format za samoevalvacija-ЕТОС.doc

15
Самоевалуација на училиштето:Основно училиште “Свети Кирил и Методиј” Подрачје Етос Во евалуацијата на ова подрачје треба да одговорите на што е можно поголем број од главните прашања. Можете да додадете и одговори на други прашања кои сметате дека се важни за вашето училиште а не се опфатени во рамката за самоевалуација. Треба да направите обид да ги вклучите колку што е можно сите клучни фактори во вашето училиште и во локалната заедница и каде потребно да внимавате на родовите односи кои може да влијаат на квалитетот на учење и настава во вашето училиште. Не се потпирајте само на пишани документи. Обезбедете да податоците собрани во оваа област исто така вклучуваат колку што е можно и пишани коментари, набљудувања и визуелни докази. Оддели во рамките на подрачјето: Училишна клима и односи во училиштето промовирање на постигањата Еднаквост и правичност Соработка со родителите и локалната заедница 1

Upload: suzana-kostovska

Post on 01-Jan-2016

224 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

samoevalvacija

TRANSCRIPT

Page 1: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

Самоевалуација на училиштето:Основно училиште “Свети Кирил и Методиј” Подрачје Етос Во евалуацијата на ова подрачје треба да одговорите на што е можно поголем број од главните прашања. Можете да додадете и одговори на други прашања кои сметате дека се важни за вашето училиште а не се опфатени во рамката за самоевалуација. Треба да направите обид да ги вклучите колку што е можно сите клучни фактори во вашето училиште и во локалната заедница и каде потребно да внимавате на родовите односи кои може да влијаат на квалитетот на учење и настава во вашето училиште. Не се потпирајте само на пишани документи. Обезбедете да податоците собрани во оваа област исто така вклучуваат колку што е можно и пишани коментари, набљудувања и визуелни докази.

Оддели во рамките на подрачјето:

Училишна клима и односи во училиштето

промовирање на постигањата

Еднаквост и правичност

Соработка со родителите и локалната заедница

1

Page 2: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

Самоевалуација на училиштето: “Основно училиште Свети Кирил и Методиј” Подрачје Етос Собирање на податоци (Кои податоци се собрани: Кои методи се користени).(и) Обработка на документиНаведете ги сите документи кои се прегледани.

Кои информации се собрани?

Годишна програма на учиилиштето

Училиштето е отворено за соработка со надворешни лица, локалната средина, со органите од

локалната самоуправа, а исто така обезбедува и еднаквост и правичност за сите ученици без разлика на пол и етничка припадност. Во училиштето постои кодекс на однесување и на учениците и на наставниците кои треба да се почитуваат. Во нашето училиште се празнуваат два празника: едниот е денот на словенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ кој воедно е и патронен ден, а другиот е Денот на српскиот просветител „Св. Сава“. И на двете приредби кои ги организира нашето училиште активно учество земаат сите вработени без разлика на нивната етничка припадност. Исто така во приредбата свое учество имаат сите ученици без разлика на полот и етничката припадност и без разлика какви постигнувања имаат децата во редовната настава. Дека е тоа вистина покажуваат големиот број награди и благодарници кои нашите ученици ги добиваат за своите залагања. Училиштето е секогаш отворено за соработка со сите органи на власта со кои наставните содржини имаат корелација. Се планираат средби и предавања со органите од Министерството за одбрана,Министерството за здравство, постои соработка со голем број театарски групи, невладини организации и училишта од општината, од градот, од државата, па дури и збратимување со училишта од соседните држави.

2

Page 3: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

Дневници на одделенските наставници Училиштето го оценува успехот на сите ученици поединечно по сите предмети според

стандардите за оценување користејки формативно и сумативно оценување за кои сите наставници се обучени со посетени побуки. За своите постигнувања учениците дознаваат од тестовите кои се континуирано изготвувани и оценувани како и од одделенските раководители кои ги информираат. Родителите имаат увид во успехот на своето дете преку евидентните листови кои ги водат одделенските и класните раководители. Во одделенските дневници се води евиденција за поведението и редовноста на учениците, која задоволува бидејќи речиси сите учениции се со примерно поведение, а исто така задоволува и дисциплинатат на истите. Во секое одделение е формирана ученичка заедница која функционира и ги решава сите настанати проблеми на ниво на одделение, како и на ниво на училиште. Дисциплината во училиштето задоволува. Се води евиденција за секоја родителска средба и за се што се дискутирало на таа средба. Се евидентираат сите предлози на родителите и истите се пренесуваат на наставничкиот совет од страна на одделенскиот раководител, на родителскиот одбор од страна на родителот член на одборот, а по сето тоа со предлозите се известува Училишниот одбор. Училишната клима во училиштето задоволува.

Записнички книги од наставнички совет Записнички книги од совет на родители Записнички книги од Училишниот одбор

Училиштето обезбедува еднаквост и правичност на сите ученици, на тој начин што со сите ученици се водат отворени разговори, се решаваат сите проблеми заеднички, се изнаоѓаат соодветни решенија за разрешување на сите проблемски ситуации. Во договор со наставниците и учениците се спроведуваат интерни акции за собирање на доброволни прилози за социјално загрозените, им се помага на учпениците со послаб успех со определување ментор-ученик со подобар успех, се вклучуваат сите ученици во истражувачки работи и проекти при што се формираат групи со различен состав и по етничка припадност и полова припадност,а исто така и без разлика на успехот на учениците.

Записничка книга и стручни активи

Училиштето им помага на наставниците да имаат поеднаков третман кај сите ученици преку следењето на работата на наставниците и наставниот процес. Сите проблеми со кои се срекаваат наставниците во врска со самата настава се разрешуваат на стручните активи,се реализираат отворени часови на кои се применуваат соодветни форми и методи ёа работи со кои би се надминувале проблемите.Се раёработуваат теми со кои се разрешуваат проблемски ситуации поврзани со успехот и дисциплината.Директорот им помага на наставниците со дирекни разговори, преку набавување на

3

Page 4: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

Записничка книга на директорЗаписничка книга на психолог

Програма за работа на психолошко-педагошката служба

соодветна стручна литература и организитање интерни семинари и отворени трибини на стручни теми и теми кои се разработуваат и дискутираат токму за овие проблемски ситуации.Училишниот психолог со отворените разговори, како со учениците, така и со родителите па и со наставниците помага во поуспешна реализација на наставните содржини, за подобрување на дисциплината и успехот кај учениците.

Педагошко-психолошката служба има широк спектар на соработка со наставниците во редовните и воннаставните активности, соработка со родителите и учениците во остварувањето на позитивни резултати во однос на дисциплината и редовноста.Се подготвуваат стручни теми за ученици, од одредени области, се врши тестирање на учениците и нивно понатамошно професионално ориентирање, а се повикуваат и презентери од повеќе стручни училишта кои ги презентираат своите училишта.Се изготвуваат полугодишни и годишни извештаи за успехот и постигањата на учениците со анализа на постигнатиот успех за секој класификационен период од годината.

4

Page 5: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

Самоевалуација на училиштето: „Основно училиште Свети Кирил и Методиј“ Подрачје ЕтосСобирање на податоци (ii) кои други методи се користени за собирање на податоци? (пр. прашалници, анкети, набљудувања...)

Наведете ги другите методи кои се користени за собирање на податоци

Учество: Кој беше вклучен во собирање на овие информации

Кои информации се собрани?

Анкета на наставници

Нада Стојанова – наставник по српски јазик,Лиле Гиевска - професор по македонски јазик иСлавица Ќоќоровска – воспитувач

Односот на децата кон децата сопосебни потреби е секогаш коректен сосема точно одговориле 5 наставнка или 20%, точно во најголем дел 9 наставника или 36%, делумно точно 7 наставника или 28%, и одговор неточно дале 4 наставника или 16%.Дека и родителите се вклучени во некои наставни содржини сосема точно одговориле 7 наставника или 28%, точно во најголем дел 8 наставника или 32%, делумно точно 9 наставника или 36% и со неточно одговорил 1 наставник или 4%.Училиштето им овозможува професионално усовршување на наставниците се согласиле 10 наставника или 40%, со точно во најголем дел одговориле 9 наставника или 36% и со делумно точно одговориле 6 наставника или 24%.

Анкета на родителиНада Стојанова – наставник по српски јазик,Лиле Гиевска - професор по македонски јазик иСлавица Ќоќоровска – воспитувач

За потребите на проектот спроведена е анкета меѓу родителите со цел да го дознаеме нивното мислење за училишната клима. Од вкупно 75 анкетирани родители 38 се жени а 37 мажи. Од нив 37 родители се изјасниле како македонци а 38 како срби. Со сосема точно на поставената констатација дека детето има желба за другарување одговориле 58 родитела или 77%, со точно во најголем дел се согласиле 13 родитела или 17%, со делумно точно 3 родитела или 4 % и 1 родител се изјаснил со неточно или 2%.Дали наставниците се однесуваат кон учениците сосема точно се согласуваат 51 родител или 68%, 22 родители се согласдуваат во најголем дел или 30%, делумно 1 родител или 1% и неточно одговорил 1 родител или 1%.Дека хигиената е на задоволително ниво мислат 33% од родителите, 32% мислат дека тоа е точно во најголем дел, 16% делумно се согласуваат а 15% мислат дека тоа не е точно.

5

Page 6: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

90% од анкетираните родители сосема се согласуваат декаво училиштето се обезбедени еднакви права и пристап кон учениците без разлика на пол и етничка припадност, а 10% мислат дека тоа е точно во најголем делДека односот меѓу децата од различно етничко потекло е позитивен и коректен тврдат 76% од родителите, 14% мислат дека тоа е точно во најголем дел, а 10% делумно се согласуваат со тоа.45 родители или 60% сметаат дека односот кон децата со пречки во развој е коректен, 20 родители или 27% сметаат дека тоа е точно во пајголем дел, а 10 од нив односно 13% делумно се согласуваат со тоа37 анкетирани родители или 49% сметаат дека односот на учениците кон наставниците е соодветен и коректен, 19 или 26% мислат дека тоа е точно во најголем дел, 9 или 12% сметаат дека тоа е делумно точно, а 10 од нив или 13% не се согласуваат со ова тврдење

Анкета со ученициНада Стојанова – наставник по српски јазик,Лиле Гиевска - професор по македонски јазик иСлавица Ќоќоровска – воспитувач

Од вкупно 65 анкетирани ученици со сосема точно, на можноста за обраќање на било кого од училиштето кога имаат проблем, се изјасниле 50 ученици или 77%. А точно во најголем дел 9 ученика или 14%, со делумно точно 5 ученика или 7% и со неточно се изјаснил 1 ученик или 2% За својот однос кон наставниците заснован на взаемно почитување со сосема точно се изјасниле 48 ученика или 74%, со точно во најголем дел 7 ученика или 11%, со делумно точно 5 ученика или 8% и со неточно 5 ученика или 8%За другарскиот однос меѓу децата од различно етничко потекло со сосема точно се изјасниле 51 ученик или 78%, со точно во најголем дел 12 или 18% и со делумно точно 2 или 4%. 40 ученици се изјасниле со сосема точно за позитивниот однос меѓу девојчињата и момчињата или 62%, со точно во најголем дел 12 или 18% со делумно точно 6 или 9 % и со неточно 1 или 2%. Со сосема точно на прашањето за позитивноста на односот кон учениците со пречки во развојот се изјасниле 48 ученика или 74%, со точно во најголем дел 12 или 18% и со делумно точно 5 ученика или 8%. На поставеното прашање од кого се добива помош 38 одговориле од наставниците или 58%, од родителите одговориле 16 или 25% и од другите ученици одговорил 1 ученик или 2% Со кои начини наставниците им помагале на учениците, 35 ученика рекле со објаснување, а останатите преку вежби.

6

Page 7: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

7

Page 8: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

Самоевалуација на училиштето: „Основно училиште Свети Кирил и Методиј“ Подрачје Етос

Резултати: Овде треба накратко да ги образложите вашите клучни јаки страни и слабости

Клучни јаки страни

Активна и позитивна соработка на наставничкиот колегиум во училиштето Реализација на наставните содржини според однапред изготвени наставни планови и програми Работа во работилници за поттикнување во работата ,самопочитување и меѓусебно почитување; Активна соработка со родителите и Родителски одбор; Соработка си Организациите за заштита на детските права, со детскиот парламент и тн. Вклучување на сите вработени во подготовките,реализацијата на сите културно воспитни манифестации кои ги

организира училиштето.

Слабости Недостаток на стручна литература за работа со деца со емотивни,психофизички пореметувања и недостатоци Недоволна подготвеност на наставниците за работа со деца со посебни потреби Недостасува стручна помош од дефектолог и логопед

8

Page 9: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

Самоевалуација на училиштата: Основно училиште “Свети Кирил и Методиј” село Кучевиште Подрачје Етос

Анализа на резултатите:

Овде дадете подетална евалуација на ова подрачје

Училиштето е отворено за соработка со надворешни лица, локалната средина, со органите од локалната самоуправа, а исто така

обезбедува и еднаквост и правичност за сите ученици без разлика на пол и етничка припадност. Во нашето училиште се празнуваат два празника: едниот е денот на словенските

просветители Св. Кирил и Методиј кој воедно е и патронен ден, а другиот е Денот на српскиот просветител Св. Сава. И на двете

приредби кои ги организира нашето училиште активно учество земаат сите вработени без разлика на кој наставен јазик предаваат

и без разлика на нивната етничка припадност. Исто така во приредбата свое учество имаат сите ученици без разлика на полот и

етничката припадност и без разлика какви постигнувања имаат децата во редовната настава. Дека е тоа вистина

покажуваат големиот број награди и благодарници кои нашите ученици ги добиваат за своите

залагања.

Училиштето е секогаш отворено за соработка со сите органи на власта со кои наставните содржини имаат корелација.

Се планираат средби и предавања со органите од министерството за одбрана,

министерството за здравство, Соработка со голем број театарски групи, невладини

организации и училишта од општината, од градот, од државата, па дури и збратимување со

9

Page 10: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

училишта од соседните држави.

Училиштето го оценува успехот на сите ученици поединечно по сите предмети. За своите постигнувања учениците дознаваат од

своите одделенски раководители, додека пак родителите можат во било кое време да имаат увид во успехот на своето дете. Се води евиденција за секоја родителска средба и за се што се дискутирало на таа средба. Се евидентираа сите предлози на

родителите и истите се пренесуваат на наставничкиот совет од страна на одделенскиот наставник, на родителскиот одбор од

страна на родителот член во одборот, а по сето тоа со предлозите се известува и Училишниот одбор на училиштето.

Дека соработката со родителите е активна покажуваат и испитувањата спроведени преку анкетирањата на наставниците ,

учениците и родителите. Мислењето на родителите за односот на наставниците е позитивно, а исто така и однесувањето на

учениците кон наставниците е на задоволително ниво. Мал број од нив сметаат дека би требало да се подобри взаемниот однос

меѓу наставниците и учениците со што би се подобрила и климата во училиштето. Родителите се на мислење дека со

подобрување на хигиената во училиштето и подобрување на состојбата на инфраструктурата на училиштето ќе се подобри и

климата со што сметаат дека ќе се постигнуваат подобри резултати. Од анкетираните наставници се доби мислење дека соработката со родителите мора да се продлабочи и да се следат перманентно

оние деца кои имаат пречки во психофизичкиоѕ развој. Да се избегнуваат непријавувањата на евентуалните детски психофизички

недостатоци од страна на родителите. Мислење на учениците е дека односот помеѓу учениците од различно етничко потекло е коректен и другарски. Тие меѓусебе си

1

Page 11: FORMAT ZA SAMOEVALVACIJA-ЕТОС.doc

помагаат , а исто така им помагаат и на децата со посебни потреби. Дека сето горе наведено е точно и дека атмосферата, климата за работа во училиштето е позитивна укажува и фактот што во

училиштето до сега немало проблеми од меѓуетнички карактер.

Идни активности: Приоритетни подподрачја (оддели) во рамките на ова подрачје кои може да бидат вклучени во планот за развој на училиштето

Подобрување и решавање на сите проблеми поврзани со инфраструктурата на училиштето,

Обука на наставниците за работа со деца со посебни потреби: дефектолог, логопед, родова нееднаквост

(работилница,презентација)

Набавка на поголем дел на нагледни средства и материјали за работа

Начин како да се изготви посебна програма за деца со посебни потреби

1