или кај централните банки.

Одобруваат кредити (често преку банките кај кои ги држат депозитите) под релативно поволни услови за штедачите, но и за финансирање на комуналните потреби на локалната заедница. Слично работат и штедно-кредитните задруги.

Page 37: Prezentacija 1

Page 37

ПОШТЕНСКИ ШТЕДИЛНИЦИ

Поштенските штедилници се посебен вид на штедилници кои свои експозитури имаат во секоја пошта и на тој начин се во можност да мобилизираат големи средства од најшироките слоеви граѓани, особено со оглед на сигурноста која на нудат на штедачите.

Поштенските штедилници, главно не даваат кредити директно, туку преку банките кај кои ги држат своите депозити.

Page 38: Prezentacija 1

Page 38

INVESTMENT TRUST

Друштва за пласирање на капиталот (Investment trust) се организации кои се основани со цел на своите основачи, најчесто акционерите, им овозможува што посигурен пласман на капиталот, со што поголем принос преку избор на соодветно портфолио на хартии од вредност.

Посебен вид се инвестиционите фондови од отворен тип, кои имаат широка база на акционери/вложувачи и чии акции слободно се купуваат и продаваат (за разлика од затворените инвестициони фондови), претставувајќи практично доказ за сопственост на одреден дел од портфолиото на хартии од вредност во кое се инвестирани средствата на фондот.

Page 39: Prezentacija 1

Page 39

ОСИГУРИТЕЛНИ ДРУШТВА

По природата на својата работа се во обврска да држат значајни средства во резерва (тнр. техничка резерва) за да можат да ги намират обврските кон осигурениците.

За да ја одржат супстанцата на тие резерви, осигурителните друштва (особено оние кои се занимаваат со осигурување на живот) ги пласираат на финансиските пазари преку купување на разни хартии од вредност, и на тој основ остваруваат приходи од инвестирање и спаѓаат во најзначајната група на институционални инвеститори.

Не е редок случајот осигурителните друштва, да остваруваат поголем профит од инвестирање на слободните парични средства од резервата, отколку од вршењето на основната дејност односно осигурувањето.

Page 40: Prezentacija 1

Page 40

ПЕНЗИСКИ ФОНДОВИ

На сличен начин како и осигурителните друштва, приватните и јавните пензиски фондови ги пласираат средствата добиени на име уплата од своите членови, преку купување на хартии од вредност на финансиските пазари, со тоа што имаат посебни статутарни ограничувања во погледот на квалитетот односно сигурноста на хартијата од вредност кои мораат да бидат од бонитетни емитенти.

Во одредени финансиски системи, можат да се јават и како кредитори во споредна функција, при што купувањето на обврзници (државни или корпоративни) претставува форма на кредитирање на емитентот, чиј ефект во суштина е ист како и одобрување на банкарски кредит.

Page 41: Prezentacija 1

Page 41

ДРУГИ ФОРМИ

Покрај наведените организации, постојат и други организации со различен основен деловен профил, чија заедничка карактеристика е да располагаат, користат и пласираат значајни финансиски средства како што се:

лизинг компании, компании кои се занимаваат со пласман на пари и капитал, установи за потрошувачки кредити, стамбени задруги (градежни друштва), установи кои се занимаваат со факторинг и фортфејт,клириншки куќи, стокови и парични берзи,финансиски посредници (брокери и дилери) итн.

Page 42: Prezentacija 1

Page 42

БАНКАРСКО РАБОТЊЕ